фалсификат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 12:47:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фалсификат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одземени шест возила на територија на СВР Охрид поради сомнение за фалсификат, следуваат кривични пријави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odzemeni-shest-vozila-na-teritorija-na-svr-ohrid-poradi-somnenie-za-falsifikat-sleduvaat-krivichni-prijavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odzemeni-shest-vozila-na-teritorija-na-svr-ohrid-poradi-somnenie-za-falsifikat-sleduvaat-krivichni-prijavi/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:47:13 +0000 https://kurir.mk/?p=894508

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат. По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за коли на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица. Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и  по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odzemeni-shest-vozila-na-teritorija-na-svr-ohrid-poradi-somnenie-za-falsifikat-sleduvaat-krivichni-prijavi/feed/ 0
Кривична пријава против кумановец за фалсификување пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-kumanovec-za-falsifikuvanje-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-kumanovec-za-falsifikuvanje-pari/#respond Tue, 20 Dec 2022 13:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=778186

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.Д.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари" по член 268 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 2.000 денари и на 10.03.2022 ја употребил при купување гориво на бензинска станица во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-kumanovec-za-falsifikuvanje-pari/feed/ 0
Кривична пријава против штипјанец за фалсификување исправа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-shtipjanec-za-falsifikuvanje-isprava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-shtipjanec-za-falsifikuvanje-isprava/#respond Wed, 28 Sep 2022 18:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=738711

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д.(50) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 27.07.2022, при извршена контрола од полициски службеници од Граничниот премин Табановце, утврдено било дека пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола од Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-shtipjanec-za-falsifikuvanje-isprava/feed/ 0
На Родос и Санторини уапсени 27 лица со фалсификувани патни исправи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=719331

Со фалсификувани патни исправи, во два одвоени случаи, 27 лица, странски државјани, се обиделе од аеродромите на грчкиот острови Санторини и Родос да стигнат во Италија и Германија, но биле уапсени, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на проверките за спречување илегален излез и справување со трговијата со мигранти, од 13 до 15 август 2022 година на регионалните аеродроми во јужниот дел на Егејско Море беа уапсени вкупно 27 странски државјани, обвинети за поседување и користење фалсификувани патни исправи. Мнозинството од уапсените, односно 22 лица биле откриени на аеродромот на Санторини, а останатите пет уапсени лица на аеродромот на Родос. Целта на уапсените била со фалсификуваните документи авионски да стигнат во Италија и Германија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/feed/ 0
Струмичанка заработи кривична пријава – изработувала фалсификувани ПЦР тестови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/strumichanka-zaraboti-krivichna-prijava-izrabotuvala-falsifikuvani-pcr-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/strumichanka-zaraboti-krivichna-prijava-izrabotuvala-falsifikuvani-pcr-testovi/#respond Sun, 06 Feb 2022 14:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=627711

жСВР Куманово поднесе кривични пријави против В.М.(51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С.Ј.(25) од Радовиш, Р.М.(24) од Струмица, О.Ј.(23) од Радовиш, Џ.С.(43) од Радовиш, М.Р.(25) од Радовиш, С.С.(18) од Радовиш, Е.С.(47) од Радовиш, Е.Д.(65) од Радовиш, К.Р.(23) од Радовиш, С.Д.(67) од Радовиш и А.М.(24) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји. Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 09.10.2021 ги приложиле фалсификуваните тестови на Граничен премин „Табановце“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/strumichanka-zaraboti-krivichna-prijava-izrabotuvala-falsifikuvani-pcr-testovi/feed/ 0
НБРМ се огласи по појавата на фалсификувани банкноти, еве како да се заштитат граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-se-oglasi-po-pojavata-na-falsifikuvani-banknoti-eve-kako-da-se-zashtitat-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-se-oglasi-po-pojavata-na-falsifikuvani-banknoti-eve-kako-da-se-zashtitat-gragjanite/#respond Thu, 03 Feb 2022 13:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=626526

