евростат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 11:59:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евростат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Евростат: Инфлацијата во октомври падна на 2,9 отсто, најниска од јули 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-inflatsijata-vo-oktomvri-padna-na-2-9-otsto-najniska-od-juli-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-inflatsijata-vo-oktomvri-padna-na-2-9-otsto-najniska-od-juli-2021-godina/#respond Tue, 31 Oct 2023 11:59:56 +0000 https://kurir.mk/?p=894895

Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври паднала на 2,9 отсто од септемвриските 4,3 отсто, објави денеска Евростат. Инфлацијата во еврозоната сега е најниска од јули 2021 година. Евростат проценува дека цените на храната, алкохолот и тутунот во октомври пораснале за 7,5 отсто на годишно ниво, како и цените на услугите – за 4,6 отсто, индустриските производи освен енергијата – за 3,5 отсто, додека цените на енергијата паднале за 11,1 отсто во однос на истиот месец лани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-inflatsijata-vo-oktomvri-padna-na-2-9-otsto-najniska-od-juli-2021-godina/feed/ 0
Раст на вработените во културата во ЕУ од 4,5 отсто, се намалува доминацијата на мажите во културниот сектор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-vrabotenite-vo-kulturata-vo-eu-od-4-5-otsto-se-namaluva-dominatsijata-na-mazhite-vo-kulturniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-vrabotenite-vo-kulturata-vo-eu-od-4-5-otsto-se-namaluva-dominatsijata-na-mazhite-vo-kulturniot-sektor/#respond Fri, 25 Aug 2023 08:19:21 +0000 https://kurir.mk/?p=870779

Во секторот култура во ЕУ во 2022 година биле вработени 7,7 милиони лица, што претставува 3,8 проценти од вкупниот број работници во Унијата и е зголемување за 4,5 отсто во споредба со претходната година, кога во културниот сектор бил ангажирани 7,4 милиони лица. Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, уделот на вработени во културниот сектор се зголемил во 19 членки на ЕУ, а се намалил во останатите осум. Најголем раст на бројот на културни работинци на годишно ниво е забележан на Кипар и тоа од 21,5 отсто, пред Луксембург со 14,5, Ирска со 14, Шведска со 11,9 и Холандија со раст од 10,5 проценти. Од друга страна, најголемо намалување на бројот на вработрни во културата од 7,7 отсто има во Бугарија, по што следуваат Чешка со 7,3, Хрватска со 6,3, Естонија 5,3 и Летонија со пад од 2,5 проценти. Култура ЕУ Карактеристично е што лани е забележан најмал родов јаз меѓу вработените во културта од само 1,6 процентни поени, продолжувајќи го трендот започнат во 2013 година на раст на бројот на жени ангажирани во културниот сектор. Така, во 2022 година во културата биле вработени 3,93 милиони мажи, што претставува 50,8 отсто од вкупниот број културни работници и 3,8 милиони жени, односно 49,2 проценти. Во 14 земји членки на ЕУ во културниот сектор се ангажирани поголем број на жени отколку мажи, при што најголема разлика во полза на жените има во Летонија од 26,3 проценти поени. Натаму следуваат Литванија со 25,7 проценти поени повеќе жени од мажи, пред Кипар со 17,1, Бугарија со 13,6 и Луксембург со 13,3 проценти поени. Од друга страна, најголем родов јаз во полза на мажите има на Малта од 21,6 проценти поени, пред Шпанија со 9,5 и Ирска и Италија со по 8,5 проценти поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-vrabotenite-vo-kulturata-vo-eu-od-4-5-otsto-se-namaluva-dominatsijata-na-mazhite-vo-kulturniot-sektor/feed/ 0
Евростат: Се повеќе компании во ЕУ банкротираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-poveke-kompanii-vo-eu-bankrotiraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-poveke-kompanii-vo-eu-bankrotiraat/#respond Thu, 17 Aug 2023 11:42:17 +0000 https://kurir.mk/?p=867860

