фатон асани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Jan 2021 19:50:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фатон асани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кој е Коки Поки, и како изгледа новата peкeтapcкa шема во СДСМ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-koki-poki-i-kako-izgleda-novata-peketapcka-shema-vo-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-koki-poki-i-kako-izgleda-novata-peketapcka-shema-vo-sdsm/#respond Tue, 19 Jan 2021 19:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=457230

Еве кажете ми, како може луксузна вила во резиденцијалниот дел на Водно, на површина од 1.658 квадратни метри, со сопствен базен, претходно користена како резиденција на шведската амбасада во Македонија, проценета од банка на 1.4 милиони евра, да се продава за неверојатни 110.000 евра – неверојатно, нели?, објавува Инфомакс. Но ајде да ги разгледаме фактите и настаните кои довеле до ваквата нереална проценка на имот кој е во приватна сопственост. Во текот на месеците октомври и ноември, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, донел одлука и издал наредба за изготвување на вештачење до Министерството за правда – Биро за судски вештачења, по чија наредба за вештачење овој објект од 1.658 квадратни метри и сопствен базен е проценет на вредност од 6.900.000 денари. За да биде „трагедијата“ поголема, Бирото за вештачење ја класифицира вилата на Водно како „стан“ како покритие за ниската проценета вредност. Но она што уште повеќе збунува, е што во 2017 година, истиот овој објект бил проценет на вредност од 1.3 милиони евра. И сега замислете, од 1.3 милиони евра во 2017, истото владино тело ја проценува куќата на 110.000 евра? – Нешто смрди, а? А што тоа мириса? Па, нелогично е еден в.д. директор да си ја ризикува својата слобода и кариера ако некој „поголем“ од него, не ја бара оваа услуга. Услугата која се бара од в.д. директорот на Агнецијата за управување со одземен имот Фатон Асани, не е само во проценката, туку и во убрзувањето на постапката за ставање на објектот на лицитација, иако истиот овој објект е под управување на Агенцијата од 2008 година. За да ја оправда ваквата одлука, Асани се повикува на пресуда од 2008 година, со која пак, Советот на Кривичниот суд овој објект го ослободил од извршување, поточно од решение за обезбедување на имот, со што сопственикот на имотот можел слободно да располага. Арно ама, еве некој сака сега да го купи – оттука и притисоците и рекетот, целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-koki-poki-i-kako-izgleda-novata-peketapcka-shema-vo-sdsm/feed/ 0
Безредие во државните институции, директорот на Агенцијата за одземен имот вози со ротациони светла и сирени (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bezredie-vo-drzavnite-institucii-direktorot-na-agencijata-za-odzemen-imot-vozi-so-rotacioni-svetla-i-sireni-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bezredie-vo-drzavnite-institucii-direktorot-na-agencijata-za-odzemen-imot-vozi-so-rotacioni-svetla-i-sireni-foto/#respond Tue, 15 Jan 2019 09:05:47 +0000 https://kurir.mk/?p=152283

Директорот на Агенцијата за одземен имот Фатон Асани, кој доаѓа од СДСМ на службеното возило БМВ Х6 со регистарски ознаки СК5262АН монтирал полициски црвено-сини светла со кои непречено поминува на македонските патарини, објавува Инфомакс. Во Македонија исклучиво возилата на полицијата и оние под полициска придружба смеат да користат вакви светла кои им даваат предност во сообраќајот. Со доаѓањето на власт на СДСМ вакви полициски светла монтираа речиси сите нивни директори. Да не бидат покусо градоначалниците од ДУИ го следеа нивниот пример, а по нив и сопственикот на ФК Шкендија Љазим Дестани на целата своја ергела џипови. Ваквиот башибозук засега комплетно неказнето минува од Оливер Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bezredie-vo-drzavnite-institucii-direktorot-na-agencijata-za-odzemen-imot-vozi-so-rotacioni-svetla-i-sireni-foto/feed/ 0