ф1 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 18:49:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ф1 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сопственикот на Астон Мартин против проширување на Ф1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sopstvenikot-na-aston-martin-protiv-proshiruvane-na-f1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sopstvenikot-na-aston-martin-protiv-proshiruvane-na-f1/#respond Thu, 05 Oct 2023 18:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=885738

Сопственикот на тимот Астон Мартин, Лоренс Строл, се противи на проширување на Формула 1 од сегашни десет на 11 тимови, со образложение дека „Ф1 никогаш не била во подобра состојба“. Реакцијата на првиот човек на Астон Мартин доаѓа откако Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ја одобри кандидатурата на Андрети Формула Рејсинг и ја проследи до носителите на комерцијалните права на разгледување - Мислам дека Ф1 во овој момент гори, никогаш не била на подобро место. Моето мислење е дека моторот не треба да се поправа ако не е во дефект. Значи, цврсто верувам дека сега сè функционира добро со десет екипи и верувам дека така треба и да остане, изјави Строл за „Скај Спорт“. Андрети ја здружи својата кандидатура со „Џенерал Моторс“ и нивниот бренд „Кадилак“, а желбата им е да влезат во натпреварувањата во Ф1 во 2025 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sopstvenikot-na-aston-martin-protiv-proshiruvane-na-f1/feed/ 0
Бред Пит снима филм за Ф1 на „Силверстоун“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bred-pit-snima-film-za-f1-na-silverstoun/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bred-pit-snima-film-za-f1-na-silverstoun/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=854833

Бред Пит е забележан во костим на британската патека „Силверстоун“ вчера пред „Гранд-при“ трката во Формула 1, каде се снимале сцени од неговиот претстоен филм за овој спорт. Холивудската ѕвезда и неговиот колега Демсон Идрис беа во бело-црни тркачки костими од измислениот тим „Еј-пи-екс-џи-пи“ (APXGP), меѓу вистинските Ф1-возачи кај патеката во Нортемптоншир. А пак, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон дејствува како еден од продуцентите на засега ненасловениот филм на „Епл“, кој се продуцира во соработка со Ф1, со посебен пристап до тркачките патеки и возачите. - Морам да кажам, во моментов сум малку замаен. Одлично е да се биде овде. Колку само се смееме - навистина уживам во времето минато тука, изјави Пит (59). Откривајќи повеќе подробности за филмот, тој појасни дека неговиот лик е Ф1-возач од 90-тите, но се префрлил во други дисциплини откако доживеал ужасна несреќа. Неговиот пријател и сопственик на тимот, кого го глуми Хавиер Бардем, се обидува да го врати тркачот во врвот на тој спорт за да го издигне својот тим на табелата. - Филмот треба да биде автентичен колку што може, па имаме и стручњаци од Ф1 кои работат на „претставата“ како на вистинска работа. И Луис (Хамилтон, б.п.) е наш продуцент, па навистина имаме намера да го испочитуваме спортов - да го покажеме онаков каков што е навистина, додаде Пит. Во четвртокот, и Хамилтон зборуваше за снимањето, па рече дека целта е љубителите на филмот да ја засакаат Формула 1, како и суштината на овој спорт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bred-pit-snima-film-za-f1-na-silverstoun/feed/ 0
Трката од Ф1 за Големата награда на Монако може да не се одржи поради протести во Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trkata-od-f1-za-golemata-nagrada-na-monako-mozhe-da-ne-se-odrzhi-poradi-protesti-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trkata-od-f1-za-golemata-nagrada-na-monako-mozhe-da-ne-se-odrzhi-poradi-protesti-vo-frantsija/#respond Sun, 23 Apr 2023 13:56:26 +0000 https://kurir.mk/?p=826633

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trkata-od-f1-za-golemata-nagrada-na-monako-mozhe-da-ne-se-odrzhi-poradi-protesti-vo-frantsija/feed/ 0
ФИА забрани качување на заштитната ограда по завршување на трките во Ф1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-zabrani-kachuvane-na-zashtitnata-ograda-po-zavrshuvane-na-trkite-vo-f1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-zabrani-kachuvane-na-zashtitnata-ograda-po-zavrshuvane-na-trkite-vo-f1/#respond Thu, 30 Mar 2023 16:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=818232

