ФАО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 12:15:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ФАО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово, порачува генералниот директор на ФАО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svezhata-voda-ne-e-beskonechna-i-treba-da-prestaneme-da-ja-zemame-zdravo-za-gotovo-porachuva-generalniot-direktor-na-fao/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svezhata-voda-ne-e-beskonechna-i-treba-da-prestaneme-da-ja-zemame-zdravo-za-gotovo-porachuva-generalniot-direktor-na-fao/#respond Mon, 16 Oct 2023 12:15:42 +0000 https://kurir.mk/?p=889347

Под мотото „Водата е живот, водата е храна. Никој да не биде изоставен“, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска го одбележува 16 Октомври - Светскиот ден на храната. Со низа настани и активности во околу 150 земји и на повеќе од 50 јазици, ФАО повикува на акција и обединување на владите, општините, бизнисите, медиумите, јавноста и младите за клучните глобални предизвици и можните решенија за еден од најскапоцените ресурси на планетата: водата. Генералниот директор на ФАО Кју Донгју, повикува за колективна акција, нагласувајќи дека свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово. - Со оглед на тоа што околу 70 проценти од слатките води се користат за земјоделски цели, од клучна важност е да ги смениме начините на производство на нашата храна. Земете во предвид дека во текот на последните две децении, секој од нас потрошил приближно една петтина од свежата вода што ни е достапна. За некои луѓе, реалноста е многу полоша. Во некои региони, всушност, оваа бројка се движи поблиску до една третина. Освен ако не дејствуваме итно, на пат сме да ја зголемиме потрошувачката на вода за повеќе од една третина до 2050 година на глобално ниво, со оглед на зголемената стапка на раст на популацијата на нашата планета. Тоа значи, колективно, ризикуваме да стигнеме до точка од која нема враќање, порачува Донгју. Во обидот да се најде решение за овие комбинирани предизвици, според Донгју, најважно е да се обезбеди доволно вода за земјоделството, истовремено усогласувајќи ги и потребите за вода и на другите економски активности, особено во услови на забрзана урбанизација. - Владите треба да креираат политики засновани на наука и докази, базирани на податоци и иновации, и да се координираат меѓусекторски за подобро планирање и управување со водите. Водата, енергијата и храната се нераскинливо поврзани. За политиките да бидат успешни, важно е тие успешно да управуваат со често спротивставените интереси, без притоа да го загрозат здравјето на нашите екосистеми, нагласува Донгју. Донесувањето информирани одлуки за производите што ги купуваме, трошењето помалку вода и спречувањето на катастрофите од поплави и загадување, порачува Донгју, се лесни начини за сите да придонесат кон просперитетна иднина на луѓето и планетата. - Тиe се главни начини за постигнување на се е она што ние во ФАО го нарекуваме Четирите подобрa (Four Betters): подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот - за да се осигураме дека никој нема да биде изоставен, вели Донгју по повод Светскиот ден на храната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svezhata-voda-ne-e-beskonechna-i-treba-da-prestaneme-da-ja-zemame-zdravo-za-gotovo-porachuva-generalniot-direktor-na-fao/feed/ 0
ФАО: Светските цени на храната стабилни во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-svetskite-tseni-na-hranata-stabilni-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-svetskite-tseni-na-hranata-stabilni-vo-septemvri/#respond Fri, 06 Oct 2023 11:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=886071

Светските цени на храната не се променија значително во септември во однос на август, а растот на цените на пченката и шеќерот делумно е неутрализиран со падот на цените на растителното масло, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната во септември изнесуваше 121,5 поени, додека во август беше на ниво од 121,4 поени. Цените на храната се за 10,7 отсто пониски отколку во септември 2022 година и 24 отсто пониски во однос на историскиот максимум во март минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-svetskite-tseni-na-hranata-stabilni-vo-septemvri/feed/ 0
ФАО: Глобалните цени на прехранбените производи намалени и во февруари, 11-ти месец по ред https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-globalnite-tseni-na-prehranbenite-proizvodi-namaleni-i-vo-fevruari-11-ti-mesets-po-red/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-globalnite-tseni-na-prehranbenite-proizvodi-namaleni-i-vo-fevruari-11-ti-mesets-po-red/#respond Fri, 03 Mar 2023 15:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=807709

