евтаназија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 16:30:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евтаназија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извршена евтаназија на болното бело тигарче оставено пред Зоолошката во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvrshena-evtanazija-na-bolnoto-belo-tigarche-ostaveno-pred-zooloshkata-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvrshena-evtanazija-na-bolnoto-belo-tigarche-ostaveno-pred-zooloshkata-vo-atina/#respond Mon, 10 Apr 2023 16:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=822541

Тримесечното бело тигарче кое пред шест седмици во лоша состојба беше напуштено пред Зоолошката градина во Атина, и покрај напорите на ветеринарите во изминатиот период, не успеа да се излечи,а поради сериозните здравствени проблеми, евтаназијата беше единственото решение, јави дописничката на МИА од Атина. -Малата Хасија денеска безболно си замина во просторот каде што живееше во изминатиот период и меѓу луѓето кои се грижеа за неа, ја сакаа и многу се врзаа за неа во текот на овие 6 седмици, соопштија од „Атика парк“, Зоолошката градина во Атина. На крајот на февруари, малото тигарче било пронајдено во ѓубрето пред Зоолошката, без притоа да биде познато кој и зошто го оставил. Вработените веднаш се погрижиле за тримесечната женка која го добила името Хасија и во изминатите шест седмици освен што се грижеа за неа, се обидоа да спасат и преку низа испитувања и анализи да ја излечат. Резултатите од испитувањата биле испратени и до специјализирани центри во Европа, Америка и Африка за да се разгледа можноста животното да се пренесе во некој од нив за понатамошно лекување, меѓутоа одговорите биле негативни. Паралелно, Министерството за животна средина на Грција формирало 12-член комитет од грчки ветеринари, кој дал своето мислење врз основа на медицинските податоци. -За жал, сериозните, неизлечиви и болни генетски проблеми, некомпатибилни со елементарен квалитетен живот и благосостојба, ги одведоа и грчките ветеринари членови на комисијата, но и странските експерти, едногласно да препорачаат до надлежните органи дека евтаназијата е единствената опција, како што често се случува кога животното страда без да постои надеж за подобрување, соопштија од „Атика парк“. Евтаназијата била извршена по наредба на властите и во присуство на ветеринари од периферијата. Од атинската Зоолошка истакнаа дека оваа тажна приказна треба да биде повод сите да станат посвесни за потребата од борба против шверцот на диви животни Грција и да се интензивираат напорите на надлежните органи во оваа насока. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvrshena-evtanazija-na-bolnoto-belo-tigarche-ostaveno-pred-zooloshkata-vo-atina/feed/ 0
Макрон најави комплетирање на нацрт-законот за евтаназија до крајот на летото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-najavi-kompletirane-na-natsrt-zakonot-za-evtanazija-do-krajot-na-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-najavi-kompletirane-na-natsrt-zakonot-za-evtanazija-do-krajot-na-letoto/#respond Mon, 03 Apr 2023 13:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=819541

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција мора да ја подобри достапноста на палијативната нега и најави дека нацрт-законот за евтаназија треба да биде завршен до крајот на летото. Макрон рече дека предлог-законот ќе се надоврзе на работата на групата од 184 случајно избрани француски граѓани кои расправаат за ова прашање од минатиот декември. Групата ја заврши својата работа овој викенд, а 76 отсто од членовите на групата рекоа дека го фаворизираат овозможувањето на некоја форма на евтаназија за тие кои тоа го посакуваат. Макрон не кажа дали поддржува евтаназијата или помошта во самоубиство да бидат дозволени во Франција. Францускиот претседател изјави дека расправата за тоа прашање ќе продолжи, како и дека за тоа е потребен консензус. Францускиот национален совет на лекари соопшти дека се противи на вклучувањето лекари во евтаназија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-najavi-kompletirane-na-natsrt-zakonot-za-evtanazija-do-krajot-na-letoto/feed/ 0
Повеќе луѓе во Холандија бараат евтаназија, одобрени се 1.240 барања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-luge-vo-holandija-baraat-evtanazija-odobreni-se-1-240-barana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-luge-vo-holandija-baraat-evtanazija-odobreni-se-1-240-barana/#respond Thu, 23 Mar 2023 12:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=815453

