Фатмир Бесими – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 16:07:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фатмир Бесими – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесими: Нема промени за основните производи од потрошувачката кошничка, ако има оправдани реакции ќе се реагира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-nema-promeni-za-osnovnite-proizvodi-od-potroshuvachkata-koshnichka-ako-ima-opravdani-reaktsii-ke-se-reagira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-nema-promeni-za-osnovnite-proizvodi-od-potroshuvachkata-koshnichka-ako-ima-opravdani-reaktsii-ke-se-reagira/#respond Fri, 06 Oct 2023 16:07:43 +0000 https://kurir.mk/?p=886186

Пристапено е многу внимателно во однос на заштитата на стандардот при подготовката на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, што стапи во сила денеска. Нема никакви промени во однос на минималниот стандард и не ги опфаќа основните прехранбени производи од потрошувачката кошничка, оцени денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. На брифинг со медиумите тој посочи дека листата на производи опфатени со Одлуката била долго време на расправа и на увид кај засегнатите страни, досега немало реакции, но можни се пропуст, како што рече, кај минорен број артикли. Поради евентуални технички пропусти и ако има проблеми при практичната примена со оглед на дилемите околу тарифирањето ќе се интервенира за што разговара со Царинската управа. -Целта на одлуката е јасна, основните прехранбени производи остануваат со пет проценти даночна стапка. Тоа е јасна цел, позиција и политика на Владата. Со оваа одлука остануваат со пет проценти прехранбените производи што се во потрошувачката кошничка. Што се однесува до минималниот стандард нема никакви промени, вели Бесими. По стапувањето во сила на Одлуката, според МФ, има реакции и дилеми кај тарифирањето бидејќи досега беше една даночна стапка и тарифирањето било поедноставно. - Сега на пример за некој кашкавал којшто бил увозен во истата тарифна ознака влегува и некој од домашните. Тоа се одредени дилеми кои можеби се нејасни, но ќе ги исправиме, но не се повеќе од две или три тарифни ознаки. Имаше пример за урда и моцарела со ист тарифен број. На моцарелата и нула проценти да и ставиме цената и е висока и не може секој граѓанин да си дозволи. Тарифниот број бил ист и не можел да се издвои затоа што досега немало потреба. Ќе гледаме со Царината ако може да се изменат тие тарифни броеви, велат од МФ и истакнуваат дека ако има реакции за нешто што е оправдано ќе се реагира. Во однос на другите држави во регионот и во Европската унија, според МФ, и со оваа Одлука и сега сме со најширока листа на производи со најниска повластена тарифа. Целата одлука, појаснуваат, се однесува на повластена тарифа, 2 600-те производи не се на 18 проценти, сите се под 18 проценти, а тие што се основни, 1600, остануваат на пет проценти, додека околу 1000 одат на 10 проценти. -Споредено со другите држави од регионот ние сме со најниска основна стапка на ДДВ од 18 проценти, кај останатите е 20, 23, 25, 27... И во таква ситуација сме и со најниска повластена стапка за разлика од некои што имаат само една повластена стапка ние имаме две. Со оваа мерка е пристапено многу внимателно во однос на заштитата на стандардот, особено за тие со пониски примања и за основните прехранбени производи и нема да влијае на тие што се на листата на времената мерка на Владата за гарантирани цени, вели министерот Бесими. Од МФ претходно и во соопштение појаснија дека со Одлуката, над 1600 производи ќе продолжат и понатаму да се оданочуваат со најниската даночна стапка од пет проценти. Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, ќефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, ќечап и други сосови од домат, супи, оцет, сол, ореви, костени….. На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со пет проценти. Листата на производи, наведоа од Министерството, коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10 проценти се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза и производи, а дел од производите не се препорачуваат за човековото здравје. На оваа листа меѓу другите се различни производи од лососи , козјо месо, , посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општа употреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така, укажува ресорното Министерство, поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на економијата. Направените измени се дел од пошироката даночна реформа, која претставува усогласување со европската легислатива, согласно препораките од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд и е за поголема правично, праведност и заштита на стандардот на граѓаните, наведе Министерството за финансии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-nema-promeni-za-osnovnite-proizvodi-od-potroshuvachkata-koshnichka-ako-ima-opravdani-reaktsii-ke-se-reagira/feed/ 0
