фашисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Apr 2022 11:22:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фашисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Културни фашисти V.S. безрбетни далтонисти https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kulturni-fashisti-v-s-bezrbetni-daltonisti/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kulturni-fashisti-v-s-bezrbetni-daltonisti/#respond Mon, 18 Apr 2022 08:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=664635

Србите својот културен клуб во Хрватска го крстиле Дража Михајловиќ. Германците својот во Франција го именувале Адолф Хитлер. Хрватите на културниот клуб во Белград му го дале името Анте Павелиќ. Бугарите својот во Битола го крстиле Иван Ванчо Михајлов... Прво. Сето кажано е тоталка забегано, од една страна крајно безрбетно, потпушувачко и сервилно, а од друга мизантропско, идиотско, нехумано и фашизоидно. Арно ама, само едно е вистина. Она во Битола... Второ. И да, има уште една голема разлика. Дури и кога на горенаведените би им паднала на памет таква лудорија и глупост, а нема, државите во кои планирале да го сторат би ги дигнале на клоци и би ги испратиле по ѓаволите и морските вештерки, за навек. Освен во една „држава“ раководена од манџуриски кандидати, направија која одамна, од 27. април 2017-та, не е ни држава. Да, во „нашата“ Македонија, која 5-та година по ред и не е така наша... Трето. Па дури и да некој, каде и да е и во која и да е вукојебина на светот, забега како нашите корисни идиоти и послушни владејачи, што реално нема шанси нели, истиот тој би имал повеќе скрупули и не би го востоличил фашистот од „културниот“ клуб на ден Песах, историско-верски празник за Евреите кој го одбележува нивниот егзодус. Никој не би бил толку бездушен, забеган и нечовек на овој датум да слави еден крвник кој е дел од прикаската зошто Македонија е земја со „најдобро“ изведен егзодус на Евреите во Втората Светска Војна. Да, 98% од нив не се вратија дома, благодарение на бугарските „администратори“ и на Ванчо Михајлов кои ги испратија во концентрационите логори. Никаде, освен во насила северизираната Македонија можеби? Четврто. Сте чуле ли за држава која велича личност и крштева културен клуб со името, ликот и неделото на фашистички злосторник кој од истата таа држава е осуден на СЕДУМ смртни казни и една на доживотен затвор? Бугарија??? Аха. Замисли, ова го нема ни во Заева Македонија... Петто. Ова се случува во свет во кој ора и хара глупоста наречена „политичка коректност“, во која ако некого само погледнете на криво, не дај Боже пол или сексуална ориентација да му спомнете, осуден сте за век и веков, а кај нас некој негира цела нација, историја, револуционери, светци ви каља и краде, среде Битола националистички ви аздисува, толку садистички ви гази достоинство, чест и гордост и никому ништо? Да, таква е „новата“ Македонија на „С“... Шесто. Да бевме нормална држава, а и ние исто така, веќе утредента нашите владејачи би си дале оставка под разбирливиот притисок на јавноста, протести, револт, револуции и дигање на клоци. Замисли, повторно само и само во Македонија не е така, оти таму кубурот, револтот, улицата и клоците се чуваат за „црни денови“... Седмо. Дури и оној ултра-лузерот Каракачанов дојде да ни каже „Без Бугари, Македонија да гори“, а Бујар Османи не најде за сходно за кажаното среде градот на конзулите една дипломатска нотка да прати. А колегите му софиски за скршено џамче при љубавна туча драми правеа. Во истата таа Битола. Да, онаа во Македонија... Осмо. Отсега, ако сакате да го налутите Пендаровски, саде спомнете му го Ванчо Михајлов, се вади до такт, докажано. Сменете му име на држава, Устав, извадете Преамбула, уценувајте пратеници, дајте двојазичност, затворајте насила патриоти, терајте политички судски процеси, ни малку на ова не трза пустиот, сето е тама, ама Ванчо му е единствена Ахилова пета и слаба точка. Да, преЦедникот на некогашна Македонија... Деветто. Не дај Боже престолонаследникот Ковачевски да побара и во Бугарија да се отвори културен клуб на Македонците. Тоа е затоа што ние немаме фашисти за да го носат името на „клубот“ во Софија ли?! Да, тоа го може само Македонија. Да скратиме... Девет милијарди сто милиони шесто четириесет илјади сто и прво. Ако и на ова премолчиме, малку ни е. Тогаш, реално, не ја ни заслужуваме МАКЕДОНИЈА...   П.С. Десето (вистинско). Најискрена благодарност до Јотова и нејзиното демоде тапирано фризурче од 63-та, соодветен пандан на фризот на премиерот Петков ѓоамити излезен од „Брилијантин“, актери во оваа боливудска, антимакедонска источна траги-бурлеска во која единствена „светла“ точка во целата забегана прикаска е токму нејзината патетична „фризурска“ појава и макар слабата утеха дека ние со нашата „воинствена“ Славка и не сме биле најлакрдија на Балканов...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kulturni-fashisti-v-s-bezrbetni-daltonisti/feed/ 0
Заев: Не сме биле ниту ние сите на страна на Партизаните, имало и соработници на фашистите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-sme-bile-nitu-nie-site-na-strana-na-partizanite-imalo-i-sorabotnici-na-fashistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-sme-bile-nitu-nie-site-na-strana-na-partizanite-imalo-i-sorabotnici-na-fashistite/#respond Thu, 23 Sep 2021 15:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=567416

