факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 05:07:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дебата „Државна матура или приемен испит на факултет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-drzhavna-matura-ili-priemen-ispit-na-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-drzhavna-matura-ili-priemen-ispit-na-fakultet/#respond Wed, 17 May 2023 05:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=835026

Дебата на тема „Државна матура или приемен испит на факултет“ денеска ќе се одржи во просториите на Универзитетот ФОН. На дебата, која е во организација на Американскиот универзитет на Европа, ќе присуствуваат поранешните министри за образование Мила Царовска и Никола Тодоров, како и продеканот за настава на ФЕИТ проф д-р Соња Геговска Зајкова, директорката на СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Маја Салиу и генералниот секретар на Сојузот на средношколци Влатко Стојковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-drzhavna-matura-ili-priemen-ispit-na-fakultet/feed/ 0
Се откажала од факултетот за да прави пари на Инстаграм – кога ќе ја видите ќе ви се крене притисокот, особено ова видео се гледа додека сте сами (+18) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-otkazhala-od-fakultetot-za-da-pravi-pari-na-instagram-koga-ke-ja-vidite-ke-vi-se-krene-pritisokot-osobeno-ova-video-se-gleda-dodeka-ste-sami-18/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-otkazhala-od-fakultetot-za-da-pravi-pari-na-instagram-koga-ke-ja-vidite-ke-vi-se-krene-pritisokot-osobeno-ova-video-se-gleda-dodeka-ste-sami-18/#respond Tue, 24 Jan 2023 21:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=791414

Алекса Колинс, која важи за една од најубавите фитнес модели во Калифорнија, повторно одлучи дека е време за провокации на социјалните мрежи. Русокосата објави уште една серија видеа и фотографии на Инстаграм, на кои е најблаго кажано, е оскудно облечена.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Alexa Collins (@alexacollins)

Ваквите нејзини потези не и се нови, бидејќи во одреден временски период таа има тенденција на сличен начин да го воодушеви и машкиот дел од нејзините следбеници кои веќе брои речиси 2,5 милиони.
 
Инаку, таа одлучила да се откаже од студии и да се посвети на ваквата кариера, каде на социјалните мрежи, пред се на Инстагран објавува провокативни фотографии. За кусо време успеала да заработи многу пари.
 
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-otkazhala-od-fakultetot-za-da-pravi-pari-na-instagram-koga-ke-ja-vidite-ke-vi-se-krene-pritisokot-osobeno-ova-video-se-gleda-dodeka-ste-sami-18/feed/ 0
На овие работи никој не ве предупредил: Кога ќе дипломирате, МОРА да сте подготвени на ОВА https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ovie-raboti-nikoj-ne-ve-predupredil-koga-kje-diplomirate-mora-da-ste-podgotveni-na-ova/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ovie-raboti-nikoj-ne-ve-predupredil-koga-kje-diplomirate-mora-da-ste-podgotveni-na-ova/#respond Thu, 15 Sep 2022 19:09:36 +0000 https://kurir.mk/?p=733363

После години и години образование, откако конечно во рацете ја држите дипломата, ви се чини дека целиот свет е ваш. Меѓутоа, реалноста брзо ве демантира и се соочувате со низа разочарувања. Ова се најголемите меѓу нив: Работата нема да ви „падне од небо“ Иако сте дипломирани, не значи дека нема да има потреба да барате работа. Стресот кој доаѓа со разговорите за работа и одбивањата е составен дел од овој процес – важно е да не се откажувате и да се наоружате со трпение. Ниедна работа не е лесна Илузијата дека секој веднаш ќе почне да ја работи работата од своите соништа брзо ќе се распадне. Веројатно некое време ќе мора да волонтирате и да обавувате должности кои другите не ги сакаат. Сепак, сето тоа спаѓа во стекнувањето искуство. Дружењата со пријателите ќе бидат поретки Иако мнозинството од нас мислат дека на факултет сме стекнале пријатели за цел живот, после дипломирањето животот често нè демантира. Штом ќе запрат предавањата, ќе се намалат и излегувањата на кафе за време на паузите и групното учење, па пријателствата ќе се проретчат. Врските стануваат посериозни Љубовните врски не се исти пред и после факултетот. Кога имате 18 години, не претставува проблем да се забавувате со некој кој нема план за иднината, но по завршувањето на факултетот сите бараме стабилност и сигурност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ovie-raboti-nikoj-ne-ve-predupredil-koga-kje-diplomirate-mora-da-ste-podgotveni-na-ova/feed/ 0
Општина Битола воспостави соработка со Архитектонскиот факултет од Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-bitola-vospostavi-sorabotka-so-arhitektonskiot-fakultet-od-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-bitola-vospostavi-sorabotka-so-arhitektonskiot-fakultet-od-skopje/#respond Mon, 30 May 2022 13:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=683685

