фашизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Nov 2020 17:06:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фашизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Твитер заедницата експлодираше после контроверзната изјава на Заев: Смрт на фашизмот, слобода на народот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-zaednicata-eksplodirashe-posle-kontroverznata-izjava-na-zaev-smrt-na-fashizmot-sloboda-na-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-zaednicata-eksplodirashe-posle-kontroverznata-izjava-na-zaev-smrt-na-fashizmot-sloboda-na-narodot/#respond Wed, 25 Nov 2020 16:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=434312

Премиерот Зоран Заев денеска со својата контроверзна изјава го навлече гневот на македонската јавност, а социјалната мрежа „Твитер“ експлодираше со негативни критики. Заев во интервјуто за бугарски „БГНЕС“ порача дека Бугарија за време на Втората светска војна не била фашистичка земја и окупатор, туку дел од „антифашистичкиот фронт“ кој ослободувал делови од територијата на Македонија. „Бугарија не беше фашистичка, Бугарија беше наш пријател“, порача Зоран Заев и ги погази историските факти кои говорат за бројните бугарски злосторства од времето на Втората светска војна, како што е депортацијата на македонските Евреи и масакрот кај Ваташа. Меѓу другото, Заев порача дека Гоце Делчев треба да ги зближува граѓаните на двата народи кои биле разделени поради почитичарите од времето на поранешна Југославија. После контроверзното интервју, на социјалните мрежи има лавина на критики, а експлодираше и Твитер заедницата која упати низа на негативни критики. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-zaednicata-eksplodirashe-posle-kontroverznata-izjava-na-zaev-smrt-na-fashizmot-sloboda-na-narodot/feed/ 0
Јанушев: Секој кој ќе ја критикува власта, веднаш од Заев и неговите провладини перјаници е обвинет дека шири лажни вести, токму тоа е енциклопедиски пример за фашизам! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-sekoj-koj-kje-ja-kritikuva-vlasta-vednash-od-zaev-i-negovite-provladini-perjanici-e-obvinet-deka-shiri-lazni-vesti-tokmu-toa-e-enciklopediski-primer-za-fashizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-sekoj-koj-kje-ja-kritikuva-vlasta-vednash-od-zaev-i-negovite-provladini-perjanici-e-obvinet-deka-shiri-lazni-vesti-tokmu-toa-e-enciklopediski-primer-za-fashizam/#respond Sat, 04 Apr 2020 09:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=327141

Секој кој ќе ја критикува власта, кој има свое мислење за работите, за некој проблем или мака која што ја има, истиот веднаш од Заев и неговите провладини перјаници е обвинет дека шири лажни вести. Токму тоа е енциклопедиски пример за фашизам!, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Стратегијата им е толку провидна, сите да ги прогласат за лажови, само најголемиот лажов - Заев дека не е! А, лажењето е негова природна состојба. И во таа смисла вистинска трагедија е Заев и неговите “пајташи” да обвинуваат синдикати, граѓани, бизнисмени ... сите оние кои ја кажуваат вистината за лошата состојба дека шират лажни вести. Во историјата нема таков пример на “забеганост” сите кои мислат различно од првиот човек на власт да се етикетирани, како што сега е примерот со Заев. Ова колку да е апсурдно, толку е и трагично. Во оваа земја Заев не е никаков репер за тоа што е вистина, а што не. Додека Заев танцува со короната, луѓето танцуваат со сиромаштијата, потенцира Јанушев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-sekoj-koj-kje-ja-kritikuva-vlasta-vednash-od-zaev-i-negovite-provladini-perjanici-e-obvinet-deka-shiri-lazni-vesti-tokmu-toa-e-enciklopediski-primer-za-fashizam/feed/ 0
Котлар: Ова што се прави со македонската историја е најлоша форма на фашизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-ova-shto-se-pravi-so-makedonskata-istorija-e-najlosha-forma-na-fashizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-ova-shto-se-pravi-so-makedonskata-istorija-e-najlosha-forma-na-fashizam/#respond Thu, 28 Mar 2019 07:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=179679

Професорката Наташа Котлар порачува дека ова што се прави со македонската историја е најлоша форма на фашизам. „Преспанисти, Илиристи...! Ова што се прави во однос на македонската историја (читај и Македонија) од страна на двојните комисии за историски прашања (северно-бугарската и северно–грчката) претставува најлоша форма на фашизам! Овие комисии директно ја засегнуваат целокупната македонска академска историографија, бидејќи научните истражувања, пишувања и толкувања ги прави токму таа. Што значи, академска историографија создава научна продукција, која потоа се преточува како синтеза во учебниците. Тие треба да помогнат во процесот на стекнување на знаења на помладите генерации, а не на нивно стекнување перцепции или пак грижа за нечии непријатни чувства (Габер и др.). Психологијата како наука се занимава со перцепциите и со чувствата! Историјата се занимава со проучување на причините и на последиците за настани и процеси во конкретно време. Оттука, работата на комисистите севернисти и преспанисти е директен атак на 74-годишна научна продукција во Република Македонија! Ова пак ни се случува заради нашето недоволно познавање на нештата и на работата, како и заради површност и лукративност! Комисистите определувајќи се да ѝ се повинат на постојаната политичка, идеолошка или друга која и да е ненаучна кауза, ја губат научната легитимација на нивната работа. Накратко, попусто работа!“-пишува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-ova-shto-se-pravi-so-makedonskata-istorija-e-najlosha-forma-na-fashizam/feed/ 0
Ден на победата над фашизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot/#respond Wed, 09 May 2018 07:16:19 +0000 https://kurir.mk/?p=51829

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер. Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари. На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба. Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка. Централната манифестација во светот по повод победата над фашизмот традиционално ќе биде во Москва каде што на Црвениот плоштад ќе продефилираат припадници на различни родови на руската армија, како и ветерани од Втората светска војна. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot/feed/ 0