феит – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиWed, 30 Nov 2022 13:53:19 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngфеит – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Натпревар во роботика за средношколци на ФЕИТ
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natprevar-vo-robotika-za-srednoshkolci-na-feit/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natprevar-vo-robotika-za-srednoshkolci-na-feit/#respondWed, 30 Nov 2022 13:53:19 +0000https://kurir.mk/?p=768902На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска почна Третиот натпревар во роботика и електроника ROBOMAC Junior 2022 наменет за средношколци, кој ќе трае до 2 декември.
Организатор на натпреварот е ФЕИТ во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE. Учествуваат 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта во земјава, поделени во две категории: ROBOMAC Junior – Автономна мобилна роботика и ROBOMAC Junior – Паметна електроника за автономни возила.
Весна Ојлеска-Латкоска од ФЕИТ изјави дека покрај натпреварувачките активности, учесниците ќе имаат можност да следат и неколку предавања со популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката што ќе ги одржат професори и експерти во областа.
-Натпреварувачкиот дел, пак, е осмислен во две категории и соодветно според областа во која се натпреваруваат кај средношколците се зголеми и интересот за роботика, автоматика и вештачка интелигенција, односно за паметните електронски системи кои се основа на системите со вештачка интелигенција, изјави Ојлеска-Латкоска.
Организаторите на натпреварот појаснија дека средношколците ќе имаат можност преку работа со вистински роботи да се запознаат со сите клучни аспекти на еден роботски систем, почнувајќи од неговиот хардвер, можноста за негово програмирање преку соодветен софтвер и во него да се внесе одредено ниво на интелигенција.
Организатор на првата натпреварувачка категорија е Институтот за автоматика и системско инженерство при ФЕИТ, а учесниците ќе се натпреваруваат во програмирање, управување и паметна навигација на мобилни Arduino роботи, со цел роботите самостојно и најбрзо да решат зададени задачи (избегнување препреки, следење патека, паметно паркирање и сл.).
Институтот за електроника, кој е организатор на втората натпреварувачка категорија, за учесниците ќе обезбеди можност практично да работат со вградливи компјутерски системи, електронски сензори, електрични мотори и драјвери за нив, како и софтвер, да развиваат и имплементираат свои алгоритми за интелигентно водење.
Учесниците во оваа категорија ќе се натпреваруваат во развој на алгоритам за извршување специфична задача и негово имплементирање во соодветен програмски јазик за вградлива Arduino платформа.
Сите учесници и ментори ќе добијат благодарници за учество, а на најдобрите ќе им бидат доделени медали.]]>На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска почна Третиот натпревар во роботика и електроника ROBOMAC Junior 2022 наменет за средношколци, кој ќе трае до 2 декември.
Организатор на натпреварот е ФЕИТ во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE. Учествуваат 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта во земјава, поделени во две категории: ROBOMAC Junior – Автономна мобилна роботика и ROBOMAC Junior – Паметна електроника за автономни возила.
Весна Ојлеска-Латкоска од ФЕИТ изјави дека покрај натпреварувачките активности, учесниците ќе имаат можност да следат и неколку предавања со популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката што ќе ги одржат професори и експерти во областа.
-Натпреварувачкиот дел, пак, е осмислен во две категории и соодветно според областа во која се натпреваруваат кај средношколците се зголеми и интересот за роботика, автоматика и вештачка интелигенција, односно за паметните електронски системи кои се основа на системите со вештачка интелигенција, изјави Ојлеска-Латкоска.
Организаторите на натпреварот појаснија дека средношколците ќе имаат можност преку работа со вистински роботи да се запознаат со сите клучни аспекти на еден роботски систем, почнувајќи од неговиот хардвер, можноста за негово програмирање преку соодветен софтвер и во него да се внесе одредено ниво на интелигенција.
Организатор на првата натпреварувачка категорија е Институтот за автоматика и системско инженерство при ФЕИТ, а учесниците ќе се натпреваруваат во програмирање, управување и паметна навигација на мобилни Arduino роботи, со цел роботите самостојно и најбрзо да решат зададени задачи (избегнување препреки, следење патека, паметно паркирање и сл.).
Институтот за електроника, кој е организатор на втората натпреварувачка категорија, за учесниците ќе обезбеди можност практично да работат со вградливи компјутерски системи, електронски сензори, електрични мотори и драјвери за нив, како и софтвер, да развиваат и имплементираат свои алгоритми за интелигентно водење.
