фељтон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 May 2020 08:40:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фељтон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Револуционерната дејност на Гоце Делчев и Ефрем Чучков во Ќустендилскиот пункт на ВМРО во првата половина на 1902 година (4) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/revolucionernata-dejnost-na-goce-delchev-i-efrem-chuchkov-vo-kjustendilskiot-punkt-na-vmro-vo-prvata-polovina-na-1902-godina-4/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/revolucionernata-dejnost-na-goce-delchev-i-efrem-chuchkov-vo-kjustendilskiot-punkt-na-vmro-vo-prvata-polovina-na-1902-godina-4/#respond Tue, 19 May 2020 08:39:43 +0000 https://kurir.mk/?p=347665

Проф. д-р НИКОЛА ЖЕЖОВ Револуционерната дејност на Гоце Делчев[1] во македонското револуционерно движење и особено ВМРО[2] била од огромно значење за зацврстувањето на самостојниот карактер на Организацијата и за распространувањето на нејзината мрежа низ целата територија на Македонија. Делчев, од моментот на вклучувањето во Организацијата, постојано работел на создавањето на канали за пренесување на оружје од територијата на Бугарија, преку тогашната бугарско- турска граница, на територијата на Македонија која била покриена со мрежа на окружни и околиски комитети на ВМРО. За таа цел, Гоце Делчев особено внимание посветил на зацврстувањето на пограничните пунктови на Организацијата каде преку доверливи членови и соборци, создал голем број складишта и магацини за оружје, муниција, храна и облека за потребите на комитските чети, кои навлегувале на територијата на Македонија. Особено значајно место за таквата дејност на Делчев имал Ќустендилскиот пункт на ВМРО, кој од географска гледна точка бил најблиску до Македонија и овозможувал полесно префрлување на четите и нивно опремување пред заминувањето на македонска територија. Таквата активност на Гоце Делчев му се овозможувала и поради неговата позиција член на Задграничното претставништво (ЗП) на ВМРО во Софија каде функцијата ја извршувал заедно со Ѓорче Петров[3], токму до 1902 година. Еден од најдоверливите соборци на Делчев во Ќустендилскиот пункт бил Ефрем Чучков, со кого во текот на 1902 година имал честа писмена комуникација околу сите актуелни проблеми и предизвици со кои се соочувал овој пункт на ВМРО. Писмата за состојбите во пунктот најчесто биле испраќани од Ефрем Чучков[4] до Гоце Делчев, а поретко на релација Делчев- Чучков при што првиот бил многу „поскржав“ на зборови во писмата, веројатно поради претпазливост од евентуално запленување на кореспонденцијата од страна на турската или бугарската власт. Оваа писмена кореспонденција помеѓу двајцата македонски револуционери покажува дека Ќустендил, иако на бугарска државна територија, повеќе функционирал како база на ВМРО во нејзините активности за испраќање и пречекување на комитски чети од територијата на Македонија. Од тие причини и самата бугарска власт преземала мерки во градот за спречување на навлегувањето на четите во Македонија, а неретко се преземале акции и за откривање и неутрализирање на мрежата на Организацијата од бугарската полиција во овој дел на Бугарија. Писмата исто така покажувале и еден непобитен факт- ВМРО во Ќустендилскиот пункт, со свои финансиски средства го купувала оружјето. Значи пушки, бомби и муниција во складовите на Организацијата се внесувале не преку донации или подароци, туку со пари на Организацијата за кои раководителите на истата воделе внимателна грижа. Целото оружје се купувало преку неколку посредници при што со клучна улога и залагање на Гоце Делчев, се полнеле складовите на Организацијата во Ќустендилскиот пункт. Со таква содржина започнала писмената комуникација на Делчев со Чучков во првата половина на 1902 година. Во текот на пролетта 1902 година, Е.Чучков ја интензивирал писмената кореспонденција со Г.Делчев при што го информирал за состојбите во Ќустендилскиот пункт на ВМРО. На 29 март 1902 година Е.Чучков му напишал поопширно писмо на Г.Делчев во кое го запознал со големиот број на проблеми на кои наидувал во пунктот. Во почетокот на писмото Чучков му побарал на Делчев бинокл (двоглед) за потребите на една од четите кои ги подготвувал за влез во Македонија. Веќе во вториот дел, Чучков му ги изложил горливите проблеми во пунктот кои особено го засегнувале во неговата работа:
Од ден на ден долговите се трупаат. Зошто Мерсин (псевдоним на Никола Зографов[5]) не се јави?.[6]
Чучков го известувал Делчев дека ги снемало и 8- те револвери што биле донесени во Ќустендилскиот пункт и за нив не можела да му даде информација и старата баба во чија што куќа се криеле поголемиот дел од членовите на пунктот. Ваквите ставови на Е.Чучков укажуваат на тоа дека бил прилично лут на работата на Н.Зографов, кој пред него извршувал функции во пунктот во Ќустендил. Е.Чучков му предочил на Делчев дека „сега нема ништо на виделина- а пак сметките?...“[7] Поради сето тоа Е.Чучков побарал од Г.Делчев да му сугерира на Н.Зографов да му се јави час поскоро и да му ги предаде сите документи од неговата работа во Ќустендилскиот пункт. Бидејќи Чучков не можел да ги пронајде сметките побарал од Делчев да го известат Зографов да му укаже каде се наоѓаат истите и на кое место ги оставил. Во понатамошниот дел од писмото Е.Чучков го информирал Делчев дека во Кочани организационите луѓе побарале од пунктот да подготви „некоја сериозна чета“ за што штипскиот револуционер веќе издал наредба за подготовки и заминување.[8] Во писмото, Е.Чучков му потенцирал на Делчев дека во четата за Кочанско можел да влезе и Борис Сарафов[9], но „строго да му се определи што ќе работи“.[10] Ваквите претпазливи мерки на Чучков кон Сарафов што ги споделил со неговиот соборец и пријател Г.Делчев укажуваат на тоа дека Организацијата постапувала крајно внимателно кога биле во прашање луѓе кои од Врховниот комитет пристапувале во редовите на ВМРО. Голем придонес за тоа имал конфликтот што се случувал помеѓу раководството на ВМРО и особено фракцијата на Врховниот комитет, која била предводена од двоецот Иван Цончев- Стојан Михајловски. Иако Сарафов бил на спротивната страна од овие двајца, раководството на Организацијата на почетокот покажувало голем сомнеж и кон него кој меѓу другото се должел и на неговиот непредвидлив карактер. Сепак, клучно било залагањето на Гоце Делчев за Сарафов како и поддршката што сеуште му ја давал заедно со Ѓорче Петров заради верувањето дека Сарафов може да биде од голема полза и за самата Организација. Особено поради фактот што Сарафов ветил дека ќе отстапи голем дел од оружјето од магацините на ВМК за потребите на ВМРО, во услови кога тој веќе ги прекинал контактите со Комитетот под претседателство на Цончев- Михајловски. Дека односите помеѓу ВМРО и ВМК навистина биле влошени сведочи и судирот помеѓу организациона чета и врховистичка чета која се случила кон крајот на март 1902 година и за што во писмо Е.Чучков го известил Г.Делчев на 1 април 1902 година. Ниту Чучков кој бил во пунктот на Организацијата во Ќустендил немал доволно податоци за вооружениот судир поради што испратил свој човек во Царево Село(денешно Делчево) за да дознае повеќе детали за настанот. Во врска со судирот на четите на Организацијата и врховистичките чети, Чучков во писмото до Делчев, меѓу другото истакнал:
Во секој случај генералите (се однесува на врховистите, Н.Ж.) веќе капитулираат. Тие со своите лажи и голи ветувања, како во Џумајско, така и во Пијанечко, сами си го ископаа гробот.[11]
Во понатамошниот дел од писмото, Е.Чучков го известил Г.Делчев за неговите обиди за подготовка и префрлување на комитска чета преку границата, за што самиот Чучков испратил свој човек од пунктот да ги пречека момчињата кои требало да влезат во Македонија кај месноста Кадиин мост. Во врска со тоа прашање, Чучков му напишал на Делчев и за одредена сума на парични средства кои биле наменети за некои четници заради нивната издршка.[12] Дел од паричните средства во сопственост на пунктот во Ќустендил биле наменети да бидат испратени на Туше Делииванов[13], веројатно за потребите на ЗП на ВМРО. Во писмото до Делчев, Е.Чучков се осврнал и на неговата лична безбедност во Ќустендил. Чучков и Марко Секулички[14] имале намера да го напуштат старото организационо засолниште кај една баба во градот, место кое често било користено за таа цел, и да побараат ново, пред се поради безбедносни причини. Според Чучков, бугарската власт веќе им влегла во трагата на дел од членовите на Организацијата во градот и „полицијата само гледа да чепне некого“.[15] Е.Чучков му предочил на Г.Делчев дека од Н.Зографов немало писма, ниту известување за тоа каде се 8- те револвери, но и за други важни прашања што требало да ги знае како член на Ќустендилскиот пункт. Затоа Чучков апелирал до Делчев да испрати писмо во Ќустендилскиот пункт и да го задолжи Зографов да му предаде повеќе работи кои требало да ги раздолжи како поранешен работник во пунктот. Сомневањата на Чучков кон Зографов оделе до таму што предупредувал дека Зографов и бил „влезен под кожата“ на бабата каде било поранешното скривалиште на членовите на Ќустендилскиот пункт и дека „кажува разни глупости“.[16] Таквата постапка на Зографов веројатно можела да ги загрози позициите на Организацијата во градот поради што и Е.Чучков реагирал до Г.Делчев. По ваквите укажувања, многу е веројатно дека Г.Делчев му напишал писмо на Зографов, имајќи ја предвид нивната претходна соработка и пријателство. На 2 април 1902 година Е.Чучков му напишал ново писмо на Г.Делчев во кое го известувал за одредени организациони работи во Ќустендилскиот пункт. Првин, тој го известил Делчев дека човек на Организацијата „не знам по каков начин украл три долги манлихери од генералските“(се мисли на врховистичките, Н.Ж.).[17] Во писмото Чучков го известил Делчев дека преку посредник може да купи манлихерови пушки со кои имало и 400 патрони муниција. Чучков лично ги проверил пушките и го известил Делчев дека човекот барал 20- 30 лева однапред, а другите пари по доставувањето на оружјето. Чучков истакнал дека сето тоа било „чиста работа“.[18] Околу финансиската состојба на Организацијата во Ќустендил, Чучков го известил Делчев дека во касата на пунктот имало околу 220 лева и затоа барал да му се испратат уште 200 лева поради плаќањето на манлихеровите пушки. Исто така според информациите на Чучков, претходниот ден во градот Радомир пристигнале 7- 8 души од „генералите“ (врховистите, Н.Ж.) и меѓу нив бил и извесниот Шуманов. Врховистичката чета требало да тргне кон Кочанско.[19] Особено важна информација до Г.Делчев од страна на Е.Чучков била таа дека бугарската полиција ги преследува четите на Организацијата. Според Чучков, стражарите се распрснувале во текот на ноќта на по 7 до 8 километри надвор од градот Ќустендил, по патот и по блиските планински села. Затоа Чучков му предложил на Делчев, четите да се движат по линијата Клисура- Кадиин мост или кон селото Жилинци, за оттаму да се упатат кон Кочанско.[20] Ваквите информации од Е.Чучков до Г.Делчев во кои потенцирал дека бугарската полиција ги следи четите на ВМРО биле особено важни за да се преземат мерки од раководството на ВМРО за побезбедно префрлување на комитските чети преку тогашната бугарско- турската граница. Секако, важни се информациите и според кои Делчев знаел дека ВМРО во пунктот, со свои финансиски средства го купувала оружјето, до кое се доаѓало на многу тежок начин и за што биле потребни многу пари. Како задграничен претставник Г.Делчев сигурно се обидел финансиски да го помогне Ќустендилскиот пункт, од причина што ако постапувал спротивно, веројатно не би добивал писма од Е.Чучков. На 4 април 1902 година Е.Чучков ја продолжил писмената комуникација со Г.Делчев и повторно го известил за одредени организациони работи во Ќустендилскиот пункт на ВМРО. Според Чучков, групата момчиња од четата кои се подготвувале за влез во Македонија биле добро сокриени во градот Ќустендил. Чучков уште еднаш му се обратил на Г.Делчев за случајот со купување на манлихеровите пушки. Чучков му предочил на Делчев дека трите манлихери со 400 патрони муниција ќе ја чинат Организацијата 200 лева. Бидејќи во касата на пунктот останале 100- 150 лева, Чучков му побарал на Делчев да му испрати 500 лева. Исто така, Чучков истакнал дека со постоечките пари подготвувал терен за чета од 35 души која можела да влезе во Македонија.[21] Во 1902 година се засилувале конфликтите на Организацијата со Врховниот комитет и со пограничните бугарски власти во граничните пунктови на ВМРО. На 9 април 1902 година, Е.Чучков му испратил писмо на Г.Делчев во кое ја опишувал неподносливата положба во пограничните пунктови на Организацијата и судирите со бугарските власти. Е.Чучков го известувал Делчев дека во тоа време преку Ќустендилскиот пункт требало да помине чета на Организацијата која се стационирала во близина на селото Жабокрт, Ќустендилско. На тоа место, четата ја чекала опремата и алиштата од Ќустендилскиот пункт. Но, четата била забележана од бугарската погранична стража која ги запленила алиштата.[22] Четата се засолнила во обид да им побегне на бугарските погранични власти. Напоредно со запленувањето на алиштата, некои селани ги известиле и алармирале и останатите постави на пограничните стражарски места за присуство на комитска чета во тој регион. Набрзо четата била откриена од бугарските стражари при што еден дел од комитите побегнал, додека еден дел бил заробен и спроведен во Софија. Од опремата на комитската чета била запленета една пушка и 30 патрони, а останатите пушки биле навреме сокриени.[23] Поради таквата ситуација, Е.Чучков побарал од Г.Делчев да се формира нова комитска чета и таа веднаш да влезе внатре во Македонија. Чучков сметал дека четата може да брои околу 10 до 11 души, а упатувал на тоа ако се ослободат заробените комити, и тие да и се придружат на неа. Во врска со опремата за комитската чета, Е.Чучков му соопштил на Г.Делчев дека треба да се испратат чорапи и каскети во Ќустендил, на адреса на шивачот Филип Георгиев.[24] На крајот од писмото Е. Чучков ја изразувал својата длабока разочараност од односот на бугарската влада кон ВМРО:
