фабрика треска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 07:26:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фабрика треска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/#respond Thu, 20 Jul 2023 07:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=858302

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект, пишува СДК. Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба. „По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/feed/ 0
БАГЕРИ ЈА СРАМНУВААТ СО ЗЕМЈА ФАБРИКАТА ТРЕСКА – во дворот доаѓаат и мешалки со бетон, ќе никнат ли новите згради наречени наполитанки!? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bageri-ja-sramnuvaat-so-zemja-fabrikata-treska-vo-dvorot-doagaat-i-meshalki-so-beton-ke-niknat-li-novite-zgradi-narecheni-napolitanki-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bageri-ja-sramnuvaat-so-zemja-fabrikata-treska-vo-dvorot-doagaat-i-meshalki-so-beton-ke-niknat-li-novite-zgradi-narecheni-napolitanki-video/#respond Wed, 12 Jul 2023 09:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=855686

Она што може да се забележи е дека веќе половина од халите на некогашната фабрика се срамнети со земја, а неуморно се работи на рушеше на сите објекти. Она што е интересно е тоа што оваа градежна активност се уште не е видлива за пешачите дожд булеварите „ Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Рузвелтова“, бидејќи се уште не се рушат страничните објекти. Во моментов видливо е само за станарите од околните повисоки згради од каде се направени и нашите видео снимки и фотографии. Со планот од Деталниот урбанистички план донесен во 2012 година, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје, 5 ката плус поткровје. Во времето кога оваа тема беше актуелна во јавноста, поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше „наполитанки“. Инаку, рушењето на објектите во кругот на фабриката „Треска“ се одвива стихијно веќе цела година наназад. Општина Центар во август минатата година соопшти дека започнало чистењето на старите објекти, откако самите локални власти ги одобриле дел од барањата за издавање решенија за нивно отстранување. Од Општина Центар рекоа дека по минатогодишниот пожар, локацијата „Треска“ била претворена во нелегална депонија, а дел од објектите имале и азбест кој негативно влијаел врз здравјето на граѓаните. Во април годинава реагираа и од „Шанса за Центар“, откако започна расчистувањето на дел од објектите во рамките на фабриката „Треска“. Тогаш од оваа советничка група изјавија дека не добиле информација на Совет на општина Центар кој го расчистува теренот во комплексот „Треска“, а градоначалникот ги крши одлуките и прописите и работи спротивно од сопствените предизборни ветувања во однос на „Треска“. Од општината тогаш реагираа дека станува збор за лаги и манипулации од „Шанса за Центар“. Во кругот на фабриката „Треска“ се случија два пожара, и тоа првиот во септември 2021 година, додека вториот поголем инцидент беше на 14 април 2022 година, кога интервенираа бројни противпожарни возила и пожарникари за да ги изгаснат отровните пламени јазици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bageri-ja-sramnuvaat-so-zemja-fabrikata-treska-vo-dvorot-doagaat-i-meshalki-so-beton-ke-niknat-li-novite-zgradi-narecheni-napolitanki-video/feed/ 0
Празен бил резервоарот за нафта во фабриката „Треска“, констатираше ДИЖС https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prazen-bil-rezervoarot-za-nafta-vo-fabrikata-treska-konstatirashe-dizs/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prazen-bil-rezervoarot-za-nafta-vo-fabrikata-treska-konstatirashe-dizs/#respond Sat, 30 Apr 2022 10:14:09 +0000 https://kurir.mk/?p=670080

Резервоарот за нафта во поранешната фабрика за мебел „Треска“, во која неодамна се случија два пожари едноподруго, е празен, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во третиот инспекциски увид во последните денови, инспектори на ДИЖС и на Општината Центар го посетиле местото каде се наоѓа резервоарот за нафтени деривати и утврдиле дека е изграден согласно тогашните постоечки стандарди и прописи со бетонска танквана за зафаќање на течност во случај на неконтролирано истекување на деривати, пренесува Мета.мк. - При визуелниот увид присуствуваше и стечајниот управник на „Треска мебел“, Радослав Кипровски кој информираше дека резервоарот е празен уште од времето кога е почната стечајна постапка во 2005 година односно кога немало веќе финансиски средства за набавка на деривати и практично не се користел, информираат од ДИЖС. На барање од Општината Центар, идната недела Државниот инспекторат за техничка инспекција ќе направи и вонреден инспекциски надзор за да се утврди точната состојба со резервоарот за нафтени деривати. За надзорот се направени консултации со инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување, а ќе биде известено и МВР. Сопственикот на објектите добил и насоки да изготви писмо за намера за отстранување на постоечки објекти во поранешна фабрика Треска и да го достави на мислење до МЖСПП. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prazen-bil-rezervoarot-za-nafta-vo-fabrikata-treska-konstatirashe-dizs/feed/ 0
Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје: Надлежните да превземат итни мерки за расчистување на штетните материјали кај фабриката Треска https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sostanok-na-krizniot-shtab-na-grad-skopje-nadleznite-da-prevzemat-itni-merki-za-raschistuvanje-na-shtetnite-materijali-kaj-fabrikata-treska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sostanok-na-krizniot-shtab-na-grad-skopje-nadleznite-da-prevzemat-itni-merki-za-raschistuvanje-na-shtetnite-materijali-kaj-fabrikata-treska/#respond Mon, 18 Apr 2022 19:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=664971

