фанар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jun 2022 08:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фанар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчки медиуми: Историско сослужување во Фанар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-mediumi-istorisko-sosluzuvanje-vo-fanar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-mediumi-istorisko-sosluzuvanje-vo-fanar/#respond Mon, 13 Jun 2022 08:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=690062

„Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“; „Заедничка литургија на Вселенскиот патријарх со Охридскиот архиепископ“;„Историско сослужување во Фанар со учество на Охридскиот архиепископ по 59 години“; „Вселенскиот патријарх до Охридскиот архиепископ: Вашиот понатамошен тек зависи исклучиво од вашето однесување“; „Покана до Вселенскиот патријарх да го посети Скопје“; „Вселенскиот до Охридскиот: Срдечно доверете ѝ се на вашата Мајка Црква“; „Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната заедничката литургија во Истанбул, јави дописничката на МИА од Атина. Веста во Грција ја проследија како црковните медиуми, така и информативните портали, а главно го пренесуваат соопштението од Вселенската патријаршија под наслов „Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“. Во опширното и детално соопштение од Птријаршијата пренесени се обраќањата како на Вселенскиот патријарх, така и на Охридскиот архиепископ, но и средбата на Вартоломеј со владината делегација од Северна Македонија, по завршувањето на литургијата. Грчката телевизија „Скај“, преку нејзиниот дописник од Истанбул објави дека вчерашната заедничка литургија траеше пет часа, а присуствуваа, меѓу другото и премиерот Димитар Ковачевски, министри од Владата. -Во Фанар се случи историски настан, бидејќи по 59 години Охридската архиепископија се враќа во Вселенската патријаршија, објави „Скај“ на нејзиниот официјален сајт. Порталот „Ортодоксија – новинска агенција за црковни вести“, коментира дека вчерашната заедничка литургија стави крај на 55 годишната шизма. -Јасна порака до Архиепископот Охридски господин Стефан дека отсега нивниот тек во сеправославниот свет зависи исклучиво од нивното сопствено однесување и нивниот избор испрати Вселенскиот патријарх Вартоломеј при завршувањето на историското сослужување што се одржа во патријаршиската црква Свети Георгиј во Фанар, што во пракса го запечати возобновувањето на литургијата и враќањето во канонско заедништво на црквата која 55 години беше карактеризирана како шизматичка , пишува порталот. Црковниот портал „Еклисија онлајн“ се осврнува на поканата до Вселенскиот патријарх Вартоломеј да го посети Скопје, упатена како од премиерот, така и од Охридскиот архиепископ“. -Во некој момент ќе имам радост и благослов да остварам таква посета, одговори Неговата Светост, објаснувајќи ги причините поради кои се уште не ја посетил земјата, пишува порталот. Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ пишува дека „Вселенскиот патријарх вчерашниот ден го карактеризираше како ден на почеток во кој Охридската црква официјално го зазема своето место во Светото црковно тело“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-mediumi-istorisko-sosluzuvanje-vo-fanar/feed/ 0
Неговата светост г.г. Стефан: На Духовден заедно ќе сослужуваме и во Фанар, во седиштето на Вселенската патријаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negovata-svetost-g-g-stefan-na-duhovden-zaedno-kje-sosluzuvame-i-vo-fanar-vo-sedishteto-na-vselenskata-patrijarshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negovata-svetost-g-g-stefan-na-duhovden-zaedno-kje-sosluzuvame-i-vo-fanar-vo-sedishteto-na-vselenskata-patrijarshija/#respond Tue, 24 May 2022 13:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=680926

Веднаш по обзнанувањето на веста на патријархот Порфириј дека Српската црква ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА, свој говор одржа и г.г. Стефан, поглаварот на нашата црква. Има се заблагодари од името на архиереите, монаштвото и верниот народ на МПЦ-ОА. – Како да го разбереме ова денешно собрание, ако не со случувањата на воскресението. Црквата од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на националното. Тие наши претци се радуваат заедно со нас. Верувам дека деновиве конечно се радосни сите што сакаа да ја видат возобновена Охридската Архиепископија. И нашата осумдесетгодишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во Татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална, или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство“. Неодамна, во градот на двете реки – во Белград, под оној велелепен свод на Светосавскиот храм, воскликна радоста на народот Божји, и од Македонија и од Србија, та како гласно да се слушна воздишката на олеснување и на нашите предци и на сите нас. И таа радост на братското помирување, која произлезе од мајчинската иницијатива на Мајката Црква – Вселенската Патријаршија и на Неговата Сесветост, а од која произлезе и снисходливоста, полна со љубов и разбирање од сестринската Српска Патријаршија, се случи токму во најрадосниот период од годината – во ова духовна лето на благословената Педесетница. А, еве, и вториот литургиски празник на сослужение, кога Бог ни даде, „со една уста и едно срце“ да Го прославивме Неговото пречесно и великолепно име, повторно промислителски го славиме во значаен момент – на празникот на светите сесловенски просветители Кирил и Методиј“. Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар. Тогаш, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј ќе ни го врачи актот за официјално прифаќање на нашата каноничност и за сослужување со сите Помесни православни цркви. Дај Боже да биде вечно делото на љубовта, како што, впрочем, се молеше Господ Христос: да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе, па така и тие да бидат едно во Нас. Амин-заклучи г.г. Стефан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negovata-svetost-g-g-stefan-na-duhovden-zaedno-kje-sosluzuvame-i-vo-fanar-vo-sedishteto-na-vselenskata-patrijarshija/feed/ 0