езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Jul 2023 18:37:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се трага по 30-годишен маж, влегол да се капе, не излегол од езерото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-traga-po-30-godishen-mazh-vlegol-da-se-kape-ne-izlegol-od-ezeroto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-traga-po-30-godishen-mazh-vlegol-da-se-kape-ne-izlegol-od-ezeroto/#respond Sun, 30 Jul 2023 18:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=861810

Во Центарот за управување со кризи Куманово денеска било пријавено дека лице влегло во езерото кај браната Глажња, но потоа не излегло од водата. Се работи за Ф.Р. маж на околу 30 години. Во тек е потрага по него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-traga-po-30-godishen-mazh-vlegol-da-se-kape-ne-izlegol-od-ezeroto/feed/ 0
Нејмар е казнет со 3,3 милиони долари поради создавање езерце на неговиот имот во Бразил https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-e-kaznet-so-3-3-milioni-dolari-poradi-sozdavane-ezertse-na-negoviot-imot-vo-brazil/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-e-kaznet-so-3-3-milioni-dolari-poradi-sozdavane-ezertse-na-negoviot-imot-vo-brazil/#respond Tue, 04 Jul 2023 06:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=852374

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар е казнет со 3,3 милиони долари поради создавање езерце на неговиот имот. Земјиштето на фудбалерот се наоѓа во Мангаратиба на јужниот брег на државата Рио де Жанеиро. Според локалното обвинителство, играчот започнал со работа без лиценца и не го обезбедил потребниот еколошки надзор. Освен тоа, тој се товари и за „преместување на почвата“ и „уништување на вегетациската покривка“. Претходно, локалните служби за конзервација, по добиена анонимна пријава, го проверија имотот на Нејмар и изјавија дека има прекршување на еколошките стандарди, вклучително и неовластено повлекување на вода од реката. Потоа, тие исто така одлучија да ја забранат употребата на акумулацијата и просторот за капење, затворајќи ги со ленти и објавувајќи огласи. Неколку дена подоцна, Нејмар на социјалните мрежи објави фотографии на кои тој, кршејќи ја забраната, се капе во езерце. Сега играчот има 20 дена да се жали на одлуката на локалните власти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-e-kaznet-so-3-3-milioni-dolari-poradi-sozdavane-ezertse-na-negoviot-imot-vo-brazil/feed/ 0
Спасени 26 патници, познато зошто се урнал авионот во Танзанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-26-patnici-poznato-zoshto-se-urnal-avionot-vo-tanzanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-26-patnici-poznato-zoshto-se-urnal-avionot-vo-tanzanija/#respond Sun, 06 Nov 2022 12:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=756433

Мал патнички авион во кој биле 49 лица се урна во езерото Викторија во Танзанија додека се обидувал да слета на аеродромот во Букоби. Локалните власти соопштиле дека 26 лица од авионот се спасени и пренесени во болница. -Успеавме да спасиме голем број луѓе, изјавил командирот на полицијата, Вилијам Мвампагале. Авионот, според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми, се урнал поради бура проследен со силен дожд. На видео снимките кои се објавени се гледа дека авионот речиси потонал во езерото. Спасувачките екипи се уште се на терен.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-26-patnici-poznato-zoshto-se-urnal-avionot-vo-tanzanija/feed/ 0
ФОТО: Езеро во Австралија се наполни првпат по 28 години, фотографиите неверојатни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ezero-vo-avstralija-se-napolni-prvpat-po-28-godini-fotografiite-neverojatni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ezero-vo-avstralija-se-napolni-prvpat-po-28-godini-fotografiite-neverojatni/#respond Thu, 20 Oct 2022 06:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=748059

Фотографиите од езеро во Австралија направени во временска дистанца од неколку децении покажуваат  драстична разлика предизвикана од неодамнешните поплави. Езерото Ајлдон, кое се наоѓа во Викторија на југоисточниот дел на земјата, беше фотографирано речиси празно пред 15 години за време на страшната суша во 2007 година. Тогаш беа пополнети само 5,3 отсто, што е рекордно ниско ниво. Сепак, сега изгледа непрепознатливо со 100,4 отсто од својот капацитет – што последен пат се случило пред 28 години. Викторија, јужен Нов Јужен Велс и северна Тасманија беа погодени од обилни врнежи во последните денови, што предизвика многу области да доживеат сериозни поплави. Благодарение на дождот, областа на езерото Ајлдон изгледа непрепознатливо во споредба со снимките од пред 15 години. Се излеаја и други брани, при што браната Дартмут го надмина капацитетот за првпат по 26 години.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ezero-vo-avstralija-se-napolni-prvpat-po-28-godini-fotografiite-neverojatni/feed/ 0
Езерото кај Лас Вегас се повлекува поради суша, се појавија човечки остатоци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-kaj-las-vegas-se-povlekuva-poradi-susha-se-pojavija-chovechki-ostatoci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-kaj-las-vegas-se-povlekuva-poradi-susha-se-pojavija-chovechki-ostatoci/#respond Wed, 17 Aug 2022 07:45:30 +0000 https://kurir.mk/?p=719656