Учесниците во оваа категорија ќе се натпреваруваат во развој на алгоритам за извршување специфична задача и негово имплементирање во соодветен програмски јазик за вградлива Arduino платформа.
Сите учесници и ментори ќе добијат благодарници за учество, а на најдобрите ќе им бидат доделени медали.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natprevar-vo-robotika-za-srednoshkolci-na-feit/feed/0Инфинеон Технолоџис Австрија, член на IPCEI Microelectronics, обезбеди електронски развојни плочки за ФЕИТ
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infineon-tehnolodzis-avstrija-chlen-na-ipcei-microelectronics-obezbedi-elektronski-razvojni-plochki-za-feit/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infineon-tehnolodzis-avstrija-chlen-na-ipcei-microelectronics-obezbedi-elektronski-razvojni-plochki-za-feit/#respondFri, 07 Oct 2022 10:09:56 +0000https://kurir.mk/?p=742338Австриската компанија за полупроводнички елементи Инфинеон Технолоџис Австрија (www.infineon.com/ipceimeaustria) обезбеди 135 развојни плочки за потребите на студентите во наставата и истражувачката работа на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во рамките на иницијативата на ИПЦЕИ Микроелектроника (англ. IPCEI Microelectronics). Целта на поддршката е да се подобри квалитетот на наставниот процес за студентите и нивната практична работа.
Соработката меѓу компанијата и Факултетот се базира на долгорочна основа, вели проф. д-р Катерина Ралева од Институтот за електроника при ФЕИТ.
„Со Инфинеон Технолоџис Австрија соработуваме околу 10-тина години, кога наши студенти почнаа да одат на пракса во компанијата во Австрија. Нашата соработка се продлабочува благодарение на програмата “IPCEI Microelectronics”. Она што нам ни е важно е дека нашите студенти добиваат квалитетна настава и можност да се снајдат во реални компании и со реални задолженија. Со тоа се зголемува нивната конкурентност и се докажува дека и нашиот факултет создава квалитетни и конкурентни студенти кои може да се носат со светските предизвици во електрониката“, вели Ралева.
За Стојан Матески, инженер за валидација на компоненти во Инфинеон Технолоџис Австрија и амбасадор на Инфинеон Австрија за ФЕИТ, оваа позната компанија ги поддржува квалитетните студенти на ФЕИТ. „Речиси 15 наши колеги беа практиканти во Инфинеон Технолоџис, и повеќето од нив веќе денес работат во компанијата. Поради ова, Инфинеон радо ја прифаќа оваа соработка и се радува на понатамошни соработки и активности. Со оваа инвестиција ја поддржуваме наставата на идните STEM1) експерти. Сите ние кои работиме надвор од Македонија, знаеме дека е потребна ваква соработка и поради тоа сакаме да инвестираме и да вратиме на нашата заедница“, вели Матески.
Во иднина, врз база на меѓусебен договор, оваа соработка меѓу Инфинеон Технолоџис и Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се зголемува.
Инфинеон Технолоџис Австрија е дел од “Важниот проект за заеднички европски интерес во микроелектрониката” (англ. IPCEI Microelectronics). Овој проект ја поткрепува европската индустрија за микроелектроника и е насочен кон унапредување на микроелектронската технологија насекаде низ Европската Унија. “IPCEI Microelectronics” е одобрена од Европската Комисија во декември 2018 и ќе биде активна до март 2024.
Infineon Technologies AG: https://www.infineon.com/cms/en/Infineon in IPCEI on Microelectronics:https://www.infineon.com/cms/austria/en/IPCEI-on-ME/#OverviewIPCEI on Microelectronics:https://www.ipcei-me.eu/Contact person from Infineon Austria: [email protected]1) STEM : Наука, Технологија, Инженерство и Математика (англ. Science, Technology, Engineering and Math )]]>Австриската компанија за полупроводнички елементи Инфинеон Технолоџис Австрија (www.infineon.com/ipceimeaustria) обезбеди 135 развојни плочки за потребите на студентите во наставата и истражувачката работа на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во рамките на иницијативата на ИПЦЕИ Микроелектроника (англ. IPCEI Microelectronics). Целта на поддршката е да се подобри квалитетот на наставниот процес за студентите и нивната практична работа.
Соработката меѓу компанијата и Факултетот се базира на долгорочна основа, вели проф. д-р Катерина Ралева од Институтот за електроника при ФЕИТ.
