федерации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jul 2020 10:58:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png федерации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Генералните секретари на најголемите федерации одржаа работен состанок во Куќа на фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/generalnite-sekretari-na-najgolemite-federacii-odrzaa-raboten-sostanok-vo-kukja-na-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/generalnite-sekretari-na-najgolemite-federacii-odrzaa-raboten-sostanok-vo-kukja-na-fudbalot/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=383697

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Филип Поповски иницираше работен состанок во „Куќа на фудбалот“ со претставници на најголемите спортски асоцијации во нашата држава. На состанокот присуствуваа првите оперативци на КФСМ и ОФМ, Владимир Георгиевски и Зоран Карановиќ, претставникот на РФМ, Славе Николов, како и комесарите за натпреварувања во четирите наши најголеми федерации. Главна тема на состанокот беа здравствените протоколи за спортските натпревари и предизвиците со кои се соочуваат организаторите на натпреварувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Учесниците на состанокот се согласија дека една од важните иницијативи која федерациите ќе ја предложат до надлежните институции е формирање на посебно, стручно тело во рамки на државниот орган за спорт, чија обврска би била комуникација, соочување и решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат федерациите и спортските тимови во услови на пандемија, сѐ со цел навремено да започнат националните првенства. – За нас, како Фудбалска федерација на Македонија е исклучително важно да го започнеме новото првенство според предвидениот календар, од причина што веќе од идниот месец ќе бидеме организатори и на низа меѓународни натпревари на репрезентациите, а тимовите ги очекуваат и натпревари од европските купови, истакна Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ. Претставниците на кошаркарската, одбојкарската и ракометната федерација истакнаа дека ситуацијата во која се наоѓаат е веројатно покомплексна бидејќи натпреварите се играат во затворен простор, но ги споделија речиси истите проблеми со кои се соочуваат во однос на тестирањето на играчите и официјалните лица, како и патувањата надвор од државата за клупски и репрезентативни натпревари. Изразија надеж дека државните институции треба да најдат начин да бидат и логистичка, па дури и финансиска поддршка во однос на почетокот на натпреварувањата и тестирањето на екипите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/generalnite-sekretari-na-najgolemite-federacii-odrzaa-raboten-sostanok-vo-kukja-na-fudbalot/feed/ 0
УЕФА ги повикува федерациите да го одложат крајот на трансфер-прозорецот до 5 октомври https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-povikuva-federaciite-da-go-odlozat-krajot-na-transfer-prozorecot-do-5-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-povikuva-federaciite-da-go-odlozat-krajot-na-transfer-prozorecot-do-5-oktomvri/#respond Thu, 18 Jun 2020 12:50:56 +0000 https://kurir.mk/?p=359480

Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација денес ги повика националните федерации да го одложат крајот на летниот преоден рок до 5 октомври 2020 година. – Крајниот рок за поднесување апликации за групните фази на турнирите во Европскиот куп-2020/21 е поставен за 6 октомври 2020 година. Во согласност со ова, Извршниот комитет на УЕФА ги повика сите европски федерации да го одложат крајот на летниот трансфер прозорец до 5 октомври 2020 година, стои во апелот на официјалната веб-страница на организацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-povikuva-federaciite-da-go-odlozat-krajot-na-transfer-prozorecot-do-5-oktomvri/feed/ 0