евтина тарифа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Jun 2023 13:12:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евтина тарифа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: Евтината тарифа на струјата се враќа од 1 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-evtinata-tarifa-na-strujata-se-vraka-od-1-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-evtinata-tarifa-na-strujata-se-vraka-od-1-dekemvri/#respond Tue, 27 Jun 2023 13:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=850124

Од 1 декември ја враќаме евтината тарифа за електрична енергија, напиша денеска министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, откако Регулаторната комисија за енергетика ја објави одлуката за дневната тарифа и новата цена на струјата. Од Министерството за економија го пренесуваат постот на Бектеши и наведуваат дека нема зголемување на цената на струјата. - Како што објави Регулаторната комисија денеска вкупната цена на електрична енергија од 1 јули во првиот блок се намалува за 7,04 отсто. Вкупната цена на електрична енергија во вториот блок се намалува за 4,09 отсто. Цената на струјата во третиот блок се зголемува за 2,54 отсто и во четвртиот блок за 2,42 отсто. Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, се наведува во соопштението од Министерството за економија. Евтината тарифа на електричната енергија ќе важи од 1 декември од 13 до 15 часот, а новата цена на струјата од 1 јули годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-evtinata-tarifa-na-strujata-se-vraka-od-1-dekemvri/feed/ 0
Од 1 јули повторно е можна евтина дневна тарифа на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-juli-povtorno-e-mozhna-evtina-dnevna-tarifa-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-juli-povtorno-e-mozhna-evtina-dnevna-tarifa-na-strujata/#respond Fri, 26 May 2023 10:55:44 +0000 https://kurir.mk/?p=839023

Од 1 јули годинава граѓаните најверојатно повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. - Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од 1 јули, изјави Битиќи во гостувањето во „Утринската програма“ на телевизија Телма. Тој посочи дека висината на цената на струјата преку соодветни параметри ја определува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која се очекува да ја донесе конечната одлука кон крајот на јуни. - Имаме месец и половина пред нас, а ние не зависиме само од домашните производители на електрична енергија, нагласи Битиќи, додавајќи дека како и сите одлуки во последнива година и половина, така и оваа ќе биде во полза на граѓаните. Вицепремиерот во гостувањето најави и дека стапката на данокот за додаден вредност (ДДВ) за струјата од 10 отсто постепено ќе се враќа на 18 проценти, за што анализите се при крај. Битиќи потенцира дека првпат од независноста на земјата актуелната Влада работи на подготовка на Национална стратегија за развој, која би требало да го трасира патот за идниот развој на државата. - Во секоја стратешка област ќе биде јасно разграничено каде сакаме да стигнеме. Тоа е визијата и во наредниот период ќе се работи на акцискиот план, како тоа да се постигне, изјави вицепремиерот Битиќи, додавајќи дека преку оваа Стратегија ќе се мапираат тековните и постоечките предизвици на општеството, со фокус на изградба на соодветни капацитети со цел државата да биде подготвена и да може успешно да се соочи со идните предизвици. Според него, процесот на креирање на оваа Национална развојна стратегија е од големо значење за иднината и бара методичност и внимателен пристап, бидејќи тоа ќе биде, како што рече, визионерски стратешки документ кој ќе го утврди развојниот пат на државата во следните 20 години, поради што се водат широки консултации за градење меѓугенерациски, меѓуетнички, меѓупартиски и родов консензус помеѓу клучните општествени чинители. - Ако видите кој се е вклучен во креирање на оваа стратегија, тоа се национални експерти, луѓе од државата. Кога се правеа мапирањето и анализите на 25 области, беа вклучени 28 национални експерти и имаше над 30 визионерски работилници со над 3.000 наши сограѓани, изјави Битиќи. Тој истакна дека во целиот процес биле вклучени бизнис и граѓанскиот сектор, младите, вработените од институциите, како и политичките партии од власта и опозицијата и ваквиот пристап, според него, е показател оти како општеството полека почнуваме да наоѓаме консензус за важни прашања за државата. - Ова е единствениот начин вистински да покажеме дека си ја сакаме татковината. Таа не се сака на друг начин, освен ако заеднички не се креира нејзината иднина, за сите нас, рече Битиќи, додавајќи дека постигнувањето консензус не може да се направи брзо, па затоа решиле изработката на Националната стратегија за развој да оди постепено. сп]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-juli-povtorno-e-mozhna-evtina-dnevna-tarifa-na-strujata/feed/ 0
„Фактор“: Еве за колку поскапува струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-eve-za-kolku-poskapuva-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-eve-za-kolku-poskapuva-strujata/#respond Fri, 31 Jul 2020 09:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=384206

Остануваат скапата и евтината тарифа, но цената на струјата за домаќинствата се зголемува за 7,5 отсто. Ова го покажува споредбата на официјалните податоци од предлог-одлуките за новите и постоечките цени, сите достапни на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика. Цената на електричната енергија за домаќинствата поскапува за 7,5 отсто, а остануваат за користење ниска и висока тарифа односно евтината и скапа струја и понатаму. Ова го содржи предлог – одлуката на Регулаторната комисија за енергетика – регулаторното тело што ја утврдува тарифата на ЕВН Хоме, компанијата која е снабдувач на струја на домаќинствата. Предлог- одлуката е јавно достапен документ што може да се најде на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и денеска нејзиниот претседател Марко Бислимоски ќе соопшти дали цените на скапата и евтината струја се зголемуваат за 7,5 отсто или ќе прифати некоја од поплаките на енергетските компании кои бараат и поголемо зголемување на цената заради раст на нивните трошоци. Според јавно достапните податоци цената за ЕВН Хоме се определува на просечен износ од 4,92 денари за еден киловатчас електрична енергија. Високата тарифа т.е. „скапата струја“ во иднина ќе чини 5,95 денари за еден киловат час и тоа е поскапо за 7,4 отсто од досегашната цена која изнесува 5,54 денари за киловат час. „Евтината струја“ односно ниската тарифа по ново ќе изнесува 2,99 денари и тоа е покачување за 7,5 отсто во однос на тоа што досега го плаќаа граѓаните кога користеа евтина струја која чинеше 2,78 денари за еден киловат час. Денеска ќе ги дознаеме официјално прифатените причини за зголемените цени за електрична енергија за домаќинствата. Од компаниите од енергетиката од чии трошоци зависат цените, неофицијално, барале поголеми зголемувања заради раст на трошоците. Производната државна компанија ЕСМ лани годината ја завршила со добивка од 3,15 милиони евра. Преносната компанија МЕПСО 2019 година ја завршила со добивка од 7,25 милиони евра, а ЕВН Македонија (фирма мајка на ЕВН Хоме) ланската година ја завршила со профит од 34 милиони евра. Електродистрибиција (најголемиот оператор на дистрибутивниот систем и фирма ќерка на ЕВН Македонија) лани годината ја завршила со загуба од 7 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-eve-za-kolku-poskapuva-strujata/feed/ 0