Бесими: По успешната граѓанска обврзница, денеска се одржува аукција за зелената обврзница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-po-uspeshnata-graganska-obvrznitsa-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-zelenata-obvrznitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-po-uspeshnata-graganska-obvrznitsa-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-zelenata-obvrznitsa/#respond Tue, 03 Oct 2023 08:12:34 +0000 https://kurir.mk/?p=884511

По граѓанската обврница и зелената обврзница за која денеска се одржува аукција, министерот за финансии Фатмир Бесими најавува воведување на нов финансиски инструмент односно проектна обврзница. Новите проектни обврзници ќе претставуваат алтернативен начин за институционалните инвеститори за финансирање инфраструктурни проекти. -Министерството за финансии планира да воведе нов инструмент на пазарот кој ќе биде наменет за финансирање инфраструктурни проекти, што е дел од новата стратегија за диверзификација на понудата на пазарот на капитал, вели Бесими за регионалниот сајт „SeeNews“. Тој се осврнува и на граѓанската обврзница, најавувајќи втора емисија, како и на зелената обврзница од која се очекуваат 10 милиони евра кои ќе бидат искористени за поддршка на зелени проекти преку Фондот за енергетска ефикасност во Развојната банка. -Министерството за финансии во јули годинава издаде двегодишни граѓански обврзници во износ од 1,448 милијарди денари (23,6 милиони евра, со фиксна каматна стапка од 5 проценти годишно, што е двојно повеќе од планираниот износ од 600 милиони денари. Министерството за финансии веќе подготвува втора емисија на граѓански обврзници, посочува Бесими, додавајќи дека ова е инструмент којшто постојано ќе биде присутен на пазарот на капитал и ќе биде достапен за граѓаните. Новите видови државни хартии од вредност, како што наведува министерот, се дел од Стратегијата за управување со јавниот долг и Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност и се во согласност со Планот за забрзан економски раст. Сите овие финансиски иструменти, како што вели, имаат развојна компоненета и се насочени кон поддршка на проекти планирани и во согласност со Буџетот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-po-uspeshnata-graganska-obvrznitsa-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-zelenata-obvrznitsa/feed/ 0
Спасовски на крводарителската акција во Амбасадата на САД во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-na-krvodaritelskata-aktsija-vo-ambasadata-na-sad-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-na-krvodaritelskata-aktsija-vo-ambasadata-na-sad-vo-skopje/#respond Wed, 13 Sep 2023 10:14:57 +0000 https://kurir.mk/?p=877637

Спасовски информира дека крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија. На покана на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, со задоволство учествував во крводарителската акција во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, по повод одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од ужасните терористички напади на 11 септември, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Спасовски информира дека крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија. - Дарувај крв – спаси живот!, објави Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-na-krvodaritelskata-aktsija-vo-ambasadata-na-sad-vo-skopje/feed/ 0
Бесими: Реализацијата на капитални расходи досега е за 136% повисока од лани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-realizatsijata-na-kapitalni-rashodi-dosega-e-za-136-povisoka-od-lani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-realizatsijata-na-kapitalni-rashodi-dosega-e-za-136-povisoka-od-lani/#respond Wed, 13 Sep 2023 07:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=877546

Капиталните расходи заклучно 11 септември се остварени во износ од 26 милијарди денари или тоа е натфрлање за 136% во однос на лани. Континуирано се работи на зголемување на сумата за капитални расходи во буџетот, но и во подобрување на нивната реализација, поради нивниот мултипликативен ефект во економијата, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими, во гостување во „Дневникот“ на националниот сервис МРТВ. Бесими истакна дека пренасочувањето на дел од средствата од капиталните расходи со прераспределбата во Буџетот, за зголемување на платите во јавниот сектор и пензиите, е од проекти каде динамиката на реализација тоа го дозволува, како и дека значајни заштеди со прераспределбата се прават и на ставката стоки и услуги. Министерот во интервјуто наведе дека во изминатите неколку години се воведени повеќе буџетски механизми за подобрување на реализацијата на капиталните расходи од страна на институциите. Еден од нив е механизмот КАПЕФ, со кој се поставуваат тримесечни таргети и доколку потфрли реализацијата, на институциите им се резервираат средствата за