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Професор д-р Огнен Марина декан на Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој, општината и факултетот ќе воспостават партнерство за клучни прашања во областа на архитектурата, урбанизмот, одржливиот развој и културното наследство, Заедничката соработка помеѓу страните потписници, опфатена со овој Меморандум, подразбира взаемна помош, поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти и сите планови и активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој. После потпишувањето на меморандумот, градоначалникот Коњановски, заедно со претставници од работната група од општина Битола, која е задолжена за изготвување на новиот ГУП на општината, присуствуваа на предавањето на реномираниот м-р Џовани М. Ботини, претседател на управниот одбор и директор на „Систематика“, компанија од Милано, Италија, која има децениски искуство во изработка на современи сообраќајни модели и решенија, студии, анализи и транспортни планови кои се движат од национални транспортни системи во повеќе држави во светот, низ сообраќајни планови за одржлива урбана мобилност до сообраќајни решениjа во соработка со реномирани светски архитекти, информираат од општина Битола]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-bitola-vospostavi-sorabotka-so-arhitektonskiot-fakultet-od-skopje/feed/ 0
Скопјанец фатен на дело додека ограбува факултет, ова не му била прва кражба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-faten-na-delo-dodeka-ograbuva-fakultet-ova-ne-mu-bila-prva-krazba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-faten-na-delo-dodeka-ograbuva-fakultet-ova-ne-mu-bila-prva-krazba/#respond Tue, 12 Apr 2022 14:42:24 +0000 https://kurir.mk/?p=661959

На 11.04.2022 околу 18:30 часот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Е.О.(33) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во Педагошкиот факултет, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Исто така, тој се сомничи дека околу 18:00 часот одзел предмети од двор на куќа на ул.„Алжирска“, кои исто така биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-faten-na-delo-dodeka-ograbuva-fakultet-ova-ne-mu-bila-prva-krazba/feed/ 0
Вучиќ запиша втор факултет, а веќе ја има и првата десетка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zapisha-vtor-fakultet-a-vekje-ja-ima-i-prvata-desetka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zapisha-vtor-fakultet-a-vekje-ja-ima-i-prvata-desetka-foto/#respond Sat, 06 Feb 2021 16:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=465206

Српскиот претседател, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која се наоѓа тој  со индекс. Под фотографија напиша дека денеска го положил првиот испит во Високото спортско училиште во Белград. - Само што го положив првиот испит во Високото спортско училиштe. Посебна благодарност до проф. Ивана Шикиќ Марков за сè што научив. Да се ​​пофалам, добив 10 по предметот Социологија на спортот. Среќен сум исто како кога го положив првиот испит на Правниот факултет, напиша Вучиќ.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-zapisha-vtor-fakultet-a-vekje-ja-ima-i-prvata-desetka-foto/feed/ 0
На ова никој не ве предупредил: Разочарувања со кои ќе се соочите по дипломирањето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ova-nikoj-ne-ve-predupredil-razocharuvanja-so-koi-kje-se-soochite-po-diplomiranjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ova-nikoj-ne-ve-predupredil-razocharuvanja-so-koi-kje-se-soochite-po-diplomiranjeto/#respond Fri, 16 Oct 2020 16:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=417312

