Фадил Зендели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jan 2023 13:51:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фадил Зендели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зендели: Беса доби покана за средба од Рама, но нема намера да седи на иста маса со лидерот на ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-besa-dobi-pokana-za-sredba-od-rama-no-nema-namera-da-sedi-na-ista-masa-so-liderot-na-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-besa-dobi-pokana-za-sredba-od-rama-no-nema-namera-da-sedi-na-ista-masa-so-liderot-na-dui/#respond Mon, 09 Jan 2023 13:51:16 +0000 https://kurir.mk/?p=785123

Пратеникот од Движењето Беса, Фадил Зендели денеска изјави дека неговата партија добила покана за средбата на првите луѓе на партиите на Албанците во земјава со албанскиот премиер Еди Рама, но рече дека тие нема да присуствуваат на неа. Тој оцени дека оваа средба е во полза на ДУИ и дека секогаш кога оваа партија има внатрешни проблеми се одржуваат вакви средби во Тирана. -Ние имаме покана од премиерот на Албанија за утрешната средба. Централното претседателство одлучи дека ние сме спремни да соработуваме со Република Албанија и со премиерот Рама, но како политичка партија Движење Беса не сме спремни да седнеме на иста маса со ДУИ. Во овој момент на ДУИ му е потребна средба во Тирана. Не гледаме дека на некој друг му е потребна таква средба. ДУИ има интерес од една таква средба како што тоа ја злоупотреби во 2017 година за свои цели. Секогаш кога имаат свои внатрешни проблеми со свои внатрешни противници, (ДУИ) бараат помош од регионот. Не гледаме дека сега треба да им излеземе на помош, рече Зендели. Тој потенцира дека кога политичките партии на Албанците барале да седнат на маса да се договорат за некои прашања, лидерот на ДУИ никогаш не бил подготвен да зборува со нив, а дури и во некои медиуми ги има навредено нарекувајќи ги злобници. -Ако сме ние злобници тогаш не гледаме никаква причина да седнеме со него на иста маса кога нему му е потребно, истакна пратеникот на Беса. Движењето Беса, додаде тој, има сопствени автономни политики и смета дека треба да соработуваме тука внатре. -Ќе имаме средба со премиерот на Албанија, но не кога тоа е во полза и во интерес на ДУИ и на нејзините интереси, истакна пратеникот Зендели. Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава утре се очекува да заминат на заедничка средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-besa-dobi-pokana-za-sredba-od-rama-no-nema-namera-da-sedi-na-ista-masa-so-liderot-na-dui/feed/ 0
Мицевски до Митрески: Со разрешување на Зендели од комисијата за избори и именување на пленарна седница, го прекршивте Деловникот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-mitreski-so-razreshuvanje-na-zendeli-od-komisijata-za-izbori-i-imenuvanje-na-plenarna-sednica-go-prekrshivte-delovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-mitreski-so-razreshuvanje-na-zendeli-od-komisijata-za-izbori-i-imenuvanje-na-plenarna-sednica-go-prekrshivte-delovnikot/#respond Thu, 03 Mar 2022 20:47:13 +0000 https://kurir.mk/?p=640482

ВМРО-ДПМНЕ ја бранеше процедурата која што СДСМ и ДУИ ја злоупотребија и максимално го прекршија деловникот, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во емисијата Анализа на ТВ 24, за разрешувањето на Фадил Зендели од член на собраниската комисија за избори и менувања. Според Мицевски ова што се случува во македонскиот парламент е сериозно за демократијата посочувајќи дека владејачкото мнозинство се повикале на член 114 и член 118 во кои стои дека се врши избор, именување и разрешување на носители на јавни функции, додавајќи дека член на комисија не е јавна функција со што го злоупотребиле Деловникот на Собранието. Оваа траги комедија во кој се случуваше во македонскиот дом на демократијата е навистина сериозно и дека ова е едно од поголемите прекршувања и поголемите злоупотреби на Деловникот, објасни Мицевски. Разрешување на пленарна седница на член на комисија за избори и именувања пратеник и да се вратиме ретроспективно назад од целата постапка и процедура е обратна. Се повикуваат на член 114 и 118 од Деловникот каде што во самиот член се разработува прашањето за избори, именување и разрешување на носители на јавни функции. Членовите не носители на јавни функции, ама како тргнале мислев дека не од член на комисијата туку и од пратеник ќе го разрешат, нагласи Мицевски. Мицевски порача дека ова што го прави владејачкото мнозинство во однос на разрешувањето на Зендели е поради тоа што СДСМ и ДУИ сакаат да изберат Уставни судии кои што ним им одговараат. Ви требаат Уставни судии, четири на број, и не можете со Фадил Зендели да ги поминете тие што ги планирате. Македонската јавност многу брзо ќе се увери за ова што го зборувам кога ќе ги дадете имињата, потенцираше Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-mitreski-so-razreshuvanje-na-zendeli-od-komisijata-za-izbori-i-imenuvanje-na-plenarna-sednica-go-prekrshivte-delovnikot/feed/ 0
Фадил Зендели разрешен од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fadil-zendeli-razreshen-od-sobraniskata-komisija-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fadil-zendeli-razreshen-od-sobraniskata-komisija-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/#respond Thu, 03 Mar 2022 12:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=640219

