фатиме фетаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Nov 2022 13:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фатиме фетаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на јавни обвинители сè уште не добил на потврда од Фетаи дека се повлекува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-se-ushte-ne-dobil-na-potvrda-od-fetai-deka-se-povlekuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-se-ushte-ne-dobil-na-potvrda-od-fetai-deka-se-povlekuva/#respond Mon, 21 Nov 2022 13:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=764217

Советот на јавни обвинители сè уште не добил на писмено потврда од обвинителката Фатиме Фетаи дека ја повлекува својата кандидатура за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Таа во телефонски разговор со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, го информирала дека е во странство и се враќа во среда. Одговарајќи на новинарски прашања по продолжението на 70-тата седница на Советот на ЈО, Јолевски денеска рече дека со Фетаи исконтактирал во петокот попладне, меѓутоа посочи дека сепак тоа е нејзина волја и ќе видиме дали ќе поднесе и на писмено. – Рече дека се наоѓа во странство и дека користи годишен одмор во петок и денеска. Утре е Денот на албанската азбука и таа во државата ќе дојде во среда. Веројатно и тогаш ќе поднесе и на писмено, бидејќи и укажав дека по меил не е досега вообичаено да се повлекува кандидатура, изјави Јолевски. Јолевски, нагласи дека Фетаи не му навела причини, и се додека не добие на писмено ќе бидат шпекулации. Прашан дали на оваа тема ќе се посветат подлабоко како Совет, со оглед на можноста да има некои притисоци или позадински игри, Јолевски рече дека очекува доколку има некакви забелешки или проблеми дека обвинителката тоа ќе го каже на Советот, за, како што рече, да може да го решиме и побараме нејзина заштита. – Очекувам дека ако сака да ни каже обвинителката или ако се вршат притисоци. Затоа и реков, ние сме тука како Совет да Ве заштитиме ако имате некои притисоци, меѓутоа рече дека ова е моја лична одлука. Доколку имаме било какви забелешки од нејзина страна, односно да има некакви проблеми се надевам дека ќе ни каже, за да можеме тоа да го објавиме и како Совет да ја заштитиме, изјави Јолевски. Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители во понеделникот на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, беше одложена за денеска на 21 ноември, за како што беше тогаш посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. Советот на ЈО и денеска не изврши избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, поради немање кворум. Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје има тројца кандидати. Обвинителката Фатиме Фетаи, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-se-ushte-ne-dobil-na-potvrda-od-fetai-deka-se-povlekuva/feed/ 0
Фатиме Фетаи се откажа од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-se-otkaza-od-trkata-za-shef-na-vishoto-skopsko-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-se-otkaza-od-trkata-za-shef-na-vishoto-skopsko-obvinitelstvo/#respond Fri, 18 Nov 2022 10:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=762843

Поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, испратила мејл деке се повлекува од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство. Претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски за „Фокус“ потврдил дела примиле имејл со известување за повлекување на кандидатурата на вишата обвинителка. Тој сепак посочи дека ќе мора да се слушне со обвинителката за да ја потврди веродостојноста на информацијата, односно да се утврди со сигурност дека таа го испратила известувањето. Изборот за шеф на вишото обвинителство е одложен за 21 ноември. Во трката сега остануваат актуелниот шеф, Мустафа Хајрулахи, и вишиот обвинител Бурим Рустем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-se-otkaza-od-trkata-za-shef-na-vishoto-skopsko-obvinitelstvo/feed/ 0
Фатиме Фетаи ги бодреше фудбалерите и во Гибралтар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-gi-bodreshe-fudbalerite-i-vo-gibraltar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-gi-bodreshe-fudbalerite-i-vo-gibraltar/#respond Sun, 05 Jun 2022 18:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=686992

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска беше и во Гибралтар, каде Македонија играше со домаќините во Лигата на нации и победи со 2:0 со головите на Барди и Николов. -Овој пат камерата ја прикажа Фетаи сама на трибините.Околу неа, претходниот пат се крена прашина, кој ги платил уплатниците за Светското првенство против Италија во Палермо. На неа тогаш друштво и правеа министерот за правда Никола Тупанчевски и судијата од Кавадарци, Лазар Нанев, објавува Фокус. Вишата обвинителка Фатиме Фетаи тогаш ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација, пишува порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-gi-bodreshe-fudbalerite-i-vo-gibraltar/feed/ 0
Фетаи и Тупанчевски: Во Палермо бевме на сопствен трошок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fetai-i-tupanchevski-vo-palermo-bevme-na-sopstven-troshok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fetai-i-tupanchevski-vo-palermo-bevme-na-sopstven-troshok/#respond Sat, 26 Mar 2022 07:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=653617

