Феде Валверде – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 08:08:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Феде Валверде – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: „Бомбата“ на Валверде го реши Наполи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-bombata-na-valverde-go-reshi-napoli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-bombata-na-valverde-go-reshi-napoli/#respond Wed, 04 Oct 2023 08:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=884945

Реал Мадрид запиша голема победа во дербито од второто коло на групата против Наполи пред полните трибини на „Диего Армандо Марадона“ со 2-3 (1-2). Одличната пресметка под Везув понуди многу драма, шанси и голема борба. Наполи прв поведе, ама „кралевите“ направија пресврт до одморот. Зиелински израмни во продолжението, но само до „бомбата“ на Федерико Валверде кој изнуди автогол на Мерет. Наполи - Реал Мадрид 2-3: Дербито на денот во целост го оправда тој епитет. Екипите тргнаа со отворен гард во надигрувањето. Резултатот беше отворен со погодокот на Лео Остигард. Дефанзивецот на Наполи по еден корнер и одбиена топка од пречката се најде на вистинското место и со глава го матира Кепа за 1-0 во 19. минута. Сепак, до полувремето Реал се наметна и успеа да направи пресврт. Израмнувачкиот гол беше дело на Винициус Жуниор, кој по асистенција од Белингем погоди за 1-1. Токму асистентот Џуд Белингем го комплетира пресвртот во 34. минута. Англичанецот доби топка на околу 40 метри, ја поведе кон противничкиот шеснаесетник и „нанижа“ неколку дефанзивци, па елегантно погоди за 1-2. До паузата Наполи имаше неколку добри шанси за израмнување, ама Кепа го спаси својот гол. Најзрелата можност ја имаше Осимен со глава. Брзо на отворањето на второто полувреме „партенопеите“ добија пенал. Начо беше невнимателен, крена високо рака и во дуел со Осимен направи најстрога казна. Одговорноста ја презеде Пјотр Зиелински, па од стативата стрелаше за 2-2 во 54. минута. Наполи се разигра и беше многу смел, успеа да го притисне гостинот и имаше неколку неискористени можности. Реал Мадрид одигра според својот стил, го издржа притисокот на домашните, а потоа дојде до ново водство. По еден корнер, одбиената топка заврши кај Федерико Валверде кој испрати „бомба“ од околу 25 метри, топката се одби од дефанзивец, од пречката и од грбот на Мерет, пред да заврши во мрежата за 2-3. Овој погодок беше впишан како автогол на голманот. Иако Наполи имаше последен налет, „кралевите“ се одбранија и прокнижија нови бодови. Изненадувањето на вечерта се случи во Франција, каде што екипата на Ленс му зеде скалп на Арсенал (2-1). „Топџиите“ важеа за огромен фаворит на гостувањето кај францускиот вицепрвак, меѓутоа не успеаја да ја оправдаат оваа улога. Сè тргна според планот за четата на Микел Артета, бидејќи Арсенал поведе по 14 минути игра преку Габриел Жесус. Сепак, десетина минути подоцна израмнување донесе Адриен Томасон по асистенција на Ваи. Иако гостите беа доминантни, Ленс успеа да направи изненадување и поведе лреку Ели Ваи во 69. минута. Завршницата беше вистинска брканица пред голот на домаќинот, кој успеа да се одбрани и да го шокира фаворитот. Ленс - Арсенал 2-1: Во групата Б лидер е Ленс со четири бода, додека Арсенал има три. Во оваа конкуренција реми од 2-2 одиграа екипите на ПСВ и Севиља. Двата тима се „распукаа“ во завршницата. Гудељ донесе предност во 68. минута, а Де Јонг израмни во 86. Сепак, само една подоцна Ен Несири пак ја врати Севиља во водство, но реми за Холанѓаните извлече Тезе во петтата минута од судиското продолжение. ПСВ Ајндховен - Севиља 2-2: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-bombata-na-valverde-go-reshi-napoli/feed/ 0
Валверде: Понуди од Премиерлигата? Играм за Реал Мадрид! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valverde-ponudi-od-premierligata-igram-za-real-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valverde-ponudi-od-premierligata-igram-za-real-madrid/#respond Mon, 18 Sep 2023 09:36:53 +0000 https://kurir.mk/?p=879051

