фајненшл тајмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Jul 2023 08:07:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фајненшл тајмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фајненшл Тајмс: Украинците употребија запленети севернокорејски ракети против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-ukraintsite-upotrebija-zapleneti-severnokorejski-raketi-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-ukraintsite-upotrebija-zapleneti-severnokorejski-raketi-protiv-rusija/#respond Sat, 29 Jul 2023 08:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=861362

Украинската армија употреби севернокорејски ракети во битките против Русија, кои, како што пишува денеска „Фајненшл тајмс“, „пријателските земји“ ги заплениле од брод пред да ги испорачаат во Украина. Украинското Министерство за одбрана, сепак, сугерираше дека оружјето е запленето од Русија, пишува весникот. Иако севернокорејското оружје не е широко дистрибуирано на украинското бојно поле, САД претходно ја обвинија Северна Кореја дека и испорачува оружје на Русија преку морски патишта. Северна Кореја и Русија негираат дека имало испораки на оружје меѓу двете земји, но украинските војници покажаа севернокорејско оружје запленето во Бахмут. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу оваа недела го посети Пјонгјанг за да ја одбележи 70-годишнината од крајот на Корејската војна, што е прва посета на руски министер за одбрана на Северна Кореја од 1991 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-ukraintsite-upotrebija-zapleneti-severnokorejski-raketi-protiv-rusija/feed/ 0
Фајненшл тајмс: На Телеграм се води трговија со американски доверливи материјали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-na-telegram-se-vodi-trgovija-so-amerikanski-doverlivi-materijali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-na-telegram-se-vodi-trgovija-so-amerikanski-doverlivi-materijali/#respond Mon, 08 May 2023 19:56:32 +0000 https://kurir.mk/?p=832008

Документите на Пентагон, што припадникот на Националната гарда на САД, Џек Тешеира ги споделувал со пријатели во затворена чат група и што потоа станаа јавно достапни не се единствените доверливи податоци на американските органи што може да се најдат на Интернет. Весникот Фајненшл тајмс во тек на две недели набљудувал неколку разговори на апликацијата Телеграм каде корисниците разменувале слични документи и споделувале линкови на папки на облачни сервиси. Леснотијата со која учесниците на овие разговори споделуваат таква информација и разноличноста на документите укажува на тоа дека ова е само врвот на сантата мраз, коментираше американски дипломат за весникот. - Дури и старите доверливи документи имаат вредност, од нив се гледа како ние приоѓаме на решавање на проблемите, како ги оценуваме заканите, ги спремаме луѓето. Хакерите зборуваат за тоа, но тешко е да се потврдат нивните тврдења, изјавил дипломатот. Според еден од членовите на Телеграм чат кој бил следен од весникот, материјалите што таму се разместуваат „не е она најдоброто“. - Можете со години да лутате по дарк-вебот, но вас на крајот нема да во поканат во потребната соба. Во тие „потребни соби“ се рекламираат и продаваат „најдобрите“ материјали од украдени комерцијални податоци од САД и Европа, како броеви на кредитни карти и карти за социјално осигурување, електронски писма итн. Во последно време најголем интерес има за документите од колекцијата на Тешеира, и тоа за оние кои медиумите сè уште не соопштиле. Во моментот кога еден корисник прашал дали има нешто ново, за кратко време се појавил линк на папка во Дропбокс каде биле најдени неколку слајдови. Анализирајќи ги, весникот најде уште неколку неоткриени теми, како тоа дека Кина работела на создавање кибер-оружје способно да урива западни сателити, дека приватната воена компанија „Вагнер“ која се бори на страната на Русија во Украина, се обидувала да набави оружје од разни земји. Потоа некои медиуми соопштија дека такви земји биле Турција и Кина. Некои од информациите во овие разговори се и адресар со имиња на вработени во Федералното биро за истраги (ФБИ), тајни инструкции за управување со борбени авиони на САД, база на податоци на полициски управи, гигабајти внатрекорпоративна информација што хакерите ја исфрлаат ако не се договорат да ја купи оној од кого е украдена. Во случајот со документите од Пентагон протечени од Тешеира, постои ризик на виделина да не излегла сета информација па новите или преуредени материјали да можат да бидат искористени од проруски групи со цел дезинформација и пропаганда, велат некои аналитичари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-na-telegram-se-vodi-trgovija-so-amerikanski-doverlivi-materijali/feed/ 0
„Фајненшл тајмс“: Се создава нов светски економски поредок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-se-sozdava-nov-svetski-ekonomski-poredok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-se-sozdava-nov-svetski-ekonomski-poredok/#respond Wed, 04 Jan 2023 20:41:19 +0000 https://kurir.mk/?p=783861