Експертскиот центар за евтаназија во Холандија минатата година одобри 1.240 барања за евтаназија, што е за 11 отсто повеќе отколку во 2021 година. Бројот на барањата се зголеми за 13 отсто, од 3.689 во 2021 година на 4.159 во 2022 година, врз основа на годишните податоци на центарот, пишува амстердамскиот весник „НЛ Тајмс“. Експертскиот центар за евтаназија им помага на луѓето, чиј лекар не може да го исполни нивното барање за евтаназија, на пример, затоа што смета дека барањето е премногу комплицирано. Околу една третина од пациентите кои отишле во центарот минатата година биле подложени на евтаназија, а тој процент е стабилен со години. Околу една петтина од барањата за евтаназија што ги доби Центарот за вештачење минатата година се од пациенти со психичко страдање. Бројот на барања за евтаназија се зголемува на национално ниво за речиси 10 проценти годишно, а вкупниот број на евтаназии одобрени од лекарите во изминатата година ќе биде објавен следниот месец, а во 2021 година имало 7.666 одобренија. Конечната одлука за евтаназија е резултат на сложена процедура која опфаќа исцрпни разговори со пациентот, анализа на медицинската документација и проверка на усогласеноста на процедурата со законот. Уделот на евтаназијата во вкупниот број на смртни случаи во Холандија се зголеми на речиси пет отсто пред две години, пишува холандскиот весник. Зголемувањето на бројот на луѓе подложени на евтаназија може делумно да се објасни со стареењето на населението. Холандија ја легализираше евтаназијата во 2002 година, а набрзо тоа го направи и Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-luge-vo-holandija-baraat-evtanazija-odobreni-se-1-240-barana/feed/ 0
Оваа земја денеска ја легализираше евтаназијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-zemja-deneska-ja-legalizirashe-evtanazijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-zemja-deneska-ja-legalizirashe-evtanazijata/#respond Thu, 18 Mar 2021 14:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=484284

Шпанските пратеници, денеска, со големо мнозинство ја легализираа евтаназијата, и покрај силното спротивставување на Католичката црква и десничарските партии. Владиниот предлог-закон за евтаназија, што може да се спроведе само под строго пропишани услови, беше изгласан со мнозинство од 198 гласа „за“ наспроти 138 „против“, додека двајца пратеници беа воздржани од гласањето. Предлог-законот наведува дека лице кое страда од сериозна или неизлечива болест има право да побара помош при умирање, под услов тоа да го побара за да избегне неподносливо страдање. Барањето мора да се достави во писмена форма, а потоа мора да се повтори по петнаесет дена. Потоа мора да биде одобрено од двајца лекари, по што на крајот оди кај надлежната комисија. Здравствените работници кои не сакаат да учествуваат во постапката им се признава правото на приговор на совеста. Трошоците за постапката одат на државен буџет. Шпанските пратеници ја легализираа евтаназијата и помогнато самоубиство за луѓето со неизлечиви или исцрпувачки болести, кои сакаат да стават крај на својот живот. Со ова Шпанија стана четвртата земја во Европската унија што одлучи да го преземе ваквиот чекор. Белгија, Луксембург и Холандија веќе ја легализираа евтаназијата. Сличен план во понеделникот не успеа во соседна Португалија, кога највисокиот суд во земјата, Уставниот суд, го отфрли закон одобрен од парламентот како неуставен. -Денеска е важен ден, ние се движиме кон признавање на човековите права. Ние се движиме кон похумано и поискрено општество, изјави пред пратениците шпанската министерка за здравство Каролина Даријас. Законот, што важи за возрасните лица кои легално престојуваат во Шпанија, ќе стапи на сила за три месеци, за да се добие во време за формирање на регионалните комисии кои ќе ги разгледуваат и одобруваат апликациите. Пред парламентот, про и контра групи на законот демонстрираа за време на дебатата и гласањето. Новиот закон се соочува со жестоко противење од десничарските и верските групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-zemja-deneska-ja-legalizirashe-evtanazijata/feed/ 0
Шпанија на чекор до легализација на евтаназија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-na-chekor-do-legalizacija-na-evtanazija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-na-chekor-do-legalizacija-na-evtanazija/#respond Thu, 17 Dec 2020 17:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=444836

