факти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Sep 2023 07:47:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png факти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неколку интересни факти за есента кои не сте ги знаеле https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekolku-interesni-fakti-za-esenta-koi-ne-ste-gi-znaele/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekolku-interesni-fakti-za-esenta-koi-ne-ste-gi-znaele/#respond Sat, 30 Sep 2023 07:47:13 +0000 https://kurir.mk/?p=883510

Мирисот на печени костени, варена тиква, топол ајвар и крцкавите лисја под нашите нозе ја најавуваат кралицата на годишните времиња, есента. Со сиот преостанат сончев сјај, доаѓањето на раскошната есен оваа година ја потврдува не само календарскиот 22-ри септември, туку и многу останати составни делови на мозаикот наречен третото годишно време. Ова е одличен период за регенерирање на мислите и душата. Слично како и природата, ослободете се од целиот непотребен товар на минатото време и зачекорете во новата годишна доба. Одберете ја вашата омилена патека за прошетка, освежете се со топло кафе или чај и вдишете длабоко. Доживејте ја есента со сите свои бои и ароми, преточена низ пејзажи како од разгледници, вкусни зимници и слатки задоволства. Ова се 7 интересни факти кои ја карактеризираат есента, а за дополнителна мотивација погледнете го видеото и трансформацијата на природата во есен: Почетокот на есента варира помеѓу два датуми Два календарски датуми се во игра кога станува збор за почетокот на есента. Таа е дефинирана според кружењето на земјината орбита околу сонцето и започнува на есенската рамноденица (време во годината кога траењето на денот и ноќта е еднакво), на 22-ри или 23-ти септември. Дрвјата се подготвуваат за зима Пократките денови се знак за дрвјата да започнат да се подготвуваат за зима. За време на зимскиот период нема доволно сончева светлина за одвивање на процесот фотосинтеза, па како што се скратува денот во есен, дрвјата започнуваат да го затвораат системот на производство на храна и да го намалуваат количеството на хлорофил во лисјата. Хемијата на есенските бои Хлорофилот е супстанцата која ги прави лисјата на дрвјата зелени и како што се намалува, останатите супстанци стануваат поизразени во лисјата. Тие се главните виновници за живописните жолти, црвени и килибарни бои на есента. Пигментите одговорни за овој процес се видови на флавоноиди, каротеноиди и антоцијаниди. Луѓето родени во есен живеат подолго Истражување во „Journal of Aging Research“ потврдило дека бебињата родени во есенските месеци имаат поголеми шанси да ја доживеат 100-тата година, отколку оние кои се родени во останатите месеци од годината. Деновите стануваат пократки Зборот еквинокс (рамноденица) потекнува од латинскиот збор equi (што значи еднаков) и nox (што значи ноќ), означувајќи дека денот и ноќта траат поеднакво. Ноќите се подолги за разлика од деновите веднаш по есенската рамноденица, сè до обратната смена (подолги денови, пократки ноќи) со почетокот на пролетната рамноденица. Зошто е важен датумот 24-ти септември 2303 година? Општо земено, есенската рамноденица секогаш се паѓа на 22-ри или 23-ти септември. Бидејќи Грегоријанскиот календар не е во совршена симетрија со земјината орбита, есенската рамноденица многу ретко се паѓа на 24-ти септември. Последен пат ова се случило во 1931 година и ќе се случи уште еднаш во 2303 година. Враќањето на Персефона Според грчката митологија, есента започнала кога Персефона била грабната од Хад (бог на подземниот свет) за да биде кралица на подземјето. Во паника, мајката на Персефона, Деметра (божица на земјоделието и на новиот живот) ги уништила сите житни посеви на земјата, додека на нејзината ќерка не ѝ се овозможи враќање од подземјето, што го означува почетокот на пролетта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekolku-interesni-fakti-za-esenta-koi-ne-ste-gi-znaele/feed/ 0
Интересни факти пред СП: Кој е највисокиот, а кој најнискиот играч, па кој е најстар, а кој најмлад… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/interesni-fakti-pred-sp-koj-e-najvisokiot-a-koj-najniskiot-igrach-pa-koj-e-najstar-a-koj-najmlad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/interesni-fakti-pred-sp-koj-e-najvisokiot-a-koj-najniskiot-igrach-pa-koj-e-najstar-a-koj-najmlad/#respond Sun, 20 Nov 2022 16:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=763855