Денеска се одржа состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со учество на командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, директори на јавните претпријатија и членови на кризниот штаб. На состанокот се разговараше за преземање на мерки за превенција од пожари, по случајот со пожарот во поранешната фабрика Треска, во скопската општина Центар. Се донесоа заклучоци, меѓу кои и потребата ресорно надлежните институции да преземат итни мерки за расчистување и отстранување на запаливите материјали како и штетниот отпад од поранешната фабрика Треска кој може да го загади воздухот и почвата и воопшто животната средина на жителите кој живеат на тој потег, со што надлежните би можеле да ја отстранат опасноста од загадување и од повторување на пожари. На терен при гасењето на пожарот, пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, како и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност која ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. Градот Скопје ги става на располагање своите капацитети за помош во расчистувањето на штетните материјали, доколку надлежните институции утврдат потреба од истото, а воедно за подобра и навремена подготвеност на службите за интервенција, беше донесен заклучок да се побара информација за база на податоци од Дирекција за заштита и спасување, за мапирање потенцијални ризични места во градот каде постојат цистерни или магацини со запаливи или ризични материјали, со цел брза и навремена интервенција за заштита од можни хаварии и инциденти предизвикани од пожар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sostanok-na-krizniot-shtab-na-grad-skopje-nadleznite-da-prevzemat-itni-merki-za-raschistuvanje-na-shtetnite-materijali-kaj-fabrikata-treska/feed/ 0
Арсовска: Потребно е итно отстранување на штетните материјали кај Треска, за да се спречи потенцијална катастрофа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-potrebno-e-itno-otstranuvanje-na-shtetnite-materijali-kaj-treska-za-da-se-sprechi-potencijalna-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-potrebno-e-itno-otstranuvanje-na-shtetnite-materijali-kaj-treska-za-da-se-sprechi-potencijalna-katastrofa/#respond Mon, 18 Apr 2022 18:34:44 +0000 https://kurir.mk/?p=664944

Доколку има евентуални сторители, истите треба да бидат казнети. Доколку се докаже дека е со намера отпочнат овој пожар, треба да се преземат најстроги санкции за да се превенира ваква појава. Не само пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, тука се и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност и ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. Дури и да е само една личност чијшто живот е загрозен, треба да се превенира, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. Арсовска истакна дека денеска во градот се одржал и состанок на кризниот штаб на Скопје на која се разговарало за креирање стратегија која ќе превенира идни катастрофи. Таа ги повика и надлежните институции да преземат се што е во нивна надлежност, но и централните власти во заедничко делување заедно со градот. - Треба да се отпочне со контроли за да се знае точно каде има вакви складишта и цистерни и што е она што може потенцијално да го загрози животот на скопјани. Верувам дека треба да се постапи што е можно побрзо со цел превенирање на идни вакви катастрофи. Нашите пожарникари успеаја за брзо време да го локализираат пожарот, дознаа дека има цистерна со нафтени деривати кога интервенираа, затоа прво делуваа да го прекинат пожарот токму од таа страна каде се наоѓа цистерната, додаде Арсовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-potrebno-e-itno-otstranuvanje-na-shtetnite-materijali-kaj-treska-za-da-se-sprechi-potencijalna-katastrofa/feed/ 0
Арсовска: Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција за гаснење на пожарот во фабриката Треска https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-nagrada-za-skopskite-pozarnikari-za-brzata-i-efikasna-reakcija-za-gasnenje-na-pozarot-vo-fabrikata-treska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-nagrada-za-skopskite-pozarnikari-za-brzata-i-efikasna-reakcija-za-gasnenje-na-pozarot-vo-fabrikata-treska/#respond Fri, 15 Apr 2022 14:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=663664

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика Треска. - Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани. Пожарот со кој во текот на вчерашниот ден се соочи противпожарната бригада беше со висок ризик, од голем размер кој тие брзо го локализираа без жртви и повредени. Со експресна реакција и повеќечасовна борба со огнената стихија го локализираа силниот пожар и ги заштитија имотите и животите на нашите сограѓани. Градот Скопје и граѓаните Ви се благодарни – истакна Арсовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-nagrada-za-skopskite-pozarnikari-za-brzata-i-efikasna-reakcija-za-gasnenje-na-pozarot-vo-fabrikata-treska/feed/ 0
Жители на Треска: Со години се случуваат пожари, Треска е небезбедно место за живеење https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ziteli-na-treska-so-godini-se-sluchuvaat-pozari-treska-e-nebezbedno-mesto-za-ziveenje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ziteli-na-treska-so-godini-se-sluchuvaat-pozari-treska-e-nebezbedno-mesto-za-ziveenje/#respond Thu, 14 Apr 2022 15:02:54 +0000 https://kurir.mk/?p=663092