Ти ја претставувам положбата, но и јас речиси сум убиен од тие удари...Владата сака така со памук да ни ја извади душата, да не обессили, па над нашите трупови да го издигне гробот на македонското дело. Дали ќе успее? Јас почнав да верувам.[25]
Овој дел од содржината на писмото на Чучков до Делчев, експлицитно, јасно го покажувал односот на бугарската влада кон ВМРО. Таа не само што не ја поддржувала Организацијата, туку издавала наредби до полицијата и пограничните стражи да ги прогонуваат и апсат припадниците на комитските чети при нивниот обид да ја преминат границата и да влезат во Македонија под турска власт. Гоце Делчев добро ги знаел овие информации и преземал мерки да ги заштити членовите на Организацијата во Ќустендилскиот пункт од нивно евентуално откривање и апсење. Во април 1902 година, Гоце Делчев од Софија испратил поопширно писмо до Ефрем Чучков кој се наоѓал во Ќустендилскиот пункт на ВМРО. Во писмото Делчев дал детален опис на преминување на комитска чета во внатрешноста на Македонија преку овој пограничен пункт на Организацијата. На почетокот го запрашал Чучков за една многу чувствителна работа поврзана со Организацијата- тајната азбука: „Сите писма ги добив, а ти не знам дали си примил едно писмо од мене, испратено по Павел Поцев (Павел Шатев, Н.Ж.) во коешто бев го приклучил и шифрарникот за четите“.[26] Од овој дел од писмото се воочува колку Делчев обрнувал внимание на конспиративноста на Организацијата во обид да ја зачува нејзината тајност и да спречи внатрешни афери и провали. Затоа Делчев веднаш го предупредил Чучков дека доколку го немал тоа писмо, веднаш да го побара Павел Шатев. Во врска со конспиративноста на ВМРО, Г.Делчев го известил Е.Чучков дека целата документација и одредени писма од пограничниот пункт се наоѓале во куќата на една баба каде престојувале поголемиот дел од пунктовите началници на Организацијата. Старицата била доверлива личност на Организацијата и Делчев го информирал Чучков дека од неа ќе ја добие целата потребна документација оставена на чување кај неа.[27] Во понатамошниот дел од писмото Делчев се осврнал на прашањето на навлегувањето на четите во внатрешноста на Македонија преку пунктот. Околу тоа, Делчев му предочил на Чучков дека во градот Ќустендил биле сокриени неколку илјади манлихерови куршуми за потребите на четата која требало да замине во внатрешноста. Поради тоа, Г.Делчев му наредил на Чучков, да се однесат патроните, одредена количина на патрондаши и облека во одреденото село каде била стационирана комитската чета. Делчев му соопштил на Чучков дека треба да се подготват и бомбите за потребите на четата, но предупредувал да не се полнат со катранов фитил, што го сметал за неквалитетен. Полнењето на бомбите на ваков начин, Делчев го сметал за правило кое треба да го има забележано самиот Е.Чучков.[28] Во врска со четите, Г.Делчев му потенцирал на Е.Чучков, кога испраќал чети, опрема или алишта- на секој четник да му го одбележува името и оружјето со кое бил вооружен и да се забележува каде заминува или се испраќа. Сите овие податоци Делчев побарал да бидат забележани со шифри, познати само на Е.Чучков или на некои од делегатите (веројатно се мисли на членовите на пунктот, Н.Ж.).[29] Делчев исто така инсистирал кај Чучков при правењето на список на четите, да го забележи и степенот на образованието на секој четник, времето поминато во четата, со кого бил и низ кои места се движел. Тој список Гоце Делчев го барал на посебен тефтер. Околу организациските работи, Делчев побарал од Чучков во четите кои ќе заминат во внатрешноста на Македонија, да се дадат по 20 примероци Правилници и Уставот на ВМРО, со по уште 20 примероци за Струмичкиот и Радовишкиот реон. Уставите на Организацијата, според Делчев биле потребни за раководителите на секој реон, не само да ги имаат, туку и да дадат строги наредби „секоја една организација да го сообразува своето дејствување со душата и основата на Уставот“.[30] Во врска со ова, Г.Делчев му препорачал на Е.Чучков, примероци од Уставот и Правилници да се испратат и во градовите Кочани и Виница и да одбележи на кое место се испратени. Предострожноста на Гоце Делчев одела до таму што го предупредил Е.Чучков да внимава да не се испратат ваквите програмски документи на Организацијата во Ќустендил, веројатно поради опасноста да бидат откриени од страна на бугарската власт. По однос на ова навистина се забележува цврстиот став на Гоце Делчев да се задржи чистотата на ВМРО и таа да не се компромитира во очите на членството и народот. Веројатно, од таму се должи одбојноста на Г.Делчев кон врховистичките чети кои се обидувале да ги користат истите канали за влез во внатрешноста на Македонија. И во ова писмо, Делчев не ја испуштил можноста дел од врховистичките војводи, како Саев и Стојанов, да ги нарече „гадови“ и „мизерни“.[31] На крајот од писмото, Делчев побарал од Чучков за сето ова да му поднесе опширен извештај, а особено за тоа што направил и извршил. Делчев го предупредил неговиот соборец и пријател Чучков, во неговото живеалиште во Ќустендил да не чува никакви писма од Организацијата, да ја научи шифрираната азбука и со неа да се допишува.[32] Ова писмо на Г.Делчев до Е.Чучков покажува неколку работи кои се однесуваат на организациската поставеност на ВМРО. Прво, Организацијата била поставена на цврсти основи и главен принцип бил принципот на внатрешност и строга конспиративност. Второ, Г.Делчев како раководител на вооружениот сегмент на Организацијата инсистирал на строга дисциплина, ред и послушност што требало да биде основен предуслов за успех на вооружената борба. Трето, Организацијата се обидувала да ја задржи дистанцата од бугарските влади и тоа многу успешно го правела. Во интензивната преписка во текот на април 1902 година, Гоце Делчев често му посочувал на Чучков кои работи треба да ги заврши во Ќустендилскиот пункт, при што  забележува дека Делчев во одредени ситуации бил прилично „оскуден“ на зборови, пред сé од безбедносни причини. Делчев сигурно стравувал писмата што ги испраќал до Е.Чучков да не бидат запленети од турската власт или бугарските погранични власти со што можела да се случи провала и афера во самата Организација. Во едно од писмата испратени од Делчев до Чучков во април 1902 година, тој се интересирал дали неговиот соборец во пунктот ги добивал последно испратените писма. Понатаму Делчев побарал од Чучков од пунктот да испрати 2- 3 коњи и 500 примероци од правилници и устави на Организацијата за потребите на четите кои влегувале во внатрешноста на Македонија.[33] Делчев исто така го известувал Чучков дека следниот ден ќе му испрател 500 лева парична помош за потребите на пунктот преку Иван Кепов. Во писмото Делчев се интересирал и за бројот на манлихеровите патрони во Ќустендилскиот пункт како и за тоа кои четници биле останати во Ќустендил. Воедно, Г.Делчев го известил Е.Чучков дека војводата Андон Ќосето[34] и неговите четници изразиле желба да заминат од Македонија кон Ќустендилскиот пункт.[35] Во врска со четата на Андон Ќосето се работело за редовна постапка при преминот на комитските чети од внатрешноста на Македонија на бугарска територија во моментите кога заминувале на одмор при што ја користеле линијата на движење која поминувала низ Ќустендилскиот пункт на Организацијата. Чучков како пунтов началник ги пречекувал по пристигнувањето од Македонија, а исто така и ги подготвувал комитските чети со оружје, муниција, храна и облека при нивното заминување во внатрешноста на Македонија. Таа одговорна задача, Е.Чучков многу добро ја извршувал и не случајно Делчев постојано бил во контакт со него за време на неговиот престој во Ќустендил. Многу важни податоци пред се поврзани со набавката на оружје, содржеле писмата на Гоце Делчев, но идентитетот на личностите преку кои требало да се завршат работите. Тој ретко го посочувал со вистинските имиња, освен ако не се однесувало на личности кои биле легални, со што нивната лична безбедност не можела да биде загрозена. Со таква содржина е уште едно од низата писма што Делчев му ги испраќал на Ефрем Чучков од првата половина на 1902 година. Имено во писмото од април 1902 година, Делчев го информирал Чучков дека Организацијата веќе му испратила 200 лева на извесниот Серлиев (веројатно псевдоним, Н.Ж.) преку Иван Кепов во врска со некаква „стока“.[36] Бидејќи Делчев во писмото не упатувал за што се работи, веројатно е дека тоа било набавка на оружје, имајќи го предвид фактот што бил ангажиран Иван Кепов, член на Врховниот македонски комитет, кој сигурно не бил запознаен со податокот дека парите што ги дал на Серлиев биле за купување на оружје. За вакви случаи Г.Делчев не ретко ги користел и личните пријателства со луѓе од сите македонски организации. Веќе во следниот дел од писмото се потврдува фактот дека „стоката“ всушност биле пушки за кои Делчев му укажувал на Е.Чучков да ги задржат за потребите на пунктот, но предупредувал дека патроните било потребно да не се трошат и да се употребат за други прилики. Во писмото Делчев се интересирал и за Борис Сарафов и Шуманов и за тоа каде заминале, нагласувајќи дека таму каде што се испратени не смеат да бидат началници.[37] Ваквиот став на Г.Делчев укажува на тоа дека  сеуште немал доверба во војводи на чети кои од Врховниот комитет се префрлиле во ВМРО и биле испраќани од Организацијата во внатрешноста на Македонија. Таков бил случајот и со Борис Сарафов, иако Г.Делчев и Ѓ.Петров го поддржувале во внатрешните борби за превласт во Врховниот комитет, веројатно како „помало зло“ од двоецот И.Цончев- Михајловски. Како и во многу други писма, на крајот од писмото до Чучков, Г.Делчев му нагласувал да испраќа примероци од правилниците и Уставот на Организацијата за потребите на четите, а и го потсетувал редовно да му испраќа писма и да го известува за сите организациони работи во Ќустендилскиот пункт. На 13 мај 1902 година, Гоце Делчев со писмо го известил Марко Секулички дека во пограничниот пункт во Ќустендил, лично го испратил да дојде Е.Чучков.[38] Тешко е да се установи, кога временски точно Чучков застанал на чело на Ќустендилскиот пункт на ВМРО, но факт е дека Делчев постојано му доверувал задачи во пунктот за кои морал лично да дојде во градот. Од тоа се заклучува дека Г.Делчев имал голема доверба во него. Но, документацијата покажува понекогаш двојство во извршувањето на функцијата пунктов началник во Ќустендил, затоа што во исто време на истата позиција се среќаваат и имињата на Ефрем Чучков, Марко Секулички, а дури и името на Никола Зографов. Веќе во писмото на Г.Делчев до М.Секулички од 16 мај 1902 година, се воочува доверливата позиција што Е.Чучков ја имал во Ќустендилскиот пункт, без разлика дали и формално бил назначен за раководител на Ќустендилскиот пункт. Имено, во писмото Г.