Со 61 гласа „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието ја донесе одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движењето „Беса“ од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во собраниската сала и не гласаа. Откако работата по 64-та седница продолжи со расправа за Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во второ читање, во салата влезе координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Никола Мицевски кој побара еден час пауза и обвини дека „се демонстрира сила и надмоќ“. Тој праша што се направило со над 400 амандмани испратени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до архива и се уредно примени и побара писмен одговор. Образложи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и целата опозиција не бранат пратеник, ентитет или одредена политичка партија туку, како што рече, ја брани и сака да ја заштити процедурата која вие упорно ја кршите во оваа парламентарна зграда. Претседателот на Собранието Талат Џафери пред да прогласи едночасовна пауза рече дека амандманите се доставени и тој како претседател на Парламенот има рок од три дена да ги разгледа. Нагласи дека тој рок не е надминат, дека треба да се прегледаат сите амандмани и во дадениот рок ќе добијат соодветен одговор. Во денешната расправа доминираа ставовите на власта дека опозицијата три дена му се додворувала на пратеникот Фадил Зендели, кој своеволно преминал во опозиција, а беше дел од Коалицијата „Можеме“. Според СДСМ, граѓаните не сакаат предвремени избори, кога во земјава имаме енергетска, економска и Ковид-криза. Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ рече дека три дена расправаат за одлука со која, како што рече, ќе треба да се воспостави балансот на вистинска застапеност на политичките партии во таа комисија. Таа ги праша пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зошто сакаат да имаат мнозинство во оваа Комисија, кога, како што рече, знаете дека деловнички не ви следува. Според неа, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа за квалитетот на Фадил Зендели, туку знаат дека со седум гласа ќе можат да ја надгласаат власта и како што рече, „ќе можете да избирате и понатаму судии од тефтерчињата, функционери и останати кои треба да ве заштитат вас и вашата политичка опција“. Претседателот на Собранието Џафери ја прекина седницата и најави дека за нејзиното продолжување пратениците дополнително ќе бидат известени. За во наредните два часа најави седница за Предлог-декларација за состојбата во Украина. Истакнувајќи дека Декларацијата е доставена до него апелираше пратениците да бидат достапни и да очекуваат нова седница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fadil-zendeli-razreshen-od-sobraniskata-komisija-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/feed/ 0
Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/#respond Thu, 26 Nov 2020 10:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=434689

На денешната 22. седница се очекува избор на двајца потпретседатели на Собранието на предлог на владејачкото мнозинство. Предлозите, според информациите од Собранието, се Горан Мисовски од НСДП, кој и во претходниот собраниски состав беше на оваа функција и Фадил Зендели од Беса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, а засега нема ниту предлог од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нема да гласаат за предлозите за потпретседатели на Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/feed/ 0
Пратениците Митрески, Атанасов, Камберовски и Зендели потврдија дека Вељаноски седницата на „27 април“ ја водел согласно Деловникот и Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-mitreski-atanasov-kamberovski-i-zendeli-potvrdija-deka-veljanoski-sednicata-na-27-april-ja-vodel-soglasno-delovnikot-i-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-mitreski-atanasov-kamberovski-i-zendeli-potvrdija-deka-veljanoski-sednicata-na-27-april-ja-vodel-soglasno-delovnikot-i-ustavot/#respond Mon, 16 Nov 2020 13:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=430231

Јован Митрески, Петар Атанасов, Алија Камберовски и Фадил Зендели на денешното рочиште за настаните од 27 април потврдија дека тогашниот претседавач Трајко Вељаноски ја водел седницата согласно Деловникот и Уставот, пишува Република.мк Сите тие беа едногласни дека се потпишале на барањето седницата да продолжи следниот ден. Фадил Зендели од Беса беше дециден дека потпишал барање седницата да продолжи следниот ден во петок. На прашање пак на адвокатот дали имал сознание дали Зекирија Ибраими ќе ја испее албанската химна тој рече не ниту пак во пратеничката група на Беса се говореле за такво нешто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-mitreski-atanasov-kamberovski-i-zendeli-potvrdija-deka-veljanoski-sednicata-na-27-april-ja-vodel-soglasno-delovnikot-i-ustavot/feed/ 0
Анализа: Анкети како алиби за бегството од избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-anketi-kako-alibi-za-begstvoto-od-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-anketi-kako-alibi-za-begstvoto-od-izbori/#respond Thu, 26 Dec 2019 12:16:08 +0000 https://kurir.mk/?p=282530