Ние, претставниците на работничките станови кај Треска кои живееме на овој предел, револтирани сме што со години веќе никој не наоѓа решение за нашата безбедност. Не е прв пат да апелираме дека Треска е небезбедно место за живеење, каде многу често доаѓа до пожари, а неодамна испративме и известување до јавноста дека старата фабрика за мебел е еколошка темпирана бомба, стои во соопштението на жителите на Треска кои го испратија до медиумите и јавноста. Тие посочуваат дека повеќепати биле сведоци на палење на електрични кабли поради крадење на бакарот, што доведувало до бројни пожари и интервенции на Противпожарната служба, меѓутоа поради непристапноста на теренот последиците биле огромни. - Секојдневно гледаме разбојништва во напуштениот индустриски капацитет и „Треска“ веќе одамна е прибежиште на крадци, бездомници и наркомани. Стравуваме за безбедноста на нашите животи и безбедноста на нашите деца, кои наместо да живеат во урбанизирана населба сред центарот на Скопје, во своите дворови гледаат наезди од инсекти, змии и стаорци. Практично од самото затворање на фабриката, оваа локација е потенцијална опасност не само за нас жителите, туку и за сите граѓани на Скопје, и бараме итно решавање на проблемот и конечно урбанизирање на овој дел од градот. Од нашето уставно загарантирано право на достоен живот нема да се откажеме, а денешниот пожар е само уште една потврда дека овде до овие рушевини повеќе не е безбедно да се живее, се вели во соопштението. Жителите стравуваат дека може да има нови експлозии и нови поголеми пожари, а додаваат дека повиците за урбанизација на оваа локација не доаѓаат само поради денешната катастрофа, туку поради сè понеподносливите услови за живот. - Како и сите граѓани, и ние сакаме отворени прозори со свеж воздух и зеленило, а не смрдеа, страв од разбојници и живот на депонија, истакнуваат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ziteli-na-treska-so-godini-se-sluchuvaat-pozari-treska-e-nebezbedno-mesto-za-ziveenje/feed/ 0
Постои сомнеж дека пожарот во фабриката „Треска“ е подметнат, видени неколку сомнителни лица во објектот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postoi-somnez-deka-pozarot-vo-fabrikata-treska-e-podmetnat-videni-nekolku-somnitelni-lica-vo-objektot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postoi-somnez-deka-pozarot-vo-fabrikata-treska-e-podmetnat-videni-nekolku-somnitelni-lica-vo-objektot/#respond Thu, 14 Apr 2022 14:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=663053

Градоначалничката на град Скопје по пожарот кој избувна во фабриката „Треска“ даде изјава за медиумите и информираше дека пожарот е најверојатно подметнат, а за тоа сведочеле и жителите на таа околина кои велат дека виделе неколку сомнителни лица во објектот. - Пожарот е локализиран, имаше фантастична реакција на нашата протипожарна бригада. 55 пожарникари беа излезени на терен, работеа и веќе изминатите 2 часа сме тука и она кое што сакам да го кажам е дека од индициите кои што ги имаме најверојатно се работи за пожар кој што е започнат на потегот како што ми спомна командирот, со сомнение дека има лица кои што го подметнале. Тоа е информација која што ја добивме и од соседите кои што живеат тука и непосредно виделе лица кои што има на овој потег, изјави Арсовска за медиумите од местото на пожарот. Таа додаде дека се надева дека институциите ќе сторат се што е во нивна надлежност, да превземат мерки и да не се дозволи граѓаните да бидат во опасност. - Она што го добиваме како информација е дека повеќе пати на овој потег се случуваат пожари. Јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба со овој потег тука, меѓутоа и пред се не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени, нивниот живот и нивното здравје да се загрозени од некој што не е одговорен и кои што превзема постапки кои се на штета на градот и на луѓето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postoi-somnez-deka-pozarot-vo-fabrikata-treska-e-podmetnat-videni-nekolku-somnitelni-lica-vo-objektot/feed/ 0
Досега нема пријави за повредени лица од пожарот во „Треска“, се евакуираат околните жители https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dosega-nema-prijavi-za-povredeni-lica-od-pozarot-vo-treska-se-evakuiraat-okolnite-ziteli/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dosega-nema-prijavi-za-povredeni-lica-od-pozarot-vo-treska-se-evakuiraat-okolnite-ziteli/#respond Thu, 14 Apr 2022 13:15:43 +0000 https://kurir.mk/?p=663015

Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА. Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти. Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје. Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано. На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и доплнители возила за гасење на пожарот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dosega-nema-prijavi-za-povredeni-lica-od-pozarot-vo-treska-se-evakuiraat-okolnite-ziteli/feed/ 0