Делчев побарал од Секулички „на човекот што ќе го пратите, за да ги земе другарите оттука, треба да му дадеш писмо направо до мене или Чучков да дојде.“[39] Тоа значи дека Делчев лично го ангажирал Е.Чучков во подготовката за префрлување на комитската чета на Организацијата преку границата. Ситните недоразбирања од претходно помеѓу двајцата револуционери биле заборавени и соработката и заедничката револуционерна работа продолжила. Неуморната теренска работа оставила последици врз здравјето на Е.Чучков, така што во почетокот на јули 1902 година се разболел и заминал од Ќустендил заради лекување и заздравување. За болеста на Чучков, со писмо од 5 јули 1902 година, Г.Делчев го известил и М.Секулички и му порачал дека по оздравувањето повторно ќе го прати во Ќустендилскиот пункт.[40] Болеста на Е.Чучков потрајала десетина дена и веднаш после тоа, на 15 јули 1902 година, Г.Делчев со писмо го известил М.Секулички дека на 16 јули, Чучков заминувал за Ќустендил каде што и привремено требало да се насели. Г.Делчев преку Е.Чучков му испратил и доверливо писмо на Секулички.[41] Писмото потврдило дека Е.Чучков повторно се враќал на своите должности во Ќустендилскиот пункт на ВМРО, по наредба на Г.Делчев. Пред Чучков се наоѓал период во кој се организирале повеќе акции за пренесување на оружје од внатрешноста на Бугарија во Ќустендил како и организациски подготовки за вооружување и префрлување на комитски чети преку границата. За сите овие активности Е.Чучков имал постојана комуникација со Гоце Делчев, на кого откако му завршил мандатот во ЗП на ВМРО, се повеќе се ангажирал околу подготовката на комитските чети за влез на територијата на Македонија. Состојбата на топло- студено во односите со ВМК, оставиле трага и врз Организацијата и нејзината револуционерна дејност. Сепак и покрај одредени проблеми, каналите за пренос на оружје, опрема и муниција во граничните делови со Македонија биле под целосна контрола на ВМРО, иако имало обиди и од врховистичките чети да ги искористат истите. Додека Чучков се наоѓал во Ќустендилскиот пункт и ја координирал работата со Г.Делчев, каналот функционирал добро и немало некои поголеми пречки. Во 1902 година, Ефрем Чучков повторно имал интензивна преписка со Гоце Делчев околу обидите на Организацијата да внесе оружје во Македонија. На 22 јули 1902 година Е.Чучков му испратил писмо на Г.Делчев во кое го известувал дека веќе пристигнал во Ќустендил. Интересна е констатацијата на Чучков која ја споделил со Делчев дека во градот Дупница не се сретнал со „големецот“.[42] За која личност станувало збор, нема повеќе податоци, но доволен е фактот што Чучков во таинственост го држел името на личноста да посведочи дека е некоја важна личност, или од Организацијата или од бугарскиот општествено- политички живот. Но која е таа личност која Чучков ја посочил во писмото, останува да биде тајна. Секако дека Г.Делчев со сигурност знаел за кого се работи, заради близината и пријателството на двајцата револуционери. Ова писмо на Чучков открива дека Организацијата имала големи проблеми со бугарските погранични власти кои ги прогонувале комитските чети и се обидувале да ги спречат да влезат на територијата на Македонија. Така Чучков му пишувал на Делчев дека некои момчиња од четата на ВМРО која последна се обидела да премине во Македонија преку бугарската граница биле фатени кај градот Радомир. Но, во исто време го известил дека дел од момчињата од четата биле ослободени од затвор и биле пречекани од Аргир (псевдоним за Крсте Гермов- Шаќир, меѓутоа можно е да се однесува и на Аргир Манасиев, Н.Ж.). Како важен податок во писмото била информацијата за преминувањето на границата на Атила (псевдоним на Иван Гарванов, Н.Ж.), но нема прецизирање во кој правец заминал. Најверојатно Атила бил Иван Гарванов, но во кој правец заминал и за каква работа, Чучков не открива повеќе детали.[43] И второто прашање кое во овој случај се наметнува е, што навистина во овој реон би барал и по каква работа би дошол Иван Гарванов. Поради ова со резерва треба да се прифати податокот дека навистина се работи за Иван Гарванов. Во писмото од 22 јули, Чучков не ја пропуштил приликата да му укаже на Делчев за повеќе проблеми што ја тиштеле работата на Ќустендилскиот пункт. Тој поради организациони работи немал време да ја прегледа финансиската сметка на пунктот, заедно со Марко Секулички. Но, Чучков го запознал Г.Делчев со фактот дека М.Секулички веќе потрошил 200 лева и дека пунктот не располагал со пари, така што Секулички трошел од своите пари за организациони потреби.[44] Затоа Чучков го известувал Делчев дека во пунктот недостасувале финансиски средства поради што барал да се испратат од негова страна. Во моментите кога малку се ослободил од обврските, Чучков започнал да ги прегледува сметките во пунктот, секако со помош на М.Секулички. Последниот дел од писмото Чучков го посветил на состојбите во Врховниот комитет за кој ВМРО покажувала голем интерес и лобирала во раководните тела да се изберат луѓе со кои Организацијата можела да соработува во евентуална заедничка борба во Македонија. Чучков го запознал Делчев дека на внатрешните избори во Врховиот комитет, во раководните тела успеал да биде избран Никола Наумов, додека за Тома Карајовов[45] работата не можела да се заврши.[46] Раководството на ВМРО не случајно се решило да им даде поддршка на Наумов и Карајовов. Името на Никола Наумов неколкупати се споменува во преписките на членови на Организацијата, особено при купувањето и набавката на оружје за потребите на комитските чети. Тома Карајовов во наредниот период преминал во редовите на Организацијата. Веќе на 23 јули 1902 година, Е.Чучков ја продолжил преписката со Гоце Делчев. Во испратеното писмо до Делчев, неговиот соборец Е.Чучков му предочил два важни проблеми за револуционерната дејност на ВМРО: откривањето на дел од четите кои навлегувале во Македонија од страна на турската власт и навлегувањето на врховистичките чети на организационата територија на ВМРО. Во врска со првото прашање, Чучков го известил Г.Делчев дека поради нивното откривање од турската власт, во Ќустендил побегнале двајца четници од селото Луковица, Кочанско. Причина за нивното пребегнување во Ќустендил било пристигнувањето на турски аскер во селото и нивната истрага за евентуално пронаоѓање на пушки. Без да мачат или тепаат некого турските војници, еден селанец си ја предал пушката, но ги посочил и двајцата момчиња пред аскерот дека поседуваат пушки. Благодарение на тоа што момчињата успеале да побегнат било спречено да се откријат повеќе работи. Чучков му предложил на Делчев момчињата да бидат распоредени како курири на Организацијата во Кочанско.[47] Околу второто прашање, Е.Чучков го известил Делчев дека чети на врховистите или како што ги нарекувал „генералите“ од Радовишко се префрлиле кон Кочанско, а некои од нив се вратиле и во Ќустендил. Како непомирлив противник на врховистите, Е.Чучков го предупредил Г.Делчев дека во врска со тоа прашање „работата во тој реон е сериозна“.[48] Не случајно за тоа прашање Чучков му напишал на Делчев дека „на време треба да се превземат мерки“. Чучков дури и заклучил какви мерки треба да се преземат:
  • Според мене, таму, без друго на Генералите треба едно убаво тепање!.[49]
На крајот од писмото Е.Чучков уште еднаш го истакнал горливото прашање на пунктот- недостигот на финансиски средства, поради што го повикал Делчев да испрати пари. На 27 јули 1902 година Е.Чучков му испратил ново писмо на Г.Делчев во кое најпрвин го известил дека го добил последното писмо. Најважно од се, според Чучков било тоа што момчињата од последната чета без проблем ја поминале границата, со еден мал проблем: Михаил Чаков[50] направил „еден аџамилак“ откако во четата го вброил некој си Владо, кој бил човек на Марко Секулички и работел во Ќустендилскиот пункт.[51] Заради овој пропуст, Чучков испратил писмо до Иван Кепов, но бидејќи четата уште ја немала поминато границата, писмото подоцна му било предадено во градот Ксанти. Чучков го замолувал М.Чаков да го врати назад четникот Владо преку И.Кепов кој изгледа дека требало да дојде по некоја работа во Ќустендил. Воедно Чаков требало да му објасни на Владо во што била работата и зошто бил направен превид при составувањето на четата. Во писмото до Делчев, уште еднаш неговиот соборец и пријател Чучков му ја претставил реалноста во пунктот- недостигот на финансиски средства. Затоа од Делчев било побарано веднаш да испрати пари, во поткрепа на што му споменал дека и Марко Секулички го констатирал недостигот на финансии во Ќустендилскиот пункт.[52] За да се заштедат финансиските средства, Чучков му предложил на Делчев, алиштата за потребите на четите да се приготвуваат во Ќустендил и да не се нарачуваат од Софија. Тој сметал дека од Софија можеле да се доставуваат опинци и други работи што ги немало во Ќустендил. Заради чувствителноста на проблемот и поради конспиративност, Е.Чучков му посочил на Г.Делчев парите и писмата да ги испраќаат на адреса: К.Сиромахов, банкар во Ќустендил.[53] Тоа била адреса на живеалиште кое ВМРО и Ќустендилскиот пункт го користеле за испраќање на пари и писма. На 30 јули 1902 година, Е.Чучков го известил Г.Делчев дека се појавиле големи проблеми кај дел од членството на Организацијата кои се наоѓале во Ќустендил. Упатувајќи критика на адреса на членовите на Организацијата, Чучков го информирал Делчев дека ако некој останел по неколку дни во Ќустендил и ако работата станела сериозна при што требало да се ризикува време или пари „сите се извлекувале на страна и веднаш заборавале дека суштествува некакво македонско дело“.[54] Оваа констатација на Е.Чучков била прилично реално искажана, без никакви заобиколувања, со што сакал да му ја предочи вистината на Делчев за одредени проблеми во Ќустендислкиот пункт. Околу состојбата со вооружувањето Чучков му испратил податок на Делчев дека Организацијата во пунктот располагала со 1000 патрони.[55] Но, дека тоа е навистина мала бројка на муниција, покажува новото барање на Чучков за испраќање на парични средства во пунктот. За тоа дека навистина немало пари, Чучков го истакнал податокот дека М.Секулички од свои пари отстапил 300 лева за организациони потреби и дека Организацијата треба да му ги исплати потрошените средства.[56] Ваквиот постојан недостиг на пари во Ќустендилскиот пункт го знаел и Делчев и се обидувал колку што е можно повеќе да испраќа финансиски средства. Во почетокот на август 1902 година, Гоце Делчев се наоѓал во Софија и оттаму се грижел за собирањето на оружје и организирање на момчиња за комитски чети кои потоа заминувале кон Ќустендилскиот пункт на ВМРО. На 4 август, Ефрем Чучков во Софија му испратил на Делчев преписи од писмата на кочанската чета како и од војводата Панајот Бајчев.[57] Преписите, веројатно на шифрирани писма, Чучков ги напишал затоа што сметал дека Делчев е премногу зафатен да се бави и со таа работа, затоа што за евентуален преглед на оригиналите било потребно многу време. Во писмото до Делчев, Е.Чучков го известил дека една комитска чета веќе поминувала кон планината Плачковица и дека нема да помине преку градот Мелник.[58] Од содржината на писмото не може да се утврди со точност дали четата се враќала кон Ќустендилскиот пункт или заминувала во внатрешноста на Македонија. Но, во секој случај Е.Чучков како член на пунктот во Ќустендил внимателно го следел нејзиното движење и редовно го известувал Делчев во Софија. Преписката на Гоце Делчев и Ефрем Чучков за состојбите на Ќустендилскиот пункт на ВМРО во првата половина на 1902 година, недвосмислено покажувала повеќе несоборливи факти. Прво, огромна била улогата на Гоце Делчев во зацврстувањето на четничкиот институт на ВМРО и тоа особено преку Ќустендилскиот пункт кој станал вистински бедем и место од каде комитските чети навлегувале или се враќале од Македонија. Второ, преписката Делчев- Чучков недвосмислено ја објаснува револуционерната дејност на Гоце Делчев која била еднонасочна- борба за ослободување на Македонија од турска власт и добивање на автономија. Трето, на ниту едно место во документацијата не доаѓаат во прашање методите и начинот на кој Гоце Делчев го гледал патот до ослободувањето на Македонија, а тоа била самостојна борба на ВМРО и едно сеопшто востание, без помош од надвор. И четврто, преписката докажува дека Гоце Делчев бил непомирлив борец за чистотата на борбата на ВМРО, што се огледува во непријателскиот однос кон навлегувањето на врховистичките чети во Македонија, што Делчев ги сметал за продолжена рака на бугарската политика кон македонското прашање.
