еврозона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 12:22:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еврозона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Инфлацијата е два пати поголема од таа во еврозоната, цените растат, а се намалува вредноста на примањата на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-inflatsijata-e-dva-pati-pogolema-od-taa-vo-evrozonata-tsenite-rastat-a-se-namaluva-vrednosta-na-primanata-na-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-inflatsijata-e-dva-pati-pogolema-od-taa-vo-evrozonata-tsenite-rastat-a-se-namaluva-vrednosta-na-primanata-na-graganite/#respond Tue, 10 Oct 2023 12:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=887471

„Јасна е кондицијата, во првата половина од годината растот на БДП е далеку од под проектираниот, ако беше проектиран 3, 3 и повеќе проценти, во првата половина е едвај еден и половина. Индустриското производство и веќе и во третиот квартал, на почетокот би рекол и крајот паѓа драматично со двоцифрена бројка. Говорам тука пред се за преработувачката индустрија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Ново Село во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Мицкоски додаде дека буџетот на Македонија не се полни според проекциите на власта и параметрите се доста загрижувачки. „Параметрите кои што ги има економијата во Македонија се загрижувачки, буџетот не се полни онака како што се предвидуваше. Падот е некаде 5, 6, 7 проценти“, појасни Мицкоски. „Градоначалниците добија известување од министерството за финансии дека дотациите исто така ќе бидат намалени, а еднашка веќе беа намалени. Сега поради тоа што државата и луѓето одговорни да се грижат за функционирањето на државата не ги бива, сега треба повторно да ги казнуваме општините и да ги намалуваме дотациите“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Тој посочи дека инфлацијата во Македонија бележи рекорди. „Инфлацијата бележи рекорди, два пати е поголема од таа во еврозоната. Основните прехранбени продукти се со двоцифрен број проценти поскапени споредено со истиот период минатата година“, истакна тој. Мицкоски укажа дека економијата во Македонија е во една катастрофална состојба и она што може да се прокоментира како податок од страна на Бирото за статистика е фактот што примањата кај вработените се со вредност помала за пет проценти споредено со 2022 година. Значи цените растат, а реално вредноста на примањата се намалува без разлика што номинално има благо зголемување. „Така што ценам дека се наоѓаме во една навистина терминална фаза, една многу лоша фаза како економија, и ако под итно не бидат преземени чекори кои што ќе значат стабилизација, јас се плашам и можеби во некој подевастирачки сценарија“, нагласи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-inflatsijata-e-dva-pati-pogolema-od-taa-vo-evrozonata-tsenite-rastat-a-se-namaluva-vrednosta-na-primanata-na-graganite/feed/ 0
Стапката на невработеност во ЕУ во јули 5,9, а во Еврозоната – 6,4 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-nevrabotenost-vo-eu-vo-juli-5-9-a-vo-evrozonata-6-4-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-nevrabotenost-vo-eu-vo-juli-5-9-a-vo-evrozonata-6-4-otsto/#respond Mon, 04 Sep 2023 08:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=874280