Најдобрите 32 репрезентации во светот од утре ќе ја започнат борбата за највредниот трофеј во фудбалот, тоа е пехарот наменет за победникот на Светското првенство. Катар е домаќин на вкупно 832 фудбалери, по 26 од секоја селекција. Во пресрет на стартот на првенството, ви откриваме неколку интересни факти. Играчот за врска на Мароко, Илијас Чар го има приматот на најнизок фудбалер на Мундијалот во Катар. Фудбалерот на англискиот КПР е висок само 158 сантиметри. За разлика од него, највисок фудбалер на планетарниот собир е голманот на холандската репрезентација, Андрес Ноперт кој е висок дури 203 сантиметри, односно цели 45 сантиметри е повисок од најнискиот Чар. Најмлад фудбалер е големиот талент на германскиот фудбал, Јусуф Мукоко кој токму на денот на кој започнува Светското пренство ќе го прослави 18-тиот роденден. Најстар фудбалер е голманот на Мексико Алфредо Талавера, кој има 40 години и два месеци. Лионел Меси има одиграно 19 меча на Светските првенства, повеќе од било кој друг што ќе игра во Катар. Искусниот германски репрезентативец Томас Милер има дадено 10 голови, а има и шест асистенции, што е лидер во овие две категории меѓу сите 832 играчи кои се дел од овој планетарен собир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/interesni-fakti-pred-sp-koj-e-najvisokiot-a-koj-najniskiot-igrach-pa-koj-e-najstar-a-koj-najmlad/feed/ 0
СИГУРНО НИКОГАШ НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ – кралицата не одела во училиште и немала пасош, особено од еден факт ќе останете со подзинати усти https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sigurno-nikogash-ne-ste-znaele-kralicata-ne-odela-vo-uchilishte-i-nemala-pasosh-osobeno-od-eden-fakt-kje-ostanete-so-podzinati-usti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sigurno-nikogash-ne-ste-znaele-kralicata-ne-odela-vo-uchilishte-i-nemala-pasosh-osobeno-od-eden-fakt-kje-ostanete-so-podzinati-usti/#respond Fri, 16 Sep 2022 12:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=733688

Кралицата Елизабета почина на 96 години од својот живот, а на тронот помина седумдесет години, што е подолго од владеењето на нејзиниот татко и прадедо заедно. Во продолжение ова се најинтересните факти кои можеби не сте ги знаеле за кралицата: Слави два родендени Кралицата е родена на 21 април 1926-та година, но официјалната прослава се одржува втората сабота во месец јуни. Ова е традиција уште од 1748-та година кој ја започнал кралот Џорџ втори, тој бил роден во месец ноември, а тоа време не било добро за јавни прослави, па одлучил вториот роденден да го слави во потоплата доба од годината. Никогаш не одела во училиште Кралицата имала приватни наставници кои и предавале устав, историја, право и француски јазик. Сепак често зборела дека и недостигала формалното образование. Била во сродство со својот покоен сопруг Покојниот принц Филип и кралицата биле трети братучеди, а тие и биле чукунвнук и чукунвника на кралицата Викторија. Единствена е која на својата круна имала дијаманти од Индија Беше единствен монарх со најдолг стаж Не и било потребно пасош, ниту возачка дозвола Бидејќи британскиот пасош се издава на име на „нејзината величенственост“, неа не и било проблем да го поседува. За неа се снимени над 200 филмови и ТВ серии Според сајтот за рангирање на филмови, IMDb, за кралицата се снимени над 225 документарни играни филмови и телевизиски серии. Кралицата е најбогата личност во Велика Британија Богатството на кралицата се проценува над 370 милиони фунти, (426 милиони евра и 430 милиони долари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sigurno-nikogash-ne-ste-znaele-kralicata-ne-odela-vo-uchilishte-i-nemala-pasosh-osobeno-od-eden-fakt-kje-ostanete-so-podzinati-usti/feed/ 0
15 факти за левораките луѓе, мудри и покреативни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/15-fakti-za-levorakite-lugje-mudri-i-pokreativni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/15-fakti-za-levorakite-lugje-mudri-i-pokreativni/#respond Sat, 13 Aug 2022 17:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=718072

