Федерација на планинарски спортови на Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Feb 2018 11:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Федерација на планинарски спортови на Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФПСМ ќе прави детална анализа за загинатите планинари: Семејствата заслужуваат да ја знаат вистината за трагичниот настан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fpsm-kje-pravi-detalna-analiza-za-zaginatite-planinari-semejstvata-zasluzuvaat-da-ja-znaat-vistinata-za-tragichniot-nastan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fpsm-kje-pravi-detalna-analiza-za-zaginatite-planinari-semejstvata-zasluzuvaat-da-ja-znaat-vistinata-za-tragichniot-nastan/#respond Wed, 14 Feb 2018 11:18:00 +0000 http://kurir.mk/?p=21397

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија формира специјална комисија која ќе ги анализира околностите под кои загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски. Во соопштението објавено на нивната веб страницата се истакнува дека комисијата е составена од нивни членови и експерти кои по добивањето на сите релевантни податоци од надлежните институции во Македонија и Грција и официјалните податоци од организаторот на планинарската експедиција, ќе направат детална анализа. - Од огромна важност за Федерацијата ќе биде да се направи темелна анализа за трагичниот настан. Болката и тагата за прерано згаснатите животи не може да се надомести со ништо, но вистината за трагичниот настан заслужува да ја знаат семејствата, планинарите и нашите членови. Во меѓувреме сакаме да се воздржиме од шпекулации и дезинформации за настанот, затоа што ваквите настани заслужуваат темелна и длабока анализа во соработка со сите надлежни институции, се вели во соопштението. По добиените официјални информации и сознанија, ФПСМ ќе излезе со свој став за овој немил настан. Семејствата за загинатите вчера преку писмо изразија сомневање во професионалноста на организаторите на турата и бараа одговорност. Двајцата планинари загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fpsm-kje-pravi-detalna-analiza-za-zaginatite-planinari-semejstvata-zasluzuvaat-da-ja-znaat-vistinata-za-tragichniot-nastan/feed/ 0