евросонг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 May 2023 11:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евросонг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лорин и Џони Логан се единствените кои двапати победиле на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lorin-i-dhoni-logan-se-edinstvenite-koi-dvapati-pobedile-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lorin-i-dhoni-logan-se-edinstvenite-koi-dvapati-pobedile-na-evrovizija/#respond Sun, 14 May 2023 12:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=834021

Шведската евровизиска претставничка Лорин ја однесе победата на 67-то издание на манифестацијата со песната ,,Tattoo”. Таа е позната во јавноста и како победничка на Евросонг во 2012 година, кога настапи со песната ,,Еуфорија”. Покрај Лорин, единствено музичарот Џони Логан од Ирска има двапати победено на Евровизија. Првиот пат во 1980 година со песната ,,What’s another year” и потоа во 1987 година со големиот хит ,,Hold me now” кој и денес се врти во етерот. Уште беше промовирана евровизиската песна на Лорин, таа стана фаворит во обложувалниците и победата на Евровизија 2023 не беше големо изненадување. Инаку, пејачката освен што се занимава со музика, во својата земја е позната и како продуцент и режисер на реални шоу програми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/lorin-i-dhoni-logan-se-edinstvenite-koi-dvapati-pobedile-na-evrovizija/feed/ 0
Русите за време на Евросонг го нападнале родниот град на украинските претставници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-za-vreme-na-evrosong-go-napadnale-rodniot-grad-na-ukrainskite-pretstavnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-za-vreme-na-evrosong-go-napadnale-rodniot-grad-na-ukrainskite-pretstavnitsi/#respond Sun, 14 May 2023 08:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=833948

Родниот град на евровизиските претставници на Украина бил погоден од руски проектили само неколку моменти пред бендот Творчи да излезе на сцената во Ливерпул. Градоначалникот на Тернопил, Серхиј Надал, изјави дека во нападот биле оштетени магацини, додека шефот на регионалната администрација Володимир Труш изјави дека најмалку две лица се повредени. Само десет минути пред да излезат на сцената, Творчи на Инстаграм ги цитираа извештаите за нападот на Тернопил. - Тернопил е името на нашиот роден град кој беше бомбардиран од Русија додека пеевме на евровизиската сцена за нашите челични срца, нескротливоста и волјата, изјавија по настапот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-za-vreme-na-evrosong-go-napadnale-rodniot-grad-na-ukrainskite-pretstavnitsi/feed/ 0
ВИДЕО: Шведска победник на Евровизија, историја и втор трофеј за Лорин https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-shvedska-pobednik-na-evrovizija-istorija-i-vtor-trofej-za-lorin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-shvedska-pobednik-na-evrovizija-istorija-i-vtor-trofej-za-lorin/#respond Sun, 14 May 2023 07:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=833925

Шведската претставничка Лорин победи по втор пат на Евровизија. Нејзината песна „Тетоважа“ ја разбуди цела Европа, исто како и песната „Еуфорија“ во 2012 година во Баку. Откако беше објавено која е кандидатката на Шведска за овогодинешниот натпревар, обложувалниците веднаш ја ставија на прво место, па може да се каже дека нејзината победа беше очекувана. Лорин влезе во историјата на Евровизија како првата жена која успеала двапати да победи на ова натпреварување и со се израмни со Ирецот Џони Логан, кој две победи како пејач, во 1980 година со песната „What's Another Year“ и во 1987 година, со „Hold Me Now“. Лорин е родена во 1983 година во Стокхолм како Лорин Зинеб Нора Талхауи, во конзервативно муслиманско семејство кое емигрирало од Мароко. Уште од мала знаела дека сака да се занимава со музика. Публиката во Шведска првпат слушна за неа во 2004 година на нивниот „Идол“ кога заврши на четвртото место и оттогаш нејзината кариера оди во нагорна патека. Таа се пријави на Мелодифестивален 2011 (шведскиот национален натпревар за песна на Евровизија), но не постигна забележителни резултати. Сепак, следната година таа победи со песната „Еуфорија“, која подоцна беше најдобра песна на Евровизија. Лорин често беше мета на несогласување кога ги поддржуваше жените кои не ги бричат ​​пазувите, кога ја потстрижуваше косата ќелава и кога излегуваше како бисексуалка. Сепак, таа подоцна објави дека има момче. По објавувањето на победата таа се обрати пред присутните велејќи дека е голема чест што повторно го држи пехарот. „Ви благодарам, ова е за сите вас, ве сакам“, емотивна беше Лорин за време на своето обраќање до публиката и сите кои го следеа музичкото натпреварување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-shvedska-pobednik-na-evrovizija-istorija-i-vtor-trofej-za-lorin/feed/ 0
Евровизиско финале вечерва, еве кој е фаворит https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizisko-finale-vecherva-eve-koj-e-favorit/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizisko-finale-vecherva-eve-koj-e-favorit/#respond Sat, 13 May 2023 09:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=833736

