европско знаменце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 09:18:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европско знаменце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не европско, пиратско знаме ставете https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-evropsko-piratsko-zname-stavete/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-evropsko-piratsko-zname-stavete/#respond Wed, 17 May 2023 09:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=835190

Додека криминалната северна банда се криеше зад ѕвездичките и синото знаме, дури и белиот свет сфаќаше со какви арамии си има работа. Класични оксиморони од типот на чесни крадци кои толку мрачно блескаат, демократски тирани и еу-талибанци. Спротиставени поими, антоними кои споени заедно совршено добро ја доловуваат македонската нова реалност. Нова нормалност ли беше... Во таа новокомпонирана ненормалност, имаме една сурија политиканти кои во пет броја поголеми кондури глумејќи властодршци од лукративни причини истовремено глумат и Македонци. Оксиморонска направија во која истите актери по цел ден плачат и кукаат за ступидни уставни измени, образложувајќи и правдајќи ги со фактот дека тоа морало да се стори затоа што само така ќе се одело во ЕУ. Друг пат немало, или Бугари во Устав, или пропаст, Армагедон, абе потоп. Та морало да дадеме жртва на олтарот, небаре пред полигамско божество во Брисел се клањаат, та немало друга опција, итн. итд. и др. Па пак нови лелеци, жалопојќи, кукање без исав. Тоа е преку ден. После следува другата песна. Навечер, истата таа палјачо-банда краде како улава, се клања пред Мамон, полни џебови како да не видела пари и тера небулозен договор со Бехтел и Енка, прекинувајќи го броењето евра и долари само и само за да му покаже среден прст на истиот тој божествен Брисел. Да, истите оние мултиперсоналити хохштаплери кои цел ден се со полна уста ЕУ, навечер и плукаат во лице на истата и и’ се потсмеваат со криминален договор склепан набафтана во четири очи. Или, уште поверојатно во две. Тие не ни го виделе, само потпишале кога чуле колкав  е рушветот... Затоа, многу посоодветно би било кога зад законите кои ги менуваат за да се операт во иднина од криминалот со Бехтеловци, наместо европско да стават пиратско знаме. Ќе им стои ко „саливено“. Капетан Ќуран и капетан Груби?! Дури и имињава им прилегаат и звучат така пиратски, Црнобрадиот и Хенри Морган да им подзавидат. И додека Брисел сфаќа дека е во улога на Мери Шели и дека направија белја со создавањето на северниот Франкенштајн, а ридот дека дури и Талибанците не забегаа како северџганистанците, пиратите од Македонија ја дозакопуваат државата. Знаејќи добро дека по оваа несреќна авантура, на власт ќе дојдат „на свети никад“, па орно и варварски доуништуваат се’ што можат да дофатат. Правејќи си отстапница, пустите контаминираа судство и обвинителство, ќе не’ остават со милијарди долг кон Бехтел и Енка, испокрадоа се’ што може, со партијци превработија администрација, тендеросаа се’ живо и диво, си ја приватизираа струјата, ги уништија езерата и акумулациите, здравство на колена, заедно со образование, земјоделие опустеа.  Дури и лични документи додека се тука ќе мора да смениме, за да после демек потешко да ги вратиме со името исконско и единствено. Идентична отстапница како фашистите кои рушеа мостови и палеа се’ за да избегаат од сојузниците. И после ќе фаќаат сеир кога некој ќе се обидува да го оправи уништеното и узурпираното во земјата на чиј влез ставија знак соодветен на Дантеовиот влез во пеколот. Во неговата „Божествена комедија“ при интрото на адот стои „Откажи се од сите надежи!“. Дело во кое деветиот круг е одамна таксан за една цела плејада наши властодршци. Во Тачевата и Артанова „Небожествена трагикомедија“ на влезот во пеколот кој го создадоа од некогаш прекрасната држава стои „Откажи се од се’ што е македонско!“. Статива, затоа што како и сите во историјата, го потценија пирејот. Токму во тој „Пиреј“, народниот мудрец  Лазор Ночески вели дека „лошото време го прават лоши луѓе“, значи, ќе мине со нив и времето. Исто така, јунакот на Петре М. Андреевески остроумно цени и дека „стравот е страшен само ако му се плашиш“... Така што, капетане Таче и Артан, пиратското знаме дујдисано со троа жолти ѕвездички совршено му прилега на владиниот брод кој одамна тоне пробушен од сите северни лаги, арамилаци и антимакедонски злодејанија. Реално, да имавте совест, многу одамна ќе потоневте од нејзината тежина... Вака, ќе почекаме. Ама, одењето по штица, не ви бега...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-evropsko-piratsko-zname-stavete/feed/ 0
Уште еден шамар од ЕУ за владата: Се бараат објаснувања за злоупотребата на европското знаменце! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-shamar-od-eu-za-vladata-se-baraat-objasnuvana-za-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-shamar-od-eu-za-vladata-se-baraat-objasnuvana-za-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse/#respond Fri, 12 May 2023 14:09:46 +0000 https://kurir.mk/?p=833517

