евтина дневна тарифа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 13:09:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евтина дневна тарифа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Битиќи: ЕВН Хоум на 1 декември треба да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitiki-evn-houm-na-1-dekemvri-treba-da-isporacha-dnevna-evtina-tarifa-na-strujata-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitiki-evn-houm-na-1-dekemvri-treba-da-isporacha-dnevna-evtina-tarifa-na-strujata-za-site/#respond Mon, 03 Jul 2023 13:09:53 +0000 https://kurir.mk/?p=852162

ЕВН Хоум е повикана на 1 декември да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите, а како тоа ќе го направат е нивна надлежност и одговорност, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. -Фактот дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со цени кои се аплицираат од 1 јули до крајот на годината и со самото кажување дека на 1 декември треба да стартува евтината дневна тарифа, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. Можам да им дадам помош на ЕВН Хоум ако немаат, ќе одам лично да ги сетирам броилата, ако е тоа проблемот, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Нехо Исни“- ДООЕЛ Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitiki-evn-houm-na-1-dekemvri-treba-da-isporacha-dnevna-evtina-tarifa-na-strujata-za-site/feed/ 0
Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-dekemvri-se-vraka-evtinata-dnevna-tarifa-za-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-dekemvri-se-vraka-evtinata-dnevna-tarifa-za-strujata/#respond Tue, 27 Jun 2023 11:22:18 +0000 https://kurir.mk/?p=850076

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. Тоа, посочи Бислимовски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата. -Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Цената на електричната енергија осум месеци наназад е пониска дури и од цената после 24 часот, рече Бислимовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-dekemvri-se-vraka-evtinata-dnevna-tarifa-za-strujata/feed/ 0