фамилија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Apr 2023 13:03:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фамилија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ако си со СДСМ, нема закон за тебе: Повика на убиство за децата на Мицкоски, се извини… и толку https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-si-so-sdsm-nema-zakon-za-tebe-povika-na-ubistvo-za-detsata-na-mitskoski-se-izvini-i-tolku/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-si-so-sdsm-nema-zakon-za-tebe-povika-na-ubistvo-za-detsata-na-mitskoski-se-izvini-i-tolku/#respond Sat, 01 Apr 2023 13:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=818845

Роберт Тодороски од Прилеп, кој преку социјалните мрежи од профилот Роберт Типчето му се закануваше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и синоќа објави наводна благодарница од шефот на државата, денеска по полноќ во статус на Фејсбук јавно му се извини на првиот човек на најголемата опозициска партија: „Почитувани соограѓани и припадници на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ, јавно се извинувам на сите и до претседателот на партијата Христијан Мицкоски за недоличниот статус на социјалната мрежа што го објавив пред 12 часа. Тоа беше момент на промисленост и се извинувам длабоко и ве разбирам на поединци за револтот. Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот ниту имам план да сторам таков ригорозен чин. Во момент на недоволно промисленост секој греши како човек, па и јас. Ве уверувам нема од тоа ништо. Како и секој млад тинејџер, јас во моментот не се наоѓам во Република Македонија и работам надвор од државата. Уште еднаш јавно до целата нација на Република Македонија и до самиот претседател Христијан Мицкоски и до неговата фамилија лично се извинувам за немилиот настан, ја прифакам грешката која ја наметнав во овие 12 часа и се каам. Ви благодарам на сите од вас на разбирањето, нема простор за паника или слично“, пишува Роберт Типчето. Во врска со наводите за издадена благодарница од страна на претседателот Стево Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп, таков документ не е врачен од страна на претседателот Пендаровски, или издаден од Кабинетот на претседателот, информираа утрово од неговиот Кабинет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-si-so-sdsm-nema-zakon-za-tebe-povika-na-ubistvo-za-detsata-na-mitskoski-se-izvini-i-tolku/feed/ 0
Тајно пришлушувани српскиот претседател Вучиќ и неговата фамилија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/#respond Sat, 23 Jan 2021 12:21:55 +0000 https://kurir.mk/?p=458925

На дисковите што му беа предадени на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, снимени се 660 минути на негови незаконски прислушувани разговори, вклучително и оние со неговиот син Данило и неговиот брат Андреј, пишуваат Новости. Работната група на Министерството за внатрешни работи, која собира информации по наредба на Обвинителството за организиран криминал, во случајот со прислушувањето на шефот на државата и членовите на неговото семејство, во петокот продолжи да испрашува припадници на полицијата и досега се сослушани околу 50 припадници на МВР. Клучен актер во оваа афера, барем засега, освен поранешниот државен секретар на Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која одбива да биде ставена на полиграфско испитување, е и Дејан Миленковиќ-Багзи, нејзин најблизок соработник и поранешен началник на Службата за специјални истражни методи на Управата за криминалистичка полиција, пренесуваат Новости. Според неофицијалните информации на Новости, Дејан Миленковиќ-Багзи се согласил на полиграф и го поминал овој тест, односно докажал дека не лаже за настаните во оваа служба, во времето кога бил на нејзино чело. Тој, наводно, потврдил дека имало тајни мерки за прислушување без судски наредби. -Имало и случаи кога се правеа транскрипти од тајни разговори кои се носеа на Дијана Хркаловиќ, без да бидат запишани во официјалните полициски документи, изјави соговорникот на Новости. Пред две недели, Вучиќ објави дека има докази дека бил прислушуван година и пол, дека станува збор за директен обид за државен удар и дека во прислушувањето „несомнено е дека учествувал и странски фактор“, додавајќи дека не ги обвинува странците, „кога пред сè се замешани наши“. -Ова дојде до мене, бидејќи имаше чесни полицајци кои ми ги донесоа, кажа Вучиќ, кој додаде дека му биле доставени дискови на кои биле снимени неговите прислушувани разговори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-prishlushuvani-srpskiot-pretsedatel-vuchikj-i-negovata-familija/feed/ 0
Сведоштво на фамилијата на починатиот Велешанец од коронавирус: Не вратија од болница со образложение дека има бронхит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-familijata-na-pochinatiot-veleshanec-od-koronavirus-ne-vratija-od-bolnica-so-obrazlozenie-deka-ima-bronhit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-familijata-na-pochinatiot-veleshanec-od-koronavirus-ne-vratija-od-bolnica-so-obrazlozenie-deka-ima-bronhit/#respond Sat, 04 Apr 2020 19:21:29 +0000 https://kurir.mk/?p=327418

