фабрики – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 15:57:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фабрики – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украински работници би можеле да бидат ангажирани во чешките фабрики за оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-rabotnici-bi-mozele-da-bidat-angazirani-vo-cheshkite-fabriki-za-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-rabotnici-bi-mozele-da-bidat-angazirani-vo-cheshkite-fabriki-za-oruzje/#respond Mon, 12 Dec 2022 15:57:22 +0000 https://kurir.mk/?p=774526

Квалификувани украински работници би можеле да пополнат илјадници слободни работни места во чешката индустрија за оружје, за да помогнат во задоволувањето на зголемената побарувачка предизвикана од војната во Украина, изјави денеска чешкиот заменик-министер за одбрана, Томаш Копечни. Чешката Република е еден од најголемите доставувачи на оружје за Киев меѓу членките на НАТО. Испораките сепак, значително ги исцрпија залихите, а официјалните лица предупредија дека може да поминат години пред да се надополнат. Некои чешки производители на оружје веќе посочија на потребата од дополнителен број работници. „Ќе се отворат илјадници работни места“, рече Копечни, сугерирајќи дека работниците би можеле да дојдат од Украина чија наменска индустрија е мета на руски напади. „Сè зависи од тоа колку ќе се зголемат производствените капацитети на чешките компании или производството на заедничките чешко-украински фабрики за оружје“, рече тој. Копечни рече дека чешкиот премиер Петр Фиала на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев во октомври дал согласност за прифат на квалификувани работници од украинската наменска индустрија. Михал Стрнад, првиот човек во големата фабрика за оружје „Чехословак Груп“, минатата недела изјави дека украинските сили неделно трошат до 40 илјади гранати изработени од наменската индустрија на Запад. „Многу работи и беа испорачани на Украина. Меѓутоа, факт е дека денес Украинците пукаат помалку отколку што би можеле затоа што немаат доволно муниција“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-rabotnici-bi-mozele-da-bidat-angazirani-vo-cheshkite-fabriki-za-oruzje/feed/ 0
Кина вложува во Европа во фабрики за батерии и за електрична мобилност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vlozuva-vo-evropa-vo-fabriki-za-baterii-i-za-elektrichna-mobilnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vlozuva-vo-evropa-vo-fabriki-za-baterii-i-za-elektrichna-mobilnost/#respond Wed, 27 Apr 2022 18:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=668830

Кинеските инвестиции годинава се фокусирани на нови проекти, посебно во производството на батерии и електричната мобилност, покажуваат резултатите од студијата на американската истражувачка група „Родиум“ и германскиот институт „Мерсис“. Минатата година кинеските инвестиции во Европа се зголемија за една третина, на 10,6 милијарди евра, додека во 2020, првата година од пандемијата, тие беа на најниско ниво од 2013 година. Заедно со Холандија, во 2021 година Кинезите најмногу инвестирале во Германија, Велика Британија и Франција. Во студијата се посочува дека кинеските компании сега сакаат да градат свои фабрики во Европа, особено во секторите за кои сметаат дека имаат конкурентна предност, како што се производството на батерии и развојот на електричната мобилност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vlozuva-vo-evropa-vo-fabriki-za-baterii-i-za-elektrichna-mobilnost/feed/ 0
Ердоган отвори технолошки центар и 40 фабрики низ Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-otvori-tehnoloshki-centar-i-40-fabriki-niz-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-otvori-tehnoloshki-centar-i-40-fabriki-niz-turcija/#respond Sun, 30 Aug 2020 08:07:23 +0000 https://kurir.mk/?p=396752

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, порача дека е одлучен Турција да ја направи глобален производствен и технолошки центар, јави агенцијата Анадолија. Ердоган присуствуваше на свеченото отворање на технолошкиот центар МЕСС во Истанбул, во чии рамки преку видеоконференција беа отворени уште 40 фабрики низ цела Турција. – Се надеваме дека со овој центар, кој е реализиран со инвестиција од 200 милиони лири (23 милиони евра), ќе отвориме нова ера во областа на конкурентната технологија, каде што на годишно ниво ќе можеме да обезбедиме 400.000 часа бесплатна едукација за 40.000 луѓе, порача Ердоган. Тој нагласи дека откако ќе се намалат последиците од епидемијата во светот, Турција повторно ќе се врати кон забрзаниот напредок. – Турција, која пред 18 години не можеше да направи чекор без ММФ, денес е 13-та земја во светот според паритетот на куповната моќ. Иако некои не го сакаат тоа, одлучни сме Турција, како средиште на три континенти, да ја претвориме во глобален производствен и технолошки центар, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган. Осврнувајќи се и на инвестицијата на 40 фабрики кои вчера беа свечено отворени, Ердоган и честита на секоја турска компанија што директно обезбедува вработување за 4.000 граѓани, „а индиректно доаѓа до повеќе десетици илјади наши граѓани“. Тој информира дека вкупната вредност на инвестицијата изнесува четири милијарди турски лири (460 милиони евра).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-otvori-tehnoloshki-centar-i-40-fabriki-niz-turcija/feed/ 0
Произведувачите на месо во САД користат нови технологии за прочистување на воздухот во фабриките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizveduvachite-na-meso-vo-sad-koristat-novi-tehnologii-za-prochistuvanje-na-vozduhot-vo-fabrikite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizveduvachite-na-meso-vo-sad-koristat-novi-tehnologii-za-prochistuvanje-na-vozduhot-vo-fabrikite/#respond Sat, 18 Jul 2020 13:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=378125