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во ЕУ во јули годинава изнесуваше 5,9 проценти, колку што беше и еден месец претходно, но се намали за 0,2 процентни поени во однос на јули 2022 година, кога изнесуваше 6,1 отсто. Во исто време, јулската стапка на невработеност во Еврозоната беше 6,4 проценти, останувајќи непроменета на месечно ниво, а се намали за 0,3 процентни поени во споредба со јули минатата година, кога изнесуваше  6,7 отсто, соопшти Европската статистичка служба - Евростат. Според податоците на Евростат, во јули во ЕУ имало 12,928 милиони невработени лица, од кои 10,944 милиони живееле во Еврозоната. Во споредба со претходниот месец, бројот на невработени во Унијата се зголемил за 35.000, а во Еврозоната за 73.000, додека споредено со јули 2022 цифрата на невработени лица на ниво на ЕУ е намалена за 209.000, а во земјите што го користат еврото како национална валута за 264.000. Од вкупниот број невработени во ЕУ во јули 2023 година, 2,683 милиони биле помлади од 25 години, од кои 2,206 милиони биле од државите од Еврозоната. Во однос на јуни 2023 во седмиот месец од годинава бројот на невработени млади лица во Унијата е намален за 58.000, додека во Еврозоната е зголемен за 12.000. На годишно ниво бројот на невработени млади во ЕУ е помал за 85.000, а во Еврозоната за 80.000. Со ова јулската стапка на младинска невработеност во ЕУ изнесувала 13,9 отсто, што претставува намалување во однос на јуни годинава, кога таа беше 14,2 проценти. Во Еврозоната, пак, стапката на невработени млади лица во јули изнесувала 13,8 отсто, останувајќи на исто ниво како и еден месец претходно. Стапката на невработеност меѓу жените во ЕУ во јули изнесувала 6,2 отсто, останувајќи непроменета во однос на претходниот месец, додека на ниво на Еврозоната таа била 6,8 проценти, што претставува зголемување за 0,1 процентни поени на месечно ниво од јунските 6,7 отсто. Кај мажите во ЕУ, јулската стапка на невработеност изнесувала 5,7 проценти, колку што беше и во јуни годинава, а во Еврозоната таа била 6,2 отсто и бележи раст во однос на претходниот месец, кога изнесуваше 6,1 проценти. Како невработени во овие податоци се сметаат оние лица без вработување кои активно барале работа во претходните четири недели и можат да започнат со работен ангажман во рок од најмногу две седмици, согласно дефиницијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ), како и плус оние лица кои работат со скратено работно време, но бараат работа со полно работно време, но и оние невработени работоспособни лица кои не бараат работа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-nevrabotenost-vo-eu-vo-juli-5-9-a-vo-evrozonata-6-4-otsto/feed/ 0
Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juni-evrozonata-zabelezha-trgovski-sufitsit-od-23-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juni-evrozonata-zabelezha-trgovski-sufitsit-od-23-milijardi-evra/#respond Thu, 17 Aug 2023 14:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=867952

Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат. Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година. Во истиот период ЕУ забележа суфицит од 24,6 милијарди евра.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juni-evrozonata-zabelezha-trgovski-sufitsit-od-23-milijardi-evra/feed/ 0
Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-evrozonata-vo-prviot-kvartal-iznesuva-91-2-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-evrozonata-vo-prviot-kvartal-iznesuva-91-2-otsto-od-bdp/#respond Mon, 24 Jul 2023 08:48:57 +0000 https://kurir.mk/?p=859372

Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал изнесувал 91,2 отсто од БДП, а јавниот долг на ЕУ 83,7 отсто од БДП, се наведува во најновиот извештај на Евростат. Споредено со последниот квартал од минатата година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во ЕУ, бидејќи тогаш изнесувал 91,4 отсто и 83,8 отсто од БДП. Јавниот долг е намален и во однос на истиот квартал лани, кога во еврозоната изнесуваше 95,0 отсто од БДП, а во Европската унија 87,4 отсто од БДП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-evrozonata-vo-prviot-kvartal-iznesuva-91-2-otsto-od-bdp/feed/ 0
ЕЦБ мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банките во еврозоната, тврди Европскиот суд на ревизори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/#respond Fri, 12 May 2023 14:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=833532