Народна Банка информира дека забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи за преземање активности во негова надлежност. Со цел да ги заштити граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на кој може лесно да се провери дали станува збор за фалсификат. Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност. Фалсификуваната банкнота може многу лесно да се препознае доколку се обрне внимание на основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средиштен дел на предната страна на банкнотата. Овој елемент кај фалсификуваната банкнота воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување на банкнотата под одреден агол, може да се воочи како се менува неговата боја од зелена во сина и низ елементот се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на следнава слика: Особено впечатлива е имитацијата на заштитниот конец, којшто е вметнат помеѓу двата слоја хартијата со видливи засеци и со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите. Но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно ќе се воочи дека е имитиран: Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат доколку се обрне внимание на водениот печат. Водениот печат кај овој тип фалсификат е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку ја поставиме банкнотата под извор на светлина: Сите информации поврзани со заштитните карактеристики на банкнотите со апоенска вредност од 2000 денари проследете ги на видеопрезентацијата на веб-страницата на Народната банка]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-se-oglasi-po-pojavata-na-falsifikuvani-banknoti-eve-kako-da-se-zashtitat-gragjanite/feed/ 0
СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ САКАЛЕ ДА ПОМИНАТ ГРАНИЦА: Откриен уште еден случај на вршење јавен превоз без лиценца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-falsifikuvani-dokumenti-sakale-da-pominat-granica-otkrien-ushte-eden-sluchaj-na-vrshenje-javen-prevoz-bez-licenca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-falsifikuvani-dokumenti-sakale-da-pominat-granica-otkrien-ushte-eden-sluchaj-na-vrshenje-javen-prevoz-bez-licenca/#respond Tue, 04 Jan 2022 10:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=615916

Денеска (04.01.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, тетовско. При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднеснеи пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-falsifikuvani-dokumenti-sakale-da-pominat-granica-otkrien-ushte-eden-sluchaj-na-vrshenje-javen-prevoz-bez-licenca/feed/ 0
Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/#respond Tue, 08 Jun 2021 07:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=520353

Лани на 1 октомври дури четворица шефови на наркокартели дошле во Скопје, се фотографирале во просториите на Министерството за внатрешни работи, оставиле отпечаток од прст, добиле нов идентитет и македонски пасош. Еден од нив е шефот на организацијата во албанскиот картел Компанија Бело, за кој обвинител во Италија проценува дека за три години заработил 210 милиони евра од продажба на кокаин по европските земји. Според податоците од обвинителниот акт, на 1 октомври 2020 година во Скопје македонски биометриски пасоши со украден идентитет добиле Бразилката Карине де Оливеира Кампос, Црногорецот Игор Вукотиќ, брат на лидерот на Шкаљарски клан, Србинот Ратко Живковиќ, припадник на кланот на Дарко Шариќ, и Албанецот Марку Герти, шеф на албанска криминална организација од картелот Компанија Бело. Сите четворица на тој 1 октомври биле фотографирани од сега осудената Наздрие Зековиќ, која ја призна вината, како и другите обвинети во случајот „Двојник“, објавува МКД.мк. Албанецот Марку Герти (38) во Скопје по пасош непречено доаѓа 15 дена откако против него и неговата група била спроведена меѓународна полициска акција во 10 држави и распишана меѓународна потерница од Интерпол Рим. Герти, кој е во бегство, во Скопје на 1 октомври 2020 година во 17.13 часот во канцеларија на управните служби на МВР се фотографира и остава отпечаток од прст, а на 21 октомври лично го зема македонскиот пасош со нов идентитет Елтон Авдиу. Три дена подоцна, на 24 октомври 2020 излегува преку државната граница на Македонија како Елтон Авдиу. Денес се претпоставува дека е во Еквадор, Јужна Америка, и дека сѐ уште е активен во снабдувањето на црниот пазар во Европа со кокаин. На 15 септември 2020 година ЕУРОПОЛ во 10 држави ја спроведува операцијата Лос бланкос за уништување на aлбанската криминална група Компанија Бело, оценета како една од најактивните мрежи за снабдување со кокаин на европскиот пазар. Обвинителството во Фиренца информира дека Компанија Бело е албански картел составен од 14 албански криминални организации вклучени во трговија со дрога. Овие организации ја прошириле контролата врз меѓународната трговија со дрога и енормно ги зголемиле профитите на членовите на картелот, кој делувал во Еквадор, Холандија, Белгија, Албанија и Италија. Компанија Бело имала привилегирани односи со јужноамериканските производители на кокаин, нарко баронот од Еквадор Цезар Емилио (Cesar Emilio Montenegro Castillo), познат како Дон Монти (Don Monti), кој бил поврзан и со колумбискиот картел Норте дел Вале (Norte dell Valle) и со мексиканскиот картел на Ел Чапо – Синалоа. Членовите на Компанија Бело увезувале и дистрибуирале големи количества дрога од Јужна Америка преку холандските и белгиските пристаништа. Во Италија браќата Герти и Едмонд Марку се обвинети за трговија со кокаин од Холандија во Италија, Германија и други европски држави. Италијанските обвинители проценија дека криминалната организација предводена од Герти и Едмонд Марку дистрибуирала најмалку 50 килограми кокаин неделно, што резултира со годишен обрт од 70,2 милиони евра. Истрагата покажала дека групата понекогаш продавала до 50 килограми на ден по 27.000 евра за килограм. Процената е дека групата на браќата Марку само за три години направиле промет од 210 милиони евра. Браќата Марку се во бегство. На 1 октомври 2020 година македонски пасош добива и Бразилката Карине Де Оливеира Кампос. Таа од Македонија излезе како Виолета Цонкова, Македонка од Бугарија. Во Бразил Кампос ја бараат за серија транспорти на кокаин. Во акција на бразилските специјалци во Сантос запленети се и 7 милиони долари заработени со дрога, од кои дел биле криени со заѕидување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/feed/ 0
Не се фалете на социјалните мрежи дека сте имунизирани, пасошот за вакцинација најбарана фалсификувана „роба“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-se-falete-na-socijalnite-mrezi-deka-ste-imunizirani-pasoshot-za-vakcinacija-najbarana-falsifikuvana-roba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-se-falete-na-socijalnite-mrezi-deka-ste-imunizirani-pasoshot-za-vakcinacija-najbarana-falsifikuvana-roba/#respond Sun, 30 May 2021 08:09:26 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516730