Бројот на компании во Европската унија што прогласија банкрот во вториот квартал е зголемен за 8,4 отсто во однос на претходниот квартал и сега е највисок во последните осум години, објави денеска Евростат. Квартален раст на бројот на фирми кои отидоа во стечај е забележан во сите сектори на економијата. Најголем пораст на бројот на стечајци во однос на првиот квартал е забележан кај услугите за сместување и храна - за 23,9 отсто, транспортот и складирањето за 15,2 отсто, како и во образованието, здравството и социјалните услуги - за 10,1 отсто. Шест квартали по ред се зголемува бројот на банкроти во ЕУ. Во вториот квартал во ЕУ се отворени за 0,6 отсто помалку компании отколку во претходниот квартал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-poveke-kompanii-vo-eu-bankrotiraat/feed/ 0
Евростат: Се намалува бројот на пожарникари во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-namaluva-brojot-na-pozharnikari-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-namaluva-brojot-na-pozharnikari-vo-eu/#respond Thu, 10 Aug 2023 05:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=865223

Бројот на пожарникари во Европската Унија опаѓа, иако блокот се соочува со сè поголеми пожари како резултат на климатските промени. Унијата лани имала вкупно 360.000 пожарникари, што е за 2.800 помалку од 2021 година, покажуваат новите податоци објавени од Евростат. - Намалувањето на бројот на пожарникари во екот на климатската криза е рецепт за катастрофа, рече Естер Линч, генерална секретарка на Европската конфедерација на синдикати. - Јасен е зголемениот ризик од пожари предизвикани од климатските промени цело ова лето и мораме да обезбедиме нашите противпожарни служби да имаат персонал и ресурси што им се потребни за да ја завршат својата спасувачка работа, додаде таа, повикувајќи ги земјите да ги засилат инвестициите во гаснењето пожари, објави Политико. Според Евростат, десет земји го намалиле бројот на пожарникари во периодот од 2021 до 2022 година, а најголем пад има во Франција, Романија, Португалија, Словачка Бугарија и Белгија. Бројот на пожарникари во Франција се намали за 5.400, додека Романија и Португалија намалија 4.250 и 2.907 пожарникари, соодветно. Шпанија додаде 617 пожарникари во истиот период, додека Италија додаде 546. Брисел направи напори да ја прошири улогата на ЕУ во одговорот при катастрофи и гради постојана флота на авиони за гаснење пожари кои можат да бидат испратени во ранливите земји. Но, експертите укажуваат и на потребата од превентивни мерки како што е активно управување со шумите за подобро спречување на шумски пожари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-namaluva-brojot-na-pozharnikari-vo-eu/feed/ 0
Евростат: 22 отсто од населението во ЕУ живее ризик од сиромаштија или социјална исклученост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-22-otsto-od-naselenieto-vo-eu-zhivee-rizik-od-siromashtija-ili-sotsijalna-iskluchenost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-22-otsto-od-naselenieto-vo-eu-zhivee-rizik-od-siromashtija-ili-sotsijalna-iskluchenost/#respond Thu, 15 Jun 2023 08:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=845960

Во 2022 година, 95,3 милиони луѓе во Европската Унија (22% од вкупното население) биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, односно живееле во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и живеење во семејства со многу ниска вработеност, објави Евростат. Најмногу луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост има во Романија (34%), во Бугарија (32%), Грција и Шпанија (по 26%). Од друга страна, пак, најмалку сиромашни и население во социјален ризик се регистрирани во Чешка (12%), Словенија (13%) и Полска (16%).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-22-otsto-od-naselenieto-vo-eu-zhivee-rizik-od-siromashtija-ili-sotsijalna-iskluchenost/feed/ 0
Евростат: Основните животни трошоци се зголемиле четири пати побрзо од платите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-osnovnite-zhivotni-troshotsi-se-zgolemile-chetiri-pati-pobrzo-od-platite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-osnovnite-zhivotni-troshotsi-se-zgolemile-chetiri-pati-pobrzo-od-platite/#respond Thu, 27 Apr 2023 11:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=828302