[1]  Гоце Делчев (1872- 1903), македонски револуционер, учител, војвода и ревизор на четите на МРО/ТМОРО/ВМОРО. Бил роден во градот Кукуш, Егејска Македонија. Завршил егзархиска гимназија во Солун и се запишал на Военото училиште во Софија. Во редовите на МРО бил приклучен од страна на Даме Груев во 1894 година. Во Штипско ја зацврстил организационата мрежа и воспоставил канали за пренесување на оружје во Македонија. Учителствувал во штипско Ново Село. Активно учествувал во создавањето на комитети на Организацијата во Кукуш, Солун, Дојран и Гевгелија. Учествувал како делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО во 1896 година. Заедно со Ѓорче Петров го напишал Уставот на ТМОРО во 1896 година. Бил еден од основачите на четничкиот институт на Организацијата и учествувал во создавањето на канали за пренесување на оружје од Бугарија на територијата на Македонија. Од страна на ТМОРО бил избран за главен ревизор на четите во кое својство направил обиколка на повеќе револуционерни окрузи на Организацијата низ целата територија на етногеографска Македонија, особено во текот на 1901 и 1902 година. Бил избран и за член на Задграничното Претставништво на ТМОРО во периодот пред избувнувањето на Илинденското востание. Станал еден од главните поборници на идејата за тоа да не се крева избрзано востание во Македонија и да се чека поволен момент за тоа. По дознавањето на одлуката за кревање на Илинденското востание остварил средби со поголем дел од раководителите на ТМОРО, меѓу кои и со Даме Груев, во обид да ги разубеди во неисправноста на таквата одлука. Загинал во судир со турската војска кај селото Баница, Серско на 4 мај (нов стил) 1903 година. [2] Македонската историографија во различни временски периоди, различно го третираше пристапот кон името на Организацијата. Дел од постарата генерација македонски историчари, Организацијата ја ословуваа со името Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), иако во нејзините програмски документи, формално тоа име не се употребувало до 1919 година. Во 90-те години на минатиот век дел од македонските историчари што се занимаваа со ова проблематика го употребуваа името Македонска Револуционерна Организација (МРО). Македонските револуционери од раководството на Организацијата многу често го употребуваа името „Внатрешната организација“ или само „Организацијата“, а некои од нив дури и споменатото име „ВМРО“. Во колективната свест на македонскиот народ најпрепознатлив е терминот „ВМРО“ и затоа во оваа статија ќе го употребуваме тоа име. [3]  Ѓорче Петров (1865-1921), македонски револуционер, член на МРО/ТМОРО/ВМОРО. Роден е во с. Варош, Прилепско. Завршил гимназиско образование во Пловдив во 1885 година. Бил учител во Штип, Битола, Солун и на други места. Од март 1895 година бил член на ЦК на МРО. Во 1897 година бил назначен за член на ЗП на ТМОРО во Софија, заедно со Гоце Делчев. За време на Илинденското востание бил војвода на чета која дејствувала во Прилепско и имала битка кај селото Чаништа, Мариовско. По востанието останал во Македонија и бил делегат на Прилепскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ во мај 1904 година. Бил избран за делегат на Рилскиот конгрес на ВМОРО во 1905 година. За време на Балканските војни бил доброволец во МООП. За време на Првата светска војна бил председател на Битолската окружна постојана комисија, а подоцна и кмет на градот Драма. По првата светска војна бил член на раководното тело на Привременото претставништво на поранешната обединета ВМРО. За време на бугарската влада на Александар Стамболиски бил избран за претседател на Комисијата за бегалци при министерството за внатрешни работи. Го оспорувал легитимитетот на Централниот комитет на ВМРО и влегол во непријателски одоси со Тодор Александров. Бил убиен на 28 јуни 1921 година во Софија од страна на атентатор на ВМРО. Автор е на повеќе книги: „Материјали за изучување на Македонија”, „Македонското ослободително дело на бугарска почва”, „Градските организации”. [4]  Ефрем Чучков (1868/70 - 1923), македонски револуционер, член на ЦК на ВМОРО. Бил роден во градот Штип. Завршил егзархиска гимназија во градот Солун, а потоа две години учел во софиското воено училиште. Во 1896 година година завршил педагошко училиште во Казанл`к, Бугарија, по што учителствувал во Пехчево и Мелник. Од 1897 година станал нелегален и дејствувал во Кратовско, Кочанско и Штипско. Бил еден од најдоверливите соработници на Гоце Делчев во периодот пред Илинденското востание. Од раководството на Организацијата бил назначен за раководител на Ќустендилскиот пункт на ТМОРО. Во 1905 година бил избран за член на Скопскиот окружен комитет на ВМОРО. Во 1908 година учествувал во возобновувањето на десноориентираната ВМОРО и на Ќустендилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на ВМОРО. За време на Првата балканска војна 1912 година бил војвода на чета и учествувал во ослободувањето на Кочани од турска власт. По 1920 година бил војвода на чета на ВМРО во Малешевско и Царевоселско. Дејствувал заеднички со четата на Тодор Александров во Источниот дел на Македонија. Починал во Софија, Бугарија. [5]  Никола Зографов (1869- 1931), македонски револуционер, член на МРО/ТМОРО/ВМОРО. Роден е во селото Ораовец, Велешко. По професија бил часовничар. Во 1895 година започнала соработката и пријателството со Гоце Делчев. Од раководството на Организацијата бил назначен за пунктов началник во Ќустендил каде останал до 1901 година. Учествувал во организирањето и работата на бомболеарницата во селото Саблер, Ќустендилско. Автор е на повеќе книги кои се однесуваат на историјатот на борбите за ослободување на Македонија и карактерот на македонското прашање. Починал во Софија, Бугарија. [6]  Централен Државен Архив (ЦДА) Софија, Република Бугарија, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.1. [7]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.1. [8]  Ibidem, л.1а. [9]  Борис Сарафов (1872-1907), македонски револуционер, член на ТМОРО/ВМОРО. Роден е во селото Либјахово, Неврокопско. Завршил во Солунската егзархиска гимназија, а потоа Воено училиште во Софија. Како офицер во бугарската армија служел во градовите Белоградчик, Русе, Софија и Борческа натура, Бугарија. Стоел на чело на акцијата на Врховниот македонски комитет во 1895 година кога предводејќи чета од осумдесет четници успеал да ја превземе власта во градот Мелник. Првите контакти со Даме Груев, Гоце Делчев и Пере Тошев ги остварува во 1896 година кога со руски пасиш доаѓа во Солун. Тој е еден од основачите на тајните офицерски братства во Бугарија. Бил истакнат, член на Врховниот македонски комитет (ВМК), додека на VI конгрес на македонските братства во Бугарија, со поддршка од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров, бил избран за претседател на ВМК во периодот 1899-1901 година. Започнал широка акција за прибирање на паричнји средства за потребите на Организацијата. Во рамките на тие негови заложби е и доделувањето на 100 000 златни лева на Орце Попјорданов за реализација на Солунските атентати во 1903 година. Во истиот период кога се случуваат атентатите тој се наоѓа во Битолско и води неколку битки против турската војска. Патувал во Русија, Швајцарија, Србија и Франција со цел да ги запознае тамошните општества со суштината на македонското прашање, но и за обезбедување на парични средства за Организацијата. Активно учествувал во подготовките за Илинденското востание и биле еден од учесниците на Смилевскиот конгрес во 1903 година. Бил избран за, член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ. Во текот на востанието дејствува во Битолско и има чести судири со турската војска. Заради неговата храброст бил особено почитуван помеѓу комитите, но и помеѓу локалното население. По неуспехот на востанието повторно заминува во европските држави за привлекување на симпатиите на европските политички и општествени кругови во полза на решавање на македонското прашање. Како делегат од Битолскиот револуционерен округ бил еден од учесниците на Рилскиот конгрес од 1905 година. На Конгресот ја поддржал струјата која се залагалча за демократизација и децентрализација на Организацијата, но и примена на изборните начела. На Конгресот бил обвинет за присвојување на финансиски средства кои и припаѓале на Организацијата, самоволието по одредени прашања, но и за попустливост кон српските чети кои дејствувале во Македонија. На крајот на Конгресот, во духот на заложбите за помирување и кохерентност, Борис Сарафов и другите обвинети биле амнестирани. Таа тенденција за помирување имала краток рок. Во текот на 1906 година дејствувал со чета во Скопско, Битолско и Солунско. Судирот помеѓу Сарафов и групата Серчани на чие чело стоел Јане Сандански се повеќе се продлабочувал. На 28 ноември 1907 година е ликвидиран, заедно со Иван Гарванов, од страна на Тодор Паница по наредба на Јане Сандански и неговите соработници. [10]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.2. [11]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.3. [12]  Ibidem, л.3а. [13]  Туше Делииванов (1869- 1950), македонски револуционер, член на МРО/ТМОРО. Роден е во градот Кукуш, Егејска Македонија. Завршил бугарска егзархиска гимназија во Солун. По професија бил учител. Учителствувал во Штип, Кавадарци и Кукуш. Бил назначен за претседател на околискиот комитет на МРО во Кукуш во 1895 година. Во 1901 година бил уапсен од турската власт и затворен, но успеал да побегне од затворот. Преминал во нелегалност и во 1903 година бил назначен за, член на ЗП на ТМОРО која што функција ја извршувал до 1903 година. Починал во Софија, Бугарија. [14]  Марко Секулички (1848-1925), македонски револуционер, член на ТМОРО/ВМОРО. Роден е во село Секулица, Кратовско. Во 1870 година заедно со неговиот брат Никола создал ајдучка дружина и дејствувале во Кратовскиот, Кумановскиот и Велешкиот регион. Работел како трговец. Во периодот мај 1904-мај 1905 година бил пунктов началник на ТМОРО во Ќустендил. Учествувал во Балканските војни во редовите на Македонско-одринското ополчение во составот на 1-та единица на 7-та Кумановска дружина. Во 1923 година бил уапсен во Ќустендил од страна на бугарските власти поради судирот помеѓу владата на Александар Стамболиски и ВМРО. Починал во Ќустендил. [15]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.4. [16]  Ibidem, 4. [17]  Ibid.,5. [18]  Ibid., 5а. [19]  Ib., 6. [20]  Ib., 6а. [21]  Ib., 7. [22]  Ib., 8 [23]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, 8а. [24]  Ibidem, 9. [25]    Ibid., 9а;  Михајло Миноски, Ѓорче Петров, Скопје, 2014, 119. [26]  НБКМ- БИА (Софија, Република Бугарија), фонд 583, оп.2, а.е. 1, л. 7. [27]  НБКМ- БИА, фонд 583, оп.2, а.е. 1, л. 7, 8. [28]  Ibidem, 8. [29]  Ibid., 8. [30]  Ibid., 9. [31]  НБКМ- БИА, фонд 583, оп.2, а.е. 1, л. 9. [32]  Ibidem, 9а. [33]  Ibid., 13. [34]  Андон Ќосето (Андон Лазов Јанев) (1854- 1953), македонски револуционер, војвода на МРО/ТМОРО. Роден е во селото Голозинци, Велешко. Бил без образование. По нападот врз еден велешки бег, побегнал од неговото родно место и преминал во нелегалност. Пристигнал во Солун и се поврзал со членови на Организацијата кои го приклучиле во неа. Се поврзал со ЦК на МРО и започнал да извршува тајни доверливи работи за кои знаело само раководството на Организацијата. Извршувал терористички акции за ликвидирање на претставници на грчката и српската пропаганда. Бил соработник со д-р Христо Татарчев, Гоце Делчев и Јане Сандански. Од страна на Организацијата бил назначен за војвода на чета во Кукушко, Малешевско и Струмичко. Во 1901 година заедно со Сандански и неговата чета учествувал во аферата Мис Стон. Учествувал во Илинденското востание и со чета се борел во Прилепско, Мариовско и Велешко. По востанието ја продолжил револуционерната дејност во Струмичко и Малешевско. По внатрешните поделби и раскол во Организацијата, извесен временски период соработувал со Серскиот револуционерен округ, но набргу се разочарал од поделбите и се повлекол од активно учество во македонското револуционерно движење. Во 1907 година бил осомничен и привремено уапсен од бугарската власт поради обвинение за учество во убиствата на Борис Сарафов и Иван Гарванов. По создавањето на федерална Македонија во рамките на Југославија со писмо до македонското раководство го поздравил создавањето на македонската држава. Починал во Благоевград, Бугарија на 99 годишна возраст. [35]  НБКМ- БИА, фонд 583, оп.2, а.е. 1, л.13а. [36]  Ibidem, 11. [37]  Ibid., 11. [38]  Гоце Делчев,  Писма и други материали, издирил и подготвил за печат Дино Кьосев, отговорен редактор Воин Божинов, Изд. на Българската академия на науките, Институт за история, София,  1967, 120. [39]  Ibidem, 120. [40]  Ibid., 127. [41]  Ibid., 130. [42]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.10. [43]  Ibidem, 10. [44]  Ibid., 10а. [45] Тома Карајовов (1869- 1950), македонски револуционер, член на ВМОРО/ВМРО. Роден е во Скопје. Завршил правен факултет на софискиот универзитет 1895 година. Во 1892 година бил еден од основачите на Младата македонска книжевна дружина во Софија. Во периодот помеѓу 1897-1900 година бил секретар на Бугарското трговско агентство во Битола. За време на Илинденското востание го редактирал весникот „Автономија„, задграничен лист на ТМОРО. Учествувал во формирањето на Бугарските конституциони клубови и е еден од нивните раководители (1908-1909 година). На Шестиот конгрес на ВМРО бил избран за заменик- член на ЗП. Бил долгогодишен службеник во бугарското Министерство за надворшни работи. Работел во дипломатските претставништва на Бугарија во Виена и Рим, а во 1924 година бил генерален конзул во Атина и бил надворешен претставник на ВМРО. Во 1925 година со одлука на ЦК, заедно со други дејци, е испратен во специјална мисија да ја претставува ВМРО во странство. Есента 1924 година престојувал во Виена од каде известувал за состојбите во македонските студетски кругови и преку ЗП сугерирал да се обрати поголемо внимание на студентите во Германија, Франција и Италија. Исто така сугерирал и да прекинат атентатите на ВМРО, особено низ европските градови, бидејќи се губела „симпатијата на општественото мислење во Европа‘‘ кон ВМРО, гледајќи ја како „анархистичка‘‘ организација. Во отворениот конфликт помеѓу Иван Михајлов и Александар Протогеров во 1928 година се приклучил кон Михајлов. Бил масон. Присуствувал како гостин на Седмиот конгрес на ВМРО одржан 21-25.07.1928 година во Крупник. Бил противник на насилни мерки спроведувани од помладата генерација во ВМРО. Бил специјален претставник на ВМРО(михајловистичка) во странство со седиште во Берлин. Починал во Софија. [46]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.11. [47]  Ibidem, 12. [48]  Ibid., 12а. [49]  Ibid., 12а. [50]  Михаил Чаков (1873-1938), македонски револуционер, член на ТМОРО/ВМОРО. Роден е во Гуменџе. Завршил Егзархиска гимназија во Солун. Во редовите на ТМОРО се приклучил во 1897 година. Дејствувал како четник под команда на војводата Михаил Апостолов Попето. Во периодот помеѓу 1901 и 1908 година бил војвода на чета која дејствувала во Петричко, Серско, Драмско, Кумановско и Велешко. Учествувал во борбата со турската војска во селото Баница во која загинал Гоце Делчев. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета којашто дејствувала во Мелничко. Бил учесник во битката на Ножот на 14 јули 1907 година. Учествувал како војвода на 11-та чета во составот на Македонско-одринското ополчпение и учествувал во борбите за Банско, Разлог, Неврокоп, Драма и Кавала. Учествувал во Првата светска војна во составот на 85-от пешадиски полк во бугарската армија. По Првата светска војна бил дел од раководството на Илинденската организација. Во 1923 година во неговиот дом привремено се наоѓале моштите на Гоце Делчев. Во 1928 година по поделбата во Организацијата бил член на седумчлена комисија за помирување на двете крила на ВМРО. Починал во Софија. [51]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.13. [52]  Ibidem, 13а. [53]  Ibid., 14. [54]  Ibid., 15а. [55]  Ib., 16. [56]  Ib., 16а. [57]  Панајот Бајчев, македонски револуционер, член на МРО/ТМОРО/ВМОРО, војвода во Кумановско. Роден е во градот Видин, Бугарија. Во 1903 година бил назначен за војвода на чета во Штипско. За време на Илинденското востание се борел во четата на војводата Христо Чернопеев и учествувал во судирот со турската војска во близина на градот Кочани при обидот за навлегување во Македонија. Во периодот 1904- 1905 година бил назначен за војвода на Организацијата во Кумановско. Учествувал и како делегат на скопскиот окружен конгрес во 1905 година. Во Првата балканска војна 1912 година повторно се нашол во четата на војводата Христо Чернопеев и учествувал во ослободувањето на градот Кавала од турската војска. [58]  ЦДА, фонд 1938К, оп.2, а.е. 56, л.17.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/revolucionernata-dejnost-na-goce-delchev-i-efrem-chuchkov-vo-kjustendilskiot-punkt-na-vmro-vo-prvata-polovina-na-1902-godina-4/feed/ 0
Илинденско или Илинденско-Преображенско востание!? (3) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/#respond Sun, 10 May 2020 15:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=344220

Проф. д-р ТОДОР ЧЕПРЕГАНОВ Во годините по осамостојувањето на Р. Македонија станавме сведоци кога скоро секојдневно имаше политичари кои се јавуваа за да ги толкуваат историските настани и личности, без притоа да имаат било какво познавање на истите или да прочитале нешто за истите, а за кажаното не сносеа никакви последици туку уште повеќе настојуваа да ги наметнат своите ставови само поради фактот што го имаа авторитетот на политиката. А голем дел од тоа што го застапуваа беше далеку од вистината. Уште пред потпишувањето на „договорот за добрососедство, пријателство и соработка“ со Бугарија тогашниот градоначалник на Струмица Зоран Заев со брусилка ги избриша зборовите од споменикот подигнат во чест на Благој Јанков Мучето дека истиот е убиен од „... куршум“ а чиј останува енигма. Го избруси зборот „бугарски“ како негов придонес кон добрососедските и пријателските односи со Бугарија што постојано го повторуваше. На таа „брусилка историја“ за жал не реагираше никој. А всушност се работеше за скрнавење на споменик што е казниво со закон. И уште повеќе, во контекст на „добрососедските и пријателските односи“ со Бугарија во својство на премиер, Зоран Заев ќе изјави „дека голем дел од историјата“ со Бугарија  „е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето сѐ она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави“ и дури дека „ние сме братски народ, ние сме един и същ народ“.[1] По потпишувањето на договорот со Бугарија се формира Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, со цел да се „изврши денационализација и деполитизација на минатото и да се усогласат ставовите како деловите од историјата во учебниците да биде прикажана на начин кој нема да биде навредлив за никого“[2] и во тој контекст да се издвојат датуми за заедничко чествување. Досега комисијата како датуми за заедничко чествување на своите влади ги има предложено Св. Кирил и Методиј, Григор Прличев, Свети Наум и цар Самоил. Меѓутоа, извор на сопнување во работата на Комисиите настана кога бугарската страна го истакна барањето да се прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин што македонските членови на Комисијата не го прифатија, а предложија ден на заедничко чествување да биде пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во главниот град на тогашна Народна Република Македонија што не беше прифатено од бугарска страна. Несомнено дека „ценкањето“ околу датумите, личностите и настаните од македонската историја ќе продолжат имајќи предвид дека се работи за политички формирани комисии кои мора да дадат резултат. А политичките одлуки во случајов треба да бидат потврдени од научни работници со изговор дека политиката немала никаков удел во сето тоа. Дежа ву. Исто така често споменуван датум за заедничко чествување е и Илинденското востание, или како што милуваат да кажат Бугарите Илинденско-Преображенското востание. Во тој контекст беа одржани и неколку средби на македонските и бугарските историчари, но  истите завршуваа и пред да почнат. Македонските историчари стоеја цврсто на ставот дека Илинденското востание му припаѓа на македонскиот народ. Она на што настојува бугарската страна е заедничко чествување на Илинденското востание и тоа како Илинденско-Преображенско, со тоа настојувајќи да му се даде сосема друга димензија на истото. Таа настојува да стави равенство меѓу Илинденското и Илинденско-Преображенското востание. Дилемата дали тоа било Илинденско или било Преображенско-Илинденско или Илинденско Преображенско постои само кај оние кои се обидуваат на било кој начин да „докажат” дека тие две востание се раководени од еден центар и за една иста цел. Центарот е Софија и дворот на кнезот, а целта е обединување на Македонија со Бугарија. Дури се појавија и тврдења дека во документите се зборува за Преображенско-Илинденско востание, но македонските историчари ги фалсификувале документите. Но документите се неумоливи. Илинден е исклучиво македонски празник. Кој мисли поинаку се лаже и себе си и другите. Тоа што голем дел од организацијата на востанието одела преку Бугарија не значи дека тоа е бугарско. Истата ја водат, пред се`, македонски револуционери. Македонската револуционерна организација (МРО), како секоја илегална организација, барала помош за реализирање на своите идеи и цели. Во организирањето на востанието го вложила целиот свој физички и материјален потенцијал за тоа да биде што подобро организирано. Од своја страна Бугарија вети „200.000 штикови“ како помош на македонските востаници. Но, тоа не се случи. Востаниците мораа самите да се борат против Османлиите до крајот на ноември 1903 година. Востанието заврши со неуспех, но му ја покажа на светот желбата на еден народ да биде свој на своето, со своја држава, нација, јазик и култура. По востанието, во репресиите страдаше македонскиот народ. И сосема е нормално што Илинденското востание живее единствено во колективната меморија на македонскиот народ, бидејќи само тој, македонскиот народ, ја прифати одлуката на Организацијата да се крене, да учествува и да го води и на крајот да ги трпи последиците од востанието. Ниту еден друг народ на Балканот не учествуваше во ова. И во Бугарија, споменот за Илинден во 20-тите години на XX век започнала да го чествува македонската емиграција бидејќи тој живеел во меморијата на Македонците. Сигурно дека овие факти се добар повод да се направи една ретроспектива на тоа како и кај кој народ живее во колективната меморија ова востание и како се именува. Колективната меморија може да биде оној барометер кој покажува што тој настан или личност значи во историјата на еден народ. Токму во овој контекст би требало да се стави истражувањето во однос на именувањето на востанието. Познато е дека во Бугарија се наоѓаше голема маса македонска емиграција која беше организирана во друштва кои делуваа на разни начини, објавуваа дневни весници и имаа свое влијание во животот  на македонската емиграција. Според постојната документација прославите по повод Илинденското востание започнале да се организираат во Бугарија од страна на македонската емиграција пред Балканските и Првата светска војна, по сопствена иницијатива. Организирано прославување на Илинден настапува со формирањето на Илинденската организација (Основачки когрес 19-21 јануари 1923).[3] Организацијата имaла печатен орган.  Една од задачите на друштвото била и активноста за негување на традициите на македонските револуционерни борба т. е. да се популаризира „македонската историја, македонскиот хероизам, македонското самосознание”.[4] Во нивна организација се започнало со одбележување на годишнини од убиствата на македонски револуционери. Исто така друштвото посебно внимание ѝ посветило на акцијата за пронаоѓање и зачувување на архивите и знамињата на некои револуционерни реони и востанички чети во Македонија.[5] Веднаш по формирањето на илинденските друштва како една од нивните главни активности било организирање прослави по повод годишнините од Илинденското востание. До основчкото собрание на Друштвото „Илинден” организирањето на честувањата по повод Илинденското востание се одвивало по сопствена иницијатива во рамките на илинденските друштва. Непосредно по завршувањето на Првата светска војна, во 1919 година, во знак на сеќавање на загинатите во Илинденското востание биле одржани панахиди од емигрантите од Крушево во црвата „Св. Спас” и од членовите на Исполнителниот комитет на македонските братства, Врховниот комитет „Одринска Трaкија” и „Добруџанската организација” во црквата „Св. Недела”. И во 1920 година македонските емигранти во Бугарија ја продолжиле традицијата на одбележување на Илинден со панахиди.[6] Поорганизирано чествување на Илинден во редовите на македонската емиграција започнува од 1921 година. Голема улога во тоа одиграло Друштвото „Илинден”. Прославата во Софија била организирана од страна на Софиското друштво. По отслужувањето на панахидите за сите македонски револуционери биле организирани: утро (со литературно-музички дел) и народна веселба (литературно-танцувачка вечер, на која учесниците биле облечени во македонски носии).[7] Чествувањето на Илинден меѓу македонската емиграција продолжило и во наредните години. Се одбележувал на истиот начин, со панахиди во црквите, говори за значењето на Илинденското востание и посети на гробовите на исткнатите македонски револуционери, а се организирале и веселби. На самите манифестации учествувале голем број македонски емигранти. На прославата на Илинденското востание во 1922 година во Софија учествувале неколку десетини илјади лица од повеќе средини, и истата била оценета како најмасовна дотогаш, а на честувањето во 1924 година зеле учество над 30.000 луѓе.[8] Во големиот број написи во гласилото на Илинденската организација повеќе нејзини членови се пројавиле со свои написи во кои се осврнувале на значењето на Илинденското востание за македонскиот народ. Со ниту еден збор не се споменува Преображенското востание.[9] Чествувањето на Илинден во 1923[10] година било збогатено и со пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во просториите на Илинденската организација во Софија. На 2 август 1923 година од куќата на М. Чаков посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени до црквата „Св. Недела“. Во процесијата учествувало Раководното тело на Илинденската организација и Националниот комитет на македонската емиграција.[11] Во црквата саркофагот останал до 5 август 1923 година кога биле пренесени во канцеларијата на Илинденската организација. По 1924 година чествувањето на Илинден од македонската емиграција во Бугарија започнува да поприма политички димензии. Од страна на Националниот комитет бил воведен посебен „Ден на Македонија“ со што Илинден бил сведен само на патронен празник на Илинденската организација и покрај фактот што Илинден македонската емиграција во Бугарија го доживувала како „симбол на македонската борбеност” и „македонски ден”, а за Илинденската организација „го симболизира нејголемиот момент во историјата на македонското ослободително револуционерно движење”. Со воведувањето на „Ден на Македонија“ Националниот комитет сметал полека да се изгуби споменот за Илинденското востание меѓу македонската емиграција во Бугарија со смртта на нејзиниот последен член. Чествувањата на Илинден од 1924-1928 година почнуваат да имаат се поскромен карактер и го задржале претходниот начин на чествување со панахиди, говори, посета на гробовите на македонските револуционери и народна веселба. Во 1928 година прославата била одложена поради убиството на Александар Протогеров, а во 1929 година била одложена за „поповолно време”. Од 1930 до 1932 година чествувањата по повод Илинденското востание биле прославувани само со панахиди. Од 1933 година организацијата околу чествувањето повеќе не доаѓала од Илинденската организација туку од Националниот комитет. Прославата на 30-ет годишнината од Илинденското востание не била одржана поради тоа што „Управата на престолнината” го забранила тоа. Чествувањето било направено како и во претходните години.[12] Во документот од Централниот партиски архив[13] во Москва насловен „Бугарската комунистичка партија и националното прашање” се истакнува: „Во 1903 година во Македонија избувна познатото ‘Илинденско’ востание, големо масовно револуционерно движење на христијанските и малку имотните градски маси”.