Во Германија во моментов најбарани се пасошите за вакцинација, а се појавуваат се поголем број на фалсификувани документи. Јавното обвинителство во Минхен соопшти дека сега пасошот за вакцинација е „најбарана факсификувана роба“. Преку онлајн платформи, може да се дојде до ваков фалсификат. -Цените на фалсификуваните пасоши за вакцинација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу двоцифрен и низок троцифрен број, се наведува во соопштението. Постојат и „акции“ за оние кои нарачуваат повеќе од еден пасош. Полицијата укажува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи бланко обрасците може легално да се нарачаат, а печатот на лекар лесно се добивал. Потребниот сериски број на вакцината фалсификаторите го превземаат од лицата кои се вакцинирале и со тоа се пофалиле на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-se-falete-na-socijalnite-mrezi-deka-ste-imunizirani-pasoshot-za-vakcinacija-najbarana-falsifikuvana-roba/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Има доволно време за транспарентен и релевантен попис, во спротивно се докажува дека Заев подготвува фалсификат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ima-dovolno-vreme-za-transparenten-i-relevanten-popis-vo-sprotivno-se-dokazuva-deka-zaev-podgotvuva-falsifikat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ima-dovolno-vreme-za-transparenten-i-relevanten-popis-vo-sprotivno-se-dokazuva-deka-zaev-podgotvuva-falsifikat/#respond Tue, 29 Dec 2020 08:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=449679

Зоран Заев е нервозен затоа што ВМРО-ДПМНЕ го фати во обид да го фалсификува пописот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Заев сака да спроведе талибански попис, како што организираше талибански избори. Заев не кажува ни по која методологија ќе се прави пописот и ја држи во незнаење и јавноста, но не ги прифаќа ни предлозите на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да ја сфати сериозноста на статистичката операција попис и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 10.000 терминали за отпечатоци од прст со кој ќе се спроведе вистински попис и ќе имаме реална слика. Само со набавка на терминали со отчитување за отпечатоци од прсти ќе се попише резидентното население и ќе се направи дистинкција на резидентите од државјаните, односно луѓето кои поседуваат македонско државјанство но не живеат во државата, се наведува во соопштението од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека апаратите за отпечатоци и така треба да се набават неколку месеци подоцна за локалните избори. -Пописот е стратешка операција врз база на која произлегуваат податоци врз основа на кои се спроведуваат политики на државата на среден и долг рок. Токму затоа Заев да ја сфати сериозни оваа операција и да ги надмине внатрепартиските превирања во корист на Македонија, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ima-dovolno-vreme-za-transparenten-i-relevanten-popis-vo-sprotivno-se-dokazuva-deka-zaev-podgotvuva-falsifikat/feed/ 0