факултети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Aug 2022 05:16:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png факултети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уписи на УКИМ: Четири факултети имаат по над илјада слободни места за бруцоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/#respond Tue, 23 Aug 2022 05:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=722384

Од 23-те факултети кои се во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, четири нудат по над илјада слободни места за студенти кои би се запишале во прва година во академската 2022/2023 на претстојните уписи. Природно-математичкиот (ПМФ), Филолошкиот, Правниот факултет и ФИНКИ заедно располагаат со 4535 места за бруцоши или 41,53 отсто од вкупно 10 918 предвидени во Конкурсот на УКИМ за новата студиска година. ПМФ има најмногу слободни места (1275), нуди 28 студиски програми на кои може да се запишат бруцоши – 655 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 445 за редовни кои плаќаат школарина и 175 слободни места за вонредни студенти. -Најголем интерес во последните неколку години постои за студиите по биологија, посебно за студиските програми Биохемија и физиологија и Молекуларна биологија со генетика. Постои растечки тренд и во бројот на студенти кои се одлучуваат да студираат хемија на студиската програма Применета хемија – аналитичка биохемија, изјави за МИА проф. д-р Александар Скепаровски, декан на ПМФ. Од оваа учебна година на студиите по биологија се нуди нова студиската програма по Екологија и животна средина (тригодишни студии). Минатата учебна (2021/2022) година започна со реализација студиската програма Менаџмент и заштита на културното наследство на Институтот за етнологија и антропологија. -Голем дел од студиските програми кои беа акредитирани во 2016 и 2017 година поминаа низ процес на реакредитација, па и покрај тоа што тие ги задржаа своите називи, нивните наставни програми и планови се освежени и модернизирани, додава деканот на Природно-математичкиот факултет. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ може да прими 1125 студенти во прва година на 22 студиски програми – 555 редовни во државна квота, 430 редовни со школарина и 140 вонредни. Студиските програми на Филолошкиот факултет опфаќаат области од македонскиот јазик, македонската книжевност и култура, општа и компаративна книжевност, преведување и толкување, други национални јазици, како и петнаесетина странски јазици. -Нови програми, како и постојните, но редизајнирани ќе нудиме следната година со новата акредитација, вели деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска. За МИА изјави дека континуирано најголем интерес има за програмата Англиски јазик и книжевност, потоа следуваат Преведување и толкување, и Германски јазик и книжевност. За студиската програма Македонски јазик има 80 слободни места, бројот е ист и оваа година како и на ланскиот конкурс, но, вели проф. Дучевска, не се пополнуваат сите слободни места. -Минатата година забележавме поголем интерес од претходните неколку години, кога имавме значително намален интерес. Очекуваме да се одржи, или да се зголеми, минатогодишната тенденција, додаде деканката на Филолошкиот факултет. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кој од основањето пред 11 години секоја година е сѐ поатрактивен за младите, располага со 1080 места (550 за редовни во државната квота и 530 редовни кои ќе плаќаат школарина) во седум студиски програми. Деканот, проф. д-р Иван Чорбев за МИА вели дека поради големиот интерес за упис на ФИНКИ, речиси сите места кои се обезбедени во квотата, се пополнуваат при уписот, на сите понудени насоки. -Интересот за упис генерално е отсликан во самите квоти кои ни се обезбедени поединечно по студиските програми. Согласно законот, 60 проценти од предметите се задолжителни на студиските програми, додека 40 отсто се изборни. Поголем дел од задолжителните предмети се заеднички за сите студиски програми, па изборот на конкретна програма при упис не е критичен. Заради големиот процент на изборност и високиот број изборни предмети кои ги нудиме, благодарение на поголемиот број вработени професори, студентите може да изберат супспецијалност и фокус со внимателно избирање изборни предмети соодветни на нивните желби, интереси и капацитети. Бројни се можностите за вработување по дипломирање од која било наша студиска програма и секоја нуди своја специфичност за која има интерес и кај матурантите, и кај работодавачите, истакнува деканот на ФИНКИ. Во однос на новините од оваа академска година, Факултетот работи на враќање во поголем обем на настава со физичко присуство, но и задржување на некои од бенефициите на хибридната настава со онлајн-интеракции. -Со оглед на зголеменото физичко присуство, од оваа година ФИНКИ планира значително унапредување на соработката со индустријата што ќе им овозможи на идните студенти уште попрактични знаења и вештини и со тоа и сигурно работно место и конкурентни плати, како и досега. Исто така, ФИНКИ континуирано работи на зголемување на сопствените капацитети за научно-истражувачка дејност во насока на зголемување на квалитетот на постдипломските и докторските студии, додава проф. д-р Чорбев. Според Конкурсот на УКИМ, Правниот факултет „Јустинијан Први“ нуди 1055 места во пет студиски програми – 440 места за редовни во државната квота, 560 за редовни со школарина и 25 места за вонредни студенти. Од вкупниот број слободни на овој факултет, 725 се за програмата Правни студии. Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Сашо Георгиевски, за МИА изјави дека во тек е реформирање на повеќе студиски програми на студиите во пресрет на нивната реакредитација наредната година. За студиската програма Правни студии, за која има најмногу слободни места, минатата година имало зголемен интерес од претходната. За студиите за Новинарство, пак, за кои според Конкурсот се предвидени 70 слободни места, Георгиевски вели дека во изминатите години, како и на другите студии, квотата не се пополнува. Според Конкурсот за упис на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет се слободни 10 918 места: 5306 за редовни студенти финансирани од буџетот кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти. Пријавувањето на кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование ќе биде на 30 и 31 август во првиот рок, иако на факултетите е веќе отворен системот за електронско аплицирање пред официјалните датуми. На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок. Оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување е на 25 и 26 август во првиот рок, вториот е на 14 и 15 септември и третиот рок на 28 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upisi-na-ukim-chetiri-fakulteti-imaat-po-nad-iljada-slobodni-mesta-za-brucoshi/feed/ 0
Лани дипломирале 7 753 студенти, за 12.2 отсто повеќе од 2020 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-diplomirale-7-753-studenti-za-12-2-otsto-povekje-od-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-diplomirale-7-753-studenti-za-12-2-otsto-povekje-od-2020-godina/#respond Fri, 27 May 2022 06:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=682202

Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 528, односно 84.2 отсто се редовни, а 1 225, односно 15.8 проценти се вонредни студенти. Од дипломираните, 58.8 отсто се студентки. Во рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број студенти, а по рокот 72 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-diplomirale-7-753-studenti-za-12-2-otsto-povekje-od-2020-godina/feed/ 0
Прв академски час на факултетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite-2/#respond Fri, 01 Oct 2021 05:58:36 +0000 https://kurir.mk/?p=571086

Прв академски час ќе се одржи денеска на факултетите во државава, со што ќе се означи почетокот на новата академска 2021/22 година. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како што е најавено, ќе има видео обраќање на првиот академски час на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на Економскиот факултет. Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, тој симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи на платото на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. На свеченоста свое обраќање ќе има проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски и деканот на Правниот факултет проф. д-р Горан Илиќ. На прво рангираните ново примени студенти ќе им бидат доделени индексите. Проректорот Ѓуровски на брушоците на УКЛО ќе им посака успешна академска година, потсетувајќи ги дека започнуваат еден нов степен на едукација низ кои што ќе ги градат специфичните знаења, ќе се изградуваат како личности и ќе стекнуваат нови, интересни искуства, пријателства и контакти што многу ќе им значат во животот. По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи и на Факултетот за безбедност во Скопје, каде, како што е најавено, ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот Никола Дујовски…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite-2/feed/ 0
За 1,7 отсто помалку запишани студенти во 2020/2021 во однос на претходната академска година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-1-7-otsto-pomalku-zapishani-studenti-vo-2020-2021-vo-odnos-na-prethodnata-akademska-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-1-7-otsto-pomalku-zapishani-studenti-vo-2020-2021-vo-odnos-na-prethodnata-akademska-godina/#respond Wed, 07 Jul 2021 10:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=533263

На високите стручни школи и на факултетите во земјава, во академската 2020/2021 година се запишале 50 881 студент, што е помалку за 1,7 процент во однос на 2019/2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, повеќе од половина од вкупниот број запишани се студентки односно 29 482 или 57,9 отсто. Најголем број студенти (83,8 проценти) се запишани на државните високообразовни установи, додека 15,5 проценти на приватните високообразовни установи. На прва година студии во 2020/2021 година се запишале 12 365 студенти или 24,3 отсто, соопшти ДЗС и посочува дека тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година втор, трет и повеќепати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-1-7-otsto-pomalku-zapishani-studenti-vo-2020-2021-vo-odnos-na-prethodnata-akademska-godina/feed/ 0
Прв академски час на факултетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite/#respond Thu, 01 Oct 2020 05:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=410843

За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе ги поздрави со присуство на првите академски часови на платото на Правниот и на Филозофскиот факултет, а онлајн ќе се обрати и на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет. Од Правниот факултет соопштија дека на настанот ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а од Филозофскиот факултет, кој годинава одбележува и сто години од основањето, најавија обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека наставата во оваа академска година на дел од 23-те факултети ќе се одвива целосно онлајн, а на некои хибридно – онлајн и со физичко присуство поради природата на наставните содржини и методите на нивно изучување. Свечен академски час денеска ќе организира и Факултетот за безбедност-Скопје при Битолскиот универзитет, кој ќе се одржи на факултетскиот стадион во населба Идризово. Од Факултетотот соопштија дека на врачувањето на индексите на нивните нови студенти ќе присуствува и ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-akademski-chas-na-fakultetite/feed/ 0
Наставата на италијанските факултети почнува на 21 септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastavata-na-italijanskite-fakulteti-pochnuva-na-21-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastavata-na-italijanskite-fakulteti-pochnuva-na-21-septemvri/#respond Thu, 17 Sep 2020 07:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=404391