Најголемото музичко натпреварување влегува во своето финале, а денеска ќе биде познато која земја ќе ја освои титулата за најдобра песна на Евровизија. Водителите остануваат исти: актерката Хана Ведингам, позната по улогите во бројни театарски мјузикли, но и во хит серијата „Тед Ласо“, поранешната членка на жирито на шоуто „ Britain's Got Talent“ Алиша Диксон, украинската музичарка Јулија Санина и познатиот водител Греам Нортон. Во финалето ќе настапат 26 земји, а покрај избраните натпреварувачи во полуфиналните вечери на 9 и 11 мај, тука е и „големата петорка“ составена од Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија, кои придонесуваат најмногу финансиски на натпреварот, како и минатогодишните победници - Украина. Кои се фаворитите? Очекувано, по двете полуфиналиња, листата на евровизиски фаворити сега изгледа сосема поинаку, а на самиот врв и понатаму се Швеѓанката Лорин со песната „Тетоважа“ и финската „Ча Ча Ча“. Обложувалниците на третото место ја сместуваат норвешката претставничка Алесандра со песната „Queen of Kings“, а на четвртото Израел и Ноа Кирел со песната „Еднорог“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizisko-finale-vecherva-eve-koj-e-favorit/feed/ 0
Ситуацијата се менува: Еве каква е состојбата во обложувалниците ден пред финалето на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/situatsijata-se-menuva-eve-kakva-e-sostojbata-vo-oblozhuvalnitsite-den-pred-finaleto-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/situatsijata-se-menuva-eve-kakva-e-sostojbata-vo-oblozhuvalnitsite-den-pred-finaleto-na-evrovizija/#respond Fri, 12 May 2023 20:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=833662

Познати се сите финалисти на овогодинешниот Евросонг, а ситуацијата кај обложувалниците се менува од час во час. Имено, од првото полуфинале се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка. Од втората полуфинална вечер во финалето се пласираа Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Уште шест земји директно се пласирани во финалето, а тоа се Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Украина. Како што се наближува финалето, ситуацијата со обложување на Евровизија постојано се менува. Откако вчера беа објавени последните финалисти и земјите кои не напредуваа беа отстранети од рангирањето, табелата изгледа поинаку. Како и претходните денови, во првите три се Шведска, Финска и Украина. Ситуацијата после нив често се менува, но сега Франција е на четвртото место, Израел на петтото, а Шпанија на шестото место. Италија се искачи на осмото место, а зад неа е Австрија на деветтото место. Хрватска од влезот во финалето го држи 13-то место во обложувалниците. Србија падна на 22. место, додека Словенија скокна на 19. Последните места се Португалија, Литванија и Албанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/situatsijata-se-menuva-eve-kakva-e-sostojbata-vo-oblozhuvalnitsite-den-pred-finaleto-na-evrovizija/feed/ 0
ВИДЕО: Кралот Чарлс и Камила ја отворија Евровизија, погледнете ја импресивната сцена https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-kralot-charls-i-kamila-ja-otvorija-evrovizija-poglednete-ja-impresivnata-stsena/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-kralot-charls-i-kamila-ja-otvorija-evrovizija-poglednete-ja-impresivnata-stsena/#respond Thu, 27 Apr 2023 06:52:33 +0000 https://kurir.mk/?p=828123

Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила ја отворија Евровизија. Тие двајца се појавија во Ливерпул пред почетокот на пробата на натпреварувањето. Се прошетаа во величествената сала и ја покажаа сцената која е дизајнирана од Хулио Химеде. Импресивната сцена е дизајнирана врз принципите на „заедништво, славење и заедница“. На повеќе од 450 квадратни метри поставка, неверојатниот сет обединува уште 220 квадратни метри видео екрани кои независно се движат и се вртат, како и преку 700 видео плочки интегрирани во подот и повеќе од 1500 метри LED светилки. Кралската двојка разговараше и со директорите на Би-Би-Си, како и со презентерите на музичкото натпреварување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-kralot-charls-i-kamila-ja-otvorija-evrovizija-poglednete-ja-impresivnata-stsena/feed/ 0
ФОТО: Објавени први фотографии, еве како ќе изгледа сцената на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-objaveni-prvi-fotografii-eve-kako-ke-izgleda-stsenata-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-objaveni-prvi-fotografii-eve-kako-ke-izgleda-stsenata-na-evrovizija/#respond Thu, 02 Feb 2023 10:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=795094

