еврос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 06:53:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еврос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По 17 дена нема активно жариште во пожарот во грчката област Еврос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-17-dena-nema-aktivno-zharishte-vo-pozharot-vo-grchkata-oblast-evros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-17-dena-nema-aktivno-zharishte-vo-pozharot-vo-grchkata-oblast-evros/#respond Mon, 04 Sep 2023 06:53:33 +0000 https://kurir.mk/?p=874234

Без активно жариште е пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, што избувна на 19 август, а процените се дека опожарената површина надминува 93.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа беа локализирани двете активни жаришта, додека пак во областа и понатаму интервенираат грчките и странските пожарникари за пожарот да биде целосно изгасен. Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео вчера објавија анализа на сателитски податоци од Службата за брзо мапирање Коперник на Европската комисија, според кои вкупната површина изгорена од шумскиот пожар, заклучно со саботата претпладне е над 93.500 хектари. Од саботата попладне до вчера попладне, во Грција имало 49 нови пожари, а пожарникарите на целата територија интервенирале во гасење на 82 пожари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-17-dena-nema-aktivno-zharishte-vo-pozharot-vo-grchkata-oblast-evros/feed/ 0
Пожарот во грчката област Еврос активен веќе 15 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharot-vo-grchkata-oblast-evros-aktiven-veke-15-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharot-vo-grchkata-oblast-evros-aktiven-veke-15-dena/#respond Sat, 02 Sep 2023 11:03:55 +0000 https://kurir.mk/?p=873694

Над 500 пожарникари веќе 15-ти ден, од копно и воздух, се обидуваат да го стават под контрола пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката државна телевизија ЕРТ, денеска се активни три жаришта, од кои едно е северно од Националниот парк Дадиа. Во гаснењето на пожарот, што избувна на 19 август, а досега изгоре површина од над 80.000 хектари, интервенираат 582 пожарникари со 122 возила, 16 пешадиски тима, осум авиони и два хеликоптери. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера беше во посета на Родос, островот што во јули беше зафатен од голем катастрофален пожар и истакна дека за следната година ќе бидат уште поподготвени за справување со пожарите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharot-vo-grchkata-oblast-evros-aktiven-veke-15-dena/feed/ 0
Пораки за евакуација до жителите на две села поради пожарот во грчката област Еврос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraki-za-evakuatsija-do-zhitelite-na-dve-sela-poradi-pozharot-vo-grchkata-oblast-evros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraki-za-evakuatsija-do-zhitelite-na-dve-sela-poradi-pozharot-vo-grchkata-oblast-evros/#respond Wed, 30 Aug 2023 13:37:35 +0000 https://kurir.mk/?p=872587

Ситуацијата со пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција и понатаму е тешка и вон контрола, со оглед на тоа што денеска имаше одново разгорувања и од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација до жителите на две села, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, и покрај големиот број пожарникари кои од копнено и воздух се обидуваат да се справат со огнената стихија, гаснењето го отежнува ветрот кој го променил правецот и дополнително го шири пожарот. Во гаснење интервенираат 475 пожарникари со 100 возила, 16 пешадиски тима, 11 авиони и седум хеликоптери, меѓу кои и противпожарни сили од Кипар, Германија, Бугарија, Србија, Франција, Чешка, Романија, Словачка и Албанија. Пожарот е активен веќе 12 дена, а заклучно со вчера напладне изгореле 81.260 хектари површина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraki-za-evakuatsija-do-zhitelite-na-dve-sela-poradi-pozharot-vo-grchkata-oblast-evros/feed/ 0
Изгореа над 81.000 хектари: Продолжува борбата за гаснење на пожарот во Еврос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izgorea-nad-81-000-hektari-prodolzhuva-borbata-za-gasnene-na-pozharot-vo-evros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izgorea-nad-81-000-hektari-prodolzhuva-borbata-za-gasnene-na-pozharot-vo-evros/#respond Wed, 30 Aug 2023 08:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=872371

