фалсификувана диплома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Jan 2019 08:35:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фалсификувана диплома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фатени на дело фалсификатори на дипломи: Новинарка „завршила“ медицинско училиште за две недели (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fateni-na-delo-falsifikatori-na-diplomi-novinarka-zavrshila-medicinsko-uchilishte-za-dve-nedeli-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fateni-na-delo-falsifikatori-na-diplomi-novinarka-zavrshila-medicinsko-uchilishte-za-dve-nedeli-video/#respond Sat, 05 Jan 2019 08:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=148716

Новинарка од босанскиот медиум „Журнал“ успеала да се стекне со диплома од средно медицинско училиште во Сански Мост за само две недели, а притоа не присуствувала на ниту еден час. Откако на 20 декември минатата година ги предала документите, новинарката Азра Омеровиќ „завршила“ училиште и добила диплома со свидетелство за сите четири години со многу добар успех на 3 јануари. На дипломата на Медицинско техничкото училиште од Сански Мост пишува дека ученичката Азра Омеровиќ запишала „преквалификација” на 22 ноември 2016 година, а дека успешно го завршила образованието на 15 ноември 2018 година. Според свидетелствата, успешно положила анатомија и физиологија, хигиена со здравствена заштита, микробиологија, медицинска психологија, заразни болести, патологија, хирургија, фармакологија и дека обработила и практична настава. Приказната започнува во ноември минатата година, кога редакцијата „Журнал” добила документација од полициски и правосудни агенции, во која се наведува дека на подрачјето на Федерацијата Босна и Херцеговина се продаваат дипломи од средни училишта и сето тоа има врска со Центарот за образование од Широки Бријег, поддржани од страна на бизнисмени блиски до Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во БиХ. Документите покажуваат дека парите од Широки Бријег биле користени за основање на средношколски и високообразовни институции во БиХ и дека во овие установи издаваат сомнителни дипломи. Се наведуваат имиња на посредници кои работеле во одредени градови и кои за пари набавувале дипломи. За сараевскиот регион, бил одговорен извесен Сенад Пехливановиќ од Фојница. Омеровиќ со него имала кус телефонски разговор, а првпат се сретнале во Сараево. Како што и било кажано во училиштето, за преквалификација е неопходно најмалку една година, меѓутоа, Пехливановиќ можел да го обезбеди тоа многу побрзо за сума од 2.500 конвертибилни марки (околу 1.200 евра) наменети за „директорите и другите”. На средбата со Пехливановиќ, новинарката одбила да му даде пари однапред, а тој и рекол дека ќе мора да „бара алтернативни решенија” и дека овој пат нема да оди преку Широки Бријег. На истата средба, новинарката добила „специјален телефонски број”, наменет за договори околу дипломите. Редакцијата на „Журнал” дошла до листа на повици, која докажува дека Пехливановиќ од тој број единствено го контактирал Центарот за образование од Широки Бријег. Пехливановиќ тогаш на новинарката и рекол дека до 15 јануари ќе добие диплома за средно медицинско училиште на нејзино име. Омеровиќ на 2 јануари, во 14:46, добила порака од Пехливановиќ дека сé е готово, а предавањето на дипломата било закажано за 3 јануари. Тој на 3 јануари се појавил на закажаното место со свидетелства и дипломи за завршено Медицинско техничко училиште од Сански Мост – заверени, со воден печат и јасни потписи, како и со оценки, кои новинарката никогаш не ги добила. По примо-предавањето, новинарската екипа му се претставила на Пехливановиќ, а сè било снимено. – Господине Пехливановиќ, за жал, не сте уапсени. Ние ова го направивме само за да покажеме дека го правите ова. Само сакавме да покажеме дека ова се прави и дека обвинителството молчи, вели новинарот, кој доаѓа на масата на која седат Пеливановиќ и новинарката на која и ја набави диплома. Пехливановиќ само молчел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fateni-na-delo-falsifikatori-na-diplomi-novinarka-zavrshila-medicinsko-uchilishte-za-dve-nedeli-video/feed/ 0
Штипјанец со фалсификувана диплома напредувал во службата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shtipjanec-so-falsifikuvana-diploma-napreduval-vo-sluzbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shtipjanec-so-falsifikuvana-diploma-napreduval-vo-sluzbata/#respond Wed, 12 Sep 2018 09:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=99778

Штипјанец со иницијали Г.Д. (51) е осомничен дека со фалсификувана диплома напредувал на работното место, поради што полицијата му поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека пријавениот во 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија. На 30 септември 2016 година во Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип, каде е вработен, го приложил за добивање решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shtipjanec-so-falsifikuvana-diploma-napreduval-vo-sluzbata/feed/ 0
Скопјанец фалсификувал диплома за да се вработи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-falsifikuval-diploma-za-da-se-vraboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-falsifikuval-diploma-za-da-se-vraboti/#respond Tue, 13 Feb 2018 11:42:10 +0000 http://kurir.mk/?p=21069

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.П.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Како што соопшти МВР, во 2013 година пријавениот, заради вработување во Управата за водење на матични книги-Подрачно одделение за матично работење Скопје, приложил диплома со невистина содржина за положен четврти степен издадена од Техничко училиште „Зеќир Мусиќ” од Република Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-falsifikuval-diploma-za-da-se-vraboti/feed/ 0