капитални кои не ги искористиле. „Треба да се истакне дека при прераспределбата на буџетот, се намалуваат ставките на одделни проекти согласно динамиката на реализацијата. Ова се главно средства од развојни програми преку странски кредитори. Доколку кон крајот на годината забрза динамиката на реализација, ќе се повлечат средства“, посочи министерот за финансии. Тој потенцира и дека во последното тримесечје од годината, како и секоја година, се очекува забрзување на реализација на капиталните расходи. Со прераспределбата на средствата во Буџетот се обезбедуваат 4,25 милијарди денари за зголемување на платите за 10% и за К-15 од 10.000 денари за 106.000 вработени во јавниот сектор. Исто така, се обезбедуваат 3,5 милијарди денари за ново зголемување на пензиите за 336.000 пензионери. Министерот за финансии Бесими посочи дека во Буџетот се направени значајни заштеди во ставката стоки и услуги, иако тоа можеби не се гледа во крајната бројка поради покачување на средствата за набавка на лекови и на учебници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-realizatsijata-na-kapitalni-rashodi-dosega-e-za-136-povisoka-od-lani/feed/ 0
Владата набргу ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки, најави Бесими https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-nabrgu-ke-go-objavi-devetiot-paket-antikrizni-merki-najavi-besimi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-nabrgu-ke-go-objavi-devetiot-paket-antikrizni-merki-najavi-besimi/#respond Thu, 07 Sep 2023 11:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=875715

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска соопшти дека Владата набргу ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки за кои засега има 4,55 милијарди денари. Пакетот, како што рече, ќе биде во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите. -Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки. Дополнително ќе се оди со таргетирање до крајот на годината, за поддршка на најранливите категории, истакна Бесими на прес-конференција во Владата откако информира дека е донесена Одлука за прераспределба на Буџетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-nabrgu-ke-go-objavi-devetiot-paket-antikrizni-merki-najavi-besimi/feed/ 0
Димитриеска Кочоска до Бесими: Потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес-конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrieska-kochoska-do-besimi-potpishuvaneto-na-100-milioni-evra-kredit-za-esm-ne-e-za-pres-konferentsii-tuku-najgolem-poraz-koj-do-sega-se-ima-slucheno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrieska-kochoska-do-besimi-potpishuvaneto-na-100-milioni-evra-kredit-za-esm-ne-e-za-pres-konferentsii-tuku-najgolem-poraz-koj-do-sega-se-ima-slucheno/#respond Tue, 22 Aug 2023 13:51:25 +0000 https://kurir.mk/?p=869641

Потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес-конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено, му порача Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ на министерот Бесими. Во продолжение следува интегрален текст од нејзиниот Фејсбук статус: Министре, пресов Ви е како за на мали деца да им поткажете нешто и да ги подлажете... 1. Споредба на реализација на Буџетот дајте со планот за 2023. Потоа може да заклучувате дали е добро или не. 2. Пред нето ДДВ има една ставка која се вика "Исплата на поврат на ДДВ". Ќе замолам вашите служби да проверат (кога веќе вие не знаете) колку изнесува. Не мора да прашате во УЈП, прашајте го стопанството по колку време си ги чека парите. Е, кога таа ставка ќе биде реална, тогаш кај ДДВ немате раст од 4,8% туку помалку во однос на лани. А колкава требаше да биде во однос на лани знаете? Проверете се уште еднаш, ве молам. По ДДВ-то се гледа дека нешто не е добро со економијата. И тоа очекувам да одговорите што е. Грешно планирање, сива економија или ја пеплосавте, економијата. И второ потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено. 100 милиони евра се пари кои наместо за инвестиции, ќе завршат за покривање на редовно работење, плати и скапи тендери во четири очи за ископи и што уште не. Пораз е најголемата компнија во државна сопственост да се донесе во таков колапс, да биде загубар со години и да не може да си обезбеди плати за своите вработени. Но, ве разбирам, иако не оправдувам, вие како министер славите денес зошто нема да вршите исплата на милионски износи од буџетот кон ЕСМ како досега. Ионака нема веќе од каде да исплаќате. Како што започнав буџетот не е полн, туку за жал празен. П.С. На крај ДДВ според ваши проекции треба да биде за 21,21% повеќе од 2022 за да можат да се остварат оние 1.276 милиони евра кои сами сте ги планирале. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrieska-kochoska-do-besimi-potpishuvaneto-na-100-milioni-evra-kredit-za-esm-ne-e-za-pres-konferentsii-tuku-najgolem-poraz-koj-do-sega-se-ima-slucheno/feed/ 0