Веќе 12 дена активен е пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, а грчките пожарникари заедно со нивните колеги од девет земји продолжуваат со напорите за целосно ставање под контрола на огнената стихија во кој досега изгорела површина од над 81.000 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Вчера имаше ново разгорување на едно од активните жаришта поради што беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација на жителите на едно село. Според грчката новинска агенција АНА-МПА во гаснење на пожарот интервенираат 475 пожарникари со 100 возила, 16 пешадиски тима, 11 авиони и седум хеликоптери. Во борбата со огнените јазици помагаат противпожарни сили од Кипар, Германија, Бугарија, Србија, Франција, Чешка, Романија, Словачка и Албанија. Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео утрово објавија нови сателитските снимки од опожарените области, снимени од Службата за брзо мапирање Коперник на Европската комисија, од „најголемиот шумски пожар во последните многу години на европско тло“. Вкупната површина изгорена од шумскиот пожар кај Еврос, заклучно со вчера напладне е 81.260 хектари, од кои околу 65.000 хектари изгореле за само три дена, во период од 21 до 23 август. Коперник преку Твитер, вчера соопшти дека изгорената површина е поголема од Њујорк, додека пак според Европската комисија, пожарот во областа Еврос е најголемиот во ЕУ од 2000 година. Пожарот избувна на 19 август, поради силниот ветер брзо се прошири, а гори веќе 12-ти ден. Пожарот го зафати и Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли, заштитениот регион Натура 2000 со борови и дабови шуми каде што коегзистираат голем број видови флора и фауна и е дом е на три од вкупно четири европски видови мршојадци и е едно од ретките засолништа за 36 различни видови загрозени грабливци. За обнова на шумите како во Еврос така и на планината Парнита во близина на Атина, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера одржа состанок со раководствата на Министерствата за животна средина и енергија и за климатска криза и цивилна заштита, и беше одлучено да се преземат итни мерки како што се пошумување, грижа за преживеаните животни и поставување бариери за заштита од поплави. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izgorea-nad-81-000-hektari-prodolzhuva-borbata-za-gasnene-na-pozharot-vo-evros/feed/ 0
Веќе 11 дена активен е пожарот кај Еврос, изгорени над 80.000 хектари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veke-11-dena-aktiven-e-pozharot-kaj-evros-izgoreni-nad-80-000-hektari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veke-11-dena-aktiven-e-pozharot-kaj-evros-izgoreni-nad-80-000-hektari/#respond Tue, 29 Aug 2023 07:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=871957

Пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, активен е веќе 11 дена, иако ситуацијата е значително подобрена, а заклучно со вчера, изгорената површина е над 80.000 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Во областите Еврос и Родопи борбата со огнените јазици е насочена кон три активни жаришта и интервенираат 475 пожарникари со 100 возила, 16 пешадиски тима, а од воздух, пожарите се гасат со шест авиони и четири хеликоптери. Според новите сателитски податоци достапни од Службата за брзо мапирање Copernicus на Европската комисија, анализирани од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, вкупната изгорена површина од шумскиот пожар кај Еврос, односно во пожарите во Александруполи и националниот парк Дадиа, надминува 80.800 хектари заклучно со вчера напладне. Ова е трет пат Националниот парк Дадиа да биде зафатен од пожар во изминатите 12 години. Во пожарите во 2011 и 2022 година изгореа околу 8.000 хектари од заштитениот регион Натура 2000. Претседателот на катедрата за шумарство и животна средина на солунскиот Универзитет „Аристотел“ Александрос Димитракопулос, за радиото на грчката новинска агенција АНА-МПА изрази стравувањата дека шумата во Дадиа „никогаш повеќе нема да ја видиме онаква каква што ја знаевме“ и нема да постои повеќе досегашниот екосистем. Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли со борови и дабови шуми е едно од најважните заштитени подрачја на национално, европско и меѓународно ниво и е една од првите области во Грција што е прогласена за заштитена бидејќи таму коегзистираат голем број видови флора и фауна. Дом е на три од вкупно четири европски видови мршојадци и е едно од ретките засолништа за 36 различни видови загрозени грабливци. За обнова на шумите како во Еврос така и на планината Парнита во близина на Атина, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе одржи состанок со раководствата на Министерствата за животна средина и енергија и за климатска криза и цивилна заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veke-11-dena-aktiven-e-pozharot-kaj-evros-izgoreni-nad-80-000-hektari/feed/ 0
Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-pozarot-vo-grchkiot-nacionalen-park-dadia-vo-evros-dosega-izgorele-12-otsto-od-zashtitenata-shuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-pozarot-vo-grchkiot-nacionalen-park-dadia-vo-evros-dosega-izgorele-12-otsto-od-zashtitenata-shuma/#respond Wed, 27 Jul 2022 09:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=710733

