Езеро Титикака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 18:12:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Езеро Титикака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Езерото Титикака е пред пресушување поради разорните топлотни бранови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-titikaka-e-pred-presushuvane-poradi-razornite-toplotni-branovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-titikaka-e-pred-presushuvane-poradi-razornite-toplotni-branovi/#respond Fri, 04 Aug 2023 18:12:22 +0000 https://kurir.mk/?p=863530

Нивото на водата во езерото Титикака е само 30 сантиметри над најниската точка забележана во 1996 година, изјави Лусија Валпер од Боливиската служба за метеорологија и хидрологија. Таа посочи дека во некои делови од земјата сушата може да трае до ноември. Како и многу други области кои исто така страдаат од смртоносните ефекти на климатските промени, водата во големото езеро кое се наоѓа на Андите на границата меѓу Боливија и Перу ќе достигне рекордно ниско ниво. Езерото се наоѓа на надморска височина од 3.800 метри, што го прави уште поранливо на сончевото зрачење, велат експертите од боливискиот технички универзитет Оруро. Сушата без преседан во Јужна Америка го погоди и критично важниот земјоделски сектор во Аргентина. Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека економијата на Аргентина ќе се намали за 2,5 проценти оваа година како резултат на тоа. Настрада и Уругвај, нивото на водата во акумулацијата Канелон Гранде, главниот извор на вода за пиење за жителите на главниот град Монтевидео, падна толку ниско во јуни што трева никна на голем дел од неговото поранешно дно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-titikaka-e-pred-presushuvane-poradi-razornite-toplotni-branovi/feed/ 0