Антикорупциската комисија побара од Фетаи, Тупанчевски и Нанев да одговорат дали на државен трошок биле во Палермо за да го следат натпреварот меѓу Македонија и Италија. Антикорупциската комисија побара, а министерот за правда Никола Тупанчевски и обвинителката Фатиме Фетаи преку медиумите одговорија на чиј трошок патувале во Палермо каде го следеа натпреварот на фудбалската репрезентација со Италија. „Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување. Повикуваме министерот за правда, Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев, сами да кажат кој им ги плати билетите и патувањето“, повикаа денеска од Државна комисија за спречување на корупцијата, откако тие беа забележани од камерите во ВИП ложата на стадионот. „Секако дека на свој трошок бев во Италија“, изјави за „Фокус“ Тупанчевски, веднаш штом слета во Скопје. Трошоците поврзани со следењето како на овој, така и на другите натпревари сама си ги покривам, изјави за ТВ 24 вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија, Златко Андоновски, на прашањето дали федерацијата им ги овозможила местата во ложата за ТВ 24 одговори: „Ви благодарам што се грижите за гостите, но засега немам никаков коментар во врска со тоа. Сега сме фокусирани на мечот со Португалија “, вели Андоновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fetai-i-tupanchevski-vo-palermo-bevme-na-sopstven-troshok/feed/ 0
Фатиме Фетаи: На свој трошок бев во Палермо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-na-svoj-troshok-bev-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-na-svoj-troshok-bev-vo-palermo/#respond Fri, 25 Mar 2022 18:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=653508

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи за Фокус изјави дека трошоците за да го проследи фудбалскиот натпревар во Палермо сама ги покрила. -Пред се сакам да им честитам на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на победата на нашата држава за многу значајната победа над Италија и да посакам иста таква да оствариме и во Португалија. Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот (овој и на другите) сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и тоа како заслужен успех, изјави за Фокус Фетаи, штом пристигна во Скопје. Претходно и министерот за правда, Никола Тупанчевски изјави дека и тој на свој трошок бил во Палермо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-na-svoj-troshok-bev-vo-palermo/feed/ 0
СДК: Кој ги подмирил трошоците на Тупанчевски, Фетаи и Нанев за патот во Палермо? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=653279

Министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, каде што Македонија ја победи Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал. Бидејќи станува збор за избрани и именувани лица, САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати кај претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, која вели дека тие самите треба да си кажат кој им ги платил трошоците за следење на македонската фудбалска репрезентација. „Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување“, вели Ивановска. САКАМДАКАЖАМ.МК ги праша тројцата со смс порака за трошоците, но не доби одговор до објавување на текстот. Судијата Нанев е поранешен долгогодишен член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Македонија синоќа ја победи Италија со 1:0 и во вторник во Порто ќе игра против Португалија за пласман на СП 2022. Фудбалската федерација на Македонија редовно носи свои гости на патувањата на репрезентацијата, обично со чартер летови. ФФМ е најбогатата спортска федерација во земјата и не прима пари од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/feed/ 0
МВР со детали, Фетаи лесно повредена во сообраќајката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-fetai-lesno-povredena-vo-soobrakjajkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-fetai-lesno-povredena-vo-soobrakjajkata/#respond Fri, 25 Jun 2021 08:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=527803

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е лесно повредена во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу полноќ во скопската населба Топанско Поле. Фетаи била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“, по што била пуштена на домашно лекување. -На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат oд МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-fetai-lesno-povredena-vo-soobrakjajkata/feed/ 0
ФОТО: Обвинителката Фатиме Фетаи вечерва доживеала сообраќајна несреќа, веднаш била префрлена во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-obvinitelkata-fatime-fetai-vecherva-doziveala-soobrakjajna-nesrekja-vednash-bila-prefrlena-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-obvinitelkata-fatime-fetai-vecherva-doziveala-soobrakjajna-nesrekja-vednash-bila-prefrlena-vo-bolnica/#respond Thu, 24 Jun 2021 23:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=527700