„Со Инфинеон Технолоџис Австрија соработуваме околу 10-тина години, кога наши студенти почнаа да одат на пракса во компанијата во Австрија. Нашата соработка се продлабочува благодарение на програмата “IPCEI Microelectronics”. Она што нам ни е важно е дека нашите студенти добиваат квалитетна настава и можност да се снајдат во реални компании и со реални задолженија. Со тоа се зголемува нивната конкурентност и се докажува дека и нашиот факултет создава квалитетни и конкурентни студенти кои може да се носат со светските предизвици во електрониката“, вели Ралева.
За Стојан Матески, инженер за валидација на компоненти во Инфинеон Технолоџис Австрија и амбасадор на Инфинеон Австрија за ФЕИТ, оваа позната компанија ги поддржува квалитетните студенти на ФЕИТ. „Речиси 15 наши колеги беа практиканти во Инфинеон Технолоџис, и повеќето од нив веќе денес работат во компанијата. Поради ова, Инфинеон радо ја прифаќа оваа соработка и се радува на понатамошни соработки и активности. Со оваа инвестиција ја поддржуваме наставата на идните STEM1) експерти. Сите ние кои работиме надвор од Македонија, знаеме дека е потребна ваква соработка и поради тоа сакаме да инвестираме и да вратиме на нашата заедница“, вели Матески.
Во иднина, врз база на меѓусебен договор, оваа соработка меѓу Инфинеон Технолоџис и Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се зголемува.
Инфинеон Технолоџис Австрија е дел од “Важниот проект за заеднички европски интерес во микроелектрониката” (англ. IPCEI Microelectronics). Овој проект ја поткрепува европската индустрија за микроелектроника и е насочен кон унапредување на микроелектронската технологија насекаде низ Европската Унија. “IPCEI Microelectronics” е одобрена од Европската Комисија во декември 2018 и ќе биде активна до март 2024.
Infineon Technologies AG: https://www.infineon.com/cms/en/Infineon in IPCEI on Microelectronics:https://www.infineon.com/cms/austria/en/IPCEI-on-ME/#OverviewIPCEI on Microelectronics:https://www.ipcei-me.eu/Contact person from Infineon Austria: [email protected]1) STEM : Наука, Технологија, Инженерство и Математика (англ. Science, Technology, Engineering and Math )]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infineon-tehnolodzis-avstrija-chlen-na-ipcei-microelectronics-obezbedi-elektronski-razvojni-plochki-za-feit/feed/0ФЕИТ промовираше уште една генерација дипломирани инженери и магистри
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/feit-promovirashe-ushte-edna-generacija-diplomirani-inzeneri-i-magistri/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/feit-promovirashe-ushte-edna-generacija-diplomirani-inzeneri-i-magistri/#respondSat, 18 Jun 2022 07:31:00 +0000https://kurir.mk/?p=692367Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) вчеравечер, промовираше нова генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и нова генерација магистри. Нови 141 дипломиран инженер и 41 магистер, во зградата на Македонската Филхармонија, ги добија своите дипломи за завршен прв и втор циклус студии.
-Вообичаено, на овие настани се потсетуваме на вашето патување од бруцоши до инженери, на Вашиот развој низ годините и на соработката со вашите професори и асистенти. За жал, вашето патување беше малку поразлично од вообичаеното. Се случи Ковид 19 пандемијата која комплетно ги промени нашите животи. Нас во образованието не натера да се прилагодиме на нови начини на учење и на нова меѓусебна комуникација. За online настава и комуникација користевме нови технологии кои, сепак, овозможија да останеме поврзани, но на еден поинаков начин. Она што го сфативме е дека технологијата е само дел од решението, бидејќи не сите беа во можност да си дозволат нејзина употреба. До израз дојде солидарноста и хуманоста. Видовме дека сепак човечноста е многу позначајна од технологијата, рече деканот на ФЕИТ, професор д- р Димитар Ташковски.
Тој посочи дека светот е исправен пред голем број предизвици (здравствената криза, војната во Украина, економската и енергетската криза), но оти секој предизвик е шанса за нови постигнувања, посебно за луѓе со знаење, со идеи, со посветеност.