Ќе користи ли Заев нарачани анкети како алиби за бегство од избори? Ова прашање се наметнува во јавноста откако вчера се појавија анкети на кои Заев и актуелната Влада доколку утре се одржат избори ќе победат. Познавачите на ваквите политички ситуации коментираат дека анкетите со предност на Заев ќе имаат за цел, доколку има потреба, премиерот да ги искористи за да се оправда во случај на одложување на договорените поредвремени парламентарни избори. Идејата е Заев да презентира водство во јавноста, кое треба да ги сокрие реалните бројки и стравот од пораз на изборите, за носењето на законите во законодавниот дом да останат како единствена пречка, односно ултиматум поставен од премиерот. Фадил Зендели од БЕСА во телефонски разговор за Курир вели дека оваа изјава на Заев ја смета за начин за избегнување на веќе планираните избори на 12 април со договор постигнат кај претседателот на државата. -Сметаме дека тоа е само изговор, донесувањето на суштинските закони кои премиерот сака да ги помине во овој период каде е натрупана работата на Собранието, на последната седница ќе имаме 126 точки на дневен ред. Лично, би сакал да одиме на избори и целото општетство зборува за тоа, оди во таа насока и не гледам посебна причина за одложување. Тоа што го вели премиерот за мене не е некоја посебна причина затоа што законите кои тој ги споменува се предизборни ветувања на премиерот во насока на предизборието, а не во насока дека тоа е некоја реална економска и политичка ситуација во земјава, вели Зендели за Курир. Според Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите, секој збор изречен во политичкиот живот за одложување на изборите ја намалува шансата на оние кои тој збор го употребуваат во најмалку 5 проценти во избирачкото тело. -Зборот одложување на изборите значи страв, несигурност, страв од губење на изборите, несигурност во сопственото делување и во резултатите на изборите, како и последиците кои би можеле да произлезат од таквата одлука, вели Стоиљковиќ за Курир. Тој е дециден дека изборите треба да се одржат на 12 април. За потсетување, и претседателот Стево Пендаровски истакнува дека сега не постои никаква логика за преместување на изборите. Според него закажување на датумот на изборите по 6 месеци беше неопходно заради формирањето на Техничката влада 100 дена пред изборите. –На само неколку месеци по 12 април влегуваме во термин за редовни избори и не можам да видам која партиска или државна логика би барала тие избори да се одложат, изјави Пендаровски во емисијата „200“ на Алсат. Дека Заев бега од избори зошто се плаши од пораз и одговорност вчера со обвинување излегоа од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев работи на сценарио за одложување на изборите затоа што се плаши од избори и се плаши од соочување со народот. Зоран Заев многу добро знае дека изборите за него значат крај на политичката кариера, а потоа следи одговорност. Зоран Заев знае дека сето ова негово владеење, кое е препознатливо по виткање на кичмата, рекет, изнуди, уцени, трговија со националните интереси, тепање на граѓаните и праќање на рекетари, народот не го одобрува. Затоа Зоран Заев не сака соочување со народот. Сака да одбегне пораз и да одложи соочување со одговорноста за своето работење, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ пак, со нетрпение ги очекува изборите и, како што изјави пратеникот на оваа партија Артан Груби, следната победа. -Ние сме за избори. Ги очекуваме изборите, спремни сме, реформирани и готови да ја преземеме повторно одговорноста од граѓаните за реализација на нивните очекувања. Исто така, ги поддржуваме сите законски решенија, било да е тоа Законот за Армијата, Законот за ЈО, па дури и инкорпорирањето на препораките од ОДИХР и ОБСЕ во Изборниот законик кои би сакале да се усвојат во текот на јануари, по изборот на преодната влада, која ќе треба да ги организира изборите, рече Груби во Собрание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-anketi-kako-alibi-za-begstvoto-od-izbori/feed/ 0
Зендели: Пораката на францускиот амбасадор беше јасна, „на криминалците на власта им доаѓа крајот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-porakata-na-francuskiot-ambasador-beshe-jasna-na-kriminalcite-na-vlasta-im-doagja-krajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-porakata-na-francuskiot-ambasador-beshe-jasna-na-kriminalcite-na-vlasta-im-doagja-krajot/#respond Thu, 24 Oct 2019 14:35:05 +0000 https://kurir.mk/?p=255720