Премиерот Зоран Заев смета дека на фашизмот не треба да му се дава етнички предзак, па затоа од спомениците и учебните ќе биде отстранет зборот „бугарски“ а ќе остане само „фашистички окупатор“. Според Заев, и во Македонија за време на Втората светска војна имало лица кои биле соработници со фашистите и затоа не треба сега нациите да се врзуваат со фашизмот. -Во делот на европеизацијата на земјава и нашата европска перспектива наше е дали ќе даваме етнички карактеристики на фашистичкиот окупатор. Ние зборуваме за политичкиот дел на одлучување кое се однесува на провокативност и неевропски манири, a други се областите на историската комисија. Во европските земји фашизмот нема етничка боја, нема национална боја. Фашистичкиот окупатор има поставеност во делови на структури, групи, или би го нарекол, одредени лидерства во целиот овој период. Ние имавме соработници на фашизмот и овде во Македонија целиот тој период. Не може да кажете дека цела една нација била фашистичка. Не можете да кажете и за нас дека сме биле сите со партизаните, бидејќи имало и некои кои биле соработници на фашистичкиот окупатор во Втората светска војна, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање. На прашањето што ќе учат децата, од кого била окупирана Македонија и кој бил фашистички окупатор, Заев кажа дека граѓаните апсолутно ќе знаат кој бил на страна на фашизмот, но повтори дека не треба да се дава етнички предзнак и етничка придавка пред фашистичкиот окупатор. „Фашистичкиот окупатор е Третот Рајх и пактот создаден од Германија, Италија и Јапонија, на кој се придружија земји меѓу кои и Бугарија. И тука нема дилема дека тој фашистички окупатор ја има окупирано земјава. Но, не можете да ги осудите и децата на тогашните генерации и сите од таа генерација дека биле фашисти“, рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-sme-bile-nitu-nie-site-na-strana-na-partizanite-imalo-i-sorabotnici-na-fashistite/feed/ 0
Каракачанов: Историски факт е дека бугарската власт била сојузник со Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите се фашисти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-istoriski-fakt-e-deka-bugarskata-vlast-bila-sojuznik-so-hitler-no-toa-ne-znachi-deka-bugarite-se-fashisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-istoriski-fakt-e-deka-bugarskata-vlast-bila-sojuznik-so-hitler-no-toa-ne-znachi-deka-bugarite-se-fashisti/#respond Sat, 05 Dec 2020 13:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=439243

Историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти. Сојузници беа и властите на Италија, и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти. Ова го истакна бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој се вклучи онлајн на радио Канал 77 во моментот додека гостин во студиото беше и македонскиот премиер Зоран Заев. Тој се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите. Вели таков случај имало и во централна Бугарија каде бугарската полиција убила 12-13 деца. – Јас сум одел во Ваташа три пати. Првиот пат во 94 година. Сум прочитал повеќе документи за Ваташа од вашите колеги. Случки како Ваташа има и во Јастребино во централна Бугарија каде бугарската полиција убива 12-13 деца и ги убива не затоа што се Македонци, туку тоа е граѓанска војна. Државата против комунистите, не е против Македонците. Тоа е затоа што комунистите војуваат со државата, и државата против комунистите, а не против етнички Македонци или други. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја, смета Каракачанов. Премиерот Заев истакна дека сепак Договорот со Бугарија од 2017 година може да даде резултат ако се спроведе и ако двете страни се почитуваат во преговорите. -Со господинот Каракачанов многу често разговараме за добрата иднина помеѓу Бугарија и Северна Македонија, помеѓу двата народи и јас верувам дека правиме се од двете страни тоа да го постигнеме, но точно е, факт е дека во секое поглавје може Бугарија да ја блокира и Северна Македонија и Албанија и Србија и Црна Гора заради тоа што тоа право го има секоја земја членка. Каракачанов но и премиерот Борисов се за пријателство, сакаат двата народа да бидат пријатели, еве господинот Каракачанов нема проблем да зборува за македонскиот народ, да зборува за јазикот, но истовремено јас ги разбирам и потребите на Бугарите и на владата во Бугарија дека треба да се утврдат историски факти и низ духот на пријателството на основа на тие историски факти да ја градиме иднината, изјави Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-istoriski-fakt-e-deka-bugarskata-vlast-bila-sojuznik-so-hitler-no-toa-ne-znachi-deka-bugarite-se-fashisti/feed/ 0
Заев пак блесна во одбрана на Бугарија: Никој Бугарите на референдум не ги праша каква е нивната определба, и во Македонија имаше соработници на фашистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pak-blesna-vo-odbrana-na-bugarija-nikoj-bugarite-na-referendum-ne-gi-prasha-kakva-e-nivnata-opredelba-i-vo-makedonija-imashe-sorabotnici-na-fashistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pak-blesna-vo-odbrana-na-bugarija-nikoj-bugarite-na-referendum-ne-gi-prasha-kakva-e-nivnata-opredelba-i-vo-makedonija-imashe-sorabotnici-na-fashistite/#respond Thu, 26 Nov 2020 11:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=434704