Предложените закони не се поврзани со исполнување на стандардите на ЕУ и ние ја изразивме нашата загриженост на македонските власти и бараме дополнителни објаснувања, вели портпаролот на Европската комисија Петер Стано, одговарајќи на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК за осумте закони во врска со изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10Д, кои Владата ги испрати на усвојување со европско знаменце за да се скрати процедурата. Од ЕК велат дека европското знаменце не треба да се користи за да се прескокне јавна расправа или за надминување на процедурални тешкотии во законодавството. „ЕУ го следи развојот во врска со ова прашање и побара дополнителни објаснувања од властите. Означување на закони со европското знаменце е со цел да се усогласи македонското законодавство со законодавството на ЕУ и стандардите на ЕУ. Во овој случај, предложените закони не се поврзани со усогласување на ваквите стандарди. Ние ја изразивме нашата загриженост на националните власти и побаравме дополнително разјаснување. Употребата на скратени процедури треба да биде ограничена и да се користи само во случаи за унапредување на рефорската агенда во врска со ЕУ. Не треба да се користи за прескокнување на јавна расправа или за надминување на процедурални тешкотии во законодавството“, изјави Стано за САКАМДАКАЖАМ.МК. Денеска во Прилеп беше поставувањето на камен-темелник на автопатот Прилеп-Битола. Проектот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д треба да чини најмалку 1,3 милијарда евра. Покрај Прилеп– Битола, конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе ги гради и делниците Тетово–Гостивар–Букојчани и Требеништа–Струга–Ќафасан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-shamar-od-eu-za-vladata-se-baraat-objasnuvana-za-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse/feed/ 0
Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto/#respond Thu, 11 May 2023 12:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=833038

Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир. Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива. -Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nema-nishto-evropsko-vo-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse-od-strana-na-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nema-nishto-evropsko-vo-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse-od-strana-na-kovachevski/#respond Thu, 11 May 2023 11:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=833036

Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски. Кршењето на законите и процедурите не е европска вредност. Уште помалку европска вредност е 60 часовната работна недела која е и спротивна на Устав, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Евроамбасадорот Гир веќе потенцираше дека европското знаменце се злоупотребува за носење на законските измени на законите за коридорите 8 и 10Д. Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, и штети на угледот на Унијата во Македонија. ЕУ не е криминал, кршење на закони и самоволие. ЕУ е почитување на законите, владеење на правото, систем кој функционира Ковачевски нема капацитет да ја води државата кон ЕУ, со секој ден повеќе на Ковачевски како премиер, Македонија е се подалеку од ЕУ, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nema-nishto-evropsko-vo-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse-od-strana-na-kovachevski/feed/ 0
Европското знаменце е манипулација: Нема разлики меѓу претходниот и овој предлог закон, синдикатот вели дека одредбата е дискриминаторска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskoto-znamentse-e-manipulatsija-nema-razliki-megu-prethodniot-i-ovoj-predlog-zakon-sindikatot-veli-deka-odredbata-e-diskriminatorska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskoto-znamentse-e-manipulatsija-nema-razliki-megu-prethodniot-i-ovoj-predlog-zakon-sindikatot-veli-deka-odredbata-e-diskriminatorska/#respond Tue, 09 May 2023 12:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=832214