После години и години образование, откако конечно во рацете ја држите дипломата, ви се чини дека целиот свет е ваш. Меѓутоа, реалноста брзо ве демантира и се соочувате со низа разочарувања. Ова се најголемите меѓу нив: Работата нема да ви „падне од небо“ Иако сте дипломирани, не значи дека нема да има потреба да барате работа. Стресот кој доаѓа со разговорите за работа и одбивањата е составен дел од овој процес – важно е да не се откажувате и да се наоружате со трпение. Ниедна работа не е лесна Илузијата дека секој веднаш ќе почне да ја работи работата од своите соништа брзо ќе се распадне. Веројатно некое време ќе мора да волонтирате и да обавувате должности кои другите не ги сакаат. Сепак, сето тоа спаѓа во стекнувањето искуство. Дружењата со пријателите ќе бидат поретки Иако мнозинството од нас мислат дека на факултет сме стекнале пријатели за цел живот, после дипломирањето животот често нè демантира. Штом ќе запрат предавањата, ќе се намалат и излегувањата на кафе за време на паузите и групното учење, па пријателствата ќе се проретчат. Врските стануваат посериозни Љубовните врски не се исти пред и после факултетот. Кога имате 18 години, не претставува проблем да се забавувате со некој кој нема план за иднината, но по завршувањето на факултетот сите бараме стабилност и сигурност.]]>

После години и години образование, откако конечно во рацете ја држите дипломата, ви се чини дека целиот свет е ваш. Меѓутоа, реалноста брзо ве демантира и се соочувате со низа разочарувања. Ова се најголемите меѓу нив: Работата нема да ви „падне од небо“ Иако сте дипломирани, не значи дека нема да има потреба да барате работа. Стресот кој доаѓа со разговорите за работа и одбивањата е составен дел од овој процес – важно е да не се откажувате и да се наоружате со трпение. Ниедна работа не е лесна Илузијата дека секој веднаш ќе почне да ја работи работата од своите соништа брзо ќе се распадне. Веројатно некое време ќе мора да волонтирате и да обавувате должности кои другите не ги сакаат. Сепак, сето тоа спаѓа во стекнувањето искуство. Дружењата со пријателите ќе бидат поретки Иако мнозинството од нас мислат дека на факултет сме стекнале пријатели за цел живот, после дипломирањето животот често нè демантира. Штом ќе запрат предавањата, ќе се намалат и излегувањата на кафе за време на паузите и групното учење, па пријателствата ќе се проретчат. Врските стануваат посериозни Љубовните врски не се исти пред и после факултетот. Кога имате 18 години, не претставува проблем да се забавувате со некој кој нема план за иднината, но по завршувањето на факултетот сите бараме стабилност и сигурност.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ova-nikoj-ne-ve-predupredil-razocharuvanja-so-koi-kje-se-soochite-po-diplomiranjeto/feed/ 0
За упис на факултетите со диплома за завршено средно образование во оваа учебна година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-upis-na-fakultetite-so-diploma-za-zavrsheno-sredno-obrazovanie-vo-ovaa-uchebna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-upis-na-fakultetite-so-diploma-za-zavrsheno-sredno-obrazovanie-vo-ovaa-uchebna-godina/#respond Tue, 05 May 2020 14:43:37 +0000 https://kurir.mk/?p=342003

На високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови, ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави министерот за образование и наука Арбер Адеми. -Ги уредивме и уписите во оваа академска година на високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави Адеми на својот Фејсбук-профил, соопштувајќи дека Владата на седница  ги усвоила уредбите за основното, средното и виското образование со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитнообразовниот систем. Адеми ги наведува и одлуките кои Владата ги донесе во четвртокот –  укинување на државната матура, училишната матура и завршниот испит за учениците од завршните години запишани во оваа учебна година, учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи односно наставата до 10 јуни ќе заврши по пат на далечинско учење, а уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни наместо во мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-upis-na-fakultetite-so-diploma-za-zavrsheno-sredno-obrazovanie-vo-ovaa-uchebna-godina/feed/ 0
Чудо од дете: Малечок гениј заврши факултет на 9 години, никој не може да открие како толку брзо учи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chudo-od-dete-malechok-genij-zavrshi-fakultet-na-9-godini-nikoj-ne-moze-da-otkrie-kako-tolku-brzo-uchi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chudo-od-dete-malechok-genij-zavrshi-fakultet-na-9-godini-nikoj-ne-moze-da-otkrie-kako-tolku-brzo-uchi/#respond Mon, 18 Nov 2019 08:17:29 +0000 https://kurir.mk/?p=265194