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ги разбира реакциите на социјалните мрежи по неговото интервју дадено за бугарската агенција БГНЕС, но вели дека историското минато не треба да не ограничува во трасирањето на патот кон европската иднина. – Ги разбирам ваквите реакции, но лидерите треба да ја водат државата напред и да го направат првиот исчекор. Целосно го разбирам поривот на чувства кој се истури на социјалните мрежи, но истите тие сограѓани споделуваат иста историја како мојата. Антифашистичката борба е дел и од моето семејство, дел од градот во кој живеам, но тоа е историско минато и не треба да не ограничува во трасирањето на патот кон нашата европска иднина, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања. Вели дека не може цела Бугарија да се оквалификува како фашистичка бидејќи во тоа време народот во Бугарија не бил прашан. – Царска Бугарија во 1941 година застанува на страната на Тројниот пакт на фашизмот. Во тие моменти никој не ги праша Бугарите на референдум каква е нивната определба за да можеме цела Бугарија да ја оквалификуваме како фашистичка. И во нашата Македонија имаше соработници на фашистите, домашни предавници. Европа ги реши прашањата на европски начин, време е и Балканот да ги реши прашањата на европски начин. Да простиме, но да не заборавиме. Окупацијата од страна на фашизмот била присутна насекаде низ Европа и низ светот и тоа не е причина да велиме цел еден народ дека е окупатор, затоа велам администрација, затоа што тогашното раководство на царска Бугарија се приклучила на тројниот пакт. Но, денеска да зборувате за фашистичка Бугарија или фашистичка Германија, тоа не е поглед кон иднината. Прашањето е дали ги користиме вистинските зборови за да градиме иднина, појасни Заев. Факт е, рече Заев, дека во 1944 година партизански одреди од тогашната комунистичка партија на Бугарија се приклучиле на ослободителните антифашистички одреди и заедно со Советската армија го ослободуваат балканскиот простор од фашизмот. Прашан кој го извршил масакрот кај Ваташа, Заев рече фашистичкиот окупатор. – Како што имавме фашистички изблици дури и на наши сограѓани со предавства на македонски револуционери, македонски партизани и на македонски херои. Фашизмот нема етничка боја, фашизмот е определба во тоа време, кој жалам што останал уште малку некаде во европскиот континет и во светот, но дефинитвно е зло кое сите сакаме да не се повтори, рече Заев во одговорот. Во однос на отстранувањето на спомениците за кои говореше во интервјуто, Заев појасни дека тие се отстранети согласно Договорот за пријателство и обврските за негување на пријателството меѓу двете држави. – Во дел од плочите каде пишува бугарска фашистичка рака, бугарски фашистички куршум е оставено фашистички куршум, фашистика рака и слично. Затоа велиме да не заборавиме, но низ простувањето да внимаваме. Тоа е направено на целата територија на државата и во најголем дел надлежни се општините, истакна Заев, одговарајќи на низа новинарски прашања по денешната посета на Крива Паланка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pak-blesna-vo-odbrana-na-bugarija-nikoj-bugarite-na-referendum-ne-gi-prasha-kakva-e-nivnata-opredelba-i-vo-makedonija-imashe-sorabotnici-na-fashistite/feed/ 0
ФОТО: Балканските медиуми со потсмев дека Бугарите го ослободиле Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-balkanskite-mediumi-so-potsmev-deka-bugarite-go-oslobodile-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-balkanskite-mediumi-so-potsmev-deka-bugarite-go-oslobodile-skopje/#respond Wed, 25 Nov 2020 17:05:11 +0000 https://kurir.mk/?p=434328

Речиси целиот регион денеска му се смее на македонскиот премиер Зоран Заев кој во интервју за бугарски медиум изјави дека Бугарија не била фашистички окупатор и дека Бугарите ги ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје од фашистите. Ова предизвика лавина реакции не само во земјава, туку и соседството. Српскиот портал „Политика“ ја пренесува изјавата на Заев каде вели дека во текот на втората светска војна  Бугарите биле „администратори“ на територијата на денешна Македонија. -Во Македонија се заменети повеќе од 20 сообраќајни знаци на кои пишувало бугарски фашистички окупатори, вели Заев во интервјуто. Тој раскажува и дека должност на политичарите е да го зближат народот, бидејќи со децении биле држени настрана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-balkanskite-mediumi-so-potsmev-deka-bugarite-go-oslobodile-skopje/feed/ 0