Раководството на Формула 1 пред претстојната Голема награда на Австралија им се закани со казни на сите тимови доколку член на клупскиот персонал се качи на заштитната ограда за време на прославата по завршување на трката. Британските медиуми објавија денеска дека со овој чекор се става крај на долгогодишната традиција тимскиот персонал да ги отпоздравува своите возачи во моментот кога тие минуваат низ целната рамнина. Одлуката ќе стапи на сила в недела кога на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн ќе се вози трката за Големата награда на Австралија. На претходната трка за Големата награда на Саудиска Арабија дел од тимскиот персонал на Ред Бул и Астон Мартин се качи на врвот на заштитните решетки од металната ограда која беше поставена долж патеката во Џеда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-zabrani-kachuvane-na-zashtitnata-ograda-po-zavrshuvane-na-trkite-vo-f1/feed/ 0
Ф1: Историска пол – позиција за Магнусен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/f1-istoriska-pol-pozicija-za-magnusen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/f1-istoriska-pol-pozicija-za-magnusen/#respond Sat, 12 Nov 2022 09:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=759563

Данскиот возач на Хас, Кевин Магнусен, ќе стартува од првата позиција во спринт трката за Големата награда на Бразил која во рамки на Светското првенство во Формула 1 ќе се вози денеска во Сао Паоло. Магнусен на големо изненадување оствари најдобро време во вчерашните квалификации, искористувајќи ги временските услови кои се влошија при крајот. И за Магнусен, и за неговата екипа Хас, ова е прва пол – позиција во историјата. Од второто место ќе стартува светскиот првак, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул), а од третото британскиот возач Џорџ Расел (Мерцедес). Редоследот на денешната спринтерска трка воедно ќе бидат и стартни позиции за „вистинската“ трка за Големата награда на Бразил, која ќе се вози в недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/f1-istoriska-pol-pozicija-za-magnusen/feed/ 0
Влезниците за Ф1 во Лас Вегас од 500 до 10.000 долари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vleznicite-za-f1-vo-las-vegas-od-500-do-10-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vleznicite-za-f1-vo-las-vegas-od-500-do-10-000-dolari/#respond Tue, 08 Nov 2022 10:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=757305

Најевтиниот билет за Големата награда на Лас Вегас, која во рамки на Формула 1 ќе се вози на 18 ноември идната година, ќе чини 500 долари, а најскапиот 10.000 долари, соопштија организаторите на трката. Во соопштението се прецизира дека на навивачите кои ќе купат влезници по цена од 500 долари ќе им биде овозможена храна и безалкохолни пијалаци во неограничени количини, но ќе мораат да стојат покрај патеката. За место на трибините ќе биде потребно да се издвојат 2.000 долари за тридневната програма. Лас Вегас последен пат беше домаќин на трка во Ф1 пред повеќе од 40 години. Трката ќе се вози на прочуената патека „Стрип“ која минува покрај познатите градски хотели и казина, а е во должина од 6.12 километри со 14 свиоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vleznicite-za-f1-vo-las-vegas-od-500-do-10-000-dolari/feed/ 0
Девет Македонци ќе возат на легендарната Ф1 патека Монца https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/devet-makedonci-kje-vozat-na-legendarnata-f1-pateka-monca/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/devet-makedonci-kje-vozat-na-legendarnata-f1-pateka-monca/#respond Fri, 28 Oct 2022 08:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=751661

Деветмина Македонци викендов ќе се појават на легендарната Ф1 патека Монца заедно со своите колеги од Словенија, Италија, Србија и Австрија на „Twingo Cup“. Ова е претпоследна трка за сезонава. – Стартната листа на Монца треба да биде најдолга сезонава, и се очекуваат вкупно 39 возачи. Целата натпреварувачка програма ќе биде набиена во два дена, сабота и недела. Ќе се возат слободните тренинзи, квалификациите и по една трка дневно.Малите автомобили што сезонава привлекоа огромно внимание на патеките веќе се појавија на Хунгароринг и Ред Бул Ринг, а се возеа трки и на патеката Гробник. Италијанска Монца е една од најбрзите тркачки патеки каде традиционално се возат и трките од Формула 1. До крајот на сезоната остануваат уште два тркачки викенди и четири тркидо крај на првенството (Монца и Серес). Од деветтемина македонски возачи кои се пријавени за првенството на Македонија дури шестмина се со реални шанси да стигнат до титулата. На досегашните пет трки имаше три различни победници, Марко Блажевски, Давид Малинковски и Владимир Тренески, соопшти организаторот. На Монца за првпат ќе вози и Бојан Петрушевски во автомобилот на Ненад Костовски кој реши да му даде шанса на младиот возат. Во игра за титулата се уште 80 бодови за победа (по 20 по трка) и сите опции се отворени. Најголеми шанси за титулата имаат Марко Блажевски (75 бода) и Давид Малинковски (65). Бодовната разлика меѓу нив е само 10 бода, во корист на Блажевски. Во втората група на возачи кои имаат шанса за титулата се четворица возачи: Владимир Тренески (49 бода), Ангелче Стојкоски (48 бода), Слободан Трајковски (46) и Зоран Мираковски (46 бода). Единствените двајца возачи што настапиле на сите досегашни трки и успеале да освојат бодови се Ангелче Стојковски и Слободан Трајковски. Сите ќе ја чекаат шансата од позадина и можна грешка на водечкиот двоец. Според програмата утре се два слободни тренинга, квалификации и плус една трка. Во недела ќе се вози втората трка. Ова е трета сезона од „Twingo Cup“ што се бодува за македонскиот шампионат, а севкупниот победник како награда ќе го добие електричното возило Рено Твизи.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/devet-makedonci-kje-vozat-na-legendarnata-f1-pateka-monca/feed/ 0
Ауди влегува во Ф1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/audi-vleguva-vo-f1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/audi-vleguva-vo-f1/#respond Fri, 26 Aug 2022 10:34:28 +0000 https://kurir.mk/?p=724302