Бесими: Лебот не смее да поскапи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-lebot-ne-smee-da-poskapi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-lebot-ne-smee-da-poskapi/#respond Tue, 22 Aug 2023 12:55:44 +0000 https://kurir.mk/?p=869604

Ќе има ли нов бран поскапувања на прехранбените производи. Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува – лебот не смее да поскапи. Оваа констатација на Бесими е поткрепена со фактот дека цената на пченицата годинава не е поскапа од лани, а ниту трошоците за електрична енергија на пекарниците не се поголеми од ланските кога беснееше енергетската криза. Во меѓувреме поради руско-украинските односи пченицата на светските берзи благо се зголеми но тоа засега не влијае на цената на лебот во Македонија. Од пекарско-мелничарската индустрија најавија дека последниот збор околу цената на лебот ќе го дадат во септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-lebot-ne-smee-da-poskapi/feed/ 0
Министерот Бесими нов член на Коалицијата на министрите за финансии за климатска акција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ministerot-besimi-nov-chlen-na-koalitsijata-na-ministrite-za-finansii-za-klimatska-aktsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ministerot-besimi-nov-chlen-na-koalitsijata-na-ministrite-za-finansii-za-klimatska-aktsija/#respond Tue, 15 Aug 2023 14:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=867012

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска беше избран за полноправен член на глобалната Коалиција на министри за финансии за климатска акција. Коалицијата претставува глобална иницијатива, во која членуваат министри за финансии на 90 држави и претставници на 26 институционални партнери. Коалицијата е основана во април 2019 година, со цел да се координираат активностите на министрите за финансии во насока на почитување на преземените обврски од Парискиот климатски договор и Хелсиншките принципи за климатска акција. Мисијата на Коалицијата е во целост компатибилна со Планот за забрзан раст 2022-2026 година, во кој една од приоритетните области е заштитата на животната средина, заедно со климатската акција. Фискалната стратегија 2023-2025 со изгледи до 2027 година, Програмата за економски реформи 2023-2025 година и другите стратешки документи на Владата и Министерството за финансии. Климатските промени се реалност, а поплавите, сушите, пожарите и другите природни непогоди бараат функционални системи за превенција и справување, коишто треба континуирано да бидат вградувани во буџетскиот процес. Исто така, Коалицијата има за цел да ја поттикне зелената транзиција, меѓу другото, и преку поголемо користење на обновливите извори на енергија и поголема заштита на погодените категории на граѓани и фирми. Воедно, Коалицијата е задолжена за координиран одговор на министрите за финансии, преку поголеми јавни инвестиции и мобилизирање на значаен приватен капитал за зголемување на адаптибилноста и отпорноста кон климатските промени. Државите-членки на Коалицијата учествуваат со 40% во глобалната емисија на стакленички гасови и со 66% во светскиот бруто домашен производ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ministerot-besimi-nov-chlen-na-koalitsijata-na-ministrite-za-finansii-za-klimatska-aktsija/feed/ 0
Бесими: Треба уште некои финеси да се дефинираат со синдикатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-treba-ushte-nekoi-finesi-da-se-definiraat-so-sindikatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-treba-ushte-nekoi-finesi-da-se-definiraat-so-sindikatite/#respond Sat, 08 Jul 2023 07:10:10 +0000 https://kurir.mk/?p=854253

Министерот за финансии Фатмир Бесими во видео интервју за МИА вели дека според климата и интензитетот на разговори со синдикатите, се блиску до постигнување на договор. – Мислам дека има солидна клима, меѓусебна доверба, волја за решение. Треба уште некои финеси да ги дефинираме и доколку сме со овој интензитет, прашање на денови е кога би го заокружиле прашањето со синдикатите во интерес на сите граѓани, истакнува Бесими, додавајќи дека е рационален оптимист. Бесими посочува дека е прифатливо коефициентот да се воведе како нов модел и дека неговото врзување со просечната бруто плата, доколку се согласат со синдикатите, би се реализирано од март 2025 година. Дотогаш ќе има транзициски период во кој ќе растат платите, но со која динамика ќе биде тоа, ќе треба да се договорат заедно со синдикатите. По последниот состанок меѓу синдикатите и Владата што се одржа во средата во Министерството за финансии, синдикатите излегоа со оптимистички изјави дека има напредок и дека ставовите на двете страни се приближуваат. И министерот за финансии е задоволен од текот на преговорите. – Не можам да одам во детали затоа што сеуште не се завршени преговорите, но можам да изразам задоволство од самиот процес дека сме ги доближиле ставовите. За мене поголем успех е самиот факт дека процесот е придонес кон