-Ова е вашиот момент да ги искористите вашите вештини, вашето знаење и вашата страст за да го обликувате светот! Следете ги вашите соништа. Светот сега е Ваш и со нетрпение чекаме да видиме што ќе направите од него. Најискрено се надевам дека светот ќе го обликувате од дома, од Македонија со што ќе придонесете за развојот на државата. Македонската индустрија тешко може да ги следи брзите промени кои, во последните десетина години, ги донесоа новите технологии. На Македонија и се неопходни инженери како Вас, порача Ташковски.
Од ФЕИТ соопштија дека во последните неколку месеци, деканската управа имала состаноци со пет светски реномирани компании кои планираат да отворат истражувачки центри во државава од различни области на електротехниката и информациските технологии за кои се потребни високообразовани кадри.
-И конечно, се надевам дека одреден број од вас ќе се обидат да формираат стартап компании и ќе се осмелат да креираат нови иновативни производи и услуги со што ќе придонесат за развојот на економијата. Убеден сум дека имате широко знаење, имате идеи, се надевам ќе имате и храброст да пробате сами да реализирате некои од тие идеи. Притоа, не плашете се од неуспех. Невозможно е да се живее живот без одреден неуспех, освен ако не живеете живот без предизвици (кој е премногу монотон). Затоа ризикувајте. Поставете цели. Одете понекогаш и по споредни патишта кои неизбежно се појавуваат. Доколку го промашите патот лесно може да изберете друг. Имате знаење и искуство тоа да го направите“, заврши деканот.
Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Никола Јанкуловски, ја изрази својата огромна среќа за промоцијата на инженерите и магистрите.
-Веќе ги земавте вашите дипломи. Тоа не е само парче хартија напишана со стилизирани букви. Тоа претставува најмалку четиригодишен збир на спомени, на непроспиени ноќи, на нервозни чекања, на среќни положени испити, на многу учење, труд и енергија. Микс на задоволство од успехот што го славиме вечерва. Затоа бидете горди што сте носител на таа диплома која Ве внесува во светот на високо-образованите граѓани на човештвото. Горди до степен на одговорност кон самите себе – да изградите уште поубава иднина за Вас како личност. Горди до степен на одговорност кон вашите родители– да бидете успешен претставник на фамилијата. Горди до степен на одговорност кон средината во која созревате – за да и помогнете полесно да езгистира во лавиринтот на инженерството, порача Јанкуловски.
Статистиката на ФЕИТ вели дека просечно времетраење на студии на оваа генерација е пет години, два месеца и 12 дена. Шеесет од овие 141 студенти, студиите ги започнале во учебната 2017/18 година, односно студиите ги завршиле во предвидениот рок од 4 години. Најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е три години, девет месеци и 17 дена. Дури 73 од промовираните 141 инженери или 52 проценти се девојки, што е далеку над европскиот просек.]]>Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) вчеравечер, промовираше нова генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и нова генерација магистри. Нови 141 дипломиран инженер и 41 магистер, во зградата на Македонската Филхармонија, ги добија своите дипломи за завршен прв и втор циклус студии.
-Вообичаено, на овие настани се потсетуваме на вашето патување од бруцоши до инженери, на Вашиот развој низ годините и на соработката со вашите професори и асистенти. За жал, вашето патување беше малку поразлично од вообичаеното. Се случи Ковид 19 пандемијата која комплетно ги промени нашите животи. Нас во образованието не натера да се прилагодиме на нови начини на учење и на нова меѓусебна комуникација. За online настава и комуникација користевме нови технологии кои, сепак, овозможија да останеме поврзани, но на еден поинаков начин. Она што го сфативме е дека технологијата е само дел од решението, бидејќи не сите беа во можност да си дозволат нејзина употреба. До израз дојде солидарноста и хуманоста. Видовме дека сепак човечноста е многу позначајна од технологијата, рече деканот на ФЕИТ, професор д- р Димитар Ташковски.
Тој посочи дека светот е исправен пред голем број предизвици (здравствената криза, војната во Украина, економската и енергетската криза), но оти секој предизвик е шанса за нови постигнувања, посебно за луѓе со знаење, со идеи, со посветеност.
-Ова е вашиот момент да ги искористите вашите вештини, вашето знаење и вашата страст за да го обликувате светот! Следете ги вашите соништа. Светот сега е Ваш и со нетрпение чекаме да видиме што ќе направите од него. Најискрено се надевам дека светот ќе го обликувате од дома, од Македонија со што ќе придонесете за развојот на државата. Македонската индустрија тешко може да ги следи брзите промени кои, во последните десетина години, ги донесоа новите технологии. На Македонија и се неопходни инженери како Вас, порача Ташковски.
