Фајзер/Бионтек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Apr 2023 11:05:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фајзер/Бионтек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФТ: „Фајзер“ и „Бионтек“ и понудија на ЕУ да плати половина од цената на секоја доза вакцина за Ковид-19 од која се откажува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-fajzer-i-biontek-i-ponudija-na-eu-da-plati-polovina-od-tsenata-na-sekoja-doza-vaktsina-za-kovid-19-od-koja-se-otkazhuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-fajzer-i-biontek-i-ponudija-na-eu-da-plati-polovina-od-tsenata-na-sekoja-doza-vaktsina-za-kovid-19-od-koja-se-otkazhuva/#respond Sun, 30 Apr 2023 11:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=829158

„Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“. Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Ковид-19“, се додава во написот. ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза. Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.Засега нема конетар од Фајзер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-fajzer-i-biontek-i-ponudija-na-eu-da-plati-polovina-od-tsenata-na-sekoja-doza-vaktsina-za-kovid-19-od-koja-se-otkazhuva/feed/ 0
Модерна ги тужи Фајзер и Бионтек за вакцината мРНА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-gi-tuzi-fajzer-i-biontek-za-vakcinata-mrna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-gi-tuzi-fajzer-i-biontek-za-vakcinata-mrna/#respond Fri, 26 Aug 2022 12:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=724374

Фармацевтската компанија Модерна ги тужи Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек за кршење на патент во развојот на првата вакцина против Ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што Модерна ја развила повеќе години пред пандемијата. Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска Модерна. – Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на Ковид-19, рече извршниот директор на Модерна, Стив Банселс во изјавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-gi-tuzi-fajzer-i-biontek-za-vakcinata-mrna/feed/ 0
BioNTech со три пати поголема заработувачка поради корона- вакцините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biontech-so-tri-pati-pogolema-zarabotuvachka-poradi-korona-vakcinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biontech-so-tri-pati-pogolema-zarabotuvachka-poradi-korona-vakcinite/#respond Mon, 09 May 2022 20:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=674253

Германската биотехнолошка компанија BioNTech соопшти дека повеќе од тројно го зголемила својот профит и приходите во првиот квартал благодарение на побарувачката за вакцината против Ковид-19. Но, очекуваат послаба продажба во текот на годината. Приходите скокнале на 6,37 милијарди евра во првиот квартал, а нето добивката на 3,70 милијарди евра, според компанијата што ја разви вакцината против Ковид во соработка со американската компанија Pfizer. „Благодарение на поголемиот обем на нарачки на крајот на 2021 година, по појавата на варијантата омикрон, ја започнавме 2022 година со силни приходи и профити, што нѐ позиционираше добро за да ги исполниме финансиските насоки за 2022 година“, рече финансискиот директор Јенс Холштајн. Компанијата потврдила дека очекува меѓу 13 и 17 милијарди евра приход од вакцините оваа година. Во 2021 година приходот изнесувал 19 милијарди евра. Како и во претходните квартали, BioNTech ги базира упатствата само на конкретни нарачки за оваа година, за вкупно 2,4 милијарди дози, како во проценката објавена кон крајот на март. Минатата година испорачале нешто помалку од 2,6 милијарди дози. И партнерот на BioNTech, Pfizer, биле внимателни во проценките објавени минатата недела, базирајќи ја овогодинешната прогноза за приходи од 32 милијарди долари само на испорачани нарачки. Во 2021 година, нејзиниот приход бил 36,8 милијарди долари. Конкурентот Модерна објави пооптимистичка прогноза минатата недела, предвидувајќи поголема продажба на вакцините во втората половина од годината отколку во првите шест месеци, бидејќи очекува побарувачка за дополнителни вакцини наесен. Побарувачката за воспоставени вакцини против Ковид-19 е ослабена во Северна Америка и Европа, бидејќи граѓаните кои ќе изберат да се вакцинираат веќе примиле три дози, а четвртата и следните дози се препорачуваат само за мала група најранливи катѕегории постари граѓани. Главните двигатели на новите нарачки ќе бидат земјите со низок и среден приход и можното, но не и сигурно прилагодување на вакцината за варијантата омикрон пред почетокот на зимата на северната хемисфера. BioNTech соопшти дека очекува податоци за тестовите на приспособената вакцина во наредните недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biontech-so-tri-pati-pogolema-zarabotuvachka-poradi-korona-vakcinite/feed/ 0
Колку е ефикасна вакцината „Фајзер/Бионтек“ кај децата? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-e-efikasna-vakcinata-fajzer-biontek-kaj-decata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-e-efikasna-vakcinata-fajzer-biontek-kaj-decata/#respond Fri, 22 Oct 2021 14:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=583853