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода. Имено, насреќата меѓу две возила Поло и Сеат Ибица се случила на раскрсницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата. Според информациите, а како што пренесуваат медиумите, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди. Обвинителката, Фатиме Фетаи како што пишува ин7, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не треба да биде сериозна. Фотографии од несреќата можете да погледнете ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-obvinitelkata-fatime-fetai-vecherva-doziveala-soobrakjajna-nesrekja-vednash-bila-prefrlena-vo-bolnica/feed/ 0
Чашуле: Екс специјалната јавна обвинителка Фетаи преку својата уста ја симна маската на актуелниот премиер Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-eks-specijalnata-javna-obvinitelka-fetai-preku-svojata-usta-ja-simna-maskata-na-aktuelniot-premier-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-eks-specijalnata-javna-obvinitelka-fetai-preku-svojata-usta-ja-simna-maskata-na-aktuelniot-premier-zaev/#respond Mon, 25 Jan 2021 09:46:20 +0000 https://kurir.mk/?p=459439

Коле Чашуле, во синоќешната емисија „ Седница со Коле Чашуле“ зборуваше за случајот „Монструм“. -Миленичката на шарената револуција, екс специјалната Фатиме Фетаи со црната маска преку својата уста скроз ја симна маската на актуелниот премиер Зоран Заев. Ја сруши лагата и разголи вистината. После целата голгота од речиси 4 години јавно и тоа не било каде туку во судница се потврди дека тоа што го зборуваше опозиционерот Зоран Заев не беше вистината. Осудените убијци на доживотен затвор кој беа водени како резултат на таа лага и процесот се врати од почеток, на крајот пак испадна како што беше и првично кажано односно се докажа дека не станува збор за политички монтиран процес, рече Чашуле. Тој во емисијата укажа и на една од изјавите која ја даде Заев за овој случај: -Не ја знаат вистина, ни оние кој што се наводно виновни за овој процес, за убиството, велам наводно затоа што јас не верувам дека е така и тие не веруваат, ја бараат вистината, трагaат по неа и оние кои што ги изгубија животите односно сега нивните семејства не веруваат дека тоа е така како што е претставено во јавноста и тиe трагaат по вистината. Тоа што ќе го обелоденам е вистината поврзана со податоците кои ги имам, што има Заев? Tелефонски разговори, смс пораки се што е поврзано околу тоа на повидок на јавноста нема да го толкувам јас што е како е, јавноста ќе ги истолкува како што и самата го толкува овој процес на обелоденување што до сега се случува. Таа вистина ќе даде одговори на многу прашања- една од изјавите на монструм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-eks-specijalnata-javna-obvinitelka-fetai-preku-svojata-usta-ja-simna-maskata-na-aktuelniot-premier-zaev/feed/ 0
Падна тужба на покоен сведок против обвинет во „Моќник” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-tuzba-na-pokoen-svedok-protiv-obvinet-vo-mokjnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-tuzba-na-pokoen-svedok-protiv-obvinet-vo-mokjnik/#respond Mon, 04 Jan 2021 10:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=451802

Скопскиот основен суд ја одби тужбата на лустрираниот судија Драги Билески кој тврдеше дека пратеникот Антонијо Милошоски мислел на него и со тоа го наклеветил кога на ТВ Телма во март 2017, во реплика на Оливер Спасовски изјавил: “Вие сакате од тој судија и УДБАШ да направите жртва”, пишува Експрес.мк. Откако во два наврати Основниот суд во Скопје утврдил дека Милошоски не направил навреда и клевета судот одлучил дека тужбата се одбива како неоснована. Судијата Драги Билески од Кичево, сега покоен, беше еден од главните сведоци на СЈО против Антонијо Милошоски и Томе Аџиев во случајот “Моќник”. По неговата смрт лани во приватниот процес против Милошоски го застапувал неговиот правен наследник. Со евентуална осудителна пресуда по тужбата на Билески обвинителката Фатиме Фетаи која го гони Милошоски во случајот Моќник ќе имаше посилна позиција во процесот кој го започна СЈО откако истече законскиот рок. Вака обвинителството е во хендикепирана состојба состојба затоа што Милошоски не е осуден по тужба на сведок на Фетаи. Во случајот Моќник СЈО тврди дека лустрацијата на судијата Билески била нарачана од Милошоски. Наспроти Фетаи членовите на тогашната Комисија за верификација на фактите тврдат дека истиот со 10 гласа ЗА и 1 воздржан е лустриран врз основа на оригинални документи од Државниот архив во кои се потврдува соработката на судијата со Службата за државна безбедност во периодот од 1979 до 1989 година. Судијата Билески чија тужба е одбиена беше еден од главните сведоци во случајот “Моќник” заедно со пратеникот и сопственик на Пуцко Петрол Исмаил Јахоски и екс градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, двајца високи функционери на ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-tuzba-na-pokoen-svedok-protiv-obvinet-vo-mokjnik/feed/ 0