зајакнување на меѓусебната доверба на сите страни, вели Бесими во интервјуто за МИА снимено во четвртокот. Преговорите со синдикатите продолжуваат во понеделник, а во зависност од договорот што ќе се постигне, ќе се види дали од септември ќе има потреба за ребаланс на Буџетот. Засега, како што тврди министерот за финансии, реализацијата на Буџетот оди според планираното. Заклучно со јуни, реализацијата на приходната страна е 48,5 проценти, а на расходна страна околу 49 проценти. – Тоа што е добро е што и на расходната страна за 46 проценти имаме реализација на капиталните расходи што вообичаено во првата половина од годината историски гледано сме немале толку висока реализација и мислам дека тоа ќе се одрази и врз динамиката на раст, вели Бесими. Интервјуто заедно со видео материјалот го пренесуваме во целост: Ја промовиравте граѓанската обврзница како нов финансиски инструмент. Аукцијата е закажана за следната недела. Каков интерес очекувате? – Овие денови веќе го гледаме интересот и до крајот на неделата се очекува да се надмине 50 проценти од она што е објавено, односно отприлика 10 милиони евра или 615 милиони денари. Тоа, нас не радува и е во рамки на очекувањата. Очекувам интерес. Она што е важно е дека овој инструмент ќе биде достапен за граѓаните не само сега, туку и во иднина, но сега е важно оние што сакаат да ја искористат приликата, сега е поволна можност со овој инструмент на пазарот со многу поволности за граѓаните во време на ценовна криза. Интересот веќе се покажува дека е во рамки на очекувањата и ќе биде успешна аукцијата. Тоа значи дека ќе има и други емисии? – Да, секако, тоа е најавено. Она што се очекува следната недела е првата емисија и нудиме поволни услови – пет проценти камата, рокот на доспевање на обврзницата е две години. Тоа значи дека граѓаните што ќе се одлучат да вложат во оваа обврзница, имаат неколку бенефиции. Прво, ова е безризична инвестиција. Второ, граѓаните ќе добијат поповолни приноси односно пет проценти камата во однос на влогот. Една обврзница што ќе се издава на аукција е 10.000 денари и доколку некој се реши да инвестира околу 100 илјади денари на 20 јули следната година ќе има пет илјади денари принос од камата. Наредната година уште пет илјади денари што значи вкупно 10.000 денари камата за 100.000 денари. Всушност, ова е една можност за граѓаните да го прошират своето портфолио доколку се одлучат средствата што ги имаат во банка да ги инвестираат, но дополнително доколку средствата што ги имаат во готовина како заштеда надвор од банкарскиот систем, ние ги охрабруваме преку постојните системи и норми за влог на готовина како и секој друг инструмент од банкарскиот систем, така и тука да го направат затоа што во време кога цените растат парите губат вредност. Ова е начин да заштедат, а од друга страна се намалува и сивата економија. Затоа го нудиме како ваков инструмент кој е прв во нашата историја на финансии и општо во развојот на финансискиот пазар кај нас. Тоа е инструмент кој го имавме најавено уште во Стратегијата за развој на финансиските пазари, но и во самиот Буџет што беше предложен во Собранието дека во текот на годината ќе издаваме ваква обврзница. Средствата што ќе се добиваат од каматите, ќе се одданочуваат? – Сега не се одданочуваат согласно нашите закони. Дополнително, овие инструменти граѓаните ќе може да ги користат и да ги препродаваат во иднина. Доколку на пример купат обврзница која има рок на доспеаност за две години, тие 100.000 денари што ги споменав како пример ако во текот на тие две години сакаат да ги користат за нешто друго, ќе можат слободно да ги продаваат истите. Тука е важно што ќе се развие секундарниот пазар и цената на продавање ќе зависи од пазарот. Исто така ова се хартии од вредност кои се безризични кои граѓаните ќе може да ги вложат како колатерал во банка или за нешто друго да ги искористат. Така што има неколку поволности за граѓаните. Постапката е многу транспарентна. Сите знаат дека каматата е пет проценти и тоа важи за сите. Количините не се ограничени. Кој колку ќе сака да вложи, ќе може да го стори тоа. Постапката е и едноставна. Се оди во банка и се дава налог за вложување во граѓанска обврница. Тоа може да се стори во било која банка и на денот кога ќе се реализира аукцијата, банките кон Министерството за финансии ги доставуваат сите налози и во Народната банка се реализира аукцијата. Завршува аукцијата и во рок од 13 до 20 јули се прави порамнувањето и се евидентираат сите обврзници кај имателите. Тоа се евидентира во регистарот на хартии од вредност тТака што секој во секој момент ќе може да ја провери својата состојба. Се работи за транспарентна, едноставна и поволна безризична финансиска инвестиција која нуди низа други поволности. Вие ќе купите граѓанска обврзница? – Да, планирам една секако. Мислам дека тоа ќе биде јасна порака дека верувам во тоа што го правиме. Ако нешто нудиме на другите, треба да