фалише – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 09:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фалише – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фалише и Сараќино три недели без вода за пиење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/falishe-i-sarakino-tri-nedeli-bez-voda-za-piene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/falishe-i-sarakino-tri-nedeli-bez-voda-za-piene/#respond Mon, 20 Feb 2023 09:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=802561

Жители на Фалише воедно и родители на деца апелираат што поскоро локалните власти да најдат решение со прекинот на вода за пиење што трае веќе три недели, односно од 1 февруари. Како родители на деца, ученици стравуваат за опасноста од заразни болести во училиштето каде исто така, според нив, нема вода. -Во период на висок технолошки развој, демократија и урбан начин на живот, тетовските села Сараќино и Фалише, кои се близу до град Тетово се без капка вода, жедни и оставени на самите себеси. Водата е основен елемент за преживување, а жителите на Фалише и Сараќино тоа го немаат во 21 век. Се работи за населени, развиени и живи места. Градоначалниците и локалната самоуправа да се преиспитаат и да помогнат, а не само пред избори да се сликаат! Не треба гласачко тело само, потребно е човек да си. Да се огласат и директорите на училиштата и да обелоденат дека во мизерни услови учат учениците, без вода, се вели во дописот на жителите до медиумите. Тие велат дека биле информирани за правањето на бушотина во Фалише, но не добиле одговор кога конечно ќе се добие вода за пиење. -Повеќе пари даваме за вода за пиење отколку за храна. Во оваа криза недозволиво е да се прави ова. Кога ќе добиеме вода за пиење од новата бушотина никој не ни кажува, кога ќе биде ископаната дупката, кога ќе се испита, кога ќе се изгради соодветна заштита за бунарот. Никој не не информира, велат жителите. Од работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово досега информираа дека за постапките околу новиот начин на водоснабдување но нема одговор кога конечно ќе се реши прекинот. -Почна да се копа бунар на 50 метри длабочина во земјата да се најде извор со вода како решение за Фалише и Сараќино има прекин во водоснабдувањето. Граѓаните да имаат трпение затоа што ова ќе биде долготрајно решение и нема повеќе да има проблеми со водоснабдувањето како досега, информираше Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово. Кога ќе се заврши бушењето, потребно е да се стават пумпи, фреквентен регулатор за одржување и регулирање притисок на вода како и нивелирање на водени удари, за да се опслужуваат двете села.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/falishe-i-sarakino-tri-nedeli-bez-voda-za-piene/feed/ 0
Тетовско Фалише трет ден без вода за пиење https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovsko-falishe-tret-den-bez-voda-za-piene/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovsko-falishe-tret-den-bez-voda-za-piene/#respond Fri, 03 Feb 2023 17:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=795872

Жителите на селото Фалише алармираат дека три дена немаат вода за пиење. Мештаните велат дека иако контактирале со надлежните од ЈКП Тетово не добиле одговор што е причината за немањето вода. -Три дена нема капка вода, навистина срамно во 21 век да немаш капка вода 36 часа. Се јавивме вчера (четврток) во ЈКП Тетово и денеска и ни рекоа дека ќе биде отстранет проблемот во најкус можен рок, а некако нема индиции ни да се направи. Кај сме три дена без вода сега до понеделник треба да чекаме да го санираат проблемот, се вели во дописот до нашата редакција од жителите на Фалише. Од Јавното комунално претпријатие „Тетово“ информираа само дека поради настанат дефект на водоводна мрежа, во селата Фалише и Сараќино нема вода. -Кога ќе се санира дефектот повторно ќе бидете известени, соопштија од ЈКП Тетово. Фалише и Сараќино со вода се снабдуваат од водоснабдувачки систем од реонот на Палчиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovsko-falishe-tret-den-bez-voda-za-piene/feed/ 0