Шпанија презеде голем чекор кон легализирање на евтаназијата, откако денеска Долниот дом на Парламентот го одобри предлог-законот, со кој им се дозволува на смртно болните пациенти да изберат одземање на својот живот. Предлог-законот, кој е усвоен со 198 гласови „за“ и 138 гласови „против“, сега ќе му биде испратен на Сенатот на разгледување. Доколку биде усвоен, Шпанија ќе стане четврта земја во ЕУ која ја легализирала таквата пракса, по Белгија, Луксембург и Холандија. Ако се остварат прогнозите, законот ќе стапи во сила во текот на следниот месец. Законот предизвика жестока расправа во и надвор од Парламентот. -Законот за евтаназија претставува пораз на цивилизацијата и победа на културата на смртта за оние кои веруваат дека нечии животи се повредни од другите, истакна лидерот на партијата Вокс, Сантјаго Абаскал. Пред Парламентот се собраа демонстранти, кои носеле транспаренти „Влада на смртта“. Католичката црква, која има големо влијание во Шпанија, ја смета евтаназијата како убиство, кога докторот активно му помага на пациентот да умре, како и потпомогнато самоубиство каде докторот му дава смртоносна супстанца на пациентот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-na-chekor-do-legalizacija-na-evtanazija/feed/ 0
Во Холандија дозволена евтаназија и при напредна деменција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-holandija-dozvolena-evtanazija-i-pri-napredna-demencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-holandija-dozvolena-evtanazija-i-pri-napredna-demencija/#respond Tue, 21 Apr 2020 15:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=335150

Врховниот суд на Холандија денеска донесе одлука дека лекарите можат легално да извршат евтаназија на лица со напредна деменција кои претходно во пишана форма изразиле таква желба, дури и ако повеќе не можат да ја потврдат поради својата болест. Пресудата е пресвртница во холандското законодавство за евтаназија кое досега бараше од пациентите да го потврдат барањето за еутаназија. Се сметаше дека тоа не е можно кај пациенти со деменција. Лекарите можат да извршат евтаназија кај луѓе со напредна деменција врз основа на барање поднесено претходно, наведе Врховниот суд во резимето на својата одлука. Лекарите треба да бидат сигурни дека се исполнети и другите критериуми на неподносливо страдање без никаква надеж за закрепнување. Пресудата е донесена откако обвинителите покренаа кривична постапка против лекар кој изврши милосрдно убиство во дом за стари лица над 74-годишна жена со Алцхајмерова болест која претходно изразила желба да се евтанизира. Евтаназијата била извршена со поддршка на семејството на пациентот. Лекарот минатата година беше ослободен од сите обвиненија, но обвинителите побараа Врховниот суд да донесе пресуда за да се има правен преседан затоа што законот не беше јасен по тоа прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-holandija-dozvolena-evtanazija-i-pri-napredna-demencija/feed/ 0
Холандска клиника добива се повеќе барања за евтаназија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandska-klinika-dobiva-se-povekje-baranja-za-evtanazija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandska-klinika-dobiva-se-povekje-baranja-za-evtanazija/#respond Fri, 07 Feb 2020 15:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=300768

