евзони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Sep 2023 08:54:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евзони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Затворен патот на влез во Грција од границата со Македонија – Најмалку 3 загинати и десетици повредени во тешка сообраќајка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-zatvoren-patot-na-vlez-vo-grtsija-od-granitsata-so-makedonija-najmalku-3-zaginati-i-desetitsi-povredeni-vo-teshka-soobrakajka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-zatvoren-patot-na-vlez-vo-grtsija-od-granitsata-so-makedonija-najmalku-3-zaginati-i-desetitsi-povredeni-vo-teshka-soobrakajka/#respond Sun, 10 Sep 2023 08:05:12 +0000 https://kurir.mk/?p=876518

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Северна Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила, а патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката државна телевизија ЕРТ постоел директен судир на двокатен туристички автобус со 78 туристи од Србија со автомобил, загинале тројца од четворицата патници во возилото, а повредени се околу 45 српски туристи, од кои петмина се сериозно. По директниот судир, автобусот се превртел, а во сообраќајката бил вклучен и втор автомобил, најверојатно со српски регистарски таблички, кој удрил во возилото, без да бидат повредени патниците. По сообраќајната несреќа, автопатот од границата со Северна Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-zatvoren-patot-na-vlez-vo-grtsija-od-granitsata-so-makedonija-najmalku-3-zaginati-i-desetitsi-povredeni-vo-teshka-soobrakajka/feed/ 0
ОД ДЕНЕСКА НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Само еден граничен премин отворен со Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-novi-pravila-za-patuvanje-vo-grcija-samo-eden-granichen-premin-otvoren-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-novi-pravila-za-patuvanje-vo-grcija-samo-eden-granichen-premin-otvoren-so-makedonija/#respond Sat, 19 Jun 2021 07:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=525271

Промените на правилата за патување во Грција, односно можноста за влез во и со негативен антигенски рапид (брз) тест направен 48 часа пред пристигнувањето и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, веќе се објавени во Службен весник и во 6 часот утрово стапија во сила, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а освен двете промени, останатите правила се исти како и претходно и ќе бидат во сила до 26 јуни 2021 година. Па така, како што пренесува МИА, за патување кај јужниот сосед задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот. Кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време. Согласно министерската одлука, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат, а се поврзани со Ковид-19. Поконкретно, првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест. Или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. Алтернативно, посетителите на Грција, може да достават потврда за прележана болест или позитивен резултат од направен ПЦР или антигенски (брз) тест со валидност од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот и да се поминати 30 дена од првиот позитивен резултат. Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Со оглед на тоа што Грција, веќе го воведе дигиталниот Ковид сертификат, додадена е и оваа можност како алтернатива, односно туристите можат да влезат во земјата со ваков сертификат во дигитална или печатена форма, кој треба да ги содржи податоците во врска со вакцинацијата или резултатот од последната проверка со употреба на брзи антигени тестови или ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19. Конкретните обврски важат за лица со наполнети 12 години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите. Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен, карантин, додека пак ако се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена, а на последниот ден од карантинот, потребно е да се направи ПЦР тест. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. Од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, исклучок, освен за Северна Македонија има и за Австралија, Босна и Херцеговина, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Израел, Канада, Белорусија, Црна Гора, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд, а додадени се и Албанија, Либан и Јапонија. Параелно, туристите, за време на нивниот престој во Грција мора да ги почитуваат мерките и рестрикциите што важат во земјата, нешто што е посочено во министерската одлука. Па така, задолжителната употреба на маска и на отворено и на затворено, забраната за движење по 1.30 часот, поради полицискиот час, задолжително одржување дистанца итн. важат и за странските туристи. Првата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, беше објавена на 14 мај годинава, кога по пауза од 14 месеци се отвори граничниот премин Евзони (Богородица) и беше дозволен влез во Грција за македонски државјани, а оттогаш се продолжува секоја седмица. Во денешната, воведени се и две промени, кои завчера ги најави заменик – министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, а вчера, детално ги објави МИА, откако Министерството за туризам на Грција, новата министерска одлука, преку соопштение, ја испрати до акредитираните новинари. Министерската одлука со важност до 26 јуни 2021 година во 6 часот наутро синоќа беше објавена во Службен весник на Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-novi-pravila-za-patuvanje-vo-grcija-samo-eden-granichen-premin-otvoren-so-makedonija/feed/ 0
ЕВЗОНИ ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ, НО ТРЕБА ДА ИСПОЛНИТЕ НОВ УСЛОВ: Еве што бара Грција да направите еден ден пред да патувате таму! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/evzoni-gi-otvori-granicite-no-treba-da-ispolnite-nov-uslov-eve-shto-bara-grcija-da-napravite-eden-den-pred-da-patuvate-tamu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/evzoni-gi-otvori-granicite-no-treba-da-ispolnite-nov-uslov-eve-shto-bara-grcija-da-napravite-eden-den-pred-da-patuvate-tamu/#respond Fri, 14 May 2021 12:16:24 +0000 https://kurir.mk/?p=510301

Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Македонија преку ГП ,,Евзони“. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП ,,Евзони“со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ. Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/evzoni-gi-otvori-granicite-no-treba-da-ispolnite-nov-uslov-eve-shto-bara-grcija-da-napravite-eden-den-pred-da-patuvate-tamu/feed/ 0
Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granicite-na-grcija-ostanuvaat-zatvoreni-za-makedonskite-drzavjani-do-14-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granicite-na-grcija-ostanuvaat-zatvoreni-za-makedonskite-drzavjani-do-14-maj/#respond Sat, 01 May 2021 11:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=504276

Одлуката на грчката Влада за привремена затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, е продолжена до 14 мај 2021 година, што значи дека јужниот сосед и понатаму останува затворен за македонските државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Претходната одлука беше издадена во понеделникот, а во Службен весник на Грција, веќе е објавена и новата што стапува во сила на 3 мај и ќе важи до 14 мај 2021 година до 6 часот наутро по локално време. Според најавите од Грција од изминатиот период, како што веќе објави МИА, се очекува за две седмици да бидат отворени копнените граници на Грција и да се укинат ограничувањата, а патувањето да биде или со негативен тест за Ковид-19 или со сертификат за вакцинација. Засега, овие правила важат за 11 трети земји, како и за државјаните на земјите членки на ЕУ и Шенген зоната, кои согласно претходните одлуки се исклучок од забраната за влез и се ослободени од задолжителниот карантин. Во сила, и понатаму е и новото правило воведено минатата седмица, според кое, задолжителниот ПЦР тест за влез во Грција важи и за деца кои наполниле пет години. Првиот член од министерската одлука се однесува на копнените граници, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон земјата „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19, како и забрана за влез на лица преку наведените поврзувања, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“. За туристите за кои не важи забраната, дозволен е влез преку граничните премини од Бугарија, Промахонас (Кулата) и Нимфеас (Маказа), со негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето, но и доколку имаат негативен резултат од брзиот тест направен на самата граница. За граничниот премин Евозни (Богородица) од Северна Македонија, како и Какавиас од Албанија не постојат промени, односно ќе работат од 7 до 19 часот по локално време, дозволен е влез само за одредени категории, со потврда за негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти, дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена. За транспортерите, Евзони е отворен од 7 до 23 часот по локално време, а исто како и за останатите патници за кои е дозволен влез, така и на возачите на камиони, негативен резултат од рапид тестот направен на граничниот премин е предуслов за влез во Грција. Забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и ЕУЛЕКС на Косово. Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“. Исклучок, како и досега се државјаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Русија, Руанда, Сингапур, Израел и Србија. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници. Посебни регулативи има за државјаните на земјите членки на ЕУ и Шенген зоната, на Велика Британија, САД, Обединетите Арапски Емирати, Србија, Израел, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Тајланд, Руанда и Сингапур, кои се ослободени од задолжителниот карантин и дозволен е влез или со негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или со потврда за вакцинација, под услов да се поминати 14 дена од ревакцинацијата. За сите патници кои пристигнуваат во Грција, задолжително е пополнување на електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form). Границите на Грција за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани се затворени речиси 15 месеци, откако лани, за време на првиот карантин во март, беше воведена одлуката, а оттогаш континуирано се продолжува. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во телевизиската порака до граѓаните пред десет дена, кога соопшти олабавување на мерките, најави дека на 15 мај „ќе биде отворен туризмот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granicite-na-grcija-ostanuvaat-zatvoreni-za-makedonskite-drzavjani-do-14-maj/feed/ 0
Грција со нова одлука: Еве до кога ја продолжи забраната за влез на државјани од трети земји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-so-nova-odluka-eve-do-koga-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-drzavjani-od-treti-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-so-nova-odluka-eve-do-koga-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-drzavjani-od-treti-zemji/#respond Sun, 21 Mar 2021 12:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=485608