Околу 3.410 хектари или 12 отсто од заштитениот регион Натура 2000 досега изгореа во пожарот во Националниот парк Дадиа во Еврос, активен веќе седми ден, а противпожарните сили секојдневно, од копно и воздух се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Според сликата од сателитот Сентинел 2 преземена и обработена од тимот на Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, проценката за површината зафатена од шумскиот пожар заклучно со вчера напладне во Дадиа Еврос е приближно 3.410 хектари, односно околу 12 проценти од заштитено то подрачје на Натура 2000. Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли со борови и дабови шуми, се наоѓа во областа Еврос во североисточниот дел на Грција и е едно од најважните заштитени подрачја на национално, европско и меѓународно ниво, како и една од првите области во земјата што е прогласена за заштитена бидејќи коегзистираат голем број видови флора и фауна кои се наоѓаат на Балканот, во Европа и Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-pozarot-vo-grchkiot-nacionalen-park-dadia-vo-evros-dosega-izgorele-12-otsto-od-zashtitenata-shuma/feed/ 0
Голем шумски пожар во близина на Национален парк во грчката област Еврос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-vo-blizina-na-nacionalen-park-vo-grchkata-oblast-evros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-vo-blizina-na-nacionalen-park-vo-grchkata-oblast-evros/#respond Fri, 22 Jul 2022 08:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=708775

Продолжуваат напорите на грчките пожарникари да го локализираат пожарот во близина на Националниот парк Дадиа во областа Еврос, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера, гаснењето траеше во текот на ноќта од копно, а утрово продолжи и од воздух. Интервенираат 291 пожарникар со девет пешадиски тима, 65 возила, четири авиони и четири хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините. Пожарот кај Еврос денеска е единствениот активен пожар во Грција, со оглед на тоа дека двата пожари што избија вчера во областа Илиа на Пелопонез веќе се локализирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-vo-blizina-na-nacionalen-park-vo-grchkata-oblast-evros/feed/ 0
Повторно тензии на грчко –турската граница кај Еврос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-tenzii-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-tenzii-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros/#respond Mon, 23 Mar 2020 09:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=320650

Во текот на вчерашниот ден, од претпладневните па сѐ до вечерните часови, со прекини, имало нови инциденти на грчко –турската граница кај Еврос , објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, грчките полицајци биле нападнати со солзавец од турска страна и имало нов, неуспешен обид за нелегален влез од Турција во Грција. Група мигранти нанеле мала штета во еден дел од заштитната ограда, во обид да ја уништат, но биле спречени од грчката полиција]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-tenzii-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros/feed/ 0
Повторно инциденти на грчко –турската граница кај Еврос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-incidenti-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-incidenti-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros-2/#respond Wed, 18 Mar 2020 07:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=318163

Група од околу 300 лица, во текот на ноќта се обидела кај Еврос, насилно, од турска да стигне на грчка територија и билa спречени од полицијата и силите на Фронтекс, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот „Катимерини“ пишува дека со поддршка од турските власти биле фрлени солзавци кон Грција и имало континуирани обиди за нелегален влез и коментира дека новите инциденти се „само неколку часа по неможноста да се постигне договор за бегалското прашање за време на телеконференцијата на Ердоган со лидерите на Германија, Британија и Франција“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-incidenti-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros-2/feed/ 0
Повторно инциденти на грчко-турската граница кај Еврос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-incidenti-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-incidenti-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros/#respond Fri, 06 Mar 2020 07:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=312811

Солзавец и шок бомби рано утрово биле фрлени од турска на грчка страна на граничниот премин кај Еврос, а грчката полиција одговорила со водени топови, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. По вчерашниот мирен ден, денеска повторно продолжија инцидентите, а и понатаму, остануваат групи бегалци и мигранти на турска територија и покрај затворената граница. Како што вчера објави МИА, според грчки владини извори, од саботата во шест часот наутро заклучно со вчера попладне до 18 часот, нелегален влез во Грција од Турција, бил спречен во 36.649 случаи, а уапсени се вкупно 252 лица. Според истите информации, повеќето уапсени лица се од Авганистан (64 отсто), 19 проценти се од Пакистан, пет отсто од Турција, од Сирија се четири проценти, 2,6 отсто од Сомалија, а останатите 5,4 отсто од Ирак, Иран, Мароко, Етиопија, Бангладеш и Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-incidenti-na-grchko-turskata-granica-kaj-evros/feed/ 0