Референтниот индекс на меѓународните цени на прехранбените производи, иако благо, се намали во февруари, 11-ти месец по ред, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната во просек беше 129,8 поени во февруари, што е пад од 0,6 отсто во однос на јануари, но за 18,7 отсто од неговиот врв во март 2022 година. Падот на индексот, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбените производи со кои најчесто се тргува, беше поттикнат од падот на котацијата на растителни масла и млечни производи кои го неутрализираа наглиот раст на цените на шеќерот. ФАО Индексот на цените на житариците остана речиси непроменет од јануари. Меѓународните цени на пченицата благо пораснаа во текот на месецот бидејќи загриженоста за сушните услови во САД и големата побарувачка за залихи од Австралија беа во голема мера избалансирани со силната конкуренција меѓу извозниците. Меѓународните цени на оризот паднаа за еден процент поради забавувањето на трговската активност меѓу повеќето големи азиски извозници, чии валути исто така паднаа во однос на американскиот долар. Фао Индексот на цените на растителното масло падна за 3,2 отсто во однос на јануари, со пад на сите цени на маслата - од палма, соја, сончоглед и од репка. Индексот на цените на млечните производи на ФАО падна за 2,7 отсто во текот на месецот, при што меѓународните котации за путер и обезмастено млеко во прав забележаа најголем пад. Индексот на цените на месото, исто така, остана речиси непроменет од јануари. Светските цени на живината продолжија да паѓаат поради обилните извозни залихи, додека меѓународните цени на свинското месо се зголемија, главно поради загриженоста за намалените можности за извоз во Европа. Спротивно на тоа, индексот на цените на шеќерот се зголеми за 6,9 отсто од јануари до шестгодишен максимум, најмногу поради намалената прогноза за производството во Индија за 2022/23 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-globalnite-tseni-na-prehranbenite-proizvodi-namaleni-i-vo-fevruari-11-ti-mesets-po-red/feed/ 0
ФАО: Цените на храната стагнираа во ноември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-stagniraa-vo-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-stagniraa-vo-noemvri/#respond Fri, 02 Dec 2022 11:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=770090

Цените на храната останаа речиси непроменети во ноември, бидејќи падот на цените на житарките, млекото и млечните производи го неутрализираше поскапувањето на маслодајните семиња и шеќерот, соопшти денеска агенцијата на ОН за храна и земјоделство ФАО. Индексот на цените на ФАО на кошничката основни прехранбени производи во ноември во просек изнесуваше 135,7 поени и е за 0,2 поени понизок од октомври. Цените се исто така речиси еднакви на нивото од ноември 2021 година. Во ноември најмногу паднале цените на житарките – за 1,3 отсто во однос на октомври, а потоа млекото и млечните производи, со пониски цени за 1,2 отсто. Пченицата и пченката поевтинија за 2,8, односно 1,7 отсто во однос на октомври, делумно благодарение на продолжувањето на договорот за извоз од црноморскиот регион. Послабата побарувачка на путер, обезмастено и полномасно млеко во прав влијаеше на цените на млекото и млечните производи. Поевтини и месото, и тоа за 0,9 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-stagniraa-vo-noemvri/feed/ 0
ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-predviduva-deka-ovaa-godina-uvozot-na-hrana-kje-dostigne-rekordni-1-8-bilioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-predviduva-deka-ovaa-godina-uvozot-na-hrana-kje-dostigne-rekordni-1-8-bilioni-dolari/#respond Thu, 09 Jun 2022 18:04:01 +0000 https://kurir.mk/?p=689057

Вредноста на увозот на храна годинава ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари поради цените што и покрај почакувањата се уште не ги надоместуваат трошоците на земјоделците, предупреди денеска Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Споредбено со минатата година вредноста на увозот ќе се зголеми за 2,9 отсто или 51 милијарда долари, а дури 49 милијарди од тој износ отпаѓа на покачените цени на храната, наведува ФАО. „Со оглед на остриот пораст на цените на инпутите, временските проблеми и зголемената несигурност на пазарот поради војната во Украина, најновата прогноза на ФАО сигнализира веројатни ограничувања во снабдувањето со храна и нов рекорден трошок за увоз“, објасни Упали Галкети Арачилаџ, економист на ФАО. Високите цени обично се добра вест за производителите бидејќи носат поголем профит, но во актуелниот случај тие се надминати со зголемените трошоци за влез поради повисоките цени на енергијата и ограничувањата на извозот на клучните ѓубрива од големите производители, предупредува ФАО. Доколку потрае, таквата состојба ќе го загрози брзото и ефикасно зголемување на производството. Индексот на цените на инпутот на ФАО го достигна своето историски највисоко ниво, а изминатите 12 месеци надминат е и растот на индексот на цените на храната на ФАО. Тоа покажува дека реалните цени за земјоделците се всушност ниски независно што потрошувачите плаќаат повеќе, состојба што делува дестимулирачки за интензивирање на производството во иднина, објаснуваат од ФАО. Сегашната ситуација не навестува позитивни реакции во производството, чие зголемување е предуслов за спречување на натамошниот раст на цените на храната во сезоната 2022/2023 и по неа, заклучуваат во ФАО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-predviduva-deka-ovaa-godina-uvozot-na-hrana-kje-dostigne-rekordni-1-8-bilioni-dolari/feed/ 0
ФАО: Најмалку 25 милиони тони житарки чекаат извоз од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-najmalku-25-milioni-toni-zitarki-chekaat-izvoz-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-najmalku-25-milioni-toni-zitarki-chekaat-izvoz-od-ukraina/#respond Fri, 06 May 2022 13:45:11 +0000 https://kurir.mk/?p=673012