Европското знаменце е само манипулација во сино-жолта боја која се става на новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. Претходниот кој не помина и овој, двата предложени од македонската Влада со потпис на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, се разликуваат само во најмали ситници, но никако немаат некоја разлика или сериозна доработка. За ова се изјасни и Синдикатот. Од таму велат дека одредбата е дискриминаторска. Еве го нивниот став: „Суштински ништо не се менува од претходниот Предлог-закон од април и овој со европско знаменце. -Останува иста можноста прекувремената работа за стратешки и национални проекти да се зголемува до недоглед; -Работодавачите може да го прераспределат работното време во различни периоди во годината и со тоа да го изиграат плаќањето на прекувремената работа; -Самата одредба е дискриминаторска; -Работодавачите ќе ги присилуваат вработените да се “согласуваат“ преку директни притисоци или со закана од отказ, согласно досегашните искуства од праксата; -Дневниот и неделниот одмор и бездруго им следува на вработените без дополнително да се нагласува во членот 117. Тоа е фрлање “песок во очи“. Ништо не значи, бидејќи претходно е уредено со други членови и правото за дневен и неделен одмор се подразбира“. Во Член 1 нема суштинска разлика со овој предлог и претходниот, забелешката е иста. Суштински ништо не се менува од претходниот Предлог-закон од април и овој со европско знаменце. Останува иста можноста прекувремената работа за стратешки и национални проекти да се зголемува до недоглед. Во Член 2 исто така нема разлика, само е тргната можноста од претходниот Предлог-закон за прекувремената работа да трае повеќе од 8 часа во просек неделно во период од три месеци, а другото останува исто, дека прекувремената работа може да трае подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно. Всушност со ова не направиле поразлично од предлогот на закон од април. Еве како гласи предлогот за измени на овој член: Според постоечкиот закон прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно и прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува повеќе од осум часа неделно. Сето ова не важи со новиот предлог на закон, во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Во новиот Предлог-закон се дава можноста за работа за прекувремената работа може да трае подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно. Ова значи дека: - Работодавачите може да го прераспределат работното време во различни периоди во годината и со тоа да го изиграат плаќањето на прекувремената работа; - Самата одредба е дискриминаторска; - Работодавачите ќе ги присилуваат вработените да се “согласуваат“ преку директни притисоци или со закана од отказ, согласно досегашните искуства од праксата; Работата над 40 часа неделно се смета и плаќа како прекувремена работа, со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор, член 133 и 134. Почитувањето на член 133 и 134 значи дека работникот има право на дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа и работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор. И ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата. Но ова не значи ништо, бидејќи дневниот и неделниот одмор и бездруго им следува на вработените без дополнително да се нагласува во членот 117. Тоа е фрлање “песок во очи“. Ништо не значи, бидејќи претходно е уредено со други членови и правото за дневен и неделен одмор се подразбира. Нема разлика ниту во Членот 3. И во новиот Предлог-закон дополнително се воведува можноста за работа во недела и тоа и за дејноста која се однесува за работи на проекти од национален и стратешки интерес за РМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskoto-znamentse-e-manipulatsija-nema-razliki-megu-prethodniot-i-ovoj-predlog-zakon-sindikatot-veli-deka-odredbata-e-diskriminatorska/feed/ 0
Предлог-измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10д со европско знаменце стигнаа во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-so-evropsko-znamentse-stignaa-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-so-evropsko-znamentse-stignaa-vo-sobranieto/#respond Mon, 08 May 2023 15:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=831898

