Фанфари за еден пријател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Feb 2021 07:23:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фанфари за еден пријател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фанфари за еден пријател – концерт посветен на Саша Николовски -Ѓумар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/fanfari-za-eden-prijatel-koncert-posveten-na-sasha-nikolovski-gjumar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/fanfari-za-eden-prijatel-koncert-posveten-na-sasha-nikolovski-gjumar/#respond Tue, 02 Feb 2021 07:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=462935

„Фанфари за еден пријател“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток во 20 часот, кој Филхармонија му го посветува на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017), еден од најзначајните диригенти на нашата музичка сцена со кого оркестарот реализираше низа незаборавни концерти. Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Копланд, Дика, Гуно, Шмит, Штраус и младиот македонски композитор Ангел Спироски. „Фанфари за обичниот човек“ е едно од најзначајните концертни „увертири“ на американскиот композитор Арон Копланд (1900 – 1990). Делото го напишал по повод завршетокот на Втората светска војна, а се водел од идејата да создаде дело во кое фанфарите ќе имаат традиционален и моќен звук, а во исто време и современ музички контекст. Композицијата „Фанфари за Ла Пери“ на францускиот композитор Пол Дика (1865 – 1935) ја следи мистериозна генеза – како што напишал Пјер Лало, таа може да биде музика за пантомима, за балет... Дика примарно ја напишал за руската танчарка Наташа Труханова, „архангелот“ како што ја нарекувал. Композицијата има фантастична тематска структура и веднаш по премиерата била позитивно оценета од француската критика.„Фанфари за измачените“од младиот македонски композитор Ангел Спироски (“FunFareforthestruggled”) претставува траорен повик за спротивставување на нелогичностите.Тоа се фанфари базирани на една македонска народна песна чија содржина, земајќи ја предвид повторливоста на настаните поврзани со македонскиот народ, се чини секогаш и одново се актуализира.„Фанфари за измачените“ (“FunFare for the struggled”) е дело нарачано од шеф-диригентот на Македонската филхармонија – Габриел Бебешелеа, а посветено на Филхармонијата.„Мала симфонија“ на францускиот композитор Шарл Гуно (1818 –1893) е напишана за девет дувачки инструменти и таа струкутрно ја следи класичната четириставна матрица. Таа има весел и галантен карактер и е напишана во типичниот авторски стил на Гуно, кој се темели на класицизмот.„Кампот на Помпеја“ на францускиот композитор Флорент Шмит (1870 – 1958) е составен дел од музиката за балетот „Антониј и Клеопатра“ според истиомената драма на Вилијам Шекспир. Оваа музичка слика е своевидна фреска која го отсликува загревањето пред историската битка кај Актиум. Иако таа музички го илустрира подготвувањето за битката, има прилично ведар и „сончев“ карактер. „Свечена поворка“ е едно од „најтоналните“ дела на германскиот композитор Рихард Штраус (1864 – 1949) создадено за прогласувањето витези од редот на Св. Џон. Во ова дело има блескави хармонски прогресии и прилично комплексна оркестрација во лимените дувачи и во него се чувствува влијанието и инспирацијата од Рихард Вагнер. Штраус го напишал „Фанфари за Виенската филхармонија“ во 1924 година за хуманитарниот бал со кој требало да се соберат пари за пензискиот фонд на оркестарот. Делото е напишано за голем лимен дувачки оркестар и два сета од тимпани. Почнува едноставно и се развива во комплексен стил препознатлив за опусот на овој композитор. Откога е создадено, ова дело останало составен дел од репертоарот на Виенската филхармонија. Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на Филхармонија на РС Македонија. Неговата репутација брзо почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите. Со Симфонискиот оркестар на Берлинското радио тој сними ЦД со сè уште необјавената опера на Жорж Енеску – „Духови“, како и со неговата „Пасторала – фантазија за мал оркестар“. На 30-годишна возраст, маестро Бебешелеа беше етикетиран како еден од најталентираните диригенти во последната декада во Романија. Добитник е на првата награда на натпреварот за диригенти „Ловро фон Матачиќ“ во Загреб (2015), како и на првата награда на натпреварот на Музичката младина во Букурешт (2011), а тој е и полуфиналист на натпреварот за диригенти „Донатела Флик“ на Лондонскиот симфониски оркестар (2014) и полуфиналист на натпреварот „Густав Малер“ со Бамберг симфонискиот оркестар (2016). Во 2011 година ќе му биде доделена стипендија за да стажира со престижниот Концертгебау оркестар во Амстердам, каде што имал можност да работи со големи диригентски имиња, меѓу кои и со Марис Јансонс, Хаитинк, Херберт Бломштед, Кристоф фон Донани, Давид Зинман... Моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности. Стартува серијата „Пред концертни разговори“ На концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе се промовира серијата „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија. Идејата потекнува од новиот шеф -диригент, маестро Габриел Бебешелеа чија цел е преку овие разговори пред почетокот на концертите да ја запознае публиката со делата кои ќе одат на програмата, како и со естетскиот и филозофскиот контекст на самите композиции. „Пред концертни разговори“ ќе се реализираат во рамки на концертите со оркестарот на Филхармонија кои ќе ги води маестро Гарбриел Бебешелеа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/fanfari-za-eden-prijatel-koncert-posveten-na-sasha-nikolovski-gjumar/feed/ 0