Речиси 25 милиони тони житарки чекаат да бидат извезени од Украина поради инфраструктурните предизвици и блокадата на пристаништата на Црното Море, вклучително и Мариупол, изјави денеска претставник на Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Блокадата, според многумина, е една од причините за високите цени на храната кои достигнаа рекордно високо ниво во март, поттикнати од руската инвазија врз Украина, за малку да паднат во април, соопшти ФАО. Украина беше четврти најголем извозник на пченка во светот во сезоната 2020/2021 и шести извозник на пченица, според Меѓународниот совет за житарки. – Во Украина во моментов сме сведоци на речиси гротескна ситуација во која речиси 25 милиони тони житарки што можат да се извезат, не можат да ја напуштат земјата поради недостиг на инфраструктура и блокада на пристаништата, изјави заменик – директорот за пазар и трговија на ФАО, Јозеф Шмидхубер. Полните силоси може да значат недостиг на простор за складирање за време на следната жетва во јули и август, предупреди Шмидхубер. -И покрај војната, условите за жетва не се толку лоши. Ова всушност може да значи дека Украина нема доволно капацитет за складирање, особено ако не се отвори коридор за извоз на пченица, нагласи претставникот на ФАО. Загрижувачки се и информациите дека во борбите се уништени некои магацини, додаде Шмидхубер, без да наведе детали. Од почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари, Украина беше принудена да извезува житарки со воз преку западната граница или преку малите речни пристаништа на Дунав наместо по море. Претходно оваа недела, претседателката на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала, рече дека е „сериозно загрижена“ поради зголемувањето на цените на храната, додавајќи дека работи со партнерите за да се најдат решенија за проблемот. -Навистина би му помогнало на светот ако можеме да ги извеземе овие житарки од Украина, нагласи лидерката на СТО.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-najmalku-25-milioni-toni-zitarki-chekaat-izvoz-od-ukraina/feed/ 0
ФАО: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-svetskite-ceni-na-hranata-vo-mart-na-rekordno-visoko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-svetskite-ceni-na-hranata-vo-mart-na-rekordno-visoko-nivo/#respond Fri, 08 Apr 2022 09:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=660178

Светските цени на храната во март достигнаа највисоко ниво на сите времиња, бидејќи руската инвазија врз Украина предизвика „потреси“ на пазарите за основни житарки и растителни масла, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Нарушувањето на извозните текови како резултат на инвазијата на 24 февруари и меѓународните санкции против Русија поттикна стравувања од глобална криза со глад, особено на Блискиот Исток и Африка, каде што веќе се чувствуваат последици. Русија и Украина, со огромни региони за одгледување жито кои се меѓу главните снабдувачи со жито во светот, сочинуваат огромен дел од светскиот извоз на неколку главни стоки како што се пченицата, растителното масло и пченката. „Светските цени на прехранбените артикли значително се зголемија во март и го достигнаа своето највисоко ниво досега, бидејќи војната во регионот на Црното Море предизвика шокови на пазарите за основни житарки и растителни масла“, се вели во соопштението на ФАО. Индексот на цените на храната на ФАО, кој веќе забележа рекорд во февруари, се зголеми за 12,6 отсто минатиот месец, „што направи огромен скок на ново највисоко ниво од неговото основање во 1990 година“, соопшти агенцијата на ОН. Индексот, мерка за месечната промена на меѓународните цени на кошницата со прехранбени производи, во март изнесуваше во просек 159,3 поени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-svetskite-ceni-na-hranata-vo-mart-na-rekordno-visoko-nivo/feed/ 0
ФАО: Цените на храната во февруари зголемени за речиси една четвртина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-vo-fevruari-zgolemeni-za-rechisi-edna-chetvrtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-vo-fevruari-zgolemeni-za-rechisi-edna-chetvrtina/#respond Mon, 07 Mar 2022 09:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=642486

