фактури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Nov 2022 13:13:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фактури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изработени се сметките за парно за октомври, во тек е нивна достава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izraboteni-se-smetkite-za-parno-za-oktomvri-vo-tek-e-nivna-dostava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izraboteni-se-smetkite-za-parno-za-oktomvri-vo-tek-e-nivna-dostava/#respond Wed, 30 Nov 2022 13:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=768874

Фактурите за топлинска енергија за месец октомври се изработени и во тек е нивна достава. Од ЕСМ известуваат дека износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати ќе бидe ист со оние за август и септември. -Во периодот октомври-април кога се испорачува топлинска енергија, цената на ангажираната моќност и испорачаната топлинска енергија за домаќинствата е финансиски подржана од Буџетот на Р.Северна Македонија преку АД ЕСМ со одлука на Владата, со цел обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба. Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач одделно е прикажана во фактурата како поединечна финансиска поддршка за фиксните и варијабилните трошоци. Потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следните денови на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма, додека останатите потрошувачи ќе ја добијат фактурaта во хартиена форма, се вели во соопштението. Во врска со начините на плаќање, потрошувачите ќе можат без провизија да ги плаќаат фактурите на наплатните пунктови на ЕСМ Снабдување. Потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување или ќе бидат известени за насочување на уплатата кон новиот снабдувач. Оние потрошувачи кои плаќаат со налог за плаќање, шалтерски во банка или преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и да ја внесат жиро-сметката на ЕСМ Снабдување наведена на фактурите. Од ЕСМ додаваат и дека интензивно се подготвуваат потрошувачите да ги имаат сите можности за плаќање како и претходно, како услугата “Брзо плаќање” и “EPAY” услугата за што дополнително ќе известат.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izraboteni-se-smetkite-za-parno-za-oktomvri-vo-tek-e-nivna-dostava/feed/ 0
Издавање и пренос на фактури по електронски пат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdavanje-i-prenos-na-fakturi-po-elektronski-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdavanje-i-prenos-na-fakturi-po-elektronski-pat/#respond Mon, 30 Mar 2020 10:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=324189

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Македонија, се уредува можноста даночните обврзници, покрај во хартиена форма, фактурите да ги издаваат и во електронска форма. Ова е со цел да се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето на хартија со цел намалување на ризикот од ширење на коронавирусот COVID-19. Вршителот на промет, кој има право да издава фактура, треба да го извести примателот на прометот, преку електронска пошта, електронска порака и/или на друг начин дека за време на траењето на вонредната состојба, фактурите и другите документи од членот 53 став 2 од Законот за данокот на додадена вредност ќе ги издава во електронска форма. Вршителот на прометот кој нема да го извести примателот на прометот, ќе продолжи да издава фактури и други документи од членот 53 став 2 од ЗДДВ во хартиена форма. Примателот на прометот во рок од 10 дена од приемот на известувањето има право да го извести издавачот на фактурата дека ја одбива електронската формата на достава. Ако по истекот на 10 дена од применото известување, примателот на прометот не ја одбие формата на достава, ќе се смета дека е согласен на електронската достава на фактури. Фактурите издадени во електронска форма на примателот на фактурата му даваат право на одбивка на претходниот данок согласно со членовите 33, 34 и 34-а од Законот за данокот на додадена вредност, право на поделба на претходните даноци согласно со членот 36 од Законот за данокот на додадена вредност и право на исправка на одбивката на претходниот данок согласно со членот 37 од Законот за данокот на додадена вредност Со фактурата издадена во електронска форма треба: -да биде обезбедена автентичноста на потеклото на фактурата на начин што примателот на фактурата може недвосмислено да утврди дека таа фактура е испратена од издавачот на фактурата, -да биде обезбеден интегритетот на содржината на фактурата на начин што применетата технологија и процедури да оневозможуваат промена на податоците во фактурата, -да биде обезбедена читливост на фактурата, односно визуелна и разбирлива слика на издадената фактура на компјутерскиот екран или други електронски уреди на еднаков начин како и на хартија. Обврзниците кои што издаваат и примаат фактури во електронска форма се должни да ги исполнат евиденциските обврски согласно со членот 52 од ЗДДВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdavanje-i-prenos-na-fakturi-po-elektronski-pat/feed/ 0