Од ФЕИТ соопштија дека во последните неколку месеци, деканската управа имала состаноци со пет светски реномирани компании кои планираат да отворат истражувачки центри во државава од различни области на електротехниката и информациските технологии за кои се потребни високообразовани кадри.
-И конечно, се надевам дека одреден број од вас ќе се обидат да формираат стартап компании и ќе се осмелат да креираат нови иновативни производи и услуги со што ќе придонесат за развојот на економијата. Убеден сум дека имате широко знаење, имате идеи, се надевам ќе имате и храброст да пробате сами да реализирате некои од тие идеи. Притоа, не плашете се од неуспех. Невозможно е да се живее живот без одреден неуспех, освен ако не живеете живот без предизвици (кој е премногу монотон). Затоа ризикувајте. Поставете цели. Одете понекогаш и по споредни патишта кои неизбежно се појавуваат. Доколку го промашите патот лесно може да изберете друг. Имате знаење и искуство тоа да го направите“, заврши деканот.
Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Никола Јанкуловски, ја изрази својата огромна среќа за промоцијата на инженерите и магистрите.
-Веќе ги земавте вашите дипломи. Тоа не е само парче хартија напишана со стилизирани букви. Тоа претставува најмалку четиригодишен збир на спомени, на непроспиени ноќи, на нервозни чекања, на среќни положени испити, на многу учење, труд и енергија. Микс на задоволство од успехот што го славиме вечерва. Затоа бидете горди што сте носител на таа диплома која Ве внесува во светот на високо-образованите граѓани на човештвото. Горди до степен на одговорност кон самите себе – да изградите уште поубава иднина за Вас како личност. Горди до степен на одговорност кон вашите родители– да бидете успешен претставник на фамилијата. Горди до степен на одговорност кон средината во која созревате – за да и помогнете полесно да езгистира во лавиринтот на инженерството, порача Јанкуловски.
Статистиката на ФЕИТ вели дека просечно времетраење на студии на оваа генерација е пет години, два месеца и 12 дена. Шеесет од овие 141 студенти, студиите ги започнале во учебната 2017/18 година, односно студиите ги завршиле во предвидениот рок од 4 години. Најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е три години, девет месеци и 17 дена. Дури 73 од промовираните 141 инженери или 52 проценти се девојки, што е далеку над европскиот просек.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/feit-promovirashe-ushte-edna-generacija-diplomirani-inzeneri-i-magistri/feed/0Словачка донира полнач за електрични возила на ФЕИТ
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovachka-donira-polnach-za-elektrichni-vozila-na-feit/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovachka-donira-polnach-za-elektrichni-vozila-na-feit/#respondThu, 27 May 2021 09:31:13 +0000https://kurir.mk/?p=515576Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје доби полнач за електрични возила кој ќе биде наменет за истражувања и обука на студентите од електроника и електроенергетските насоки, информираат од ФЕИТ.
Полначот е донација од Република Словачка, поточно од Словачкиот фонд за предизвици, добиен во рамки на проектот „Greener Mobility“ и има моќност од 2×22 кw.
Од овој фонд се финансираат проекти со вредност меѓу 20 и 40 илјади евра во траење до една година. Во реализација на овој проект учествуваат компании од Словачка и јавна или приватна установа од Северна Македонија. Проектот се организира преку словачките фирми SEAK и MONTIN. (МИА)]]>Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје доби полнач за електрични возила кој ќе биде наменет за истражувања и обука на студентите од електроника и електроенергетските насоки, информираат од ФЕИТ.
Полначот е донација од Република Словачка, поточно од Словачкиот фонд за предизвици, добиен во рамки на проектот „Greener Mobility“ и има моќност од 2×22 кw.
Од овој фонд се финансираат проекти со вредност меѓу 20 и 40 илјади евра во траење до една година. Во реализација на овој проект учествуваат компании од Словачка и јавна или приватна установа од Северна Македонија. Проектот се организира преку словачките фирми SEAK и MONTIN. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovachka-donira-polnach-za-elektrichni-vozila-na-feit/feed/0Промоција на прва апликација на македонски јазик за деца со попречен говор
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-prva-aplikacija-na-makedonski-jazik-za-deca-so-poprechen-govor/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-prva-aplikacija-na-makedonski-jazik-za-deca-so-poprechen-govor/#respondThu, 12 Nov 2020 06:14:14 +0000https://kurir.mk/?p=428233„Отворете ги прозорците“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе промовираат апликација наменета за деца со попречен говор.