кажеме дека и ние веруваме во тоа. Во постапка сме со Државната комисија за хартии од вредност и писмено се имаме обратено со цел да се разјасниме дали има конфликт на интереси. Лично од економски аспектт мислам дека не би требало да има конфликт на интереси од неколку причини – постапката е транспарентна, се врши на јавна аукција, второ – инструментот се нуди под исти услови за сите граѓани и количините не се ограничени. По дефиниција според законот конфликт на интереси има доколку се користи одредена јавна функција за лична корист. Во конкретниот случај нема да има никаква поповолна позиција или корист на издавачот. Исто како некој што произведува производ на пазарот, кој како што го продава на другите, го користи и за себе. Но, сепак тоа е ингеренција на Државната комисија за хартии од вредност и очекуваме официјален одговор од нив бидејќи прашањето не е само за финансии, туку и за сите именувани и избрани функционери. Да имаме официјално писмо и да нема дилеми по однос на ова прашање иако економската логика кажува дека ако инструментот е транспарентен, достапен за сите и под еднакви услови, нема ограничување во пристапот. Со ова размислување сум со намера да купувам симболично една обврзница и тоа ќе го објавам дента кога ќе го сторам тоа. Уште една актуелна тема која не е завршена се преговорите со синдикатите за зголемување на платите и за новата методологија за плати во јавниот сектор. По последниот состанок со Вас во Министерството за финансии, синдикатите излегоа со пооптимистични изјави дека ставовите се доближени и се очекува решение. Во понеделник е закажана нова средба. Има ли сериозни приближувања на ставовите и кога може да се очекува зголемување на платите во јавниот сектор? Дали тоа би се случило од септември? – Економско-социјалниот дијалог е исклучително важен и здрав процес во земјата затоа што таму се споени претставници од различни области. Она што е клучно и што мислам дека сме го постигнале во овој период на преговори е градењето на доверба. Мислам дека сме постигнале едно солидно ниво на доверба меѓу различните страни и доверба дека се стремиме кон една заедничка цел. Во конкретниот случај, целта е да имаме администрација којашто го штити својот интегритет и статус и го подобрува квалитетот на јавните услуги. Тоа е заедничка цел на сите страни. Одевме кон решенија кои можат да не доближат до остварување на оваа цел. Не можам да одам во детали затоа што сеуште не се завршени преговорите, но можам да го изразам истото задоволство од самиот процес дека сме ги доближиле ставовите, но за мене поголем успех е самиот факт дека процесот е придонес кон зајакнување на меѓусебната доверба на сите страни. Барањата на синдикатите беа да се користи модел на коефициенти со просечната плата. Бевме отворени и флексибилни уште од почетокот да го прифаќаме тоа што беше предлог на синдикатите. Тоа што во оваа фаза беше комуницирано и од нивна страна, мислам дека е дефинирано е коефициентот да се воведе како нов модел и секако размислувањата за механизмот кој ќе ја дефинира динамиката на платите да биде поврзана со просечната бруто плата. Со ова се создава солидна платформа во иднина економско-социјалниот дијалог да биде уште поквалитетен, потранспарентен и ќе имаме системско решение. Ние сега правиме трансформација на системот како што правевме претходните две години кога воведовме системско решение за пензионерите и тие сега имаат контиуниран раст на пензиите во услови на пораст на цените. Слично е и со минималната плата каде воведовме механизам. И таму немаме како порано колку ќе биде минималната плата. Сега и ова прашање ќе го решиме системски со платформата и потоа сите во секоја област, гранковите синдикати ќе ги продолжат разговорите според спефициките. Оптимист сте дека ќе се најде решение следната недела? – Според климата и интензитетот на разговорите мислам дека сме многу блиску. Сакам да бидам и повторувам дека сум рационален омптимист во смисла дека оптимизмот те става во конфорна зона и сметате дека не треба ништо да се ангажирате и дека работите ќе се решат сами по себе. Рационалниот оптимизам е дека треба тоа што го имаме како оптимистичко очекување, да вложиме напори да го постигнеме. Мислам дека има солидна клима, има меѓусебна доверба, волја за решение, треба уште некои финеси да ги дефинираме и доколку сме со овој интензитет, прашање на денови е кога би го заокружиле ова со синдикатите во интерес на сите граѓани. Како ова ќе го решите со специфичните институции како што е МИА? – Она што е важно и што ќе важи и за вас и за сите други е тоа што ќе се постигне со Општиот колективен договор и со измените на законот. Моделот на коефициент на плата и врзувањето со просечната плата ќе важи и за вас и за сите во јавниот сектор. Тој модел би требало доколку се согласиме да стапи на сила од март 2025 година. Значи сега ќе се воведе измената, но пресметките за тоа ќе бидат во март, а во меѓувреме