Некои фабрики за месо и месни производи од САД соопштија дека инсталирале опрема за прочистување на воздухот за заштита на работниците од коронавирус, јавија американските медиуми. Компанијата JBS USA, четврти по големина произведувач на говедско месо во САД, соопшти дека во нивните погони се употребува ултравиолетово зрачење за прочистување на воздухот. Компанијата Tysоn Foods, крупен американски произведувач на говедско, свинско и пилешко месо, соопшти дека спроведува опширни испитувања за протокот на воздух и тестирање на опремата за ултравиолетовото зрачење во некои свои фабрики. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, засега останува непознато дали овие технологии се ефективни во борбата против коронавирусот. Компаниите беа критикувани зошто враќале на работа инфицирани работници и не биле агилни во нивната заштита со носење маски и физичка дистанца. За време на пандемијата во САД, околу 16 илјади работници во месната индустрија се разболеа од Ковид-19, додека 86 вработени починаа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizveduvachite-na-meso-vo-sad-koristat-novi-tehnologii-za-prochistuvanje-na-vozduhot-vo-fabrikite/feed/ 0
Овозможена работа на фабриките и транспортот и за време на построгиот полицискиот час, работниците со посебни дозволи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovozmozena-rabota-na-fabrikite-i-transportot-i-za-vreme-na-postrogiot-policiskiot-chas-rabotnicite-so-posebni-dozvoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovozmozena-rabota-na-fabrikite-i-transportot-i-za-vreme-na-postrogiot-policiskiot-chas-rabotnicite-so-posebni-dozvoli/#respond Tue, 07 Apr 2020 11:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=328602

Економските оператори што работат во прва смена треба да го организираат работниот процес согласно забраната и посебниот режим на движење, а производствените капацитети кои работат и во втора, трета и четврта смена да го организираат својот начин на работа како и досега, со издадени дозволи за движење од страна на работодавачот согласно пропишаниот образец, стои во заклучокот на Владата од вчерашната седница на која беа донесени дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на вирусот Ковид-19. Како што сооопшти денеска владината прес-служба, производствените погони, фабрики и транспорт ќе продолжат да функционираат и во време на полицискиот час што почнува од утре во 16 часот и ќе трае до 5:00 часот следното утро секој работен ден, како и за време на викенд (од петок од 16:00 часот до понеделник до 5:00 часот). За таа намена самите работодавачи ќе издаваат посебни дозволи за движење на работниците во време на полициски час исклучиво до и од работното место. Од Владата информираат дека станува збор за истите дозволи што се издаваат на образецот усвоен од страна на Кризниот штаб, а ги издаваат самите одговорни лица во компанијата. Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во којашто работи лицето. Притоа, се наведува и смената во којашто е ангажиран работникот. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и таа при контрола ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. Дозволите што се издадени од работодавачот, потенцира Владата, не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР. – Заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на целата економија, а Владата и стопанството имаат иста цел – во овие вонредни услови работењето на компаниите да продолжи, но истовремено да се сочува и јавното здравје. Затоа апелираме до компаниите коишто работат во смени и за време на полицискиот час да покажат одговорност, да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за заштитата на работниците во услови на епидемија од Ковид-19, истакнуваат од Владата. Како што се нагласува во соопштениеето, инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките: – Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мерка работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2 метра, – Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини. – За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена. – Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација). – Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа. – Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје. – Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници. – Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици). – Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема. – Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема. – Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на мејл. Според заклучоците од владината седница, вработените во државните органи, агенции, фондови, бироа, заводи, претпријатија во Скопје, кои не живеат во главниот град и секојдневно патуваат на работа, од утре треба да бидат упатени да работат од дома. Министерствата и останатите органи на државната управа, пак, треба да го прилагодат работното време согласно со забраната за движење, односно административните и јавните службеници треба да завршат со работните задачи и обврски навреме со цел да можат да стасаат дома пред 16 часот кога почнува полицискиот час. Министерството за здравство, треба да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на државата. Владата ги задолжи општинските кризни штабови да определат економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на територијата на државата, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку онлајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа за време во деновите сабота и недела. За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со МВР да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovozmozena-rabota-na-fabrikite-i-transportot-i-za-vreme-na-postrogiot-policiskiot-chas-rabotnicite-so-posebni-dozvoli/feed/ 0
Фабриките да ја реорганизираат работата во смени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fabrikite-da-ja-reorganiziraat-rabotata-vo-smeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fabrikite-da-ja-reorganiziraat-rabotata-vo-smeni/#respond Wed, 18 Mar 2020 10:39:04 +0000 https://kurir.mk/?p=318253

Владата им препорачува на фабриките и производните погони каде работат поголем број работници да ја реорганизираат својата работа во смени, по потреба и во четири смени, со цел да има помалку вработени во смена, посочи денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска. -Тоа ќе го намали бројот на луѓе кои ќе бидат директно изложени. Воедно препорачуваме фабриките да се дезифинцираат при промена на смените. Ова е во интерес на здрвјето на вработените, но и во интерес на компаниите, рече Царовска на прес-конференција во Владата. Таа посочи дека цел на Владата е да се зачуваат сите работни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fabrikite-da-ja-reorganiziraat-rabotata-vo-smeni/feed/ 0