Фадиљ Цана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Sep 2021 07:25:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фадиљ Цана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТЕТОВСКИОТ КОВИД ЦЕНТАР БИЛ ИЗВОР НА ЗАРАЗА: Доктор Цана смета дека министерот има морална обврска за оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovskiot-kovid-centar-bil-izvor-na-zaraza-doktor-cana-smeta-deka-ministerot-ima-moralna-obvrska-za-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovskiot-kovid-centar-bil-izvor-na-zaraza-doktor-cana-smeta-deka-ministerot-ima-moralna-obvrska-za-ostavka/#respond Fri, 10 Sep 2021 07:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=561837

Инфектологот од Клиниката за инфективни болести, доктор Фадиљ Цана во емисијата 24 анализа на ТВ24, истакна дека тетовскиот ковид-центар бил жариште на заразата, откако се дозна дека роднини на пациенти престојувале во модуларната болница заедно со болните. -Шокантно е да се дознае дека во тој ковид центар имало и роднини на пациенти. Тие внатре влегувале и излегувале кога сакале и тој ковид-центар не служел само за лекување, туку тоа било жариште за проширување на инфекцијата, рече д-р Цана, а притоа додаде дека сето тоа се одвивало со знаење на персоналот и на Министерството и поради тоа некој треба да сноси морална и правна одговорност. По трагедијата која се случи во модуларната болница во Тетово, тој како лекар смета дека за овој настан треба да се сноси одговорност. -Сметам дека кој било, не само министерот, да беше во таа позиција и во која било држава, морално би требало да се сноси одговорност и да им се отвори пат на органите за истрага. Морална е обврската да се даде оставка, а пред тоа би требало прво што е до негова надлежност, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени, вели Цана. Тој смета дека правно треба да се одговара и некој да сноси вина за трагедијата, ако тоа го покаже истрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovskiot-kovid-centar-bil-izvor-na-zaraza-doktor-cana-smeta-deka-ministerot-ima-moralna-obvrska-za-ostavka/feed/ 0