Првиот пат дедо ми го вратија од болница со образложение дека има бронхит, а вториот пат чекајќи ја итната помош да го однесе на инфективно одделение, почина дома. Беше во тешка состојба, но ни рекоа дека немаат возило и не може да биде пренесен, сведочи за Алфа внука на 78 годишниот велешанец кој во средата почина од корона вирус. Денеска резултатите кои пристигнаа во Центарот за јавно здравје во Велес го потврдија присуството на Ковид-19 кај пациентот. Неговата внука револтирана од односот на дел од медицинскиот персонал вели дека се соочиле со голгота. Прво долго се убедувале со матичниот лекар на нејзиниот дедо да му биде закажано тестирање, а откако успеале се соочиле со дрзок однос однос од здравствените работници. Ги распрашувале дали успеале да обезбедат тест со врски. Чекајќи го резултатот од тестот неговата состојба се влошила. Неколку дена 78 годишниот пациент бил дома со повишена температура, кашлање и омалаксаност. Екипата на итната помош дошла по неколку повици на семејството за да го однесе на преглед. “Прво ни рекоа да одиме со сопствено возило или со такси. Рековме дека немаме возило. Ги чекавме речиси еден час. Во болница го прашаа дали имал контакт со н екој заболен од Корона. Му рекоа дека има бронхит и дека може да се лечи дома. Откако беше вратен дома во вторникот нагло му се влоши состојбата. Од брза помош ни рекоа дека имаат возило, но дека немаат шофер. Дедо ми беше прилично здрав човек и немаше хроничлни заболувања. Не живеевме во заедница и ние немаме симптоми, но ни рекоа дека дури во понеделник ќе можат да не тестираат”, вели внуката. Директотот на велешката болница вели дека било постапено според сите протоколи. Дежурната докторка утврдила хроничен бронхит и пациентот го пратила дома. Велешанецот негирал контакт со заболен од корона вирус. Претходно, како што вели директорот на болницата од матичниот лекар бил лечен со парацетамол. Направена е епидемиолошка анкета од која е утврдено дека немал контакт со заболеен од корона вирус направен е комплетен преглед при што е утврдено дека немал температура и е во оопшта стабилна состојба со бронхитилен наод на белите дробови при што му е дадена соодветна терапија. Веднаш после тоа по проценка на дежурниот доктор, даден е совет за домашна изолација и контрола со резултатот од направениот брис, вели Бојаџиев. Денеска и здравствените испектори вршеа надзор во болницата во Велес. Случајот со велешанецот е сличен на оној со 66 годишнатаа пациентка од Горно Татеши која почина од корона вирус откако не беше примена во охридската болница. Директорката на охридската болмица беше разрешена. Таа заедно со инфектолозите беше и парично казнета поради лекарски пропусти. Докторите реагирале според алгоритмите за ваков тип на пациенти кој им бил даден од ресорното министерство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-familijata-na-pochinatiot-veleshanec-od-koronavirus-ne-vratija-od-bolnica-so-obrazlozenie-deka-ima-bronhit/feed/ 0
ДУНА го скрати работното време за новите мајки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duna-go-skrati-rabotnoto-vreme-za-novite-majki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duna-go-skrati-rabotnoto-vreme-za-novite-majki/#respond Wed, 04 Dec 2019 09:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=273098

По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство. Скратеното работно време ќе го користат сите нови мајки по 12 месеци, иако ќе добиваат цел месечен надомест и ќе ги уживаат сите привилегии како да работат со полно работно време. Менаџерскиот тим на ДУНА, како семејно одговорна компанија, вели дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за вработените и за компанијата. Оваа одлука се базира на светските истражувања и трендови и е потврда дека продуктивноста кај лицата кои работат со пократок број работни часови или помалку денови во неделата е многу зголемена. На овој начин ДУНА уште еднаш ја потврдува својата долгогодишна заложба за континуирано подобрување на условите за работа и верувањето во идејата дека само среќни вработени даваат дополнителен придонес во секојдневното работење. Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии во Албанија и Србија и бројни проекти во Косово. ДУНА силно верува во општествено корисните акции кои се поддржани од компанијата и од нејзините вработени. Во оваа насока, „поддржуваме организации и проекти кои се развиваат, присутни сме во јавни установи за грижа за деца, спортски активности и заштита, но и постојано настојуваме да влијаеме на одржувањето на животната околина. Денешната одлука е само една алка од позитивните мерки кои ќе ги преземеме во иднина за нашите вработени и за градењето позитивна работна атмосфера. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење, бидејќи смеата е омилениот звук во нашето секојдневно функционирање“, велат од менаџментот на ДУНА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duna-go-skrati-rabotnoto-vreme-za-novite-majki/feed/ 0