федерација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Jun 2020 20:45:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png федерација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФИФА: Секоја федерација ќе добие грант од еден милион долари! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-sekoja-federacija-kje-dobie-grant-od-eden-milion-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-sekoja-federacija-kje-dobie-grant-od-eden-milion-dolari/#respond Thu, 25 Jun 2020 20:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=363138

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе издвои 1,5 милијарди долари за да им помогне на националните федерации да се справат со ефектите од пандемијата на коронавирус, соопштија од организацијата. Секоја од 211 федерации, членки на ФИФА, ќе добие грант од еден милион американски долари. За развој на женскиот фудбал ќе бидат доделени дополнителни грантови од 500.000 американски долари. Секоја од шесте конфедерации ќе добие два милиони долари. Овие плаќања ќе бидат извршени во првите две фази од планот на ФИФА. Во третата фаза, секоја национална федерација ќе добие можност да аплицира за заем од 500.000 до пет милиони долари, но сумата не смее да надмине 35% од годишните приходи. На конфедерациите ќе им биде понуден заем до четири милиони долари. Ќе се формира посебен комитет кој ќе ја следи ефикасноста на трошењето. Тоа ќе го води Финецот Оли Рен. ФИФА го одобри и годишниот буџет на организацијата за 2021 година и воведе ажуриран календар за националните тимови. Конкретно, беа одобрени измени во календарот на европските тимови, кои сега ќе можат да одиграат три натпревари наместо два во есенските периоди, резервирани за меѓународни натпревари на националните репрезентации. Утврдена е и регулатива за олимписките фудбалски турнири за Игрите во Токио, одложени поради пандемијата на коронавирус од 2020 до 2021 година. Само тројца играчи на возраст над 23 години ќе можат да учествуваат на Олимпијадата. ФИФА ќе им овозможи на момчињата родени во 1997 година да учествуваат на олимпискиот турнир во Токио.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-sekoja-federacija-kje-dobie-grant-od-eden-milion-dolari/feed/ 0
МЗТ Скопје со предлог до Федерацијата како да се доигра сезоната https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-so-predlog-do-federacijata-kako-da-se-doigra-sezonata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-so-predlog-do-federacijata-kako-da-se-doigra-sezonata/#respond Mon, 04 May 2020 17:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=341570

Раководството на МЗТ Скопје Аеродром денеска испрати конкретен предлог до кошаркарската федерација за начинот на кој тие сметаат дека би можело да се дојде до нов шампион и тоа во период од само еден месец. – Согласно трендот на намалување на пандемијата со коронавирусот и најавите за нормализирањето на животот во државата, наш став е дека во текот на јуни може да се одигра скратен плејоф со екипите кои обезбедија пласман во Суперлигата. Во четвртфиналето би играле екипите 3-6 и 4-5 до две победи, додека двете првопласирани екипи би биле слободни. Во полуфиналето би се сретнале лидерот на табелата со победникот од 4-5, додека второпласираниот со победникот 3-6, во серија до три победи. Победниците би се нашле во големото финале, кое исто така би се играло до три победи. Сите средби би се играле дома и на гости, а дали ќе има публика зависи од проценката на државните органи, велат од МЗТ. Екипите би настапиле, се додава во предлогот, само со домашни кошаркари, бидејќи странците многу тешко би дошле поради затвореноста на границите и задолжителниот карантин. – Поради тоа предлагаме мини-преоден рок од 15 до 31 мај во кој прволигашите би се докомплетирале. Згора на тоа, наш став е дека најнапред треба да се одигра и последното 18 коло од Првата лига за да се одредат стартните броеви на екипите пред доигрувањето со оглед на малата додовна разлика помеѓу тимовите. Нашиот предлог предвидува и одредено пролонгирање, ако тоа биде потребно, со тоа што предложените датуми би се поместиле за периодот кој ќе биде одреден за подоцнежен старт на доигрувањето на кошаркарската елита, сметаат од кошаркарскиот клуб. Со ова, според нив, би се задоволиле желбите и ставовите на поголем број клубови искажани изминатиов период дека првакот се добива на терен, нешто што и претседателот Перо Антиќ го потенцира во повеќе наврати. Од челниците на КФМ тие бараат нивниот предлог да биде презентиран пред клубовите како и пред членовите на Управниот одбор на првиот следен состанок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-so-predlog-do-federacijata-kako-da-se-doigra-sezonata/feed/ 0