Дали и вие сте левораки? Тогаш сигурно знаете колку сте посебни, но можеби не сте ги чуле овие факти досега… Само 15% од светската популација се левораки. Научниците не се сигурни зошто левораките луѓе се толку ретки. Левораките луѓе имаа свој ден. 13 август е Меѓународниот ден на левораките луѓе. Четири од последните шест американски претседатели пишувале со лева рака. Меѓу познатите левораки луѓе се и: Опра Винфри, Џастин Бибер, Бил Гејстс, Анџелина Џоли, Еминем и многу други. Многу членови на британското кралско семејство пишуваат со лева рака, како кралица Елизабета II, принцот Чарлс и принцот Вилијам. Левораките луѓе се познати по тоа што се покреативни. Дали ќе бидете левучари или не, не е секогаш поврзано со генетика. Научиците откриле дека пишувањето со лева рака може да биде наследено, но не во иста мера како висината или интелигенцијата. Дури и близнаците кои го имаат истиот ген можат да имаат различни доминантни раки. Научниците засега веруваат дека чиста случајност е тоа со која рака ќе пишувате. Постои причина поради која ги носиме бурмите на лева рака. За тоа можеме да им се заблагодариме на Римјаните, бидејќи тие верувале дека „љубовната вена“ е поврзана со срцето преку четвртиот прст на левата рака. Близнаците често се левораки. Во 1996 година, едно белгиско истражување врз 1700 парови близнаци открило дека речиси 21% од нив биле левораки. Порано пишувањето со лева рака се сметало за „лоша навика“. Некои училишта дури и ги приморувале левораките луѓе да пишуваат „правилно“ односно со десна рака. Дури и зборот лево на англиски јазик е „left“, а тоа доаѓа од древен англиски збор „lyft“ што значи „слаб.“ Не се толку неспретни колку што изгледаат. Некои мислат дека левораките се многу неспретни и смотани, но тоа не е точно. Тие имаат проблем зато што поголемиот дел од облеката и предметите се прават за луѓето кои ја користат десната рака. Науката вели дека се подобри спортисти. Не затоа што се побрзи или посилни, туку затоа што на спортистите чија десна рака е доминантна, потешко реагираат на движењето на играчите кои се на нивната лева страна. Тие се мудри. Истражувањето потврдило дека повеќе левораки луѓе имаат IQ над 140 во споредба со оние кои пишуваат со десна рака. Жените кои подоцна во животот раѓаат дете најчесто раѓаат дете кое е леворако. Жените кои стануваат мајки во своите 40-ти години имаат двојно повеќе шанси да родат леворако дете. Многу левораки луѓе пишуваат со двете раце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/15-fakti-za-levorakite-lugje-mudri-i-pokreativni/feed/ 0
Интересни факти за спиењето кои СИГУРНО не сте ги знаеле https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesni-fakti-za-spienjeto-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesni-fakti-za-spienjeto-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele/#respond Fri, 06 May 2022 20:09:45 +0000 https://kurir.mk/?p=673021

Според истражувања направени од стручни лица, дојдено е до интересни факти поврзани со спиењето. 1. Најдолг забележан период без сон траел неверојатни 18 дена, 21 час и 40 минути. 2. Во првата година по раѓањето на бебето, родителите спијат 400 до 750 часа помалку од вообичаено. 3. Кога не сте наспани алкохолот може да има двојно посилен ефект на вас. 4. Просечен човек преспива третина од својот живот. 5. 12 отсто од луѓето сонуваат црно – бело . 6. Може да ги сонуваме само луѓето кои некогаш сме ги виделе. 7. За вашиот внатрешен часовник денот трае подолго од 24 часа, но се приспособува на околината. 8. Најмногу ви се спие околу 4 часот попладне и наутро, а најбудни сте околу пладне. 9. Бебето спие 10 до 19 часа дневно. 10. Побрзо може да умрете од неспиење, отколку од глад. 11. Дури и слепите луѓе сонуваат во слики. 12. Недоволниот сон го зголемува гладот. 13. Броењето овци не е добар начин за да заспиете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesni-fakti-za-spienjeto-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele/feed/ 0
5 неверојатни факти за најпознатата пирамида на светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-neverojatni-fakti-za-najpoznatata-piramida-na-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-neverojatni-fakti-za-najpoznatata-piramida-na-svetot/#respond Thu, 21 Apr 2022 14:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=666499