Малечкиот генијалец од Белгија, Лорен Симонс, со само 9 години ќе добие факултетска диплома. Тој студира електротехника на Универзитетот во Ајндховен, кој важи за еден од најтешките и за многу постари студенти, не само за надарените деца. Лорен целиот факултетски персонал го опишува како „извонреден“, а очекува во декември да ги заврши основните студии. Не планира тука да застане, туку сака да запише докторски студии по електротехника, додека истовремено студира медицина. Кога неговите баба и дедо му рекоа дека е надарен, родителите Лидија и Александер мислеле дека претеруваат. Меѓутоа учителите тоа им го потврдија. „Кај него забележаа нешто посебно“, вели мајката Лидија. Го тестираа повеќе пати, а малечкиот Лорен се впиваше како сунѓер. Сепак родителите досега не добија објаснување зошто Лорен така брзо учи. Да потсетиме, откако шестгодишниот материјал за средно училиште го помина за само година ипол дена, Лорен доби диплома - онаа која ја добиваат 18-годишни деца. Како што рекоа неговите родители, Лорен има коефициент на интелигенција 145. Овој малечок гениј своевремено за локалното радио изјави дека најдобро му оди математика која му е омилен предмет „затоа што е толку обемна, има и статистика и геометрија и сметање“. На надарените студнети им е овозможено побрзо да поминат преку материјалот и одделенијата. „Лорен е најбрз студент кој сме го имале. Не само што е хиперинтелигентен, туку и многу симпатично момче“, рече Сјерд Хулсхоф од Универзитетот во Ајндховен. Неговиот напредок не помина незабележано, па веќе го бараат престижни универзитети ширум светот за кај нив да го продолжи школувањето. Сепак, родителите се трудат да не поминува време само во учење. „Не сакаме да биде премногу сериозен, прави што сака. Мора да се најде рамнотежа меѓу тоа што тој е само дете и неговите таленти“, вели мајката. Лорен сака да си игра со своето куче, но и да „блее“ во својот телефон како повеќето млади. Инаку, би сакал да се занимава со развојот на вештачки орагни. Пред тоа, го очекува заслужениот одмор во Јапонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chudo-od-dete-malechok-genij-zavrshi-fakultet-na-9-godini-nikoj-ne-moze-da-otkrie-kako-tolku-brzo-uchi/feed/ 0
Зошто на докторски студии во Словенија!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-na-doktorski-studii-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-na-doktorski-studii-vo-slovenija/#respond Mon, 12 Aug 2019 09:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=228821