[14] Во Органот на бугарската комунистичка партија „Работнически весник”, во периодот меѓу двете светски војни постојат огромен број на написи кои се однесуваат на Илинденското востание.  Во некои од нив меѓу другото читаме: „Во овој момент целата...македонска емиграција во земјата е возбудена од спомените на величественото македонско народно востание пред 20 години. Илинден[15] е за оваа прогонета, бедна и бездомна емиграција едно знаме, под кое таа секогаш е спремна да се собере и кон кое таа има света верба…Илинден беше знаме свое, знаме народно, знаме македонско…”. И на крајот написот завршува со паролите „Поклон пред споменот на Илинденците! Поклон пред знамето на Илинденското востание”.[16] Во сите написи во периодот меѓу двете светски војни не постои напис во кој не се пишува и истакнува значењето на Илинденското востание. Во ниту еден напис истото не се поврзува со Пеображенското востание. И во 1936 година истиот весник донесува напис под наслов „Да се сплотиме под знамето на илинденските идеали”. Меѓу другото се истакнува: „Македонската историја е исполнета со епизоди на хероизам од страна на македонските револуционери во борбата против тиранијата на султанот. Но по својот масовен карактер Илинденското востание си останува единствено со епохално значење во македонската ослободителна борба”.[17] По повод годишнината од Илинденското востание весникот „Македонски вести” во 1936 ќе донесе повеќе написи за истото. Насловот на првата страница е „Илинден – македонски национален празник”. И меѓу другото се потенцира: „Македонскиот народ си има свој национален празник. Тоа е Илинден. – Денот на кој кога македонскиот роб излезе на решителен двобој со султанските потисници за национално ослободување и економска благодет”.[18] И во органот на Софискиот окружен комитет на ВМРО (о) „Обединист”  од 1935 година во статијата под наслов „Илинден”, се истакнува: „Со Илинденското востание македонскиот народ најдобро докажа дека е готов да умре за остварување на издигнатите од првоапостолите на македонскиот народ пароли. На илинден поробена Македонија ја пројави својата огромна револуционенра моќ и волја за слободен живот”.[19] Што значел Илинден за македонската емиграција во Бугарија најдобро покажува обидот на Националниот комитет на македонските братства да го замени чествувањето на Илинден со Духовден. Во однос на тоа се пројавила македонската емиграција со напис во в. „М. Р.” во кој истакнува: „Врховистичкиот национален комитет, сака да  му се наложи на македонскиот народ и на емиграцијата Св. Дух како ден на Македонија. Тоа беше неопходно за врховизмот да го одречи вистинскиот ден на Македонија, ИЛИНДЕН, за да се фрли маска врз првата македонска револуција и по таков начин да не дозволи на македонските маси да црпат од неа поука и инспирација за револуционерна борба. Тие не сакаат да го прифатат и чествуваат Св. Дух како свој, зошто тој е врховистички ден кој нема никаква врска со историјата на македонската ослободителна борба. Поробена Македонија си има свој историски величествен Илинден во кој целиот македонски народ востана со оружје во рака за национално и социјално ослободување, за слободна и независна Македонија. Илинден е жив спомен, поттик, инспирација и пример за ослободување. Да го запазиме и уште повисоко да го издигниме тој  револуционенрен празник како ДЕН НА МАКЕДОНИЈА...”.[20] За разлика од чествувањето во Бугарија, во делот на Македонија во рамките на Кралството СХС/Југославија било забрането јавното чествување на Илинден. Чествувањето единствено  можело да с организира тајно. Дури се одело и дотаму што и посетите на Крушевчани на Мечкин Камен биле забранети од српските власти. Во овој период единственото масновно организирање на Илинден се случило во организација на ПК на КПЈ за Македонија, кога биле организирани од страна на младината масовни собири во Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица. Истите биле проследени со полициска забрана и затворање на голем број учесници во демонстрациите.[21] Треба да истакне дека во 1939 година во исчекување на настаните кои се очекувале да се случат на Балканот, на чествувањето по повод годишнината од Илинденското востание за првпат се забележуваат и претставници на бугарската држава. Така во Варна на илинденската прослава присуствувал градоначалникот на градот, додека во Софија поголема група државни претставници ја посетиле канцеларијата на Организацијата.[22] На прославата во 1940 година по одржувањето на панахидата и молитвата во црквата „Св. Недела” претседателот на Бугарското народно собрание Никола Логофетов од името на бугарскиот народ им се заблагодарил на паднатите учесници во Илинденското востание, посакувајќи им на живите македонски ветерани добро здравје. Истиот меѓутоа не присуствувал на годишнината на Преображенското востание, која по иницијатива на Тракиската организација се одржала на 19 август 1940 година. [23] Почетокот на Втората светска војна и префрлањето на воените акции на територијата на Балканот биле една од основните причини Бугарија како држава да го промени својот однос кон чествувањето на Илинденското востание. Во ситуација кога Бугарија се наоѓала пред реализирањето на својот вековен сон, припојување на Македонија, бугарската држава видела голема можност Илинденското востание да биде искористено во пропагандни цели и да се претстави како едно од најголемите бугарски востанија. Таа улога на себе ја презела Дирекцијата за национална пропаганда која била формирана на 5 април 1941 година со цел да работи на одбрана на интересите на Бугарија. Првата можност јавно да ја промовира својата активност Дирекцијата за пропаганда ја имала во пресрет на годишнината на Илинденското востание во 1941 година. Тогаш за прв пат од 1903 година бугарската држава преку весникот „Целокупна Бугарија” излегува со соопштение дека „во новата историја на Бугарија Илинден го зазеде местото на највисока пројава на бугарското воинство” и покрај тоа што и самите признавале дека Илинден бил „довчера знаме во борбата која Македонија ја водела за своето ослободување”.[24] Дирекцијата за национална пропаганда како орган на бугарската влада со посредство на печатот, радиото, литературата и со организирање на предавања, свечености, прослави и манифестации активно учествувала во креирањето на јавното мислење во државата и имала голема заслуга во подготвувањето на народот да ги прифати и одобри сите постапки вршени од државните служби. Во реализирањето на поставените задачи биле ангажирани сите министерства, спортски организации, читалишта и бугарската православна црква. Официјален орган на Дирекцијата бил весникот „Целокупна Бугарија” кој од првиот број (24 мај 1941 год.) до последниот број (31 август 1944 год.) истрајал на својата поставена цел во докажувањето на бугарскиот карактер на Македонија.[25] Одеднаш бугарските институции, а и самата држава станале многу „свесни” за значењето на Илинденското востание. Истите почнале да го сметаат Илинденското востание како востание кое според покажаната сила на духот, по бројот на учесниците и дадените жртви го заземало првото место во „редицата востанија за ослободување на бугарскиот народ”.[26] По добиената дозвола од нацистичка Германија да ја окупира Македонија (18 април 1941) бугарските окупациони власти по воспоставувањето на административната и полициската власт сфаќајќи го значењето на Илинден за Македонците, а имајќи го предвид значењето на пропагандата веднаш го презела во свои раце организирањето на чествувањето на Илинден. Бугарската власт организираните прослави сакала да ги претвори во покажување на „борбената и нескршлива бугарштина“. Илинденската организација се претворила во инструмент на бугарската фашистичка идеологија. Илинденските традиции ги изедначиле со фашистичките идеали кои биле прокламирани од бугарскиот државен врв. Македонските идеали со еден збор биле присвоени и користени во цели на величење на фашистичката идеологија и нејзините лидери. Обидот да организира што повеќе илинденски друштва од април до август 1941 година резултирал со само две формирани друштва во Делчево и во Крушево. Од тие причини, со цел да го канализираат формирањето на Илинденски организации, бугарските окупаторски власти формирале специјални комитети за организирање на Илинденските манифестации скоро во сите градови на Македонија.[27] Од своја страна Битолската обласна дирекција изработила посебен план во шест точки во кој биле набележани чекорите кои требало да се преземат во однос на чествувањето. Во точка 3 се предвидувало „да се пронајдат и прослават живите дејци од она време“ и во точка 4 „да се пронајдат имињата на загинатите и за нив да се отслужи помен било во црква, било на местото каде што биле убиени. Службата да заврши со говор, а при можност да се приреди и литературно-музичка вечер“.[28] За прославата во 1941 година бугарската влада организирала и бесплатен превоз за македонските емигранти во Бугарија и уште повеќе во Софија во средината на јули 1941 година организирале и Комитет при македонските добротворни братства кој требало да го организира одењето на македонските емигранти на прославата на Илинден.[29] Централната прослава во 1941 година се одржала во Битола. За време на чествувањето им биле дадени големи почести на остарените македонски револуционери од страна на градоначалниците и официјалните бугарски власти. Исто така биле одржани и панахиди, молитви, полагање цвеќиња на гробовите на заганатите учесници во востанието, воени паради, а пред Илинден во некои градови биле одржани и свечени академии.[30] Дури и во Софија се одржало чествување на кое присуствувал и министерот за надворешни работи Петар Габровски, член од свитата на цар Борис III, претседателот на македонските братства и членови на Илинденската организација, а претходно во црквата „Св. Недела“ била отслужена панихида.[31] И во наредните години бугарските окупаторски власт го користеле Илинден во пропагандни цели. Во 1942 година централната прослава се одржала повторно во Битола. Интересно е што Битолската околиска управа во мај 1942 година забележала дека членовите на Илинденската организација носат значки на кои пишувало „Илинден и Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме“ и побарале да се избрише слоганот „Независна Македонија“, а да остане само Илинден.[32] На XII конгрес на Илинденската организација одржан во Битола на 2 август 1942 година, а со цел Конгресот да биде помасовен, над 300 членови на Илинденската организација, заедно со претседателот на Раководното тело Л. Томов, претставници од речиси сите патриотски организации (Македонскиот научен институт, Тракискиот научен институт, преображенци, македоноодринци и др.) пристигнале од Бугарија.[33] Во 1943 година централната прослава се одржала во Крушево. Сценариото за сите прослави било исто како и во 1941 година. Меѓутоа во 1944 година поради состојбата на фронтовите и притисокот на Црвената армија одбележувањето било многу скромно. Може да се истакне дека основната цел на бугарските окупаторски власти била да се фашизира чествувањето на Илинден. Во тие историски услови кога македонскиот народ се наоѓал под бугарска окупација членовите на КП на Македонија се обидувале да ги осуетат таквите прослави. Со таква немара во 1941 година издале повик до Македонците, Турците, Албанците и Власите при што биле повикани да го бојкотираат одржувањето на манифестациите.[34] Од своја страна и КП на Бугарија во декември 1941 година издала проглас во кој се критикувало однесувањето на бугарските фашистички окупатори кои се обиделе „да се маскираат со најголема славна дата од револуционерната историја на Македонците-Илинденското востание. Тие бесрамно тврдеа како идеалите на Крушевската република биле идеали на Хитлер и цар Борис - тие заколнати непријатели на слободата на народите. Вие старите Македонци, живи сведоци на Илинден, вие ќе потврдите дека Илинден беше и е македонско, а не на бугарските фашисти, дека на Црвеното Крушевско знаме беа напишани зборовите – слобода, братство и рамноправност“.[35] Исто така в. „Работническо дело“ во летото 1943 година известува дека од Кавадарци и Неготино биле интернирани 35 лица „родители на партизани, мирни селани, граѓани, илинденци, борци“.[36] Причината за нивното интернирање била активноста на нивните синови.[37] Во 1946 година Тодор Павлов во својата статија насловена „Гоце Делчев” ќе истакне „…Кога во време на Илинденското востание се создаде првата национална и социјална република во Крушево под претседателство на национал-револуционерот и социјалистот Никола Карев, таа не само во писмените документи, туку и преку самите дела ги поцрта токму сфаќањата на водачот на македонската национална револуција.” И продолжува „…токму пред Илинденското востание, за кое Гоце и  Ѓорче Петров сметаа дека не беше доволно политички и воено подготвено…“[38] По повод 65 годишнината од чествувањето на Илинденското востание во Бугарија официјално било наречено „Илинденско-Преображенско востание“ и сметано за „заедничка борба на Бугарите од Македонја и Тракија“. При чествувањето раководството на Комунистичката партија им доделило специјални награди на „некогашните учесници во револуционерните борби во двете области“. Од своја страна бугарските историчари водачите на востанието ги именувале како „големи бугарски патриоти“.[39] И Фикрет Аданар  во својата книга „Македонскиöт Въпрос” има посебна глава под наслов „Илинденското востание 1903 г.” каде што со  ниту еден збор не прави корелација со Преображенското востание.[40] Но во „Енциклопедија Бугарија” објавена 1982 година, по партиската директива  има одредница „Илинденско-Преображенско востание 1903” и дефининирано како „врвна точка во национално-револуционерното движење на бугарското население во Македонија и Одринско”.[41] (Продолжува)