Наставата на факултетите ширум Италија почнува в понеделник на 21 септември, а студентите на предавањата ќе мора да носат заштитни маски за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, изјави италијанскиот министер за високо образование Гаетано Манфреди. Универзитетите во Италија беа затворени во март, на почетокот на пандемијата со новиот коронавирус. Предвидено е на предавањата да присуствуваат 50 отсто од студентите, а во истовреме постои и можност за учење од далечина. Тоа се однесува на студентите кои живеат вон градот каде се факултетите, за странците, но и за сите други кои од различлни причини не можат да присуствуваат на предавањата. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastavata-na-italijanskite-fakulteti-pochnuva-na-21-septemvri/feed/ 0
„Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-pandemijata-kje-vlijae-vrz-studiranjeto-i-pazarot-na-trudot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-pandemijata-kje-vlijae-vrz-studiranjeto-i-pazarot-na-trudot/#respond Tue, 26 May 2020 07:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=350230

УКЛО, Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование денеска од 12:30 часот во рамки на онлајн  активности од областа на јавните политики ќе организираат е-дискусија на тема „Што велат студентите? Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот? Дали има потреба од нови јавни политики? Говорници во дискусијата ќе бидат проф. д-р Марјан Ѓуровски проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбендост-Скопје, проф. д-р Кирил Барбареев професор на Универзитетот „Гоце Делчев„, Алек Ицев менаџер за инженерство во Google, студентски лидери на УКИМ и УКЛО Борјан Ефтимов и Дона Петрова, Претставниците од Амбасадата на САД во земјава задолжени за образовна размена и алумни Газмент Илјази, за образование во САД Билјана Кузмановска Тасетовиќ и Никола Данев дипломиран на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Целта е поттикнување на активностите во високото образовните и во актуелните вонредни околности со цел мотивирање  на студентите преку електронска комуникација. Сесија  вклучува  дискуии  од професори од земјата и странствосподелување на практики за начинот на студирање денес и утре.  Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите инклузивност и опфаќање на широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и закани За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-pandemijata-kje-vlijae-vrz-studiranjeto-i-pazarot-na-trudot/feed/ 0
Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-site-fakulteti-da-organiziraat-onlajn-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-site-fakulteti-da-organiziraat-onlajn-nastava/#respond Thu, 19 Mar 2020 13:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=318960

Онлајн-настава за студентите од понеделник треба да организираат сите факултети од државните и од приватните универзитети во земјава поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на коронавирусот. Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска имаше средба со ректорот на УКИМ и претставник на сите државни универзитети, проф. д-р Никола Јанкуловски, и со проф. д-р Томе Неновски, претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи. По состанокот на прес-конференција тие соопштија дека универзитетите се информатички и технички опремени и професорите се подготвени да придонесат за организирање настава на далечина за студентите. Олеснителна околност, рече Адеми, е што, за разлика од основците од пониските одделенија, овде се работи за студенти кои се вешти во користењето на ИТ-уреди и едукативни алатки и апликации. – Се согласивме во следните денови сите единици во состав на универзитетите да вложат максимални напори за да се воведе одредена форма на онлајн-настава во интерес на нашите студенти и да почне да се реализира од следната недела. Тој начин на настава не е неизводлив и, практично, дел од факултетите веќе го применуваат во регуларниот тек на студиската година, рече министерот за образование и наука. Ректорот Јанкуловски соопшти дека денеска објавиле дневен ред за вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ со подготвен правилник за функционирање на Универзитетот во вакви услови. Рече дека УКИМ уште на 11 март, пред да се прогласи мерката, ја прекинал наставата и веднаш воспоставил далечинско учење за речиси сите програми на единиците на Универзитетот. -Веќе се во функција неколку видови платформи за далечинско учење. Направен е и распоред за работа на администрацијата која доаѓа на смени, со цел да се намали или да се избегне воопшто контактот помеѓу странките и вработените во администрацијата. Мислам дека на состанокот денеска се најде решение за непречено функционирање на одржувањето, пред сè, на додипломската настава на универзитетите. Се дискутираа евентуалните проблеми што понатаму би произлгле во врска со испитите, но се надевам дека и за тоа ќе најдеме решение, рече Јанкуловски. Претседателот на Конференцијата на приватни високообразовни установи, проф. Неновски, истакна дека во услови во кои е важно да се заштити здравјето, неопходно е да се воспостави бесконтактен систем со едукативни алатки преку кои студентите ќе учат од дома и дигитално ќе комуницираат со професорите. Рече дека и на Американ колеџ, каде што предава, исто така донеле одлука за прекин на наставата на 11 март, но дека едукацијата не е прекината. -На универзитетот втора недела не се одржуваат активности, но во овој период не седевме со скрстени раце, туку презедовме мерки за да обезбедиме непречено одвивање на колоквијалната испитна недела која ќе се одржува од понеденик, а веќе од 30 март може да продолжи и наставата за вториот дел од семестарот, за што користиме исклучително квалитетни алатки, рече Неновски. Додаде дека ова е веројатно почеток на нова ера во организирањето и реализирањето на високообразовната настава во нашата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-site-fakulteti-da-organiziraat-onlajn-nastava/feed/ 0