Петте предлог-закони со европско знаменце предложени од Владата кои се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д стигнаа во Собранието. Како што е објавено на веб-страницата на законодавниот дом, овие пет предлог-закони се ставени на 115. пленарна седница закажана за во среда во 11 часот. Станува збор за предлог-измени на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10-д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија. Како што може да се види од собраниската веб-страница, во образложенијата на сите предложени измени на законите, делот пет, односно точката 5 насловена како: „Преглед на регулативи од други правни системи и усогласеноста на предлогот на Закон со правото на Европската Унија“, е празен. Ако во среда на пленарна седница го поминат првиот филтер за потребата од скратена постапка, најверојатно експресно ќе се најдат и на собраниската Комисија за европски прашања. Координаторот на пратеничката група на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми на денешната прес-конференција истакна дека ќе се држи по деловничките правила и се надева дека опозицијата нема да ја опструира процедурата. -Јас сум еден од претседателите на работните тела кој секогаш сум свикал седница за било која точка кога Пленумот ме поврзат да свикам таква седница. Ако на пленарна седница мнозинството на пратениците ќе одлучат да бидат разгледани овие предлог-закони, секако дека веднаш би свикал седница на Комисијата, рече Адеми. Според пратеникот на СДСМ, Миле Талески, со предлог-законите кои влегуваат во парламентарна процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. -Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично. Меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10д, рече Талевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-so-evropsko-znamentse-stignaa-vo-sobranieto/feed/ 0
„Заев ја злоупотребува постапката со европското знаме за да го донесе законот за опојни дроги за личен профит“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-zloupotrebuva-postapkata-so-evropskoto-zname-za-da-go-donese-zakonot-za-opojni-drogi-za-lichen-profit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-zloupotrebuva-postapkata-so-evropskoto-zname-za-da-go-donese-zakonot-za-opojni-drogi-za-lichen-profit/#respond Wed, 08 Sep 2021 07:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=560833

Заев ја злоупотребува постапката со европското знаме за да го донесе законот за опојни дроги за личен профит. Заев во скратена постапка го пушти законот за марихуана, со тоа Заев сака да ја легализира продажбата и на сув цвет од марихуана за фирмите на братучедите. Заев низ собрание турка закон за Трајче и Вице, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека СДСМ пушти вкупно 12 закони во собраниска процедура со европско знаме, што значи скратена постапка и скратени можности за пратениците за дискусија и предлагање на измени. - Меѓу законите кои Заев сака да ги протне е и законот за академијата за судии и јавни обвинители, со цел да стави целосно рака врз изборот на судии и обвинители. Ниту еден од предложените закони не е европски закон. Заев и СДСМ сакаат да ги злоупотребат институциите и законите за свое лично богатење. Заев знае дека ќе загуби и најважно му е да го заштити капиталот. Сите овие закони се само за заштита на парите на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и ќе го блокираме Собранието доколку самоволието на власта продолжи. Истовремено ги повикуваме и претставниците на меѓународната заедница, а особено ЕУ да не дозволат ваква злоупотреба на постапката со европско знаменце, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-zloupotrebuva-postapkata-so-evropskoto-zname-za-da-go-donese-zakonot-za-opojni-drogi-za-lichen-profit/feed/ 0
„Ако помине само еден закон на шверцерски начин од страна на СДСМ-ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ следниот ден ќе го блокира работењето на собранието“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-pomine-samo-eden-zakon-na-shvercerski-nachin-od-strana-na-sdsm-dui-vmro-dpmne-sledniot-den-kje-go-blokira-rabotenjeto-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-pomine-samo-eden-zakon-na-shvercerski-nachin-od-strana-na-sdsm-dui-vmro-dpmne-sledniot-den-kje-go-blokira-rabotenjeto-na-sobranieto/#respond Tue, 07 Sep 2021 17:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=560675

Што се однесува до 15 закони, јас не знам дали се 15, но знам дека има закони кои што на брутален начин Владата на СДСМ и ДУИ сака да ги помине и на шверцерски начин низ парламентот комплетно злоупотребувајќи го европското знаменце, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната изјава во Гази Баба. Претседателот Мицкоски упати порака до меѓународната заедница посебно до Европската Унија да го спречат шверцерското носење на закони од страна на владата на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека доколку и еден закон помине во собранието ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира работата на македонското собрание. Мицкоски упати и порака до граѓаните нагласувајќи дека за неколку недели сами ќе одлучат дали сакаат да живеат во држава односно како што тој ја нарече ДООЕЛ Заев или пак во слободна и демократска држава во која се развиваат европските вредности. Ја користам оваа прилика да ја упатам и мојата порака до меѓународната заедница, посебно до Европската унија ако ова остане не искоментирано и ако ова не се спречи, тогаш ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе ја блокира работата на македонскиот парламент, на македонското собрание. А пораката до македонските граѓани е дека за неколку недели од сега ќе имаат можност да одлучат дали сакаат да живеат во држава ДООЕЛ Заев каде што парламентот комплетно ќе биде приватизиран и на шверцерски начин ќе се носат бизнис закони како што се овие вие рековте 15, или пак ќе имаме слободна демократска држава која ќе се развива и ќе биде рамо до рамо со европските вредности, изјави Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ, јас ве уверувам дека доколку и еден од овие закони шверцерски помине, од следниот ден комплетно ќе ја блокира работата на македонскиот парламент, дециден е Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-pomine-samo-eden-zakon-na-shvercerski-nachin-od-strana-na-sdsm-dui-vmro-dpmne-sledniot-den-kje-go-blokira-rabotenjeto-na-sobranieto/feed/ 0
Петрушевска: Институтот за демократија во својот Извештај констатира злоупотреба на европското знаме во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-institutot-za-demokratija-vo-svojot-izveshtaj-konstatira-zloupotreba-na-evropskoto-zname-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-institutot-za-demokratija-vo-svojot-izveshtaj-konstatira-zloupotreba-na-evropskoto-zname-vo-sobranieto/#respond Tue, 17 Aug 2021 18:02:21 +0000 https://kurir.mk/?p=551838

