Ф-16 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Aug 2023 13:07:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ф-16 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Норвешка е третата земја што ќе донира авиони „Ф16“ на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-e-tretata-zemja-shto-ke-donira-avioni-f16-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-e-tretata-zemja-shto-ke-donira-avioni-f16-na-ukraina/#respond Thu, 24 Aug 2023 13:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=870498

Норвешка одлучи да ѝ донира борбени авиони „Ф16“ на Украина со цел да се бори против руската инвазија, објави денеска норвешката телевизија „ТВ2“ повикувајќи се на неименувани извори. „ТВ2“ не објави колку авиони Норвешка ќе му даде на Киев. Норвешкото министерство за одбрана сè уште не одговорило на барањето на „Ројтерс“ за коментар. Доколку веста биде потврдена, Норвешка ќе биде третата земја што ќе ѝ донира американски борбени авиони „Ф16“ на Украина, заедно со Данска и Холандија. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во четвртокот се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленскии во Киев и најави донации на противвоздушни ракети и друга опрема, но не кажа ништо за авионите „Ф16“. Норвешките воздухопловни сили минатата година пензионираа флота од 57 авиони „Ф16“. Норвешка се согласи да продаде 32 од тие авиони на членката на НАТО, Романија, што, според Стоере, е конечниот договор. Дванаесет авиони „Ф16“ треба да бидат продадени на приватна компанија, која ги обучува американските воздухопловни сили, но тој план допрва треба да добие конечно одобрение и некои аналитичари веруваат дека авионите би можеле да бидат донирани на Украина. Норвешкото Министерство за одбрана минатата година соопшти дека преостанатите 13 авиони се прескапи или премногу тешки за поправка и дека може да се стават во музеј, да се користат за резервни делови или да завршат во отпад за да се рециклираат. Норвешка го замени својот авион „Ф16“ со моделот „Ф35“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-e-tretata-zemja-shto-ke-donira-avioni-f16-na-ukraina/feed/ 0
Резников: Формирана коалиција од 11 земји за обука на пилоти на Ф-16 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-formirana-koalitsija-od-11-zemji-za-obuka-na-piloti-na-f-16/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-formirana-koalitsija-od-11-zemji-za-obuka-na-piloti-na-f-16/#respond Tue, 11 Jul 2023 18:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=855550

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска објави формирање на коалиција од 11 нации за обука на своите пилоти во борбени авиони Ф-16. -Формирана е коалицијата за обука на Ф-16 за украинските воздухопловни сили! Денеска 11 земји партнери и Украина потпишаа меморандум, напиша Резников на Твитер. Во оваа коалиција влегуваат Велика Британија, Канада и европските земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-formirana-koalitsija-od-11-zemji-za-obuka-na-piloti-na-f-16/feed/ 0
Русија: Трансфер на Ф-16 во Украина ќе покрене прашања за вмешаноста на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-transfer-na-f-16-vo-ukraina-ke-pokrene-prashana-za-vmeshanosta-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-transfer-na-f-16-vo-ukraina-ke-pokrene-prashana-za-vmeshanosta-na-nato/#respond Mon, 22 May 2023 05:50:07 +0000 https://kurir.mk/?p=837211

Префрлањето борбени авиони Ф-16 во Украина ќе покрене прашања за вмешаноста на НАТО во конфликтот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов. „Украина нема инфраструктура за функционирање на Ф-16, ниту го има потребниот број пилоти и персонал за одржување“, рече Антонов во коментарот објавен на каналот Телеграм на амбасадата. „Што ако американските борбени авиони полетаат од аеродромите на НАТО контролирани од странски „волонтери“? Во петокот, американскиот претседател Џо Бајден одобри програми за обука на украински борбени пилоти Ф-16, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го увери Бајден дека авионите нема да се користат за напад на руска територија. Антонов нагласи дека секој украински удар на Крим ќе се смета за удар врз Русија. „Важно е САД да бидат целосно свесни за руски одговор“, додаде амбасадорот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-transfer-na-f-16-vo-ukraina-ke-pokrene-prashana-za-vmeshanosta-na-nato/feed/ 0
Лажна тревога во авион на „Емирати“, Грција подигна два борбени авиони Ф-16 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-trevoga-vo-avion-na-emirati-grcija-podigna-dva-borbeni-avioni-f-16/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-trevoga-vo-avion-na-emirati-grcija-podigna-dva-borbeni-avioni-f-16/#respond Fri, 11 Nov 2022 08:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=758941