Најосновните трошоци за живот, како што се домувањето и комуналните услуги, се зголемиле четири пати побрзо од платите низ Европската унија минатата година, покажуваат податоците на Евростат објавени на веб-страницата на Обединетите гранкови синдикати „Независност“. Цената на работната сила на час пораснала во просек за 4,4 отсто во земјите од Европската унија во 2022 година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка служба Евростат. Кога ќе се спореди растот на платите со стапката на инфлација од 9,2 отсто во ЕУ минатата година, произлегува дека зголемувањето на платите минатата година компензирало само половина од зголемувањето на трошоците на живот. Јазот меѓу платите и инфлацијата е уште поголем кога станува збор за најосновните трошоци за живот: трошоците за домување и комунални услуги (18 отсто од вкупните трошоци) се зголемиле четири пати побрзо од платите, додека транспортот и храната (12 отсто) се зголемиле за три пати побрзо. Реалните плати, кои укажуваат на движењето на платите во однос на инфлацијата, минатата година паднаа во сите земји-членки на ЕУ во просек за девет отсто. За споредба, реалниот профит е зголемен за еден процент, покажуваат податоците на Евростат. Податоците на Европската централна банка (ЕЦБ) покажуваат дека зголемувањата на профитните маржи во 2021 и 2022 година биле повисоки од зголемувањето на трошоците за работна сила по единица производ, што значи дека порастот на профитните стапки има позначајна улога во поттикнувањето на инфлацијата. Коментирајќи ги овие податоци на Еуростат, генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Естер Линч оцени дека поскапувањето го загрозува животниот стандард на вработените и нивните семејства. „Овие бројки се уште еден доказ дека работниците се жртви на инфлацијата, а не нејзина причина. Зад овие бројки стојат вистински луѓе кои се борат да обезбедат храна за своите семејства, да ги загреат домовите, па дури и да си дозволат превоз до нивното работно место“, рече Линч. Таа додаде дека падот на животниот стандард на работниците е резултат на тоа што компаниите, особено тие од енергетскиот и прехранбениот сектор, ги користат проблемите со снабдувањето за да ги зголемат цените и да остварат рекорден профит. Според неа, „време е политичарите да престанат да ги казнуваат жртвите на инфлацијата со намалување на платите и да се справат со вистинската причина за инфлацијата со оданочување на вишокот профит“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-osnovnite-zhivotni-troshotsi-se-zgolemile-chetiri-pati-pobrzo-od-platite/feed/ 0
Евростат: Жените во ЕУ првото дете го раѓаат се подоцна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-zhenite-vo-eu-prvoto-dete-go-ragaat-se-podotsna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-zhenite-vo-eu-prvoto-dete-go-ragaat-se-podotsna/#respond Tue, 28 Mar 2023 10:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=817296

Жените во Европа, во просек, своето прво дете го раѓаат на возраст од 29,7 години, покажуваат најновите податоци на европското Биро за статистика - Евростат, што денеска го објави својот извештај за 2021 година, јави ДПА. Просечната возраст на мајките кои за првпат родиле од 2013 година континуирано расте, кога изнесувала 28,8 години, соопшти Евростат. Европското статистичко биро, меѓутоа, наведува дека има варијации од регион до регион. Жените во Шпанија и Италија првото дете го добиваат на 31,6 години, потоа Луксембург со 31,3 години и Ирска со 31,2 години. Спротивно на нив, жените во источноевропските држави го добиваат своето прво дете релативно рано, при што жените во Бугарија формираат семејство на просечна возраст од 26,5 години. Властите наведуваат дека за да се задржи сегашната големина на населението жените ќе треба во просек да имаат по 2,1 дете, без да се земе предвид имиграцијата. Меѓутоа, додава ДПА, жените во сите земји-членки на ЕУ во 2021 година во просек имале по 1,53 дете. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-zhenite-vo-eu-prvoto-dete-go-ragaat-se-podotsna/feed/ 0
Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-eu-namalen-vo-2021-godina-na-80-1-kaj-nas-na-73-2-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-eu-namalen-vo-2021-godina-na-80-1-kaj-nas-na-73-2-godini/#respond Fri, 24 Mar 2023 06:27:10 +0000 https://kurir.mk/?p=815776

Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од Ковид-19, покажуваат податоците на Евростат. Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. Ова е трето намалување по ред, по пикот од 76,7 години во 2018, па падот на 76,6 во 2019 и 74,4 во 2020 година. И во 2021 година во ЕУ очекуваниот животен век за жени е 82,9 години, и останува повисок споредено со тој кај мажи – 77,2 години, исто како и кај нас – 71,1 година за мажи и 75,5 години за жени. Од земјите во регионот најмал очекуван животен век има Бугарија – 71,4 години, по што следи Србија со 72,8 години. Поголем очекуван животен век од нас има Црна Гора – 73,8 години, Албанија – 75,5 и Хрватска со 76,7 години. Меѓу 2002 година, првата година за која се достапни податоци за сите земји членки на ЕУ, и 2021 година, очекуваниот животен век во ЕУ е зголемен за 2,5 години од 77,6 на 80,1 година. Растот е две години за жени и 2,9 години за мажите. На ниво на држава, највисок очекуван животен век при раѓање имаат Шпанија – 83,3 години, Шведска – 83,1 година и Луксембург и Италија со по 82,7 години, додека најнизок Бугарија – 71,4 години, Романија – 72,8 години и Латвија – 73,1 година. По региони во ЕУ во 2021 година највисок очекуван животен век имаат шпанските региони на Мадрид – 85,4 години и Навара – 84,8 години. Потоа следат Оландските острови во Финска со 84,6 години. Шпанските Кастиља и Леон – 84,3, како и италијанскиот регион Тренто со 84,2 и Стокхолм со 84,1 година. Од друга страна најмал очекуван животен век имаат три региони во Бугарија – Северо-западен со 69,7 години, Северно-централен – 70,4 години и Југо-источен региони – 71 година. Потоа следи францускиот прекуморски регион Мајот со 71,5 години, па романските региони Север-источен – 72 години и Југо-источен – 72,1 година, како и регионот на северна Унгарија – 72,1 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-eu-namalen-vo-2021-godina-na-80-1-kaj-nas-na-73-2-godini/feed/ 0
Евростат: Граѓаните на Луксембург најбогати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-graganite-na-luksemburg-najbogati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-graganite-na-luksemburg-najbogati/#respond Thu, 23 Mar 2023 13:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=815490

Последниот извештај на Еуростат покажува дека граѓаните на Луксембург и натаму се најбогати во Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ. Споредено со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот на Луксембург, наведува Евростат. Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ. Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија. Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-graganite-na-luksemburg-najbogati/feed/ 0
Цената на јајцата во ЕУ за една година во просек зголемени за 30 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsenata-na-jajtsata-vo-eu-za-edna-godina-vo-prosek-zgolemeni-za-30-protsenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsenata-na-jajtsata-vo-eu-za-edna-godina-vo-prosek-zgolemeni-za-30-protsenti/#respond Tue, 14 Mar 2023 09:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=811725

Цените на јајцата во Европската унија во јануари годинава биле во просек за 30 проценти повисоки во споредба со јануари 2022 година, покажуваат податоците на Евростат. Најголема годишна инфлација на цената на јајцата меѓу ЕУ земјите има во Чешка + 85 проценти, Унгарија + 80 отсто и Словачка од +79 проценти. Најмало, но сепак значително поскапување има во Германија и Луксембург по 18 проценти и Австрија +19 отсто. Иако според различна методологија, кај нас, според Евростат, цената на јајцата во јануари 2023 година е зголемена за 26,7 проценти. Во земјите од регионот јајцата во јануари 2023 најмногу поскапеле во Црна Гора 60 проценти, 39 отсто во Албанија и 31,2 во Србија. Според Земјоделско пазарниот информативен систем на Министерството за земјоделство, раст од 29,1 процент има кај најбараниот тип јајца од класа А, со големина Л од 6,15 денари просечна цена во 2021 година, на 7,94 денари просечна цена во 2022 година, додека кај М големината има раст од скоро 45 отсто и на пазарот во 2022 година се нуделе по цена од 7,42 отсто. Драстичен пораст на цените на јајцата има кај С големина од речиси 93 отсто, на кои просечната цена од 2,9 денари во 2021 година, пораснала на 5,59 денари во 2022 година. Значителен раст на цените на храната во 2022 има на сите основните продукти. Според податоците на Евростат просечната цена на земјоделските производи на ниво на ЕУ меѓу 2021 и 2022 година е 24 проценти. Најголем раст има кај житарките + 45 проценти, јајцата +43 отсто и млекото +31 процент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsenata-na-jajtsata-vo-eu-za-edna-godina-vo-prosek-zgolemeni-za-30-protsenti/feed/ 0