Одлуките за забрана за влез во Грција на државјани на трети земји и за ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Турција и Албанија, грчката Влада ги продолжи за уште две седмици, односно до 5 април 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот што синоќа беше објавена во Службен весник на Грција, продолжени и дополнителните рестрикции за влез во земјата преку граничните премини Евзони со Северна Македонија и Какавиа со Албанија, како и задолжителниот карантин. Граничните премини Евзони (Богородица) и Какавиа работат од 7 до 19 часот, по локално време, а дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена. На овие гранични премини, на сите, задолжително им се прави брз тест, вклучително и на возачите на камионите, а при позитивен резултат нема да биде дозволен влез. Новите построги мерки, односно брзите тестови при влезот и работното време на граничните премини важат и за транспортерите, нешто што беше причина да реагираат камионџиите од Грција и Северна Македонија, кои на почетокот на месецов одржаа протест на Евзони (Богородица). Првиот член од министерската одлука се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон земјата „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19, како и забрана за влез на лица преку наведените поврзувања, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“. За странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата), кој работи од 7 до 23 часот по локално време и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција. Од останатите гранични премини што се отворени, односно Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Какавија и кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти. Забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово. Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од која било влезна точка, на кој било начин и со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“, објави МИА. Исклучок, се државјаните на земјите членки на Европската унија и Шенген зоната и жителите на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Русија, Руанда, Сингапур и Израел. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници. За сите оние за кои е дозволен влез во Грција, освен негативен ПЦР тест, потребно е да го имаат пополнето и специјалниот формулар PLF (Passenger Locator Form), да бидат негативни и на брзиот тест на граница, а при влез од Северна Македонија и Албанија, односно од граничните премини Евзони (Богородица) и Какавиа задолжителен е домашен карантин од 14 дена. Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Последната одлука беше од 8 до 22 март, а од утре, во 6 часот наутро стапува во сила новата, во траење до 5 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-so-nova-odluka-eve-do-koga-ja-prodolzi-zabranata-za-vlez-na-drzavjani-od-treti-zemji/feed/ 0
Грчките камионџии протестираат на граничниот премин Евзони https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-kamiondzii-protestiraat-na-granichniot-premin-evzoni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-kamiondzii-protestiraat-na-granichniot-premin-evzoni/#respond Fri, 05 Mar 2021 08:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=477567

Воведување временско ограничување за влез на камиони од Евзони, меѓу 7 и 19 часот, како и целосниот недостиг на организација во процесот на спроведување на брзите тестови од екипите на Националната организација за јавно здравје на Грција, на сите што влегуваат во земјата, предизвика „хаос“ и огромни доцнења, а редиците на камиони кои чекаат достигнува и до десет километри, велат од Федерацијата на грчките камионџии, во соопштението во кое ги повикуваат транспортерите на протест на граничниот премин Евзони, закажан за 7 часот утрово по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Во меѓувреме, на граничниот премин Богородица прес-конференција одржаа претставници на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ и грчката асоцијација на транспортери ОФАЕ, за проблемите со кои се соочуваат транспортерите поради воведените мерки на грчката Влада. Генералниот секретар на АМЕРИТ, Лефтер Андонов, рече дека во изминатата недела имале многу контакти со најголемата грчка асоцијација во транспорт ОФАЕ, со цел да се деблокира транспортот поради воведувањето на заштитните мерки од грчката влада. Истакна и дека имаат испратено и писма до Европската комисија како и до грчкото МНР. Претседателот на ОФАЕ Апостолос Кенанидис рече дека речиси илјада камиони дневно поминуваат на овој граничен премин и оти со оваа нова мерка, донесена од грчката Влада се попречува целиот товарен сообраќај кој започнува од Северна Македонија или од Србија. -Со досегашните активности, како и со денешниот симболиочен протест, сакаме да постигнеме Владата да одлучи да ги тргне овие рестрикции за транспортерите, за да се овозможи непречен, нормален, колку што е можен нормален проток на стоки, рече Кенанидис. Истакна оти тие не се против тестирањата на границата, туку сметаат оти треба персоналот што го врши тестирањето да биде во поголем број, со цел да не се прави застој на границата. -Со овој симболичен протест сакаме да покажеме дека не се согласуваме со владините одлуки како што не се согласуваат и асоцијациите, здруженијата од другите земји, бидејќи оваа блокада на сите ни пречи, рече Кенакидис. Додаде оти целта на ОФАЕ, заедно во соработка со грчките комори, здруженија, шпедитери, но и асоцијации како што е АМЕРИТ од Северна Македонија и од соседните земји, да се заземе заеднички став со цел да се тргнат овие рестриктивни мерки. Транспортерите, кои уште во понеделникот најавија дека ако не се исполнат нивните барања, подготвени се да се мобилизираат и да го блокираат граничниот премин од грчка страна, истакнуваат дека ситуацијата на „една од главните копнени порти за влез во земјата веќе четири дена е исклучително тешка“ и се создадени големи проблеми во протокот на стоки и во грчкиот извоз. -Возилата што пренесуваат медицинска опрема, лесно расиплива, како и секаков вид на стока, се принудени да чекаат и до 12 часа за да влезат во Грција, поради неможноста на државата да преземе соодветни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот без да се спречува нормалното функционирање на синџирот на снабдување, велат од Федерацијата во соопштението за денешниот протест. Како што веќе објави МИА, грчките камионџии реагираат а новите мерки за копнените граници воведени во понеделникот, преку писмо до Министерството за транспорт и врски и Министерството за развој на Грција, бараат граничните Евзони и Какавиа, за транспортерите, да бидат отворени 24 часа и да има дополнителен персонал од Националната организација за јавно здравје кои ги вршат брзите тестови, за да се забрза целата процедура. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-kamiondzii-protestiraat-na-granichniot-premin-evzoni/feed/ 0
Граничниот премин Евзони повторно отворен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granichniot-premin-evzoni-povtorno-otvoren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granichniot-premin-evzoni-povtorno-otvoren/#respond Thu, 18 Feb 2021 09:04:35 +0000 https://kurir.mk/?p=470394