Со повлекувањето на водата поради долготрајната суша, езерото Мид кај Лас Вегас ги открива своите мрачни тајни. Полицијата на исушеното дно пронаоѓа се повеќе остатоци од човекови тела, објави „Си-Ен-Ен”. Властите годинава во пет наврати пронашле човечки остатоци во езерото, од кои три на плажата Свим Бич. Засега не е познато чии се остатоците, ниту дали припаѓаат на едно или повеќе лица. Погребалната служба во областа Кларк се обидува да го даде одговорот на тоа прашање. Последното откритие се случи во понеделникот вечерта. Претходно во три наврати беа пронајдени остатоци од човеково тело, по што е спроведена истрага при што се откриени уште шест човечки коски. Од акумулацијата Мид со вода за пиење се снабдуваат 20 милиони луѓе во областа што се протега од Лас Вегас до Лос Анџелес. Нивото на водата во неа почна да опаѓа во 2000 година, а ситуацијата се влошува со зачестените сушни периоди. Сега водата во акумулацијата е на ниво најниско од 1937 година. Лас Вегас што се наоѓа во близина на акумулацијата гледано историски беше засолниште за криминалот, така што се верува дека многу непријатели на мафијата завршиле во длабоките езерски води.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-kaj-las-vegas-se-povlekuva-poradi-susha-se-pojavija-chovechki-ostatoci/feed/ 0
Американка паднала во езеро, па била убиена од алигатор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanka-padnala-vo-ezero-pa-bila-ubiena-od-aligator/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanka-padnala-vo-ezero-pa-bila-ubiena-od-aligator/#respond Wed, 17 Aug 2022 06:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=719593

Жена од САД, 88-годишна, е усмртена од алигатор, откако случајно паднала во езеро додека си ги средувала растенијата, близу брегот, во рамки на населба-прифатилиште за стари лица, соопштија властите во американската сојузна држава Јужна Каролина. – Надлежни лица биле повикани во месноста Сан Сити Хилтон Хед завчера, по што е утврдено дека алигатор зграпчил женско тело близу околната вештачка лагуна и не го испуштал, изјави полицајката Анџела Виенс од Канцеларијата на шерифот на Округот Бофорт. Сан Сити Хилтон Хед е старечка заедница со повеќе од 16.000 жители. Жртвата Ненси А. Бекер од Јужна Каролина ја средувала градината, кога се лизнала и паднала во езерото, каде што живеел алигаторот. Надлежните подоцна го фатиле животното и тоа е усмртено. Полицијата и Округот Бофорт го истражуваат настанот. Се проценува дека околу пет милиони алигатори живеат во 10-те југоисточни сојузни држави во САД. Сепак, фаталните напади не се честа појава. Според наводите, од 442 случаи, 26 биле со смртни последици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanka-padnala-vo-ezero-pa-bila-ubiena-od-aligator/feed/ 0
Крај на трагичната потрага: Телата на трите деца и нивната мајка пронајдени во езеро во Минесота, постојат сомнежи дека ова е повеќекратно убиство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-tragichnata-potraga-telata-na-trite-deca-i-nivnata-majka-pronajdeni-vo-ezero-vo-minesota-postojat-somnezi-deka-ova-e-povekjekratno-ubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-tragichnata-potraga-telata-na-trite-deca-i-nivnata-majka-pronajdeni-vo-ezero-vo-minesota-postojat-somnezi-deka-ova-e-povekjekratno-ubistvo/#respond Sun, 03 Jul 2022 08:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=699107