Вакцината „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 била 90,7 отсто ефикасна во клиничките испитувања кај деца на возраст од пет до единаесет години, соопшти денеска американската фармацевтска компанија. Шеснаесет деца кои примиле плацебо се разболеле од Ковид-19, а само три биле вакцинирани, наведува „Фајзер“ во документите доставени до Управата за храна и лекови на САД (ФДА). Главната цел на истражувањето, во кое учествуваа 2.268 деца, не беше да се измери ефикасноста, туку да се спореди бројот на антитела кај вакцинираните деца во споредба со возрасните. Врз основа на овие резултати, „Фајзер“ и „Бионтек“ минатиот месец објавија дека нивната вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај децата. Експерти на ФДА во вторник треба да се состанат за да одлучат дали да и препорачаат на агенцијата да ги користи вакцините за таа возрасна група. Вакцината „Фајзер/Бионтек“ веќе е одобрена за деца од 12 години и постари. Околу 190 милиони Американци се целосно вакцинирани, вклучително и 11 милиони на возраст од 12 до 17 години кои примиле „Фајзер“. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-e-efikasna-vakcinata-fajzer-biontek-kaj-decata/feed/ 0
Кај вакцинираните Австријци начести нуспојави предзвикала АстраЗенека, а најретки Фајзер/БиоНТек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/#respond Thu, 30 Sep 2021 15:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=570927

Меѓу Австријците вакцинирани против Ковид-19, најчести несакани ефекти се појавиле по вакцинацијата со АстраЗенека, а најмалку од Бионтех/Фајзер, покажува извештајот на државната канцеларија за здравствена безбедност (БАСГ) што денеска е објавен. Несакани ефекти на AстраЗенека се регистрирани во 12,3 отсто од вакцинираните случаи, а кај Фајзер/БиоНТек во 2,27 проценти од случаите. Несакани реакции имало и кај вакцината на Модерна, во 3,49 случаи и 5,55 отсто кај Џонсон и Џонсон. Извештајот за несаканите ефекти се темели на 10,7 милиони вакцинирани од крајот на декември 2020 година до крајот на септември оваа година. БАСГ посочува дека ова не се сериозни несакани ефекти. „Пријавените несакани ефекти одговараат и по интензитет и по фреквенцијата со податоците од студиите на индивидуалните производители доставени пред лиценцирањето“, се наведува во соопштението на државната канцеларија за здравствена безбедност. Во најголем дел од случаите, или 53 проценти од несаканите ефекти биле црвенило околу местото на инјектирање, главоболка и замор. Властите, исто така, соопштија и за 177 смртни случаи по вакцинацијата, од кои само во два се утврди врска меѓу смртта и вакцинацијата. Кај четворица од починатите со обдукција е исклучена врската меѓу смртта и вакцинацијата, а 20 од починатите биле вакцинирани за време на инкубацијата со коронавирусот од кој подоцна починале, додека во 34 случаи станувало збор за пациенти со тешки болести што претходеле на вакцинацијата. Кај 117 починати се уште не е утврдена точната причина за смртта, се наведува во извештајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kaj-vakciniranite-avstrijci-nachesti-nuspojavi-predzvikala-astrazeneka-a-najretki-fajzer-biontek/feed/ 0
Милијардер сака да купи пет милијарди дози од вакцината на БиоНТек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-saka-da-kupi-pet-milijardi-dozi-od-vakcinata-na-biontek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-saka-da-kupi-pet-milijardi-dozi-od-vakcinata-na-biontek/#respond Sat, 29 May 2021 12:54:32 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516541

Основачот на компанијата „Фокскон“, која е главен снабдувач на технолошкиот гигант Епл, тајванскиот милијардер Тери Гоу планира да увезе на Тајван пет милиони дози антиковид вакцини на Фајзер/БиоНТек. Неодамна на Тајван беа регистрирани десетици заразени дневно, а сега за едно деноноќие е потврден многу поголем број – околу 8.000 заразени и 99 починати пациенти од коронавирусот. Досега се вакцинирани само еден отсто од 23-милионското население на Тајван, каде се нарачани 30 милиони дози од вакцините на Астра Зенека, Модерна и уште две домашни компании. Милијардерот Гоу истакна дека неговата фондација Јонглин планира да се пријави за купување на пет милиони дози од вакцината на германскиот производител БиоНТек, кои директно, без посредник би се испратиле со авион од Германија во Тајван. Шангајската фармацевтска група Фосун има договор со БиоНТек да продава вакцини во пошироката област на Кина, вклучувајќи го и Тајван, но тајванската Влада тврди дека има договор само со БиоНТек и не им верува на кинеските вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-saka-da-kupi-pet-milijardi-dozi-od-vakcinata-na-biontek/feed/ 0
23-годишна Италијанка ПО ГРЕШКА примила шест дози од вакцината на Фајзер – еве во каква состојба се наоѓа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/23-godishna-italijanka-po-greshka-primila-shest-dozi-od-vakcinata-na-fajzer-eve-vo-kakva-sostojba-se-naogja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/23-godishna-italijanka-po-greshka-primila-shest-dozi-od-vakcinata-na-fajzer-eve-vo-kakva-sostojba-se-naogja/#respond Mon, 10 May 2021 11:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=508455