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека според информациите добиени од Република Грција од 05.30 часот утринава(18.02.2021) Граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез), информира МВР. Граничниот премин беше затворен поради штрајк на грчките цариници од 05.00 часот на 17.02.2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/granichniot-premin-evzoni-povtorno-otvoren/feed/ 0
До 14 декември затворени копнените граници на Грција и забранет влез за државјани на трети земји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-14-dekemvri-zatvoreni-kopnenite-granici-na-grcija-i-zabranet-vlez-za-drzavjani-na-treti-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-14-dekemvri-zatvoreni-kopnenite-granici-na-grcija-i-zabranet-vlez-za-drzavjani-na-treti-zemji/#respond Mon, 30 Nov 2020 08:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=436160

Одлуката на грчката Влада за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот, е продолжена до 14 декември 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина. Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патни и железнички) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето. Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест. Овие гранични премини се отворени од 7 до 23 часот, а забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово. Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини, четири со Бугарија, и по еден со Северна Македонија, Турција и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР тест. Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“. Исклучок се земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Уругвај, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници. Конкретната министерска одлука вчера беше објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила вечерва една минута по полноќ, а станува збор за одлуките кои континуирано се продолжуваат во изминатиот период. Копнените граници со Северна Македонија и Албанија се затворени веќе осум месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-14-dekemvri-zatvoreni-kopnenite-granici-na-grcija-i-zabranet-vlez-za-drzavjani-na-treti-zemji/feed/ 0
ГП Евзони затворен за сообраќај поради штрајк на грчките цариници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gp-evzoni-zatvoren-za-soobrakjaj-poradi-shtrajk-na-grchkite-carinici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gp-evzoni-zatvoren-za-soobrakjaj-poradi-shtrajk-na-grchkite-carinici/#respond Tue, 24 Nov 2020 06:48:05 +0000 https://kurir.mk/?p=433454

Поради штрајк на грчките царински служби Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од денеска од 05:00 часот, па до утре 05:00, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи. – Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24-часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05.00 часот на 24.11.2020 до 05.00 часот на 25.11.2020 година, се нагласува во соопштението од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gp-evzoni-zatvoren-za-soobrakjaj-poradi-shtrajk-na-grchkite-carinici/feed/ 0
Од понеделник нов протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-nov-protokol-za-vlez-vo-grcija-na-granichniot-premin-evzoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-nov-protokol-za-vlez-vo-grcija-na-granichniot-premin-evzoni/#respond Thu, 13 Aug 2020 09:21:55 +0000 https://kurir.mk/?p=390145

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“ се добиени дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“. -Почнувајќи од понеделник 17.08.2020 до понеделник 31.08.2020 часот, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 06.00 до 22.00 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасадата на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила. Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа, информираат од МВР. Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-nov-protokol-za-vlez-vo-grcija-na-granichniot-premin-evzoni/feed/ 0