Пирамидите лоцирани во Гиза се секако една од најпознатите градби на сите времиња. Тие се наоѓаат на само петнаесет километри од Каиро, а се единствените од списокот на антички светски чуда што можат да се видат денес. Најпозната меѓу нив е Кеопсовата пирамида, а ова се некои работи за неа кои можеби досега не сте имале шанса да прочитате… Изграденa за време на владеењето на Кеопс Не се бунете ако некаде прочитате дека била изграден во времето на Куфу, имајќи предвид дека Куфу и Кеопс се всушност една иста личност. Многу брзо по добивањето на власт, Кеопс изградил пирамида во која ќе биде погребан, која по повеќе од 4 и пол илјади години стои и денес. Исто така, помалку е познато дека другите две пирамиди, Кефреновата и Микериновата, исто така биле изградени од Кеопс. Пирамидите и денес изгледаат импресивно и после толку години, иако секако, на нив може да се забележи забот на времето, па така страните на пирамидата долго време не биле целосно мазни како кога била завршена изградбата. Се градeла повеќе од 20 години Биле потребни околу 20 години за да се заврши Големата пирамида. Грчкиот историчар Херодот тврди дека за работата биле потребни 100.000 работници, но неодамнешните докази покажуваат дека за работата била потребна работна сила од најмногу 40.000 луѓе. Има значителна дебата за тоа како биле изградени пирамидите и дали работниците биле робови или квалификувани работници, како и колку биле потребни за изградба. Едно нешто што се чини дека е решено во последниве години, а тоа е фактот дека работниците најверојатно биле платени, а не робови, како што се мислело многу години. За изградба требало над 2 милиони камени блокови Египетскиот споменик се состои од околу 2 и пол милиони камени блокови. Проценките за количината на употребените материјали се 5 милиони тони варовник и 8.000 тони гранит. Методот што се користел за транспорт и поставување на блоковите е уште еден извор на дискусија меѓу експертите. Камењата најверојатно биле влечени по песокот и подигнати со помош на систем од јажиња или туркани на рампи кои биле подмачкани со вода за да се спречи триење. За да ги донесат камењата на градилиштето, ги носеле на чамци покрај Нил и евентуално ги турнале низ пустината со „машина“ измислена за таа цел. Речиси 4 илјади години највисоката зграда во светот Пирамидата е импозатна градба, а цели 3.800 години била највисоката градба направена од човекот. Висината на пирамидата е 146 метри, а во 1300 година од н.е. ја „симнала“ од тронот катедралата во Линколн, Британија, која е висока 160 метри. Неколку пати била ограбена Иако пирамидата ја открил британскиот истражувач Вилијам Петри, во неа влегле „непоканети“ гости многу пред него. Имено, неколку пати ја посетиле разбојници. Треба да се каже дека грабежот бил вообичаена појава во древниот Египет, поради одмазда, за време на економски тешкотии или од роднините на починатиот. Кралевите се сметале за инкарнација на богот Хорус, па затоа потомците на мртвите кралеви ги гледале предметите од гробниците како свои и не размислувале два пати да „позајмат“ вредни предмети од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-neverojatni-fakti-za-najpoznatata-piramida-na-svetot/feed/ 0
10 факти за Земјата кои можеби не сте ги знаеле https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/10-fakti-za-zemjata-koi-mozebi-ne-ste-gi-znaele/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/10-fakti-za-zemjata-koi-mozebi-ne-ste-gi-znaele/#respond Wed, 28 Apr 2021 07:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=503121

