Европско кадетско првенство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 19:21:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Европско кадетско првенство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трет пораз на македонските кошаркари на Европското кадетско првенство во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-poraz-na-makedonskite-kosharkari-na-evropskoto-kadetsko-prvenstvo-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-poraz-na-makedonskite-kosharkari-na-evropskoto-kadetsko-prvenstvo-vo-skopje/#respond Tue, 16 Aug 2022 19:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=719510

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години загуби вечерва од Турција со 82-74 во осминафиналето на Европското кадетско првенство А дивизија, чиј домаќин е Скопје. По двата високи порази во групната фаза од Грција и Шпанија, македонските кошаркари одлично влегоа во вечерашната пресметка и поведоа со 7-0 и 9-2, но Турција веќе до крајот на првата четвртина го сврте резултатот во своја корист (19-12), а на полувреме обезбеди уште повисока предност од 15 поени (43-28). Македонските кошаркари имаа слаба реализација на шутот од поле и дури 25 загубени топки што на крајот се покажа пресудно за победата на Турција. Најистакнат во македонските редови беше Марко Луканоски со дабл – дабл ефект од 13 поени и 20 скокови. Со вечерашниот пораз Македонија во продолжението на Европското првенство ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место и ќе се обиде да ги избегне последните три места кои водат во Б дивизијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-poraz-na-makedonskite-kosharkari-na-evropskoto-kadetsko-prvenstvo-vo-skopje/feed/ 0