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банкарскиот сектор и да ги заостри капиталните барања за кредиторите со поголем ризик, предупреди Европскиот суд на ревизори во денеска објавениот извештај. „И покрај зголемените напори во супервизијата на кредитниот ризик на банките и проблематичните кредити“, ЕЦБ не ги зајакна мерките за супервизија на банките со проблеми со кредитниот ризик, заклучуваат ревизорите. ЕЦБ не наметна „пропорционално повисоки барања за капитал“ на банките со поголем ризик и не презеде ништо кога се покажа дека банките немаат соодветни процедури за справување со проблематичните заеми, предупредуваат тие. Тие, сепак, признаа дека проблематичните кредити во банките под надзор на ЕЦБ се намалени. Во низата препораки тие побараа посилна проценка на ризикот на банките, поефективна анализа и користење на сите расположливи супервизорски овластувања. ЕЦБ ги прифати препораките, но нагласи дека тие се обидуваат да им дадат време на банките да се справат со лошите заеми, наместо да понудат посебен третман. Повеќе од 110 големи банки во 21 земја-членка на ЕУ, вклучително и 20 земји кои го користат еврото и Бугарија, се опфатени со супервизорскиот режим на ЕЦБ, основан по финансиската криза во 2008 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/feed/ 0
Јануарската инфлација во еврозоната 8,6 отсто, во ЕУ 10 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/januarskata-inflatsija-vo-evrozonata-8-6-otsto-vo-eu-10-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/januarskata-inflatsija-vo-evrozonata-8-6-otsto-vo-eu-10-otsto/#respond Thu, 23 Feb 2023 10:53:24 +0000 https://kurir.mk/?p=804129

Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември. Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто. Истовремено, годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто, објави статистичка агенција на ЕУ, Евростат. Најниска инфлација во јануари има Луксембург со 5,8 отсто, Шпанија со 5,9 отсто, Кипар и Малта со по 6,8 отсто. Највисока годишна инфлација е забележана во Унгарија од 26,2 отсто, Летонија (21,4 отсто) и Чешка (19,1 отсто). Споредено со декември, инфлацијата опаднала во 18 земји-членки на ЕУ, а се зголемила во девет. Најголем придонес во јануарската инфлација имаат храната, алкохолните пијалоци и тутунот со 2,94 отсто, енергијата со 2,17 поени, услугите со 1,8 поени и индустриските производи со 1,73 поени.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/januarskata-inflatsija-vo-evrozonata-8-6-otsto-vo-eu-10-otsto/feed/ 0
Инфлацијата во еврозоната на 8,5 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflatsijata-vo-evrozonata-na-8-5-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflatsijata-vo-evrozonata-na-8-5-otsto/#respond Wed, 01 Feb 2023 14:02:39 +0000 https://kurir.mk/?p=794754

Инфлацијата во еврозоната се намали и во јануари и се лизна на 8,5 отсто, благодарение на многу поблагиот раст на цените на енергенсите, покажаа првите проценки на Евростат во средата. Во јануари годишната стапка на инфлација во еврозоната, изразена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP) изнесува 8,5 отсто, пресмета Европскиот завод за статистика. Во декември потрошувачките цени во еврозоната пораснале за 9,2 отсто на годишна основа, а за 10,1 отсто во ноември. Во октомври инфлацијата достигна највисоко ниво од 2000 година, кога Еуростат почна да објавува податоци, од 10,6 отсто. На месечно ниво, цените во јануари паднаа за 0,4 отсто. Енергијата беше и главниот двигател на растот на цените минатиот месец, со пораст од 17,2 отсто во споредба со истиот месец лани. Сепак, поскапувањето е многу поблаго отколку во декември кога неговите цени скокнаа на 25,5 отсто. Во однос на декември, цената на енергенсите е намалена за 0,9 отсто. На почетокот на годината, растот на цените на свежата храна, исто така, благо се намали во однос на истиот месец во 2021 година, на 11,6 отсто. Во декември цената се зголеми за 12 отсто. Месечната споредба покажува пораст на цените на свежата храна за 1,3 отсто. Без флуктуирачките цени на енергијата и храната, годишната стапка на инфлација во еврозоната беше седум отсто во јануари и беше за 0,1 процентен поен повисока отколку во декември.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflatsijata-vo-evrozonata-na-8-5-otsto/feed/ 0
Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-evrozonata-na-rekordno-nisko-nivo-od-6-5-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-evrozonata-na-rekordno-nisko-nivo-od-6-5-procenti/#respond Thu, 01 Dec 2022 13:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=769535