Полека, но сигурно се формира нов светски енергетски поредок, во кој доларот нема да биде доминантно платежно средство, пишува „Фајненшл тајмс“. Подготвеноста на Кина да се префрли на купување нафта од земјите од Персискиот Залив во јуани води кон формирање на нов светски енергетски поредок, според „Фајненшл тајмс“. Пред 77 години, американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт и саудискиот крал Абдул Азиз Ибн Сауд се договорија за геополитички сојуз, според кој, американските безбедносни гаранции за Саудијците на Блискиот Исток беа во еден вид размена за договор за ексклузивна продажба саудиска нафта во американски долари. Сепак, времињата јасно се променија и 2023 година може да се запамети како година кога оваа голема петродоларска зделка почна да се менува, бидејќи се формираше нов светски енергетски поредок меѓу Кина и Блискиот Исток. Додека Кина веќе некое време купуваше зголемени количини нафта и течен природен гас од Иран, Венецуела, Русија и делови од Африка во сопствена валута наместо во долари, средбата на претседателот Си Џинпинг со лидерите на Саудиска Арабија и Советот за соработка во Заливот во декември го одбележа „раѓањето на петројуанот“, како што оцени Золтан Позар, стратег на „Кредит Свис банка“, пишува „Фајненшл тајмс“. Кинескиот лидер на средбата рече дека Пекинг е подготвен да ја поттикне трговијата со нафта и гас со овие земји во јуани. Според Позар, Кина сака да ги ревидира правилата на глобалниот енергетски пазар“ како дел од стратегијата за намалување на трговијата со долари, што е поддржано од кинеските партнери во БРИКС и голем број други земји во време кога девизните резерви во долари се претворање во политичко оружје на САД и ситуацијата со замрзнување на руските средства поради ситуацијата во Украина. Во текстот се нагласува дека соработката меѓу Кина и арапските држави може да вклучи заедничко истражување и производство на нафта и гас во Јужното Кинеско Море, како и инвестиции во рафинерии, хемиската индустрија и погони за производство на пластични производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-se-sozdava-nov-svetski-ekonomski-poredok/feed/ 0
Фајненшл тајмс: ЕУ загрижена поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-eu-zagrizena-poradi-zgolemeniot-obem-na-trgovija-na-turcija-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-eu-zagrizena-poradi-zgolemeniot-obem-na-trgovija-na-turcija-so-rusija/#respond Tue, 16 Aug 2022 15:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=719404

Земјите од Европската Унија се сè позагрижени поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија и можноста таа да послужи како замена за увозот и извозот на Москва со други европски земји, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се двајца претставници на ЕУ. Дел од државите-членки побарале информации од Анкара за нејзините односи со Кремљ. –Го следиме ова, изјавил еден од изворите. –Ова не е добро и не е добро прифатено од ЕУ, додаде тој. Портпаролот на турското Министерство за трговија, пак, истакна дека „нема забележителна промена“ во трговијата со Русија. Запрашан за дополнителни детали, тој не одговори на телефонските повици, објави Фајненшл тајмс. Други западни претставници, исто така, изразија загриженост дека Анкара може да го смета повлекувањето на западните компании од Русија како можност турските бизниси да го заземат нивното место. –Во време кога Европската Унија ги намалува своите врски со Русија како одговор на нејзината агресија против Украина, не е многу соодветно да се зајакнат врските или ангажманите со Москва, рече Петер Стано, портпарол на шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел. Според податоците на Турскиот институт за статистика и Министерството за трговија на Турција, вредноста на извозот на земјата во Русија во последните три месеци се зголемила за 46 отсто во однос на истиот период лани. Од мај до јули турскиот извоз во Русија бил во вредност од 2,04 милијарди долари, што е за 642 милиони долари повеќе од истиот квартал лани. Само минатиот месец вредноста на извозот на Турција во Русија порасна за 75 отсто на годишно ниво, од 417 милиони долари во јули 2021 година на 730 милиони долари во јули оваа година. Зголемувањето од 313 милиони долари е најголемо во однос на сите земји со кои тргува Турција. Рускиот удел во вкупниот извоз на Турција во јули беше 3,9 отсто, во споредба со 2,6 отсто 12 месеци претходно, забележува весникот, цитирајќи ја официјалната статистика на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajnenshl-tajms-eu-zagrizena-poradi-zgolemeniot-obem-na-trgovija-na-turcija-so-rusija/feed/ 0
ФТ: Велика Британија би можела да остане без вакцини против мајмунски сипаници на крајот на месецот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-velika-britanija-bi-mozela-da-ostane-bez-vakcini-protiv-majmunski-sipanici-na-krajot-na-mesecot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-velika-britanija-bi-mozela-da-ostane-bez-vakcini-protiv-majmunski-sipanici-na-krajot-na-mesecot/#respond Wed, 10 Aug 2022 06:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=716339