Неодамна се одбележа Денот на планетата Земја во 150 држави, а ова се неколку факти за Земјата кои можеби не сте ги знаеле. 1. Земјата е трета планета оддалечена од Сонцето и петта најголема во нашиот Сончев систем. 2. Од Сонцето е оддалечена 149.597.891 километар. 3. Со 12.742 километри, пречникот на Земјата е само неколку илјадни километри поголем од пречникот на Венера. 4. Четирите годишни времиња се резултат на Земјината оска на ротација која е навалена за повеќе од 23 степени. 5. Должината на годината на Земјата е 365 дена, 6 часа и 16 минути. 6. Океаните зеземаат речиси 70 проценти од површината на Земјата. 7. Минималната температури измерена на Земјата е -87,8 степени Целзиусови, а максималната 57,8 степени Целзиусови. 8. Свежа вода постои во течна форма само во температурен распон од 0 до 100 степени Целзиусови. Овој температурен распон е особено низок кога се констатира распонот на температури пронајдени во Сончевиот систем од -300 до 500 степени. 9. Присуството и дистрибуцијата на водената пареа во атмосферата е одговорна за најголем дел од временските прилики на Земјата. 10. Атмосферата во близина на површината на Земјата се состои од 78 проценти азот, 21 процент кислород и 1 процент останати состојки. Ваквата атмосфера влијае на долгорочна клина и краткорочно локално време, штити од речиси сите штети зрачења кои доаѓаат од Сонцето и од метеорите, пренесува „Национална географија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/10-fakti-za-zemjata-koi-mozebi-ne-ste-gi-znaele/feed/ 0
Кој и како “ПРОВЕРУВА ФАКТИ“ на социјалните мрежи и блокира ваши мислења и објави во јавноста? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-i-kako-proveruva-fakti-na-socijalnite-mrezi-i-blokira-vashi-mislenja-i-objavi-vo-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-i-kako-proveruva-fakti-na-socijalnite-mrezi-i-blokira-vashi-mislenja-i-objavi-vo-javnosta/#respond Sun, 03 Jan 2021 12:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=451541

Модерната, современа пракса која во средниот век ја спроведувале верските инквизитори, а во комунизмот цензорите за гушење на слобода на говорот како заштита на нивните интереси во јавноота денес се остварува преку така наречените “проверувачи на факти“. Тоа е мрежа на “невладини организации“ кои во најголем дел се под контрола на глобалната фондација на Џорџ Сорос, пишува ВЕСТИ. Целиот текст прочитајте го на ВЕСТИ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-i-kako-proveruva-fakti-na-socijalnite-mrezi-i-blokira-vashi-mislenja-i-objavi-vo-javnosta/feed/ 0
Царовска за предметот историја: Новите генерации треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/#respond Wed, 16 Dec 2020 11:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=443988

Новата концепција за основно образование, со која повеќе предмети се интегрираат во еден предмет, а историја повеќе нема да се изучува како посебен, туку дел од општествените науки, министерката за образование и наука Мила Царовска го објасни како промени кои се во согласност со развиените земји каде има интеграција на природни и општествени науки. Таа негира дека спојувањето на историја со другите предмети се должи на моменталниот спор со Бугарија и негирањето на бугарската страна на нашата историја. – Исто, предметот по биологија и предметот по хемија се интегрираат во исто време кога се отвора дискусијата со бугарската страна. Прави некаква разлика? Зборуваме за интеграција на природни и општествени науки што се случува секаде во светот во развиените земји коишто постигнуваат огромни резултати кај своите ученици. Нашата идеја е да создадеме младина, граѓани, иднина којашто ќе може да ја движи оваа држава кон економски и социјален развој. Токму затоа образованието и промените коишто ги правиме се создадени врз основа на анализи коишто се претходно добро подготвени врз основа на одредени методологии коишто даваат точно каде се критичните точки. А критичните точки се дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски без да поврзуваат, истакна Царовска. Таа потенцира дека е потребен концепт на преминување од фактичко учење кон размислување или училиште во коешто ќе се учи најзначајното. – Тоа се новите генерации коишто треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат, да анализираат различна литература и да донесуваат одлуки врз основа на анализите коишто самостојно ги направиле, вели министерката. Царовска потенцира дека концепцијата за основно образование е развојна. Таа се базира на домашни и меѓународни истражувања, но исто така и на анализа на постојни светски добро поставени концепции за основно образование коишто даваат одлични резултати кај учениците. – И ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден, како главно носечки, и