Германскиот автомобилски гигант Ауди ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година како производител на мотори, најави денеска извршниот директор на компанијата Маркус Дусман на прес – конференција во Спа – Франкошамп пред претстојната трка за Големата награда на Белгија. Ауди ќе развие сопствен хибриден мотор во фабриката во Баварија и потоа ќе склучи партнерство со некоја од Ф1 екипите. Ова партнерство, кое мора да биде објавено до крајот на годината, најверојатно ќе биде склучено со тимот на Заубер, кој сега се натпреварува под името Алфа Ромео. Објавата на Ауди доаѓа помалку од две недели откако Светскиот совет за мотоспорт на ФИА одобри нови прописи во врска со моторите на болидите во Ф1 почнувајќи од 2026 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/audi-vleguva-vo-f1/feed/ 0
Формула 1 има намера да се префрли на еколошки гориво во 2026 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-ima-namera-da-se-prefrli-na-ekoloshki-gorivo-vo-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-ima-namera-da-se-prefrli-na-ekoloshki-gorivo-vo-2026-godina/#respond Mon, 27 Jun 2022 12:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=696361

Формула 1 напредува во имплементацијата на мерките со цел да се дојде до нула емисии на јаглерод до 2030 година. На својата официјална веб-страница, серијата објави дека го намалила својот јаглероден остаток поради работа од далечина, намалувајќи ја потребата за транспорт на опрема, а канцелариите на Ф1 користат 100 проценти обновлива енергија. – По успешното воведување оваа сезона на гориво Е10 кое содржи 10 проценти етанол, ги намаливме емисиите на CO2 во целина. Ф1 работи со партнерот „Aramco“ и сите големи производители на гориво за да развие 100 проценти одржливо гориво што ќе биде воведено во новата формула на моторот во 2026 година, се вели во соопштението на Формула 1. Тркачката серијата има намера да работи со Формула 2 и Формула 3 за тестирање на почисти горива. Се известува и дека во иднина се планира да се изградат идни календари на турнирот, имајќи го предвид подобрувањето на логистиката на карго транспортот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-ima-namera-da-se-prefrli-na-ekoloshki-gorivo-vo-2026-godina/feed/ 0
Почина легендата на Формула 1, беше пионер кој ги помести границите во време на голем ризик https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-legendata-na-formula-1-beshe-pioner-koj-gi-pomesti-granicite-vo-vreme-na-golem-rizik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-legendata-na-formula-1-beshe-pioner-koj-gi-pomesti-granicite-vo-vreme-na-golem-rizik/#respond Thu, 05 May 2022 12:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=672350

Легендарниот британски возач Тони Брукс, кој забележа шест победи на трките во Формула 1 во 50-тите, почина на 90-годишна возраст. Тој славеше на своето деби во Формула 1 на трката за Големата награда на Сиракуза во 1955 година. За трката се пријави во последен момент и на неа учествуваше како студент по стоматологија. -Тој беше дел од специјална група возачи кои беа пионери и кои ги поместуваа границите во време на голем ризик. Ќе ни недостига и нашите мисли се со неговото семејство во моментов, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали. Првата официјална победа ја постигна на трката за Големата награда на Британија во Ливерпул, во 1957 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-legendata-na-formula-1-beshe-pioner-koj-gi-pomesti-granicite-vo-vreme-na-golem-rizik/feed/ 0