Феде Валверде вели дека не ни размислува за понудите од Премиерлигата бидејќи игра во гигант како Реал Мадрид и среќен е. Валверде синоќа постигна убав гол во победата на Реал Мадрид од 2-1 над Реал Сосиедад. Во изминатиот преоден рок се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои и Ливерпул. Па вчера беше запрашан за понудите од Премиерлигата. „Понудите од Премиерлигата? Имам можност да играм за Реал Мадрид. Денот кога нема да се чувствувам така, веројатно ќе разгледам други опции или Реал самиот ќе најде некоја опција за мене“, изјави Валверде. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valverde-ponudi-od-premierligata-igram-za-real-madrid/feed/ 0
Баена се појави пред камерите со последиците од ударот на Валверде (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baena-se-pojavi-pred-kamerite-so-posleditsite-od-udarot-na-valverde-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baena-se-pojavi-pred-kamerite-so-posleditsite-od-udarot-na-valverde-video/#respond Sun, 09 Apr 2023 10:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=822061

Пресметката меѓу Реал Мадрид и Вилјареал донесе многу возбудувања на теренот и победа за гостите во натпревар со пет гола, но и голем инцидент по завршувањето на средбата. Феде Валверде решил да ги „израмни сметките“ со Алекс Баена и му удрил тупаница во подтрибинскиот простор, а како причина се наведени провокациите на играчот на Вилјареал на сметка на семејството на Уругваецот, на последните две соочувања на овие екипи. Камерата на „Ел Чирингито“ го улови Баена при влегувањето во автобусот и на левата страна на неговото лице се гледа модринка како сведоштво за ударот кој го добил од Валверде. Баена се обрати преку социјалните мрежи и тврди дека никогаш не го провоцирал фудбалерот на Реал. – Среќен сум поради импресивната победа, но и тажен поради нападот на кој бев изложен по средбата. Изненаден сум од она што се зборува за мене, никогаш не сум рекол такви работи, – напишал Баена. Уругвајската ѕвезда го удрил директно во лице Алекс Баена, а пресметката пред автобусот ја потврдил и портпаролот на Валверде кој за „Марка“ открил дека ова било резултат на ниската провокација која противникот ја испратил за време на мечот, но и на претходниот дуел во Копа дел Реј. – Ова датира од натпреварот во Копа дел Реј, Баена го удри Феде и му се обрати со следните зборови: Плачи сега, твојот син нема да дочека да биде роден! Тоа остана на теренот, но овојпат му кажал нешто слично на Феде и овој решил да го сочека пред автобусот. Јасно му ставил до знаење дека не смее да го меша семејството и се случило тоа што се случило, – изјавил портпаролот за „Марка“, кој автоматски го потврдил инцидентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baena-se-pojavi-pred-kamerite-so-posleditsite-od-udarot-na-valverde-video/feed/ 0
Валверде го чекал на паркинг противникот и го почестил со боксови https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valverde-go-chekal-na-parking-protivnikot-i-go-pochestil-so-boksovi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valverde-go-chekal-na-parking-protivnikot-i-go-pochestil-so-boksovi/#respond Sun, 09 Apr 2023 09:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=822047

Фудбалерите на Реал Мадрид и дефинитивно ја изубија титулата во шпанската Ла лига откако синоќа загубија на домашен терен со Вилјареал од 2-3. По натпреварот, Валверде го чекал Баена на паркингот каде што бил автобусот на Виљареал и кога го дочекал му удрил бокс во лицето. Во Виљареал имаат видео од инцидентот кое го предале во полиција. Валверде имал голем мотив да го удри Баена. На претходниот меч меѓу Виљареал и Реал Мадрид, Баена го удрил Валверде и му рекол „плачи сега дека твојот син нема да биде роден“. На вчерашниот меч повторно му кажал нешто слично. Границата на толерантност била надмината, па Валверде решил да го почека на паркинг и физички да се пресмета со Баена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valverde-go-chekal-na-parking-protivnikot-i-go-pochestil-so-boksovi/feed/ 0
Омилениот играч на Карло Анчелоти погоди тераса наместо голот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/omileniot-igrach-na-karlo-ancheloti-pogodi-terasa-namesto-golot-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/omileniot-igrach-na-karlo-ancheloti-pogodi-terasa-namesto-golot-video/#respond Tue, 08 Nov 2022 10:59:30 +0000 https://kurir.mk/?p=757329