ЗЛОУПОТРЕБА НА ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕ -Институтот за демократија, во својот полугодишен Извештај констатира злоупотреба на европското знаме во Собранието. -Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во континуитет алармира и апелира да не се злоупотребуваат процедурите кои треба да не приближат, а не одалечат од нашата 🇪🇺 перспектива. -Во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) веќе неколку години Институтот за демократија подготвува полугодишни извештаи за нивото на аргументирање и квалитетот на дебатата во Собранието, пишува на својата Фејсбук страница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevska-institutot-za-demokratija-vo-svojot-izveshtaj-konstatira-zloupotreba-na-evropskoto-zname-vo-sobranieto/feed/ 0
Петрушевски: Власта сака да легализира криминал преку Собранието со злоупотреба на европското знаменце, законот за марихуана е закон за бизнисите на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vlasta-saka-da-legalizira-kriminal-preku-sobranieto-so-zloupotreba-na-evropskoto-znamence-zakonot-za-marihuana-e-zakon-za-biznisite-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vlasta-saka-da-legalizira-kriminal-preku-sobranieto-so-zloupotreba-na-evropskoto-znamence-zakonot-za-marihuana-e-zakon-za-biznisite-na-zaev/#respond Tue, 20 Jul 2021 12:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=539250

Власта сака да легализира криминал на Заев и тоа директно преку Собранието на Македонија, преку злоупотреба на европското знаменце. Законот за марихуана е закон за бизнисите на Зоран Заев, изјави на денешната прес конференција, Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Во однос на Предлог-законот за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанции кој вчера владата на Зоран Заев го предложи до Собранието со европско знаменце би го истакнале следново: Лиценците за канабис кои се дадоа изминативе години, се лиценци за прерaботка на масло од канабис и финален производ за медицински цели, но и не за извоз во форма на сув цвет од канабис, како што предвидува ова законско решение. Меѓу овие лиценци е таа и на семејството Заеви, истакна тој. Петрушевски посочи дека јавна тајна се сомневањата дека лиценците за преработка на масло од канабис се издаваа за 300 до 500 илјади евра, пари за кои има сомнеж дека завршуваа единствено во џебот на фамилијата Заеви. - Законот на Заев за марихуана го потврдува сомнежот дека ветувањето до компаниите одгледувачи на марихуана било и овозможување на извоз на цвет од канабис. И наместо да зборуваме за дигитализација, вештачка интелигенција, за 21 век, за владеење на правото, и нови работни места, власта носи закони со кој во Европа и во светот ќе станеме познати земја производител на марихуана. Ако законот за марихуана на Заев се донесе со европско знаменце во Собранието на Република Македонија, и се изгласа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите идни закони кои ќе дојдат во Собранието. Бидејќи овој предлог закон е најавен дека ќе се носи со европско знаменце, ја повикуваме и европската канцеларија во Македонија да излезе со став по однос на ова прашање, додаде пратеникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vlasta-saka-da-legalizira-kriminal-preku-sobranieto-so-zloupotreba-na-evropskoto-znamence-zakonot-za-marihuana-e-zakon-za-biznisite-na-zaev/feed/ 0