Телата на трите деца и жената, за која се верува дека е нивна мајка, се пронајдени во езеро во американската сојузна држава Минесота. Американските медиуми потсетуваат дека вчера прво беше пријавено дека во езерото се пронајдени телата на две од трите деца, кои исчезнаа заедно со нивната мајка претходниот ден. Властите веруваат дека децата намерно се удавени, пренесуваат американските медиуми. Ниту една од жртвите и оние по кои се трага се уште не се именувани. Таткото на децата бил пронајден мртов во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека заедно со децата исчезнала и нивната мајка. -Нема ништо потрагично од загубата на мали деца, изјави шерифот на округот Ремзи, Боб Флечер на прес-конференција, додавајќи дека најверојатно станува збор за повеќекратно убиство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-tragichnata-potraga-telata-na-trite-deca-i-nivnata-majka-pronajdeni-vo-ezero-vo-minesota-postojat-somnezi-deka-ova-e-povekjekratno-ubistvo/feed/ 0
Езеро среде море: Хрватско чудо на природата, каде водата достигнува над 30 степени https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ezero-srede-more-hrvatsko-chudo-na-prirodata-kade-vodata-dostignuva-nad-30-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ezero-srede-more-hrvatsko-chudo-na-prirodata-kade-vodata-dostignuva-nad-30-stepeni/#respond Sun, 26 Jun 2022 19:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=696053

Езерото се вика Мир и прави чуда со околниот пејзаж. Паркот на природата Телашчица е залив во југоисточниот дел на Дуги Оток. Вклучува еден од најголемите и најубавите заливи на Јадранското Море, со бројни острови, живописни карпи и заливи. На западниот брег се наоѓа езерото Мир, кое е посолено од морето – поради подземните канали кои го поврзуваат со морето. Неговата соленост е генерално поголема од околното море, и поради изразеното затворање на езерото и поради испарувањето на водата. Должината на Мир е приближно 900 m, а најголемата ширина е околу 300 m. Максималната длабочина е 6 m. Од надворешната страна на заливот, карпите ја формираат најголемата јадранска карпа, каде што се гнезди сивиот јастреб. Околу езерото можете да видите и неколку магариња, а ако нурнете ќе видите сунѓери и корали, пишува Пун куфер. Мирот е дом и на морски бас, полжави, ракови, па дури и јагули кои растат и до три килограми. За време на големи горештини, Мирот не носи освежување. Во лето температурата на водата се искачува до 33 степени, па затоа езерото во лето е потопло од околното море. Во зима повторно е постудено, што е последица на плиткоста на езерото. До Мира можете да стигнете од рибарското село Сали, кое е најблиската населба до паркот на природата. До него се стигнува и со директни фериботски линии од Задар, а може да се стигне и од Брбињ на северниот крај на Дуги Оток. Околу езерото има патека која вреди да се прошета, и поради прекрасниот поглед и поради опојниот мирис на медитеранските билки.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ezero-srede-more-hrvatsko-chudo-na-prirodata-kade-vodata-dostignuva-nad-30-stepeni/feed/ 0
САД: Во езерото Мид откриени уште човечки остатоци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-ezeroto-mid-otkrieni-ushte-chovechki-ostatoci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-ezeroto-mid-otkrieni-ushte-chovechki-ostatoci/#respond Tue, 10 May 2022 08:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=674358

Во езерото Мид кај Лас Вегас, чие ниво се намалува поради сушата, пронајдени се уште човечки остатоци откако на 1 мај беше откриено едно тело во буре. Најновите остатоци од тело биле пронајдени во саботата, а полицијата предупреди дека најверојатно ќе бидат пронајдени уште тела откако езерото ќе се повлече, јавува Би-Би-Си. Телото го откриле две сестри кои веслале на даска. Најголемата американска акумулација, езерото Мид, снабдува со вода за пиење 20 милиони луѓе од Лас Вегас до Лос Анџелес. Неговото ниво опаѓа од 2000 година, бидејќи сушите се интензивираат во последните години, а научниците вÐ �лат дека климатските промени ја влошуваат ситуацијата. Инспекторите соопштија дека телото пронајдено на 1 мај му припаѓало на лице кое починало во 1970-тите или 1980-тите години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-ezeroto-mid-otkrieni-ushte-chovechki-ostatoci/feed/ 0
Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-ohridsko-ezero-prespansko-pod-apsolutniot-minimum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-ohridsko-ezero-prespansko-pod-apsolutniot-minimum/#respond Wed, 05 Jan 2022 09:39:05 +0000 https://kurir.mk/?p=616105

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Согласно последните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од повеќегодишниот просек за јануари. Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари. Нивоата на реките во земјава се во рамки на јануарскиот просек, со одредени отстапувања во нагорна или надолна линија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-ohridsko-ezero-prespansko-pod-apsolutniot-minimum/feed/ 0