правото на изборни предмети и воннаставни содржини е секаде во светот, во развиените земји, поставен како таков. Зошто? Затоа што кажав дека на тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку ги учи да учат и критички да размислуваат за одредена тема. Исто така даваме можност учениците да го постигнат својот личен потенцијал од најмала возраст. И секако, училиштето треба да не учи на вредности коишто во изминатиот период и не така баш беа воспоставени во системите за образование, рече Царовска. Таа апелира професорите, учениците и наставници да ги следат промените. – Ќе има јавна презентација. Сега сме во дискусија со засегнатите страни и процесот ќе биде транспарентен, рече Царовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/feed/ 0
Непознати факти за Папите: Папата Јован XVII умрел за време на с*кс со мажена жена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nepoznati-fakti-za-papite-papata-jovan-xvii-umrel-za-vreme-na-s-ks-so-mazena-zena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nepoznati-fakti-za-papite-papata-jovan-xvii-umrel-za-vreme-na-s-ks-so-mazena-zena/#respond Tue, 11 Aug 2020 08:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=389139

Ватикан отсекогаш знаел да фасцинира со својата незвисност, богатство, но најмногу со своите тајни. Ова се неколку интересни факти за Папите кои досега не сте ги знаеле: 1. Кога Папата Бендикт XVI ја прогласи својата оставка, зборувајќи латински, само една новинарка, од италијанската агенција „Анса“, ја разбрала содржината на неговата порака. 2. Папата Фабијан, кој бил на служба од 236 до 250 година, воопшто не бил именуван како кандидат за Папа. Всушност, тој дошол во Рим за да присуствува на изборот на новиот епископ, но додека траела целата церемонија, на неговото рамо слетал галеб што означувало божји знак дека тој треба да е избран, па Фабијан ведаш бил прогласен за епископ. 3. Папата Пјер XII кој бил избран во 1939 година бил критикуван, бидејќи му се спротиставил на Хитлер. Во тоа време, Папата им помагал и организирал спасување на 860.000 евреи низ Европа. 4. Веројатно последната работа со која може да го поврзете Ватикан е скромноста и сиромаштијата. Отсекогаш папите поседувале луксузни автомобили, со кои биле транспортирани меѓу луѓето и за кои им аплаудирале во чест. Само Папата Франциск сакал син Форд Фокус. 5. Папата Бенедикт XVI никогаш не научил да вози автомобил, ниту пак поседувал возачка дозвола. Но, затоа имал пилотска лиценца и управувал со мал авион и хелихоптер кои бил во сопствеништво на Ватикан. Често го користел хелихоптерот за да се превозувал до папската резиденција. .6. Папата Иносент Трети во 1209 година прогласил сурова војна против кралевите, противниците на феудализмот и црковната хиерархија. Неговиот гласник го прашал како да ги разликува католиците од муслиманите, а папата одговори: "Убиј ги сите, Господ си го знае своето!" 7. Папата Лав Петти имал куче кое јадело заедно со него. Секако, дека тоа им сметало на некои луѓе, па му дале отров на кучето. Папата веднаш наредил да му се направи клизма од чисто злато. Баш штета, но тоа не му помогнало на кучето да преживее. 8. Папата Целестин Петти бил папа цели пет месеци. Се повлекол од престолот кога удрил со главата во ѕид. Тогаш тој одлучил да се врати на својот монашки живот, кој го водел пред да биде прогласен за Папа. Меѓутоа, неговиот заменик, Папата Бонифацие VII го затворил за да не може повторно да се врати на престолот. Умрел во заробеништво на 19 мај 1296 година. 9. Папата Јован XVII умрел за време на секс со мажена жена или како што некои други прераскажуваат, после состанок со нејзиниот бесен маж. И двете верзии од приказната се доста интересни. Папата Јован бил познат по тоа што за своето здравје му се заблагодарувал на ѓаволот. 10. Пред да стане Папа Пиј, бил познат по различните професии, вклучувајќи ја и книжевноста. Од неговото перо изглегла книгата „Приказна за двајца љубовници“. Ова е приказна за забранета њубов помеѓу една жена и осамен маж. Папската еротика станала една од најпродаваните книги на целиот петнаесети век. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nepoznati-fakti-za-papite-papata-jovan-xvii-umrel-za-vreme-na-s-ks-so-mazena-zena/feed/ 0