Една 23-годишна Италијанка била под надзор во болница во Тоскана откако по грешка примила шест дози вакцина на Фајзер/БиоНТек, објави денеска агенцијата АГИ. Девојката била во добра состојба откако примила течности и парацетамол по инјекцијата во неделата. Наместо да инјектира само една доза во раката на студентката, медицинска сестра по грешка и го вбризгала целото шишенце, што е еквивалентно на шест дози. Претходни студии за испитување на предозирање со вакцината на Фајзер беа ограничени на четири дози, пишува АГИ. Инцидентот бил пријавен кај италијанскиот регулатор на лекови. Предозирања со вакцината на Фајзер/БиоНТек претходно беа пријавени во САД, Австралија, Германија и Израел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/23-godishna-italijanka-po-greshka-primila-shest-dozi-od-vakcinata-na-fajzer-eve-vo-kakva-sostojba-se-naogja/feed/ 0
НАЈНОВА ВЕСТ: Вакцината на Фајзер/БиоНТек ефикасна и против индиската мутација на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najnova-vest-vakcinata-na-fajzer-biontek-efikasna-i-protiv-indiskata-mutacija-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najnova-vest-vakcinata-na-fajzer-biontek-efikasna-i-protiv-indiskata-mutacija-na-koronavirusot/#respond Wed, 28 Apr 2021 12:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=503293

Основачот и директорот на лабораторијата БиоНТек, Угур Сахин изјави денеска дека е уверен во ефикасноста на својата вакцина, која е развиена со американската компанија Фајзер, и против „индиската мутација“ на коронавирусот. – Иако тестирањето е во тек, индиската мутација веќе ја проучувавме и нашата вакцина делува против неа, истакна Сахин на онлајн прес-конференција. Тој нагласи дека БиоНТек ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 мутации на вирусот и секојпат е добиен барем „доволен имунолошки одговор“. Варијантата В.1.617, која прво се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји. Според податоците на Светската здравствена организација, меѓу земјите во кои е потврдено присуството на оваа мутација на вирусот, се и Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najnova-vest-vakcinata-na-fajzer-biontek-efikasna-i-protiv-indiskata-mutacija-na-koronavirusot/feed/ 0
ЕУ ќе добие нови 100 милиони вакцини од Фајзер/Бионтек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-dobie-novi-100-milioni-vakcini-od-fajzer-biontek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-dobie-novi-100-milioni-vakcini-od-fajzer-biontek/#respond Mon, 19 Apr 2021 09:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=499217

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ и германската компанија „Бионтек“ соопштија дека ќе ја снабдат ЕУ со дополнителни 100 милиони дози од нивната вакцина во 2021 година. Соопштението следи по одлуката на Европската комисија да се прибегне кон опција за набавка на дополнителни дози, што е дел од договорот за предвремена набавка на вакцини потпишан на 17 февруари 2021 година. Комисијата ќе купи дополнителни 100 милиони дози, што значи дека вкупно 600 милиони дози, што покриваат две третини од населението во Унијата, ќе бидат доставени до ЕУ. Ова е најголемиот договор за „Фајзер/Бионтек“ во светот. Двете компании планираат да испорачаат 250 милиони дози на ЕУ во вториот квартал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-dobie-novi-100-milioni-vakcini-od-fajzer-biontek/feed/ 0
„Фајзер“/„БиоНТек“ почнаа со тестирање на вакцината и врз деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-biontek-pochnaa-so-testiranje-na-vakcinata-i-vrz-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-biontek-pochnaa-so-testiranje-na-vakcinata-i-vrz-deca/#respond Fri, 26 Mar 2021 11:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=488102

Вакцината против корунавирусот на компаниите „Фајзер“/„БиоНТек“ почна да се тестира и врз деца на возраст од шест месеци до 11 години, изјави денеска портпаролот на „БиоНТек“ за ДПА. Вакцината против Ковид-19, заеднички изработена од компанијата со седиште во Мајнц и американскиот фармацевтски гигант, досега доби условно одобрување за адолесценти на возраст од 16 и повеќе години. Првите испитаници на возраст од 11 и помалку години вчера ги добија своите први дози од вакцината, како дел од првата фаза на студијата. Доколку безбедноста и ефикасноста се потврдат и властите дадат одобрение, вакцината може да им биде достапна на помладите деца на почетокот на 2022 година, соопштија двете компании, пренесе ДПА. Во три одделни клинички испитувања вакцината веќе се тестира врз деца на возраст меѓу 12 и 15 години. Според извештаите, во оваа фаза од испитувањето учествуваат околу 2.259 деца од оваа возрасна група, а податоците ќе бидат објавени наскоро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-biontek-pochnaa-so-testiranje-na-vakcinata-i-vrz-deca/feed/ 0