Фаучи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Jan 2021 19:59:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фаучи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фаучи: Планот за вакцинација на Бајден е тешко остварлив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-planot-za-vakcinacija-na-bajden-e-teshko-ostvarliv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-planot-za-vakcinacija-na-bajden-e-teshko-ostvarliv/#respond Sun, 24 Jan 2021 20:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=459280

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека е тешко да се постигне целта на претседателот Џо Бајден да спроведе 100 милиони вакцинации во првите 100 дена, иако САД неодамна може да вакцинираат околу милион луѓе на ден. Тој објасни дека ќе биде потешко да се стигне до луѓето откако ќе се дадат инјекциите надвор од болници и домови за стари лица. Фаучи, владин експерт за заразни болести, рече дека целта на претседателот се однесува на 100 милиони вакцини, а не луѓе, бидејќи вакцините се даваат во две дози. Фаучи, исто така, за Си-Би-Ес изјави дека националната комисија треба да сфати некои проблеми во координирањето на одговорот на Ковид-19 на државно и на локално ниво, бидејќи на сојузните држави не треба да им се „кажува дека се сами“. Рон Клајн, шеф на кабинетот на Бајден, ги нарече 100-те милиони вакцини за 100 дена „многу смела и амбициозна цел“. Тој за Ен-Би-Си изјави дека тоа нема да ја спречи администрацијата да поставува повисоки цели доколку е изводливо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-planot-za-vakcinacija-na-bajden-e-teshko-ostvarliv/feed/ 0
Фаучи: Со вакцинација животот во САД може да се врати во нормала до следното лето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-so-vakcinacija-zivotot-vo-sad-moze-da-se-vrati-vo-normala-do-slednoto-leto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-so-vakcinacija-zivotot-vo-sad-moze-da-se-vrati-vo-normala-do-slednoto-leto/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=441894

Животот во САД може да се врати во нормала следното лето или на почетокот на есента, под услов сите да добијат вакцина за коронавирус, изјави водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи. -Се ќе зависи од тоа колку луѓето ќе сакаат да се вакцинираат, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека „доколку САД имаат јасна програма за вакцинација, во која сите брзо ќе бидат вакцинирани, тогаш животот може да се врати во некоја форма на нормалност во текот на летото, а сиурно до есен“. Советодавното тело на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) даде препорака да се одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ во САД за итни потреби, а ФДА се очекува во следните неколку дена и официјално да ја одобри вакцината. -Моја желба, но и проекција, е доколку вакцинираме голем процент луѓе до есента, дека ќе бидеме навистина смирени во врска со прашањето за одењето на децата на училиште. Ова е нешто што се надевам и верувам дека ќе се случи, но повторувам, само доколку сите се вакцинираат, додаде Фаучи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-so-vakcinacija-zivotot-vo-sad-moze-da-se-vrati-vo-normala-do-slednoto-leto/feed/ 0
Фаучи: Првите вакцини против Ковид-19 кон крајот на декември или почетокот на јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-prvite-vakcini-protiv-kovid-19-kon-krajot-na-dekemvri-ili-pochetokot-na-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-prvite-vakcini-protiv-kovid-19-kon-krajot-na-dekemvri-ili-pochetokot-na-januari/#respond Fri, 30 Oct 2020 07:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=422455

Ако сè оди како што треба, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19 ќе бидат достапни за ризичните групи во САД кон крајот на декември или евентуално на почетокот на јануари, соопшти денеска Ентони Фаучи, водечки американски имунолог. Врз основа на проекции на големите компании Модерна и Фајзер, Американците „во одреден момент во декември ќе знаат дали има ефективна вакцина или не“, додаде Фаучи. – Првиот увид во вакцината треба, се надевам, да го имаме во следните неколку недели, рече тој. Модерна и Фајзер во јули ја почнаа последната фаза на клиничкото тестирање и во неа учествуваа десетици илјади луѓе. Претставници на Модерна денеска соопштија дека се на добар пат да дадат прелиминарни податоци за последната фаза на тестирање на вакцините веќе следниот месец. Фајзер, кој требаше да ги објави прелиминарните податоци за тестирањата во октомври, нема да може да ги објави пред ноември, а тоа најверојатно ќе се случи кога ќе завршат претседателските избори на 3 ноември. Податоците прво ќе бидат проверени од Агенцијата за храна и лекови, како и Центарот за контрола и превенција на болести и ќе дадат препорака кој би можел да ја произведе првата доза на вакцини за поширока употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-prvite-vakcini-protiv-kovid-19-kon-krajot-na-dekemvri-ili-pochetokot-na-januari/feed/ 0
Фаучи: Вистинската нормалност нема да се врати оваа година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-vistinskata-normalnost-nema-da-se-vrati-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-vistinskata-normalnost-nema-da-se-vrati-ovaa-godina/#respond Mon, 15 Jun 2020 09:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=358046

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи изјави дека коронавирусот може да се појави во неколку циклуси и оти враќање на целосна нормалност во секојдневниот живот веројатно не може да се очекува оваа година. – Се надевам дека одреден степен на вистинска нормалност ќе биде воспоставен во следната година, или така некако, но не мислам дека ќе биде оваа зима или есен, рече Фаучи во интервју за британски „Телеграф“, додавајќи дека коронавирусот сепак ќе биде присутен подолго. Фаучи исто така рече дека наскоро не може да се очекува укинување на забраните за патувања на некои меѓународни релации и оти, судејќи според стапката на ширење на заразата, за тоа ќе бидат потребни месеци, а не само недели. Тој ги предупреди учесниците во демонстрациите против расната неправда за ризикот од зараза со коронавирусот на масовни собири, дури и ако се користат заштитни маски. Според Си-Ен-Ен, Фаучи изрази оптимизам во врска со успешниот развој на вакцина против коронавирусот. – Имаме потенцијални вакцини – четири или пет – кои значително напредуваат … Врз основа на сè што се гледа од резултатите во рана фаза, можно е да се замисли дека ќе добиеме две или три успешни вакцини, објасни Фаучи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-vistinskata-normalnost-nema-da-se-vrati-ovaa-godina/feed/ 0