Клиника специјализирана за евтаназија во Холандија, прва држава која ја легализирала таа пракса, соопшти денеска дека минатата година добила повеќе од 3.000 барања. Центарот за евтаназија во Хаг наведува во соопштението дека минатата година добил 3.122 барања, најмногу од 2012 година, откако постои здравствената установа и „многу поголем број од предвиденото“. Од пристигнатите барања прифатени се околу 900. -Секој работен ден по 13 лица доаѓаат кај нас со молба „Помогнете ми, не можам повеќе вака“, изјави директорот на Клиниката, Стивен Плејтер. Бројот на барањата бил стабилен во 2017 и 2018 година, а голем пораст се случил во 2019 година, соопшти Центарот, не наведувајќи ги причините за растот. Според последните службени податоци објавени од холандското Министерство за здравство, врз 6.126 лица е извршена евтаназија во Холандија во 2018 година, од кои 12 на товар на клиниката. Повеќето од пациентите кои бараат евтаназија се заболени од канцер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandska-klinika-dobiva-se-povekje-baranja-za-evtanazija/feed/ 0
Лажна вест го обиколи светот: на холандската тинејџерка не и била одобрена евтаназија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazna-vest-go-obikoli-svetot-na-holandskata-tinejdzerka-ne-i-bila-odobrena-evtanazija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazna-vest-go-obikoli-svetot-na-holandskata-tinejdzerka-ne-i-bila-odobrena-evtanazija/#respond Thu, 06 Jun 2019 08:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=205898

Седумнаесетгодишна тинејџерка од Холандија побарала евтаназија и ја добила – е веста која вчера го обиколи светот, но подоцна беше утврдено дека не е точна. Веста за Ноа Потховен од местото Арнхем во Холандија ја објавија угледни светски медиуми како Вашингтон пост, Индепендент, Јуроњуз и други. Беше наведено дека тинејџерката побарала евтаназија и оти и била одобрена, по што починала во нејзиниот дом. Како што денеска јавуваат некои медиуми, причина за лажната вест најверојатно бил погрешен превод или толкување на веста за оваа тинејџерка од локалните медиуми. Ноа навистина побарала евтаназија, но била одбиена. Таа била тешко болна од анорексија и други пореметувања веќе подолго време. Без знаење на родителите побарала евтаназија и била одбиена,  напиша новинарката на порталот Политико, Наоми  О’Лири на Твитер која го контактирала холандскиот новинар кој од минатата година ја следи оваа тема. Семејството на Ноа се обидела со многу видови психијатриско лекување и таа била хоспитализирана повеќе пати. Последните месеци повеќе пати се обидела да се самоубие. Семејството дури побарало и терапија со електрошокови, но барањето било одбиено затоа што Ноа била премлада. Потоа тинејџерката инсистирала на тоа дека повеќе не сака никакви терапии и во домот на нејзините родители бил поставен болнички кревет. На почетокот од мај почнала да ги одбива сите видови храна и течности, а нејзините родители и лекари се сложиле дека нема присилно да ја хранат. – Таа одлука не е евтаназија. Холандските медиуми не известуваа за смртта на Ноа Потовен како за случај на евтаназија. Оваа идеја се појави само при пренесување на холандските вести во медиумите на англиски јазик, објасни О’Лири. „Вашингтон пост“ и други медиуми во меѓувреме ја коригираа својата вест, со напомена дека „не е јасно дали докторите и помогнале во умирањето, иако претходно побарала нивна помош“. Јуроњуз од написот едноставно отстрани се што беше поврзано со евтаназија и описот на начинот на кој починала девојката. Ноа Потховен, како што самата тврдеше, сексуално ја злоставувале во училиште уште кога имала 11 години, и кога имала 14 години ја силувале двајца возрасни мажи. Како последица на оваа тешка траума, таа страдала од посттрауматско стресно пореметување, депресија и анорексија и стана позната откако напиша книга за нејзината долга битка со овие состојби.
Холандскиот министер за здравство Хуго де Јонге потврди дека Ноа Потховен починала дома во неделата откако одбивала храна и вода.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazna-vest-go-obikoli-svetot-na-holandskata-tinejdzerka-ne-i-bila-odobrena-evtanazija/feed/ 0