-Ова е прва апликација на македонски јазик од овој вид, изработена во Android Studio, а може да се употребува на паметни телефони/таблети, кои функционираат на Android оперативен систем. Може да ја користат деца кои имаат отежнат или нефункционален говор за комуниција со околината, информираат од Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.
На промоцијата на паликацијата ќе присуствуваат и креаторите на апликацијата.
Здружението Отворете ги прозорците е посветено на промовирање пристап до информатичка технологија за лица со попреченост, овозможувајќи им целосно да ги искористат нивните способности.]]>„Отворете ги прозорците“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе промовираат апликација наменета за деца со попречен говор.
-Ова е прва апликација на македонски јазик од овој вид, изработена во Android Studio, а може да се употребува на паметни телефони/таблети, кои функционираат на Android оперативен систем. Може да ја користат деца кои имаат отежнат или нефункционален говор за комуниција со околината, информираат од Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.
На промоцијата на паликацијата ќе присуствуваат и креаторите на апликацијата.
Здружението Отворете ги прозорците е посветено на промовирање пристап до информатичка технологија за лица со попреченост, овозможувајќи им целосно да ги искористат нивните способности.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-prva-aplikacija-na-makedonski-jazik-za-deca-so-poprechen-govor/feed/0Средношколци учеа програмирање на ФЕИТ
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolci-uchea-programiranje-na-feit/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolci-uchea-programiranje-na-feit/#respondSat, 14 Dec 2019 09:11:32 +0000https://kurir.mk/?p=277427Шеесетина ученици од девет средни училишта се запознаа со основите на програмирањето преку иницијативата „Hour of Code“, што вчера се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Средношколците, заедно со студентите на Факултетот, на овој меѓународен и традиционален настан разменија искуства за нивните интереси, желби и можни идни насоки за студирање на областите од компјутерското инженерство.
Иницијативата за организација на настанот потекнува од студентите и од наставниот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство за да се доближи програмирањето до младите генерации од сите возрасти. Настанот е дел од иницијативата „Hour of Code“, организирана од компанијата code.org. ]]>Шеесетина ученици од девет средни училишта се запознаа со основите на програмирањето преку иницијативата „Hour of Code“, што вчера се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Средношколците, заедно со студентите на Факултетот, на овој меѓународен и традиционален настан разменија искуства за нивните интереси, желби и можни идни насоки за студирање на областите од компјутерското инженерство.
Иницијативата за организација на настанот потекнува од студентите и од наставниот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство за да се доближи програмирањето до младите генерации од сите возрасти. Настанот е дел од иницијативата „Hour of Code“, организирана од компанијата code.org. ]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolci-uchea-programiranje-na-feit/feed/0На Феит ќе почнат со работа две фотоволтаични централи
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-feit-kje-pochnat-so-rabota-dve-fotovoltaichni-centrali/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-feit-kje-pochnat-so-rabota-dve-fotovoltaichni-centrali/#respondWed, 22 Aug 2018 05:51:00 +0000https://kurir.mk/?p=90563На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска ќе бидат пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 КW.
Едната централа е донација од ОКТА, а другата е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“, како и со сопствени средства на Факултетот.
Проект на ФЕИТ треба да придонесе за енергетска ефикасност на објектот, се заштедуваат средства, но и се придонесува кон заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
На настанот e најавено присуство на министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје Димитар Ташковски и главниот извршен директор на ОКТА Јанис Геруланос.
(Миа)]]>На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска ќе бидат пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 КW.
Едната централа е донација од ОКТА, а другата е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“, како и со сопствени средства на Факултетот.
Проект на ФЕИТ треба да придонесе за енергетска ефикасност на објектот, се заштедуваат средства, но и се придонесува кон заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
На настанот e најавено присуство на министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје Димитар Ташковски и главниот извршен директор на ОКТА Јанис Геруланос.
(Миа)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-feit-kje-pochnat-so-rabota-dve-fotovoltaichni-centrali/feed/0Работилница за складирање на енергија во згради со фотоволтаици
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-skladiranje-na-energija-vo-zgradi-so-fotovoltaici/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-skladiranje-na-energija-vo-zgradi-so-fotovoltaici/#respondWed, 11 Apr 2018 06:13:36 +0000https://kurir.mk/?p=38865Во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе се одржи работлиница насловена „Бариери и можности за интеграција на системи за складирање енергија во згради со фотоволтаици и примена на nZEB стандардите“.