ќе има транзициски период за оваа година до март 2025 како ќе оди динамиката на порастот на платите. Значи ќе има раст сега откако ќе се договориме. Ќе видиме кога тоа би се реализирало 2023-24 како транзицијата ќе тече. Одговорот е дека тоа, тој коефициент ќе важи и за вас. Потоа во зависност од институциите внатре, дали се медиуми, агенции, министерства, здравство.. ќе имаат свои коефициенти по области. Во зависност од спецификите и приоритетите, така ќе се утврдува. Генерално, тоа што ќе важи во ОКД, ќе важи и за вас, таа динамика што ќе ја договориме ќе важи и за вас и за сите институции во јавниот сектор. Едно од барањата на синдикатите беше платите на функционерите да се вратат како пред одлуката на Уставниот суд. Ваш став? – Нашиот став сме го кажале на седница на Влада, официјално. Како Влада се изразивме негативно и рековме дека не треба да се укине тој член што ги имаше замзнато платите, но како што знаете одлука на Уставен суд не коментираме. Нашиот став е кажан официјално и како Влада и како Министерство. И оценката на ММФ беше дека има простор за зголемување на платите во јавниот сектор затоа што растот на цените ја намалува куповната моќ на домаќинствата. Има ли пари во Буџетот за оваа намена? – Веќе во Буџетот имавме предвидени средства во однос на тоа што го ставивме во законот уште минатата година, а некои институции потпишаа и усогласија нови колективни договори каде што во постојниот модел се воведува основа на плата, а тоа е минималната плата и на тоа се додава бодот. Така што за тоа што го има во законот и за тоа што требаше усогласување со минималната плата во институциите, тоа е предвидено во буџетот и затоа тоа се споменува и од страна на ММФ и некаде на вкупната сума не потсетува дека може тој износ да биде некаде 10 проценти споредбено со минатата година. Во зависност од тоа што ќе го постигнеме со синдикатите ќе видиме понатаму, мислам од септември, дали ќе има потреба за ребаланс. Тоа ќе го знаеме отпосле откако ќе го заокружиме овој дијалог, а веројатно и од енергетската криза и други работи како ќе се движат. Сега инфлацијата постојано се намалува од пикот кога беше 19,8 проценти во октомври минатата година, постојано се намалува секој месец и очекуваме тоа брзо да биде под двоцифрена инфлација. Мислам дека се прават максимални напори од страна на сите институции и од страна на економските ресори во Владата за да ја надминеме оваа состојба во однос на цените што е надворешен шок во економијата, но сепак е тема со која се соочуваме секојдневно и платите како барање произлегуваат како резултат на тоа дека со зголемувањето на цените, стандардот се одразува и кај јавниот сектор и кај сите други. Во каква кондиција е Буџетот? Споменавте дека во зависност од преговорите можен е ребаланс? – Засега реализацијата на Буџетот оди според планот. Заклучно со шести месец реализацијата на приходната страна е 48,5 проценти, а на расходна страна е околу 49 проценти. Тоа што е добро е што и на расходната страна за 46 проценти имаме реализација на капиталните расходи што вообичаено во првата половина од годината историски гледано сме немале во првата половина на годината толку висока реализација и мислам дека тоа ќе се одрази и врз динамиката на раст. Инаку, засега сите механизми за финансирање на буџетските активности се на ниво на планираното. Стопанската комора излезе со низа барања. Се пожали на сивата економија. Има ли Министерството за финансии механизми бидејќи само се зборува сива економија, а во пракса не се гледа ништо? – Имаме неколку механизми. Една е обврзницата – повлекување на готовината , тие средства ќе влезат во банкарскиот систем. Имаме цела стратегија. Следното е тоа што од јануари следната година планираме да воведеме е-фактура. Потоа проектот „Мој ДДВ“. Имаа забелешка и дека фискални сметки не се издаваат во трговијата. – Не знам за тоа, но ако постои такво нешто, тогаш тоа е работа за инспекторите. Но, и на тие на кои им се нуди такво нешто, имаат граѓанска одговорност, тоа да го пријават. Доколку некоја услуга добивам со фискална не значи дека со тоа сам плаќам цена и давачка туку тоа е гаранција бидејќи без фискална сметка никому не може да му се обратите како потрошувач. Така што ова е цел комплекс на прашања за кои ние се залагаме за намалување на сивата економија. Тоа е реално отворено прашање кое го адресираме и е прашање кое ако зборуваме за редослед на прашања дали прво намалување на сивата економија или зголемување на давачките, одговорот е прво да ја намалиме сивата економија, а потоа зголемување на давачките кон државата затоа што сивата економија не само што има помалку приноси во буџетот, туку создава и нерамноправна позиција на пазарот. Така што ова е прашање што треба постојано да се работи, но не е и прашање кое некоја земја во светот го има сведено на нула. Битката е да се минимизираат сите опции за сивата економија да биде конфорна. Таа мора да биде