Светските цени на храната се зголемија за 24,1 отсто во февруари во однос на истиот месец минатата година, достигнувајќи го највисокото ниво од следењето на податоците од ФАО, поттикнати од повисоките цени на растителните масла и млекото и млечните производи. Индексот на цените на кошничката за храна на ФАО се зголеми за 3,9 отсто од неговата ревизија во јануари на просечни 140,7 поени, што е највисоко откако агенцијата на ОН почна да објавува извештаи. Порасна за 24,1 отсто во однос на февруари минатата година, според извештајот на ФАО. Цените на растителното масло пораснаа најмногу во февруари, за 8,5 отсто во споредба со јануари. ФАО го нагласува стравот од нарушување на извозот на сончогледово масло од регионот на Црното Море по рускиот напад на Украина, која заедно со Русија сочинуваат околу 80 отсто од светскиот извозен пазар. Цените на житариците се зголемија за 3,0 отсто на месечна основа, како одраз на скокот на цените на пченката од 5,1 отсто и порастот на цените на пченицата за 2,1 отсто, поттикнати од несигурните залихи низ пристаништата на Црното Море. Податоците за февруари беа главно собрани пред руската инвазија на Украина, а аналитичарите предупредуваат дека продолжениот конфликт може да има силно влијание врз извозот на жито. Индексот на цените на млечните производи на ФАО се зголеми за 6,4 отсто во однос на јануари, поддржан од скудната глобална понуда и индексот што покажува движења на цените на месото за 1,1 отсто. Само шеќерот падна за 1,9 отсто од јануари, делумно благодарение на поволните производствени изгледи кај главните извозници во Индија и Тајланд. Повисоките цени на храната придонесоа за поширок пораст на инфлацијата бидејќи економиите закрепнуваат од кризата со коронавирус, а ФАО предупреди дека повисоките трошоци се закануваат на посиромашното население во земјите кои се потпираат на увоз. Во посебен извештај за понудата и побарувачката на пазарите за жито, ФАО проценува дека производството на пченица ќе порасне за 1,9 отсто оваа година, на 790 милиони тони, благодарение на очекуваните подобри приноси и повеќе засеани површини во Канада, САД и Азија. Сепак, тие предупредија дека нејзините проекции не го земаат предвид можното влијание на конфликтот меѓу Русија и Украина. Производството на пченка во Аргентина и Бразил треба да биде натпросечно, особено во Бразил каде се очекуваат рекордни 112 милиони тони. Потрошувачка на житарки во сезоната 2022/2023. треба да се зголеми за 1,5 отсто, на 2,8 милијарди тони. Залихите на крајот на сезоната оваа година би требало да изнесуваат 836,8 милиони тони, што ја зголеми проценката на ФАО од февруари за 1,4 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-vo-fevruari-zgolemeni-za-rechisi-edna-chetvrtina/feed/ 0
ФАО: Рекордно високи цени на храната во 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-rekordno-visoki-ceni-na-hranata-vo-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-rekordno-visoki-ceni-na-hranata-vo-2021-godina/#respond Thu, 06 Jan 2022 13:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=616495

Светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година – највисоко ниво во изминатите 10 години, а надежите за враќање на постабилните пазарни услови оваа година се мали. Тоа денеска го соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на ФАО, што ги следи најпродаваните прехранбени производи во светот, во просек изнесуваше 125,7 поени, што е највисоко ниво од 131,9 поени во 2011 година. Месечниот индекс благо падна во декември по пет последователни месеци раст. Повисоките цени на храната придонесоа за зголемување на инфлацијата бидејќи економиите закрепнуваат од кризата со коронавирусот. ФАО предупреди дека повисоките цени ги ставаат на ризик посиромашните луѓе во земјите зависни од увоз. – Во своето последно ажурирање, агенцијата направи внимателна проценка дали ценовните притисоци би можеле да се намалат оваа година. Иако високите цени обично отстапуваат место за растот на производството, зголемувањето на цените на суровините, тековната глобална пандемија и неизвесните климатски услови не предизвикуваат голем оптимизам за враќање на постабилни пазарни услови во 2022 година, наведе главниот економист на ФАО, Абдулреза Абасијан во изјавата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-rekordno-visoki-ceni-na-hranata-vo-2021-godina/feed/ 0
ФАО: Цените на храната во светот се искачија на нов десетгодишен максимум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-vo-svetot-se-iskachija-na-nov-desetgodishen-maksimum/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-vo-svetot-se-iskachija-na-nov-desetgodishen-maksimum/#respond Thu, 04 Nov 2021 10:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=590719

Рим, 4 ноември 2021 (МИА) – Цените на храната во светот во октомври трет месец по ред бележат раст и се искачија на нов десетгодишен максимум, повторно предводени од растот на цените на житарките и растителните масла, објави денеска Агенцијата за храна на Обединети нации. Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи најтргуваните меѓународни цени на храната во светот, во просек изнесуваше 133,2 поени минатиот месец во споредба со ревидираните 129,2 за септември. Бројката во септември претходно беше 130,0. Порастот на цените на храната во октомври е највисок индекс од јули 2011 година. На годишна основа во октомври индексот се зголеми за 31,3 проценти. Цените на земјоделските производи драстично пораснаа минатата година, поттикнати од доцнењето на жетвата и високата побарувачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-cenite-na-hranata-vo-svetot-se-iskachija-na-nov-desetgodishen-maksimum/feed/ 0