Во рок од две до три недели, Британија ќе остане без вакцини против мајмунски сипаници, бидејќи земјата има само нешто повеќе од 8.300 дози, објави лондонски Фајненшл Тајмс. Испораките на нова серија од 100.000 дози нема да продолжат пред крајот на септември, се вели во публикацијата, цитирајќи писмо од Националната здравствена служба. Минатата недела агенцијата соопшти дека има „рани знаци“ дека епидемијата на мајмунски сипаници се проширила низ целата земја и нејзиното ширење сега забавува. Во јуни, британските власти препорачаа на мажите кои се хомосексуалци или бисексуалци и се изложени на поголем ризик да им се понуди вакцината, бидејќи епидемијата на болеста добива на интензитет главно во Европа. Од 4 август имало 2.768 потврдени случаи во Велика Британија. Минатиот месец, Светската здравствена организација ги прогласи мајмунските сипаници за „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“, највисок степен на опасност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-velika-britanija-bi-mozela-da-ostane-bez-vakcini-protiv-majmunski-sipanici-na-krajot-na-mesecot/feed/ 0
Согласно британскиот весник Фајненшл тајмс, Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции во 2016 се наоѓаше на високото 3-то место https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/soglasno-britanskiot-vesnik-fajnenshl-tajms-makedonija-spored-indeksot-za-uspeshnost-na-stranskite-investicii-vo-2016-se-naogjashe-na-visokoto-3-to-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/soglasno-britanskiot-vesnik-fajnenshl-tajms-makedonija-spored-indeksot-za-uspeshnost-na-stranskite-investicii-vo-2016-se-naogjashe-na-visokoto-3-to-mesto/#respond Thu, 25 Nov 2021 10:11:06 +0000 https://kurir.mk/?p=599702

Согласно британскиот весник Фајненшл тајмс, Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции во 2016 се наоѓаше на високото 3-то место. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/soglasno-britanskiot-vesnik-fajnenshl-tajms-makedonija-spored-indeksot-za-uspeshnost-na-stranskite-investicii-vo-2016-se-naogjashe-na-visokoto-3-to-mesto/feed/ 0
Заострување на проширувањето: „Фајненшл тајмс“ најави потешки преговори за ЕУ, суспензии и реотворање поглавја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaostruvanje-na-proshiruvanjeto-fajnenshl-tajms-najavi-poteshki-pregovori-za-eu-suspenzii-i-reotvoranje-poglavja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaostruvanje-na-proshiruvanjeto-fajnenshl-tajms-najavi-poteshki-pregovori-za-eu-suspenzii-i-reotvoranje-poglavja/#respond Tue, 04 Feb 2020 10:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=299051

Лондонски „Фајненшл тајмс“ , кој имал увид во планот, наведува дека со промените на процесот на проширување ЕУ ќе им го отвори патот на земјите членки за стопирање на овој процес во иднина. Весникот наведува дека тој ќе овозможи и појасни ставови околу тоа што членките на ЕУ очекуваат од кандидатите за членство, како и во врска со последиците со кои би се соочиле државите аспиранти во случај на исполнување или неисполнување на поставените барања.

Брисел подготвува план за промена на процедурата за преговорите за членство во ЕУ, кој се очекува да стане ново потенцијално бојно поле меѓу членките на Унијата околу тоа дали да се даде зелено светло за отпочнување на претпристапниот процес за Скопје и Тирана, оценува лондонски „Фајненшл Тајмс”. Весникот, кој имал увид во планот, наведува дека тој ќе овозможи на појасни ставови околу тоа што членките на ЕУ очекуваат од кандидатите за членство, како и во врска со последиците со кои би се соочиле државите аспиранти во случај на исполнување или неисполнување на поставените барања. „Фајненшл Тајмс” посочува дека планот на Еврокомисијата, што треба да биде објавен оваа недела, предвидува дека темпото на преговорите ќе зависи од спроведувањето на реформите во земјите кандидати за членство, при што во екстремен случај преговарачкиот процес може да биде ставен во мирување или суспендиран, како и да има повторно отворање на веќе затворени поглавја. Планот исто така нуди и подобри стимуланси за земјите кандидати за успешно работење, вклучително и зголемени финансиска помош и инвестиции и поблиска интеграција со политиката, пазарите и програмите на ЕУ во областите каде е постигнат напредок, додава весникот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaostruvanje-na-proshiruvanjeto-fajnenshl-tajms-najavi-poteshki-pregovori-za-eu-suspenzii-i-reotvoranje-poglavja/feed/ 0