Авион на „Емирати“ со 228 патници и 18 членови на екипажот, кој синоќа тргна од атинскиот аеродром за Њујорк, мораше да се врати во Атина „на преглед“, но алармот беше лажен, изјави полициски извор. „По информациите од странските власти дека во авионот имало сомнително лице, грчката полиција наредила авионот да се врати на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина на проверка“, изјавила за АФП портпаролката на грчката полиција. Авионот на Емирати ЕК-210, придружуван од два борбени авиони Ф-16, се вратил назад околу 45 минути по полетувањето од аеродромот во Атина. Тој слета синоќа околу 22:00 часот по локално време (20:00 часот по средноевропско време) на меѓународниот аеродром во Атина. Полициски извор изјави дека американските власти ја предупредиле грчката полиција дека во авионот има „сомнително лице“. По извршената полициска проверка на сите патници и авиони, „не е идентификувано лицето на кое се однесуваат информациите, ниту пак други сомнителни елементи“, се вели во соопштението на грчката полиција. Авионот треба да полета за Њујорк во петок, според извори од аеродромот. Непосредно пред враќањето на овој авион, уште еден авион на Емирати на летот за Дубаи беше прегледан синоќа пред да полета од аеродромот во Атина. Властите не пронајдоа никого сомнителен и авионот на крајот полета од Атина со пет часа задоцнување, изјави извор од грчкиот аеродром,пренесе Индекс.хр.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-trevoga-vo-avion-na-emirati-grcija-podigna-dva-borbeni-avioni-f-16/feed/ 0
САД одобри потенцијална продажба на уште 8 Ф-16 на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobri-potencijalna-prodazba-na-ushte-8-f-16-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobri-potencijalna-prodazba-na-ushte-8-f-16-na-bugarija/#respond Tue, 05 Apr 2022 06:19:19 +0000 https://kurir.mk/?p=658488

Соединетите Американски Држави одобрија потенцијална продажба на уште 8 ловци Ф-16 на Бугарија. Машините ќе чинат 1,67 милијарди долари, објави Ројтерс, цитирајќи го Министерството за одбрана на САД. Стејт департментот не прецизираше дали оваа продажба може да го отвори патот за обезбедување на Украина со борбени авиони од советско производство, кои ги има Бугарија, забележува АФП. Пентагон оценува дека предложениот договор за оваа опрема и поддршката за нејзино воведување и употреба нема да ја сменат основата на воената рамнотежа во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobri-potencijalna-prodazba-na-ushte-8-f-16-na-bugarija/feed/ 0
Стејт департмент: САД не и дадоа на Турција финансиска понуда за Ф-16 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ne-i-dadoa-na-turcija-finansiska-ponuda-za-f-16/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ne-i-dadoa-na-turcija-finansiska-ponuda-za-f-16/#respond Tue, 19 Oct 2021 07:21:21 +0000 https://kurir.mk/?p=581769

САД не ја потврдија изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека Вашингтон и понудил на Анкара продажба на борбени авиони Ф-16, но додадоа дека на Турција не и била дадена финансиска понуда за воени авиони. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на редовниот брифинг рече дека не може да потврди продажба на оружје или трансфер без одобрение на Конгресот. – Ве упатуваме до турската влада да разговарате со неа за нејзините планови за набавки за одбрана. Она што можам да го кажам е дека САД не дадоа никакви финансиски понуди по барање на Турција за Ф-16, изјави Нед Прајс. – Министерството за одбрана одржува консултации со Турција за решавање на несогласувањата околу Ф-35. Турските власти соопштија дека се заинтересирани за купување на Ф-16. За да разговарате за плановите за набавка на одбраната на Турција, треба да контактирате со турските власти. Можам да кажам дека САД немаа никакви финансиски предлози за барањата на Турција за Ф-16. Министерството за одбрана одржува консултации со Турција за тоа како да се решат несогласувањата околу програмата Ф-35. Не можам да зборувам за приватни разговори за тоа прашање, рече Прајс. Ердоган во неделата рече дека САД и понудиле на Анкара продажба на борбени авиони Ф-16 во замена за инвестицијата на Турција во програмата за авиони Ф-35. Анкара беше отстранета од таа програма откако го купи одбранбениот систем С-400 од Русија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ne-i-dadoa-na-turcija-finansiska-ponuda-za-f-16/feed/ 0
Бугарското Собрание ќе решава за набавка на американски Ф-16 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-sobranie-kje-reshava-za-nabavka-na-amerikanski-f-16/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-sobranie-kje-reshava-za-nabavka-na-amerikanski-f-16/#respond Wed, 16 Jan 2019 08:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=152765

Бугарското Народно собрание денеска ќе ја разгледува Предлог-одлуката за водење преговори со САД за набавка на нов тип воен авион. Со одлуката се предвидува Парламентот да и даде овластување на бугарската Влада за набавка на авион-ловец од типот Ф-16, за што е предвидена финансиска рамка од 1,8 милијарди лева (900 милиони евра). Претседателот на Прaтеничката група на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветин Цветанов изјави дека со усвојувањето на ваквата одлука започнува реашвањето на еден важен проблем што стои пред Софија како членка на НАТО. Тој нагласи дека сумата од 1,8 милиради лева е „само хипотетичка“, додавајќи дека со отпочнувањето на преговорите ќе се разјаснат сите детали и цената на набавката може да биде и пониска. Опозициската Бугарска сосцијалистiчка партија (БСП), од своја страна, најави дека ќе гласа против одлуката, оценувајќи дека реалната сума на набавката на новиот тип воен авион би можела да достигне и до 2,5 милијарди лева (1,25 милиони евра). МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-sobranie-kje-reshava-za-nabavka-na-amerikanski-f-16/feed/ 0