намалена и има резултати во тој дел кои ги гледаме наназад. Има подобрување. Од компаните побараа да се објавува и бела листа на плаќачи на данок? Тоа сме го зборувале и јавно сум им кажал и на коморите. Тука мислам дека за тоа ќе треба и изјава од самите даночни обврзници кои ќе бидат на таа бела листа затоа што сепак тоа е личен податок. Тука сме целосно расположени и ако компаниите го бараат тоа, јас сум за тоа. Така ќе се подобри свеста не само на граѓаните, туку и на компаниите дека плаќањето на данок е нешто со што би требало секој да се гордее затоа што ако плаќаш поголем данок тоа значи дека си бил успешен, си успеал да заработиш во оваа земја и си успеал да креираш нови работни места, си инвестирал или си освоил нови пазари. Сите три работи се афирмативни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-treba-ushte-nekoi-finesi-da-se-definiraat-so-sindikatite/feed/ 0
Бесими: Ќе бидеме прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-ke-bideme-prva-drzhava-vo-svetot-shto-ke-gi-indeksira-platite-vo-javniot-sektor-so-prosechnata-bruto-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-ke-bideme-prva-drzhava-vo-svetot-shto-ke-gi-indeksira-platite-vo-javniot-sektor-so-prosechnata-bruto-plata/#respond Tue, 04 Jul 2023 18:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=852697

Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека барањата на синдикатите се легитимни зашто тие се борат за одржување на животниот стандард пред инфлацијата. На секоја средба со нив, рече вечерва, има атмосфера и волја да се дојде до решение, но тоа, напомена, мора да биде здраво, системско и одржливо. Според Бесими, Македонија ќе биде прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата. -Има неколку работи испреплетени со кризата, посебно кога зборуваме за инфлацијата - таа е феномен кој носи многу предизвици, а друг момент е и спиралата. Тука барањата на синдикатите се легитимни, зашто тие се борат за одржување на животниот стандрад пред инфлацијата. И ние за тоа се залагаме, но разговараме со нив за чекор понатаму. Разговорите се во тек, не можеме сите аспекти во детали да ги објавиме, зашто не се целосно усогласени, но генерално, начелно сме согласни и ќе бидеме прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата. Има примери со инфлација и со минимална плата, а со просечна бруто плата што е во интерес на вработените можеби ќе бидеме први што користиме ваков модел. Еден предлог е дека март 2025 целосно ќе биде, но очекуваме процесот да се заокружи, истакна министерот во интервју за ТВ Сител. На прашањето дали утре од состанокот на Економскиот-социјален совет очекува некаков договор, тој одговорите дека се работи секој ден и на секоја средба за да се доближат позициите. -Морам во оваа фаза да кажам дека иако во разни моменти имаме различни ставови или погледи за одредени прашања, има атмосфера и волја од сите страни да дојдеме до решение. Презентираме различни позиции, но битно е во период на инфлација, кога се бориме да ја сузбиеме од сите аспекти, и динамиката на раст на платите да може да помогне во тој процес зашто тоа што ќе биде резултат е - колку реално ќе расте платата. Инаку, и административците се граѓани кои бараат јавни услуги. Тука и претставниците на синдикатите се свесни, сите сакаме да постигнеме ефикасна админситрација, но треба да се прави баланс - колку расте реалната економија кај нас, колку расте конкурентноста во стопанството и колку тоа може да го придвижи растот, ако стопанството или економијата не расте, може да разговараме цел ден колку ќе биде платата во однос на просечната плата, но ако платата не расте, колку и да ставиш коефициент, ќе стагнира. Ни треба ефикасна, професионална админситрација која ќе биде поддршка на стопанството, покрај другите развојни фактори, за тоа да се раздвижи и да расте побрзо. Тоа се врзани садови и во тој дел, ако поставиме здрав систем, здраво системско решение, ќе направиме основа за во иднина, децениски, да имаме етаблиран систем кој ќе донесе и поквалитетен јавен сектор, потенцира Бесими. Во врска со барањата на вработените од УЈП да имаат 30 отсто повисоки плати, Бесими очекува дека ќе се најде решение. -Тоа е  во однос на новиот закон кај нив и спецификите зашто генерално, и инспекциските и безбедносните служби во УЈП, во Царинската управа, финансиските служби, имаат друг систем на вреднување или оценување на бодови. Сега со синикдатите решаваме динамика на плати општо во јавниот сектор каде на крај и тие ќе бидат вклучени. И таму се водат разговори со посредник, медијатор, мислам дека ќе стигнеме до некое разбирливо решение, да имаме квалитетна админситрација и јавен сектор за граѓаните и стопанството, рече министерот за финансии во телевизиското гостување.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-ke-bideme-prva-drzhava-vo-svetot-shto-ke-gi-indeksira-platite-vo-javniot-sektor-so-prosechnata-bruto-plata/feed/ 0