фату бенсуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Dec 2019 07:00:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фату бенсуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меѓународниот кривичен суд нема да го гони Израел за смртоносниот упад на хуманитарни бродови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-nema-da-go-goni-izrael-za-smrtonosniot-upad-na-humanitarni-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-nema-da-go-goni-izrael-za-smrtonosniot-upad-na-humanitarni-brodovi/#respond Tue, 03 Dec 2019 07:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=272487

Обвинителката на Меѓународниот кривичен суд Фату Бенсуда денеска повтори дека нема причина да се води постапка против Израел за смртоносниот упад на хуманитарни бродови кои пловеа кон Појасот Газа во 2010 година. Одлуката на Бенсуда следи три месеци откако судот по вторпат и наложи да испита дали има основа за постапка против Израел. – Сè уште нема разумна основа за отворање истрага, изјави Бенсуда. Таа го повтори ставот дека не располага со „разумна основа“ за заклучок за нивото на „сериозност доволна за да се направи прифатлив на суд“ и повика случајот да биде „затворен“. Обвинителката во 2014 година одлучи да не го гони Израел, а тоа го потврди и во 2017 година, кога судот првпат и нареди да го прегледа случајот. Флота на турската невладина организација ИХХ, блиска до турските власти, пловеше кон тогаш блокираниот појас Газа кога израелските командоси упаднаа на бродовите во меѓународните води. Во израелскиот напад на бродот „Мави Мармара“ беа убиени деветмина Турци, а десетиот подоцна почина од повредите. Во флотата тогаш имаше осум бродови со вкупно 70 членови екипаж од 14 земји. Нивната цел беше да однесат помош во Газа и да го привлечат вниманието на меѓународната заедница за последиците од израелската блокада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-nema-da-go-goni-izrael-za-smrtonosniot-upad-na-humanitarni-brodovi/feed/ 0
Главната обвинителка во Хаг најави истрага за протерување на Рохинџите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavnata-obvinitelka-vo-hag-najavi-istraga-za-proteruvanje-na-rohindzite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavnata-obvinitelka-vo-hag-najavi-istraga-za-proteruvanje-na-rohindzite/#respond Tue, 18 Sep 2018 19:18:00 +0000 https://kurir.mk/?p=102807

Главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд во Хаг Фату Бенсуда денеска изјави дека почнува прелиминарна истрага за протерувањето на стотици илјади припадници на муслиманското национално малцинство Рохинџи од Мјанмар во Бангладеш. Бенсуда во соопштение порача дека е почната прелиминарна истрага со која ќе се утврди дали постојат доволно докази за спроведување целосна истрага. Таа истакна дека ќе ги прегледа извештаите за „големиот број наводни присилни дела кои резултирале со присилно раселување на Рохинџите, вклучувајќи и нарушување на основните човекови права, убивања, сексуално насилство, уништување и грабежи“. Армијата на Мјанмар се обвинува за масовно кршење на човековите права, што подразбира силувања, убиства, мачење и палење села во кои живееле Рохинџите, поради што од август минатата година околу 700.000 припадници на ова муслиманско малцинство избегале во соседен Бангладеш. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavnata-obvinitelka-vo-hag-najavi-istraga-za-proteruvanje-na-rohindzite/feed/ 0