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 отсто во октомври, покажуваат бројките што денеска ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. Невработеноста е намалена и во однос на септември кога изнесуваше 6,6 отсто и во однос на октомври минатата година кога изнесуваше 7,3 отсто. Невработеноста во еврозоната никогаш не била помала откако е формирана актуелната валутна заедница составена од 19 држави-членки. Последните податоци значат дека 10,87 милиони луѓе во еврозоната биле без работа во октомври или 1,05 милиони помалку од пред една година. Невработеноста кај младите изнесува 15 отсто. Во рамки на зоната Шпанија има највисока стапка на невработеност од 12,5 проценти, а најниска невработеност има Германија со три проценти од работоспособното население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-evrozonata-na-rekordno-nisko-nivo-od-6-5-procenti/feed/ 0
Пад на инфлацијата во еврозоната првпат после 17 месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-inflacijata-vo-evrozonata-prvpat-posle-17-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-inflacijata-vo-evrozonata-prvpat-posle-17-meseci/#respond Wed, 30 Nov 2022 10:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=768770

Инфлацијата во еврозоната падна за првпат во последните 17 месеци, што ги зголеми надежите дека најголемиот пораст на цените за една генерација го достигна врвот и Европската централна банка ќе може да се префрли на помали зголемувања на каматните стапки следниот месец. Забавувањето на цените на енергијата и услугите помогнаа инфлацијата во блокот на единствената валута да падне повеќе од очекуваното на 10 отсто во ноември, што е намалување од рекордните 10,6 отсто во октомври, според податоците на статистичката агенција на ЕУ. Инфлацијата во САД, исто така, падна во октомври, а глобалните показатели укажуваат на тоа дека неконтролираната глобална инфлација оваа година достигна врв. Економистите сметаат дека забавувањето на стапката на инфлацијата во еврозоната прави веројатно дека ЕЦБ ќе ги зголеми стапките за 0,5 процентни поени кога нејзиниот управен совет ќе се состане на 15 декември, по два последователни покачувања за 0,75 поени. Сепак, растот на цените во блокот останува над целта на ЕЦБ од 2 отсто и некои креатори на политики тврдат дека треба да продолжи да ги зголемува стапките агресивно дури и кога инфлацијата забавува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-inflacijata-vo-evrozonata-prvpat-posle-17-meseci/feed/ 0
Довербата во економијата на Еврозоната на најниско ниво во последните две години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doverbata-vo-ekonomijata-na-evrozonata-na-najnisko-nivo-vo-poslednite-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doverbata-vo-ekonomijata-na-evrozonata-na-najnisko-nivo-vo-poslednite-dve-godini/#respond Fri, 28 Oct 2022 14:02:16 +0000 https://kurir.mk/?p=751954

Довербата во економијата на Еврозоната овој месец паднала на најниско ниво во последните речиси две години, последица на забележаниот значителен пад во производствениот и во услужниот сектор, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето спроведено од Европската комисија. Очекувано, индексот на економската доверба во октомври се намалил на 92,5 поени од 93,6 минатиот месец, на ниво најниско од ноември 2020 година. Според резултатите од истражувањето, во преработувачкиот сектор индексот на економска доверба паднал за 1,2 поени, на ниво најниско ниво од јануари 2021 година. Значително влошување бележат и проценката на менаџерите за сегашното ниво на нарачки. Намалената доверба во производствениот и услужниот сектор е делумно неутрализирана со благо подобрување на довербата кај потрошувачите и малото зголемување на деловната активност на трговците на мало. Индексот на доверба на потрошувачите во Еврозоната во октомври се искачи на -27,6 поени, од рекордно ниското ниво од -28,8 поени забележано минатиот месец. Порасна и индексот на доверба во градежниот сектор во октомври, до 2,6 поени наспроти 1,8 поени во септември, последица на оптимистичките очекувања на градежните компании за дополнителен ангажман работна сила.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doverbata-vo-ekonomijata-na-evrozonata-na-najnisko-nivo-vo-poslednite-dve-godini/feed/ 0