Во рамки на овој проект, се планира на една од зградите на ФЕИТ во Скопје да биде инсталиран 7 kWh систем за складирање на енергија.
Работилницата се одржува во рамки на проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици – PV-ESTIA“ од програмата „TNCP Balkan – Mediteraneen 2014-2020“, имплементиран од ФЕИТ (https://www.pv-estia.eu/).]]>Во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе се одржи работлиница насловена „Бариери и можности за интеграција на системи за складирање енергија во згради со фотоволтаици и примена на nZEB стандардите“.
Во рамки на овој проект, се планира на една од зградите на ФЕИТ во Скопје да биде инсталиран 7 kWh систем за складирање на енергија.
Работилницата се одржува во рамки на проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици – PV-ESTIA“ од програмата „TNCP Balkan – Mediteraneen 2014-2020“, имплементиран од ФЕИТ (https://www.pv-estia.eu/).]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-skladiranje-na-energija-vo-zgradi-so-fotovoltaici/feed/0Петти саем за вработување и пракса „Контакт“
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-saem-za-vrabotuvanje-i-praksa-kontakt/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-saem-za-vrabotuvanje-i-praksa-kontakt/#respondTue, 03 Apr 2018 07:14:20 +0000https://kurir.mk/?p=35555На факултетите за електротехника и информациски технологии, за информатички науки и компјутерско инженерство и на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од денеска до 5 април се одржува петтиот саем за вработување и пракса „Контакт“, на кој ќе се претстават 22 реномирани компании од областа на електротехниката, електрониката, машинството и информатичките науки.
Интересот на компаниите за стручните лица од овие области е постојано во подем. На саемот, компаниите ќе можат да ги пронајдат личностите кои ја поседуваат желбата за стручно надградување и целат кон градење успешна кариера, вели Виктор Георгиевски, главен организатор од Студентскиот парламент при ФЕИТ.
Тој ги охрабрува сите заинтересирани студенти да ги посетат компаниите и, како што посочува, да станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој саем.
На овој начин велат студентите ќе се овозможи директна комуникација на студентите со компаниите и со работодавците, како и можности за професионално надградување и вработување. Годинава, на саемот „Контакт“ ќе се претстават компаниите KOSTAL, Draxlmaier, Marquardt, Asseco, Apave, Amphenol, Aptiv, EVN, LTH Learnica, GOBIVA, Netcetera, Intertec, ATS Global, doXteam, Closer, iBorn, MCA, Newman's Business Accelerator, Pop Leads, Systems for Enterprise, StepUp.
Саемот „КОНТАКТ“ е поддржан од ФЕИТ, ФИНКИ и МФС, од Центарот за менаџмент консалтинг, образование и наука Мотива и од Македонија 2025.
(Mиа)]]>На факултетите за електротехника и информациски технологии, за информатички науки и компјутерско инженерство и на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од денеска до 5 април се одржува петтиот саем за вработување и пракса „Контакт“, на кој ќе се претстават 22 реномирани компании од областа на електротехниката, електрониката, машинството и информатичките науки.
Интересот на компаниите за стручните лица од овие области е постојано во подем. На саемот, компаниите ќе можат да ги пронајдат личностите кои ја поседуваат желбата за стручно надградување и целат кон градење успешна кариера, вели Виктор Георгиевски, главен организатор од Студентскиот парламент при ФЕИТ.
Тој ги охрабрува сите заинтересирани студенти да ги посетат компаниите и, како што посочува, да станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој саем.
На овој начин велат студентите ќе се овозможи директна комуникација на студентите со компаниите и со работодавците, како и можности за професионално надградување и вработување. Годинава, на саемот „Контакт“ ќе се претстават компаниите KOSTAL, Draxlmaier, Marquardt, Asseco, Apave, Amphenol, Aptiv, EVN, LTH Learnica, GOBIVA, Netcetera, Intertec, ATS Global, doXteam, Closer, iBorn, MCA, Newman's Business Accelerator, Pop Leads, Systems for Enterprise, StepUp.
Саемот „КОНТАКТ“ е поддржан од ФЕИТ, ФИНКИ и МФС, од Центарот за менаџмент консалтинг, образование и наука Мотива и од Македонија 2025.
(Mиа)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petti-saem-za-vrabotuvanje-i-praksa-kontakt/feed/0