Првиот пораз на Реал, не е единственото нешто за кое се зборува, по синоќешниот меч против Рајо Ваљекано, во шпанската Ла Лига. Федерико Валверде беше главен актер во едно видео кое стана вирално. Реал изведуваше корнер, кога топката дојде кај Валверде, високо, на работ од шеснаестникот и тој ја „пукна“ со цела сила во намера да постигне гол, секако. Арно ама, наместо тоа, топката извиши и не само што го надмина голот на Столе Димитриевски, туку и границите на стадиончето и заштитната мрежа, па слета директно во една тераса веднаш над стадионот. Публиката со овации го проследи овој момент и викаше „задржи ја“, на новио сопственик на топката. Ден подоцна, низ социјалните мрежи излегол и оглас со опис „се продава топката која Феде Валверде ја прати во мојот дом“, за 200 евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/omileniot-igrach-na-karlo-ancheloti-pogodi-terasa-namesto-golot-video/feed/ 0
Феде Валверде доби голем комплимент од Тони Крос (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fede-valverde-dobi-golem-kompliment-od-toni-kros-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fede-valverde-dobi-golem-kompliment-od-toni-kros-foto/#respond Mon, 17 Oct 2022 07:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=746259

24-годишниот Феде Валверде беше играч на натпреварот на мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона. Пофалби за Валверде стигнуваат од сите страни, а една е од неговиот искусен соиграч, Тони Крос. Германецот на својот твитер профил напиша: „Феде Валверде е во топ 3 во светот во моментов“. Кога некој како Крос јавно ќе каже дека во моментов сте меѓу тројцата најдобри фудбалери, тоа е голем комплимент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fede-valverde-dobi-golem-kompliment-od-toni-kros-foto/feed/ 0
Анчелоти: Му реков на Валверде дека ќе ја искинам тренерската лиценца ако не постигне барем 10 гола во една сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ancheloti-mu-rekov-na-valverde-deka-kje-ja-iskinam-trenerskata-licenca-ako-ne-postigne-barem-10-gola-vo-edna-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ancheloti-mu-rekov-na-valverde-deka-kje-ja-iskinam-trenerskata-licenca-ako-ne-postigne-barem-10-gola-vo-edna-sezona/#respond Thu, 15 Sep 2022 12:36:45 +0000 https://kurir.mk/?p=733226

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти се пошегува на сметка на Феде Валверде. Дваесет и четиригодишниот играч од средниот ред постигна три гола и даде две асистенции на осум натпревари оваа сезона за Реал Мадрид. – Најмногу ме изненади тоа што постигна толку малку голови. Минатата сезона имаше само еден гол. Му кажав на Феда дека има камена нога – тоа беше неверојатен удар. На натпреварот против Лајпциг погоди од левата страна. Му реков дека ќе ја скинам тренерската лиценца ако не постигне барем десет гола во една сезона. Сè уште е рано да го наречеме најдобар во светот на неговата позиција – треба да почекаме малку, изјави Анчелоти по победата на Реал Мадрид над РБ Лајпциг (2:0) во Лигата на шампионите. Шпанските медиуми вчера објавија информација дека Реал пред почетокот на сезоната одбил 100 милиони евра од Ливерпул за Валварде. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ancheloti-mu-rekov-na-valverde-deka-kje-ja-iskinam-trenerskata-licenca-ako-ne-postigne-barem-10-gola-vo-edna-sezona/feed/ 0