Европска диплома и висок квалитет на работа со докторанди се двете клучни предности што ги нуди Словенија за странските студенти на 3 степен образование. Иако Словенија и Македонија се две слични, сепак се и многу различни, држави. Слични по големина и менталитет на сопствените жители, но различни според стандардот на живеење, еколошката свест, културолошката развиеност, политичкото милје и што е најважно, квалитетот на образовниот систем. Предноста која европската диплома ја нуди за побрзо да се валоризира вложеното во едукацијата ги зголемува интересот меѓу Македонците да се школуваат надвор од државава. Интересот за студии во Словенија сè повеќе расте меѓу македонските академски граѓани кои одлучуваат своето високо образование да го реализираат надвор. Причините се бројни, како географската близина, јазичната блискост, но преовладуваат оние кои се поврзани со квалитетот на образованието, бизнис потенцијалите, односот меѓу професорите и студентите што се опишува како поотворен и можноста да се напредува преку интеракција. Словенија, всушност, е „портата“ на Македонија кон земјите на Европската Унија. Сите овие квалитативи на оваа земја се магнет за македонските интелектуалци. Затоа, од оваа година и Факултетот за применети општествени студии и Факултетот за медиуми, високо реномирани образовни институции, ги отворија своите врати за македонските доктори на науки. Важно е да се напомене дека Факултетот за применети општествени студии, од оваа година, е добитник на Жан Моне центарот за извонредност (Jean Monnet Centre of Excellence), кој претставува ЕУ стратешка опсерваторија за Европа 2030. Со ова, всушност, се дава признание за одличниот статус на овој факултет во Европската Унија. Во Словенија се добива диплома која има европско значење, но претставува круна на светско знаење во дадена област. Потенцијалните доктори на науки работат индивидуално на својата докторска дисертација, но под менторство на искусни професори. Индивидуалната работа вклучува самостојно проучување литература, подготовка и презентација на индивудални проекти, потоа истражувачка работа на студентите во истражувачки проекти во рамки на учењето и подготовка на докторска диспозиција и дисертација. Исто така, на ФПОС и на ФАМ, во последната деценија, наставата се изведува според декларацијата од Болоња. Нашите студенти – доктори на науки слушаат предавања на англиски јазик, но за прв пат, може својата докторска дисертација да ја подготват и да ја одбранат или на англиски или на српски јазик. Со ова, всушност, се надминува сериозен проблем на генерациите кои не го изучуваа англискиот јазик во својот процес на образование. Да се добие диплома од Словенија за докторски, тригодишни, студии значи дека се совладани фундаменталните теоретски и методолошки знаења во конкретната област. Искусни професори – теоретски и практично – го „менаџираат“ знаењето и процесот на совладувања на знаењето. Студиите се добро структурирани и практично, студентите се водени од многу искусни супервизори. Одлична предност да се студира на овие две високо-образовни институции е и можноста многу малку да се патува во Словенија. Станува збор за минимален број денови за престој, а тоа е значајно за сите кои се вработени или ангажирани во Македонија кои сакаат да го продолжат своето образование во оваа европска држава. Користејќи ја технологијата, всушност, се совладува географската одалеченост за дисеминација на образованието. Докторот на науки добива низа генерални компетенции по завршување на студиите во Словенија. Секоја студиска програма е насочена кон знаење и владеење врвни вештини и инструменти за истражувања. Имено, секој завршен доктор на науки е способен да идентификува одредени истражувачки проблеми, да анализира и да најде соодветно решение, потоа да создава нови знаења како релевантен придонес во науката, да ги владее методите, процедурите и процесите на истражувачка работа, да биде способен за индивидуално истражување и развојна работа и способен да води тим истражувачи, да ја разбира важноста за квалитет и да се насочи кон квалитетна професионална работа преку себе-автономија, себе-критикување, себе-рефлексија и себе-евалуација во работата и да биде посветен на професионалната етика. Секој доктор на науки практикува иновативен пристап при користење и создавање комбинации од емпириските истражувачки методи (триангулација) и формира и имплементира оригинални научни решенија за конкретни научни предизвици. Докторандите се вклучуваат во подготовка на многу меѓународни истражувачки проекти и се многу активни во соработка и размена на меѓународно ниво. Оваа можност ја гарантираат двете високо образовни институции Факултетот за применети општествени студии и Факултетот за медиуми затоа што се дел од многу меѓународни мрежи со високо-образовни институции и компании. Притоа, секој докторанд може да ја работи својата теза преку конкретен проект, со добивање база на податоци со кои располагаат факултетите или самостојно да избере и да работи своја индивидуална тема. И во двата случаи, потенцијалниот доктор на науки добива сериозна помош од колегите – докторанди, од повозрасните доктори на науки, од професорите и од самите образовни институции. Забелешка: За сите информации, идните доктори на науки, може да дојдат на информативниот ден кој се организира на 02.09.2019 година во 17 часот и 30 минути во хотел Солун, центар на Скопје, кога професори од двата факултети ќе бидат присутни во Македонија и ќе ги објаснуваат сите потенцијали за студирање во Словенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-na-doktorski-studii-vo-slovenija/feed/ 0