Пратеникот за движење БЕСА, Фадил Зендели, на социјалната мрежа Фејсбук го коментира ставот на францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, каде рече дека на државата не им се доволни реформите на хартија, туку во практика. Зендели понатаму вели дека ова е јасна порака до власта и дека на криминалците на влата им доаѓа крајот. „Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, го повтори ставот на Франција дека на земјава не и се доволни реформи на хартија, туку во пракса. Оваа порака јасно докажува дека и сегашната, како и претходната власт, се обидоа да ја измамат ЕУ само со донесување закони, но не и со спроведување на истите. Пораката на амбасадорот Тимоние вели дека без борба против криминалот и без да не се остранат криминалците од власт, земјата нема да може да направи чекор напред на својот евроинтеграциски пат. Ова е исто така добра вест дека на криминалот и на криминалци маскирани со власт им доаѓа крајот. Ова најдобро може да го спроведе Движењето БЕСА, кое е единствената партија досега доследна на своите позиции. Времето доаѓа!“, напиша пратеникот на движење БЕСА, Фадил Зендели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-porakata-na-francuskiot-ambasador-beshe-jasna-na-kriminalcite-na-vlasta-im-doagja-krajot/feed/ 0
На инаугурацијата на Пендаровски требаше да бидат поканети и Силјановска, Река и Касами, смета Зендели од „Беса“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-inauguracijata-na-pendarovski-trebashe-da-bidat-pokaneti-i-siljanovska-reka-i-kasami-smeta-zendeli-od-besa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-inauguracijata-na-pendarovski-trebashe-da-bidat-pokaneti-i-siljanovska-reka-i-kasami-smeta-zendeli-od-besa/#respond Tue, 14 May 2019 09:17:12 +0000 https://kurir.mk/?p=197670

Различни реакции предизвика отсусвото на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски. Пратеникот од редовите на „Беса“, Фадил Зендели, таа постапка ја оцени како голем пропуст. „Беше место премиерот да бида на инаугурацијата на претседателот на државата. Го гледам како пропуст неговото отсуство од една таква церемонија каде што имавме гости, претседатели на држави од соседните земји, а премиерот на државата го нема. Пропуст секако е и да не биде лидерот на опозицијата, без разлика каква била праксата во Собранието. Требаше да бидат поканети Силјановска, Река, Касами. Сите тие беа актери во целиот претседателски процес“, истакна Зендели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-inauguracijata-na-pendarovski-trebashe-da-bidat-pokaneti-i-siljanovska-reka-i-kasami-smeta-zendeli-od-besa/feed/ 0
Зендели: Беса очекува нивните амандмани за Уставот да бидат дел од владиниот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-besa-ochekuva-nivnite-amandmani-za-ustavot-da-bidat-del-od-vladiniot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-besa-ochekuva-nivnite-amandmani-za-ustavot-da-bidat-del-od-vladiniot-predlog/#respond Wed, 24 Oct 2018 12:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=118919

Пратеникот Фадил Зендели од Беса изјави дека тие ќе поднесат четири амандмани на Уставот и тоа бидејќи се отвора преамбулата на Уставот се бара концепт на граѓанска држава, албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, како и тоа претседателот на државата по второто гласање на закон или друг акт во Собранието да нема право на вето, како за Законот за јазици и Договорот од Преспа. На прашањето дали пратениците од нивната партија ќе ја условуваат Владата со овие амандмани во следните фази од носење на уставните измени, Зендели вели дека тоа нема да се случи бидејќи условувањето не е филозофија на нивната партија. – Ние се уште немаме предлог од Владата за да можеме да постапиме. Ова се наши предлози, вели пратеникот кој рече дека нивното барање е нивните предлози да бидат прифатени и како предлози од Владата да бидат доставени до Собранието. Зендели, како што рече, не е склон на условувања во политиката и тоа не е филозофија на Беса. – Тоа не е речник или филозофија на нашата политичка партија. Ние сметаме дека ова е демократско право и дека со години се наметнува и ја оптоварува политичката сцена и дека во овој момент кога се отвора Уставот би требало да се решат, изјави пратеникот. Во однос на политичкото помирување, Зендели вели дека пратениците од оваа партија сакаат да придонесат за ова прашање. – Сметаме дека интеретнички во македонската, па и во албанската заедница, сите треба да најдеме помирување за да придонесеме и да имаме предуслови за нормално политичко и демократско функционирање, рече Зендели, кој нагласи дека е за помирување, но не и за амнестирање и оти сите што се огрешиле пред законот треба да одговараат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zendeli-besa-ochekuva-nivnite-amandmani-za-ustavot-da-bidat-del-od-vladiniot-predlog/feed/ 0