Би-Би-Си кој е домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија, ја откри импресивната сцена на која 37 уметници ќе настапат во Ливерпул овој мај. Сценографот за ова музичко натпреварување, Хулио Химеде, го засновал својот сценски дизајн на принципите за „заедништво, славење и заедница“. -Архитектурата е инспирација од широката прегратка, отворајќи ги рацете кон Украина, изведувачите на шоуто и гостите од целиот свет. Се фокусирав на културните аспекти и сличностите меѓу Украина, Обединетото Кралство и конкретно Ливерпул. Од музика, танц и уметност до архитектура и поезија, вели Химеде. Хулио додава дека имаат должност како дизајнери да ги подобрат изведбите преку привлечен визуелен пејзаж, притоа доловувајќи ги срцето и душата на натпреварот за песна на Евровизија. На повеќе од 450 квадратни метри, овој неверојатен сет обединува уште 220 квадратни метри видео екрани кои независно се движат и се вртат, како и преку 700 видео плочки интегрирани во подот и повеќе од 1500 метри LED светилки. -Сакавме сценографија што луѓето ќе ја паметат со години, рече Ендрју Картмел, извршен продуцент на натпреварувањето. „Толку ни е важно делегациите да имаат најголем можен простор за работа. Сакавме да им дадеме сет што има многу опции за поставување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-objaveni-prvi-fotografii-eve-kako-ke-izgleda-stsenata-na-evrovizija/feed/ 0
Не се само Македонија и Црна Гора: Еве кои држави се повлекоа од учество на Евровизија следната година https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ne-se-samo-makedonija-i-crna-gora-eve-koi-drzavi-se-povlekoa-od-uchestvo-na-evrovizija-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ne-se-samo-makedonija-i-crna-gora-eve-koi-drzavi-se-povlekoa-od-uchestvo-na-evrovizija-slednata-godina/#respond Sun, 16 Oct 2022 16:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=746068

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во мај следната година во Ливерпул, Велика Британија откако поради војната во Украина се одличи оваа земја да не биде домаќин иако ја однесе победа. Бидејќи Велика Британија беше второпласирана организацијата ќе ја има токму оваа држава. Сепак, како што се наведува, многу земји нема да имаат свои претставници на ова натпреварување. Македонија и Црна Гора се повлекоа од овогодинешната Евровизија. Покрај овие две земји, потврда дека нема да учествуваат на следниот натпревар доаѓа и од Бугарија и Босна и Херцеговина. Од натпреварувањето се повлекоа и Словачка, Андора, Монако, Луксембург и Турција. Речиси сите земји како причина за повлекување од конкуренцијата ја наведоа економската криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ne-se-samo-makedonija-i-crna-gora-eve-koi-drzavi-se-povlekoa-od-uchestvo-na-evrovizija-slednata-godina/feed/ 0
Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина, оваа земја ќе биде нов домаќин https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizija-2023-nema-da-se-odrzi-vo-ukraina-ovaa-zemja-kje-bide-nov-domakjin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizija-2023-nema-da-se-odrzi-vo-ukraina-ovaa-zemja-kje-bide-nov-domakjin/#respond Fri, 17 Jun 2022 11:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=692131

Управниот одбор на Евросонг објави дека по извршената објективна анализа, а со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија. -Ова натпреварување е една од најсложените ТВ продукции во светот со илјадници кои работат и присуствуваат на настанот и за тоа е потребна 12 месечна подготовка. По анализата управниот одбор со длабоко жалење заклучи дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни условите според ЕСЦ правилата. Му благодариме на украинскиот јавен емитер за соработката во деновите по победата, но ЕБУ одлучи дека следната година натпреварувањето не може да се одржи во Украина, се наведува во соопштението. Во соопштението се наведува дека, согласно правила, ЕБУ ќе започне разговори со Би-Би-Си како овогодишен второпласиран јавен сервис, за потенцијално организирање на изборот за песна на Евровизија 2023 и негово одржување во Велика Британија. Украина претходно беше организатор на Евровизија во 2017 и 2005 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizija-2023-nema-da-se-odrzi-vo-ukraina-ovaa-zemja-kje-bide-nov-domakjin/feed/ 0
ВИДЕО: Слушни и гласај, кој е твојот фаворит за македонски претставник на Евровизија 2022 https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushni-i-glasaj-koj-e-tvojot-favorit-za-makedonski-pretstavnik-na-evrovizija-2022/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushni-i-glasaj-koj-e-tvojot-favorit-za-makedonski-pretstavnik-na-evrovizija-2022/#respond Sat, 29 Jan 2022 08:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=624236

МРТ вчера ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат. Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата во пресрет на официјалното соочување на нивните евровизиски теми со публиката. ТУКА може да ги слушнете селектираните топ 6 песни и изведувачи и да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа. Може да се гласа само еднаш за една композиција. Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022. Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50). Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-slushni-i-glasaj-koj-e-tvojot-favorit-za-makedonski-pretstavnik-na-evrovizija-2022/feed/ 0