[1] https://respublica.edu.mk/blog/2017-07-24-09-13-09, [2] https://www.vecer.press/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/ [3] Види поопширно: Вера Гошева, Илинденската организиација (1921-1947). Институт за национлна историја, Скопје, 2004., 24. [4] Цитирано според: Вера Гошева, Илинденската организација…32. [5] Исто таму. [6] Исто, 33. [7] Исто, 34. [8] Исто, 35. Насловите во весниците биле: А. Jовковъ, Илинденъ 1903, „Илинденъ”, III, 5 августъ 1923, 20, 2;  А. Jовковъ, Илинденското възстание въ историята,  „Илинденъ”, III, 19 януарий1923, 3, 1; А. Jовковъ, Илинденското възстание въ историята,  „Илинденъ”, III, 28 януарий 1923, 4, 1; Тържествена прослава на 20-годишнината отъ Илинденското възстание, „Илинденъ”, III, 12 августъ 1923, 21, 1; Илинденъ въ София, „Независима Македония”, II, 9 августъ 1924, 70, 1; Денътъ на Илинденското възстание, „Денъ”, XI, София,, 9 августъ 1922, 431 (3252), 2; Конференцията на илинденци, „Денъ”, XI, София,, 5 августъ 1922, 428 (3249), 2 и др. [9] Исто таму. [10] На 1 август 1923 година српскиот дипломатски претставник од Софија испраќа телеграма до Министерството за надворешни работи во кое известува дека: „на 2 август ќе се прослави во Софија дваесет годишнината на македонското востание. Во таа прилика ќе се изведе голема македонска манифестација во која ќе учествуваат сите македонски братства и сите друштва... Во врска со Вашата телеграма Пов. бр. 738 Ве молам да и изјавите на тамошната влада, дека претстојната македонска манифестација на македонците ја сметаме како предизвикување и спротивно на Нишкиот договор и на мирољубивите уверувања на претседателот на бугарската влада и министерот за надворешни работи...“. Архив на Југославија, ф. Меħународни односи измеħу два Светска рата, Бугарска II. [11]  Посмртните останки биле положени во специјален саркофаг, на кој било запишано: „Ги заколнуваме поколенијата овие коски да бидат погребани во престолнината на Независна Македонија”.  Вера Гошева, Цит. труд., 38. [12] Види поопширно: Вера Гошева, Цит. труд., 163-7. [13] Ibidem. [14] Ibid. [15] Курзивот е во оригиналот. [16] В. „Работнически Вестник”, бр. 52, 1923., 1. [17] В. „Македонски Вести”, бр. 64, 1936., 1. [18] Исто таму. [19] „Обединист”, г. 1, бр. 4, јули 1935,, 2. [20] „М. Р.” г. 1, бр. 4, јуни 1935., 1. [21] Вера Гошева, Цит. Труд, 219. [22] Исто таму, 196. [23] Исто, 196-7.  Меѓутоа, истиот политичар не  ја посетил прославата организирана по повод годишнината од Преображенското востание, која била организирана на иницијатива на Тракиската организација на 19 август 1940 година. Исто., 197. [24] „Целокупна България“, 1 август 1941, 55, 1. Меѓутоа, треба да се истакне дека само неколку години порано Себугарскиот сојуз „Отец Пајсиј”, кој како политичко вонпартиско здружение имал за цел “народносно и државно самозачувување” на целиот бугарски род и на сите Бугари “каде што тие се наоѓаат”, ги повикувал Бугарите во странство да ги празнуваат следните значајни историски датуми: а) 3 март – ослободувањето на Бугарија; б) 24 мај – Св. Кирил и Методиј; в) 27 септември – ден на “Отец Пајсиј”; г) 27 ноември – Потпишувањето на Нејскиот договор. Види поопширно, Вера Гошева, Цит. труд., 191-2. Во овој список Илинден како бугарски празник не постои што било и сосема нормално бидејќи тој бил одбележуван единствено од Илинденската организација во која била организирани македонската емиграција и Илинден во нивната меморија бил дел од македонската историја, а не дел од бугарската историја. [25] Вера Гошева, Цит. труд, 202. [26] Цитирано според: Вера Гошева , Илинденската орг..., 205. [27] Исто таму, 220. [28] Исто. [29] Исто. [30] Исто, 222. [31] Исто. [32] Исто, 210. [33] Исто, 209. [34] Исто, 224. [35] Исто, 224. [36] Исто, 225. [37] Исто, 226. [38] Тодор Павлов, Гоце Делчев, Нариздат, 1946. [39] Чавдар Маринов, Македонското прашање од 1944 до денес. Комунизмот и национализмот на Балканот, Фондација Отворено општество – Македонија, Скопје, 2013, 84. [40] Фикрет Аданаър, Македонскиют Въпрос, София, 2002., 169-207. [41] Енциклопедия България, том 3, И-Л,, Издателство на Българската академия на науките, София 1982., 104.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/feed/ 0
Гоце Делчев во македонското револуционерно наследство (2) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-vo-makedonskoto-revolucionerno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-vo-makedonskoto-revolucionerno-nasledstvo/#respond Fri, 08 May 2020 10:21:21 +0000 https://kurir.mk/?p=343462

Проф. д-р НАТАША КОТЛАР - ТРАЈКОВА Георги (Гоце) Делчев (1872–1903) е најзначајната личност на македонското национално и ослободително движење од крајот на  XIX  и почетокот на XX век – идејник, организатор, агитатор, војвода, масовик, револуционер од балкански размери. Тој е претставник на македонската национална интелигенција и авангарда, чија основна задача била изведување на морална и политичка револуција во конкретното историско време.[1] Во оваа смисла, не случајно, македонскиот револуционер и деец, Коста Веселинов[2], во есејот „Гоце Делчев – изразител на македонската национална борба“ (1940), запишал:
и македонскиот народ во епохата на своето национално оформување исфрли од својата средина еден таков национален херој – Гоце Делчев, кој целиот свој живот се бореше за слобода и независност на Македонија и со својата крв ги циментира основите на македонската ослободителна борба“.[3]
Битно обележје во Делчевата револуционерна активност е доследноста во борбата за самостојност и за независна македонска држава. Или како што тој пишува во едно свое писмо – „слободна државичка“ до која ќе се стигне преку „внатрешно востание[4]. Во писмото, воедно ги искажува основните принципи на кои треба да се гради македонската револуција:
Во Македонија се развива систематска агитација за едно општо внатрешно востание, која има земено големи размери и нема катче во Македонија што не е опфатено... затоа е должност на секој родољубец да помогне колку што може повеќе...“[5]
Делчев, инсистира на длабока преобразба на османлиската општествена сцена, настојувајќи да се постигне духовен и образовен препород на македонскиот народ и секако, високи вредности на човечката личност. Во оваа смисла е и неговото размислување:
Моралната револуција – револуцијата во умот, срцето и душата на еден ропски народ е најголемата задача“.[6]
Во 1872 г., кога Гоце Делчев се родил, новоформираната црковна институција во османлиската држава – Бугарската егзархија[7] амбициозно настапувала на македонскиот терен, посегајќи по автономноста на црковно-училишните општини, единствените јадра на демократски живот на македонскиот човек, нивно завладување и бугарско маркирање. Иако, уште во јуни 1870 г. пред јавноста се отворила темата за „прашања македонски“, односно за македонската различност од аспект на народност, јазик и црква - Охридска архиепископија.[8] Затоа овде е моментот, накратко да се задржиме на присуството на бугарскиот атрибут во актуелната терминологија и во преписката на Делчев, односно –„Бугари[9]; „бугарски народ“ итн. Овие термини го имаат своето одредено значење само во конкретното време и простор, односно во XIX и почетокот на XX век во османлиската држава. Доколку би било поинаку (а за жал, такви примери има), тоа би било, како што вели современиот филозоф Квентин Скинер, парахиерархијализам, односно вредносниот систем на една култура, традиција, разбирање, социјални процеси, да се смета за основно мерило на вредносната структурата на друга култура, традиција, разбирање, општествена структура. На тој начин, процесите можат лесно да се извадат од контекстот на историското време. Поедноставно: поимањето за национален идентитет или степенот на националната свест согледано од аспектот на денешнината се поставува како основен „мерен инструмент“ со кој се определува степенот на националната свест на нашите предци во XIX век. Дотолку повеќе, со оглед на тоа што османлиската општественост познавала, односно признавала верски заедници, т.н. милет систем[10], а не етнички (народни) заедници. Во почетокот на XIX век, под влијание на општествените промени во османлиската држава, социо–економските внатрешни движења, геополитичките стратегии на европските сили, како и либералните и националистичките идеи кои почнале да навлегуваат на Балканот од Запад кон крајот на XVIII век, започнал процесот на фрагментирање на милет–системот. Така, верскиот термин „Рум милет“ кој потекнувал од името на претходната државна формација (Источна римска империја) и кој во османлиската држава се однесувал на целото православно христијанско население на Балканот под јурисдикција на Цариградската патријаршија, почнал да се менува и постепено да станува синоним за терминот „Грк“ во смисла на етноним, независно дали се работело за припадник на Кралството Грција (1830) или за православен христијанин под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Нешто подоцна, благодарение на геополитиката и руското влијание, во 1870 година, со султански ферман била создадена нова црковна институција за православните (словенски) христијани – Бугарска егзархија. Впрочем, една деценија порано, руската балканска политика, но и австриската, имале голем интерес словенското население во географскиот опфат на денешна Македонија и Бугарија да го именуваат како „Бугари“, надоврзувајќи се на средновековната мистификација.[11] Тие, а особено Царска Русија, не само што го промовирала ова именување на политичката карта, туку и го издигнале на ниво на научна вистина, кое, пак, во османлиски рамки успешно било спроведувано од Егзархијата. Антиципирањето на македонските особености не било определба ниту во османлиската државна политика, која дури и формирала нови територијално–администаративни едници – вилаети за да го истисне името Македонија, ниту на европските сили, во прв ред на царска Русија и на Австро–Унгарија. Османлиските власти, пак, во согласност со милет системот, припадниците на Егзархијата ги нарекувале „Бугар милет“ или едноставно „Бугари“. Односно, како такви фигурирале сите оние што биле опфатени во овој „милет“, независно од етничкото потекло (македонско, српско, влашко, албанско). И во овој случај, верската определба постепено добивала значење на етноним. Благодарение на милет системот, црковните институции – Цариградската патријаршија и Бугарската егзархија имале право да го организираат и да го водат образовниот систем на православното христијанско население во османлиската држава, респективно Македонија.[12] Во услови на веќе постојни државни творби, тие преку овој воспитно– образовен систем емитувале грчка или српска, односно бугарска култура, која кај воспитаниците во перспектива требала да поттикне барања за нејзино совпаѓање со новите политички граници, односно исполнувале значајна улога во ширењето на државниот национализам на конкретните балкански земји. Во едно традиционално аграрно општество, какво што било османлиското, власта била заинтересирана пред сè за земјопоседништвото, за собирањето на даноците, за одржување на мирот. Османлиската власт била дури сосема индиферентна спрема различните вери и култури со кои владеела. Наспроти тоа, нејзините потенцијални „наследници по оружје“ (Кралството Грција, Кралството Србија, Кнежеството Бугарија) не можеле да седат мирни додека не го наметнале националистичкиот принцип: cuius region, eius lingua. Тие жеднееле по културните и лингвистичките души на османлиските поданици.[13] Во спомнативе политики, Македонија фигурирала единствено како територијална варијабла, а македонската содржина (народност, јазик, култура) била апстрахирана, што најдобро го потврдиле последиците од Балканските војни (1912/13). Академик Блаже Конески потенцира дека бугарското влијание во Македонија се засилило особено по ослободувањето на Бугарија (1878), но дека македонскиот народ не се асимилирал и набргу потоа ја започнал борбата за излез од лавиринтот на „општествената парализија“.[14] Ова недвосмислено укажува на фактот дека
биле длабоки корењето на нашето национално движење и дека биле коренито различни интересите на македонскиот народ од интересите на бугарската буржоазија“.[15]
Заради историската вистина, во еден мал сегмент го разработивме амбиентот во кој личноста на Гоце Делчев почнала културно, идејно, национално, политички и сестрано да се формира, под влијанието на  традиција на организираната борба од неговиот роден крај – преродбенскиот Кукуш, под влијанието на солунска гимназија и книжнина, како и од нејзините револуционерни кружоци, софиската велеградска средина и воената академија;  и секако под влијанието на напредните идеи од науката, литературата, филозофијата и социјализмот. Оттука, сосема е разбирлива неговата изјава:
Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите!“,
секогаш актуелана и поттикнувачка за индивидуално и за општо делување и зреење. Оваа подлога во психолошкото и културното оформување, нужно го упатувала Делчев кон македонското ослободително дело,  преобразувајќи го неговиот животен летопис во пространата историја на македонското револуционерно движење. Посветен во Организацијата (МРО) од Даме Груев во 1894 г., Гоце Делчев се промовирал во доследен и посветен реализатор, на нејзиниот национално-револуционерниот концепт и ослободителната платформа. Како пролог на ова е и размислувањето на Гоце, искажано уште на нивната прва средба:
Може ли да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку Македонија?“[16]
Оттогаш па сè до крајот на животот, длабоко во него била залегната идејата за самостојна ослободителна борба, која му станала преовладувачка животна определба. Тој ја надминал дотогашната практика на поединачно зачленување на луѓето од градските средини и постојано се движел во агитација и организација меѓу селанството. Сеќавајќи се на ова Даме Груев, воодушевено истакнува:
Делчев веднаш ми направи впечаток со својата отвореност и чесност. Тој беше, при првите обиди да зачленува, дури и претерано отворен, па требаше да го контролираме за да не ја издаде нашата слабост, слабоста на Организацијата. Тој сè се стремеше да си ја каже вистината, мислејќи дека секој треба да ја усвои идејата така како што тој ја усвоил. Беше многу пргав.“[17]
И навистина, организациската активност, Гоце ја започнал со јасен став, да ги убеди луѓето да ја прифатат ослободителната идеја како трајна вредност, не со силата на оружјето и на заплашувањето, туку со моќта на зборот и на делата. Во врска со ова, неговиот долгогодишен соработник и соборец, Ѓорче Петров, пишува:
По тактот на дејност како легален деец, Гоце се разликува од своите другари... Млад човек со експанзивна натура, со слободна душа, тој бараше насекаде праволинејност, без секакви скривнувања...Таа негова особина беше најценета за делото. Каде што ќе стапнеше тој, работите на Организацијата добиваа силно темпо.“[18]
Преку неговата непосредна дејност среде селската средина, бргу никнале нови револуционерни центри.[19] Затоа нему дури и повеќе одошто на некои иницијатори, му прилега епитетот основоположник на МРО. За Гоце Делчев МРО била автентично националноослободително движење со легитимитет, со определба за револуција како основна форма на политичката борба, со амбиција за масовност и поддршка од народот. Затоа, тој е и конкретен, говорејќи пред раководителите на Костурскиот и Леринскио револуционерен реон (1902):
Ние ќе одиме кон својата цел со истата енергија додека да го подигнеме народот за онаа голема акција што ќе го затресе од темелите ова крваво царство и ќе ја донесеме слободата“.[20]
Делчевата заслуга, бездруго, највеќе се огледа во фактот што успева бунтовната стихија на народниот гнев да ја упати низ логиката на организираната револуционерна акција. Ова го забележува и војводата Н.П.Русински, во своите сеќавања:
„Како прв водач на едно револуционерно дело, какво што е македонското, Делчев не сметаше да стои на високо како водач“, напротив бил близок до народната низина.[21]
Тој низ непосредните задачи ги поставува јасните цели на борбата, меѓу кои доминира првиот принцип: Македонците да се ослободат со сопствени сили и да се борат постојано за својата потполна независност. Н.П.Русински, исто така, во своите Спомени го запишал, следново:
Нашиот голем апостол Гоце, кажува: 'Слободата на Македонија ќе изгрее од самостојната борба на Македонците'. Според некои, Гоце е 'самоуверен', но е прав. Делчев секогаш имаше свое мислење дека ние сосема треба да им се препуштиме на располагање на селаните, за да можеме на ваков начин да ја придобиеме нивната доверба и да ги опфаќаме!“ Тој демонстрирал умешност во разјаснувањето и ширењето на идејата и целта на Организацијата. Агитацијата воопшто не била  формален чин, за него. Пишувајќи за ова, Делчевиот соборец Н.П.Русински, ни го разоткрива и следново: „Гоце не беше љубител на долги говори, никогаш не заземаше поза на оратор, но изреченото слово од него беше убедливо и со чувство на длабока жалост за бедните, голите, сираците, вдовиците и за старците. Тој опишуваше слики пред слушателите и нив ги трогнуваше до дното на душата.“[22]
Гоце Делчев е родоначалник на четничкиот институт на ТМОРО, квалитативна нова содржина во нејзиното дејствување. Односно, организирана воена сила, со задача да ја предводи револуцијата за општествена преобразба. „Четништвото – ете го местото кадешто Делчев се чувствуваше во својата стихија!“ се сеќава, Ѓ.Петров и продолжува:
Преку него единствено тој наоѓаше можност... да се движи слободно меѓу селските маси, без никакви ограничувања и да ја излива својата енергија во реализирањето на своите замисли во секое време.“[23]
Започнала нова етапа во развојот на ослободителното движење, Организацијата станала „во голем степен боева“.[24] Според Правилникот за четите на ТМОРО[25], требало во секоја револуционерна околија да се формира чета, како неразделен дел на месната револуционерна организација и да ја објаснува и шири меѓу населението идејата за целта и задачите на ТМОРО. Да се ангажира во издигање на народната свест, да организира (револуционерна) судско-извршна власт, да ги подучува на воени вештини и морални норми четниците и селаните, да се грижи за вооружувањето и материјални средства и друго. Главната улога, во ова конципирање и разгранувањето на четничкиот институт ја имал Гоце Делчев, при што, Даме Груев го именува и како „Делчевиот концепт“.[26] Мошне е значајна неговата дејност како задграничен претставник на ТМОРО. Сè поотворената бугарска големодржавна политика ја наложила потребата од создавање на посебна институција – Задгранично претставништво на Организацијата со седиште во Софија, каде, главно се креирале плановите за оневозможување на самостојноста на македонското национално и ослободително дело. Задгранично претставништво на ТМОРО започнало да функционира од средината на декември 1896 г. со доаѓањето на Гоце Делчев  во Софија за прв задграничен претставник во Кнежевството Бугарија. Наскоро му се придружил и Ѓорче Петров и во оваа поставеност функционирале до 26 септември (6 октомври н.с.) 1901 г. При тоа, Г.Делчев се занимавал со организациската работа, ангажирајќи се за добивање на материјални средства, оружје, муниција и револуционерна литература, со препраќање на револуционерни сили во земјата, со обезбедување на пограничните пунктови. Бил и бескомпромисен борец против врховизмот и неговите акции во Македонија[27], а во одбрана на самостојноста и независноста на ТМОРО. Во оваа смисла е и неговата мисла:
Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех![28]
Жестоките и контраверзни постаки и однесувања на раководителите на Врховниот комитет (ВМК) во одделни периоди – Борис Сарафов, генералот Иван Цончев или пак на Иван Гарванов, нелегитимниот раководител на ЦК на ТМОРО (1901), ја провоцирале и трошеле Гоцевата емоционалана, физичка и интелектална натура. Ова се рефлектира и во неговото писмо од 4 март 1901 г., упатено до Никола Малешевски во Дупница. Меѓу другото, Гоце информира, дека:
несовесноста достигнала дотаму што со демонска насмевка тие (Сарафов, Цончев и др., б.н.) се радуваат на жестоките удари, нанесени од турските власти на Организацијата“.[29]
Во меѓусебните расправии, Гоце сериозно му забележал на Б.Сарафов:
Нема да дозволиме офицери во Организацијата и во Централниот комиет. Ако (Иван, б.н.) Цончев или вие заминете внатре (во Македонија, б.н.) ќе ги сретнете штиковите на Организацијата... Додека моето раме ја крепи пушката, Македонија ќе биде недостапна за бугарски офицери“.
Тој, иронично го предупредил Б. Сарафов, дека:
Организацијата не е бланко печат. Организацијата е народот“.[30]
Карактерологијата  на неговата идејно-политичка физиономија, најдобро си ја дава самиот тој: „Јас по душа сум анархист, по убедување социјалдемократ, а по дела револуционер“.[31] Со особено чувство за општата реалност во Македонија во османлиски  рамки, Г. Делчев бил за создавање на широк народен фронт, како неопходност за успех на ослободителната борба. Тоа значело, не само промовирање на програмската определба на ТМОРО за опфаќање на сите незадоволни од актуелниот систем на власт, туку и борбата да се водела од името на сето население без да се засегнат неговите национални и верски чувства. Г. Делчев бил свесен дека во конкретното историско време, борбата на македонските револуционери се одвивала во многу поразлични политички и економски услови од оние на грчките, српските и бугарските револуционери. Тоа значело, прилагодување на македонското револуционерно движење кон актуелните, тековни услови. Затоа, македонските револуционери морале да внимаваат и на политиката на  балканските држави, претенденти  кон Европска Турција, респективно кон Македонија, но и на интересите на Големите сили (Австро-Унгарија, Русија, Италија). Затоа, ослободителната борба требала да го опфати сето население во Македонија. Г. Делчев бил личност со рано всадена и постојано култивирана свест за високите вредности на човечкото достоинство. Реалистичноста кај Гоце кулминира и во неговата упорност против предвременото решение за кревање на востание во Македонија, сметајќи дека таа требала да биде постојано во положба на востаната област.[32] Тој не само што предупредува дека е „престапно да се ослободува еден народ преку преднамерно создадени пожаришта и касапници“ и дека „практичните сообразувања наложуваат борба со најголема заштеда на средстава и сили[33], туку е наполно свесен дека неколкуте илјади македонски пушки и бомби не можат да ја победат Османлиската Империја. За Гоце, борбата на Македонците има подлабока смисла, народот да се убеди дека е способен да се бори за своите права, слободата не се подарува. „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли поинаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите!“, е неговиот конечн став.[34] Од 1872, годината на неговото раѓање, до 1903, годината на неговата смрт, се протегаат само 31 година, живот на смотник и масовик, живот на инвентивен дух што сета енергија ја завештал на народната борба за слобода. Делото на Гоце Делчев „остана како патоводна ѕвезда за идните македонски поколенија“.[35] Во оваа смисла се и зборовите на Ѓорче Петров искажани на предавањето пред македонските студенти во Софија, во мај 1919 г. „Тој (Гоце Делчев, б.н.)  не беше ниту неповторлив, ниту недосеглив, ниту пак човек на минатото, за да се задоволуваме само со неговите спомени, туку секој може да биде, ако не Делчев, тогаш барем слично на него. Доволно е само како него, да се презре своето лично богатство во полза на татковината и да се напои душата со неговите човечки и општествени добродејствија.“[36] Гоцевата револуционерна традиција се рефлектира и во опусот на македонските поети: Кочо Рацин, Никола Ј. Вапцаров, Коле Неделковски и др. Така за поетот Кочо Рацин, Делчев е првоборец, кој знаел кои се вистинските потреби на Македонија во конкретното време и на народот за слобода и за економски-културен развој и негово подигање  „како нација.“[37] Во народната меморија, во нашата непишана историја, која секој Македонец, иако честопати неграмотен, ја учел од постарите, од нивните прикажувања, од песните што ги пееле покрај семејното огниште или на домашните веселби, Гоце Делчев останува запаметен како една грандиозна фигура, како борец и војвода кој секогаш бил во служба на народот, негов организатор, водач и заштитник. Она што го беседел на средбите, секој негов збор проникнувал во народната душевност. Името на Гоце Делчев е особено популарно во народноослободителната борба. Го носеле некои партизански чети, одреди и бригади (Битолски партизански одред „Гоце Делчев“, 1942 г.; Бригадата „Гоце Делчев“, 1944 г.), а присутно е и во документите на АСНОМ, особено во Манифестот. Не треба да се изостави и фактот дека името на Гоце Делчев се споменува и во македонската национална химна „Денес над Македонија се раѓа“, и тоа во сите нејзини варијанти. Писателот Владо Малески го внел неговото име како прво, во песната која настанала уште кон крајот на 1941 г. како апотеоза на македонската борба за слобода и за државност. Како што е познато, овој стих во македонската национална химна, официјално усвоена во 1992 г., гласи: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ Ова пак, уште еднаш покажува дека и во едно од најзначајните обележја на националниот и на државниот идентитет било неизоставно спомнувањето на Гоце Делчев, како личност која е еманација на македонската борба за слобода и независност. (Продолжува)
[1] Според Гоце Делчев: „Внатрешната 0рганизацијата не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух“. – Преображенското въстание, 181, цитирано според Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев, Истарска наклада, Пула, 1985, [2] Коста Веселинов (1908–1942) е македонски културно-национален деец, правник, историчар и публицист, роден во с. Бобшево во пиринскиот дел на Македонија. [3] Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, 234–235. [4] Писмо на Гоце Делчев од 17 октомви 1895 г. упатено до Ефрем Каранов, претседател на ќустендилското Македонско друштво. – Гоце ДелчевПисма и други материали, издирил и подготвил за печат Дино Кьосев, Българска академия на науките, Институт за история, София, 1967, 274. [5] Меѓу другото, Гоце Делчев, укажува: „…Ако востание може да се подигне со 1—40 души, тогаш Македонија одамна ќе беше слободна државичка. Но бидеќи тоа е невозможно, а треба народ, тогаш, што треба да се направи? Треба тој народ да се разбуди от петвековниот длабок сон, кој [го] направил Македонецот доста мрзлив [неупатен] во осознавањето на човечките правдини.“ – Ibid., 276. [6] Окружница на Гоце Делчев (8–4 март, 1901 г.) – Гоце Делчев. Писма и други материали, 313. [7]  Бугарската егзархија е основана со султански берат (документ). Според чл. 10 од документот се давала можност за слободно изјаснување или референдум на сето словенско население во османлиската држава, кое немало своја црква и било во рамките на Патријаршијата (во овие рамки и Србите), сега да се определи за прикучување кон новооснованата црковна институција – Егзархијата. Оттука, определувањето на некои македонски епархии да ѝ се поттчинат на Егзархијата (1872; 1875) всушност било глас за еманципација од грцизмот, а не плебисцит во полза на бугарската кауза. [8] Сведоштва за македонскиот идентитет (XVIII – XX век), ИНИ, Скопје, 2010, 23. [9] Писмо од 5.1.1899 г. на Делчев до Никола Малешевски пунктов началник на МРО во Дупница (денес гр. Станке Димитров, Р Бугарија). – Гоце Делчев, Писма и други материали, 183. [10] „millet“ – вера, религиозна определба, односно заедница. Овој систем бил воспоставен само неколку месеци по османлиското освојување на Константинопол (1453), односно Цариград (Истанбул). [11] Поопширно в.: Митко Б. Панов, „Идеолошката димензија на судирот помеѓу Василиј II и Самуил“, СПЕКТАР меѓународно списание за литературна наука, ИМЛ, г. XXIX, кн. I, 57, Скопје, 2011, 6–17. [12] Наташа Котлар-Трајкова, „Антиегзархиската борба како афирмација на македонскиот идентитет (1878–1893)“, Зборник Македонскиот идентитет низ историјата, ИНИ, Скопје, 2010, 177–189. [13]  Ернест Гелнер, Нациите и национализмот, Култура, Скопје, 2001, 67. [14] Темко Попов, Кој је крив?, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје, 1980, т.I, 284. [15] Блаже Конески, Кон македонската преродба. Македонските учебници од 19 век, второ издание, Институт за национална историја, Скопје 1959, 99. [16] Крум Христов, Гоце Делчев, София, 1955, 85. [17] „Спомени на Дамянъ Груевъ, Борисъ Сарафовъ и Иван Гарвановъ“, Материяли за историята на македонското освободително движение, кн. V, съобщава Любомиръ Милетичъ, Македонски Наученъ Институтъ, София, 1927, 18. [18] Гане Тодоровски, „Револуционерниот лик на Гоце Делчев“, Трактати за сонцељубивите, Култура, Скопје, 1974, 179. [19] Димитар Димески, Гоце Делчев, Матица Македонска, Скопје, 2003, 99–225. [20] Христо Анодонов–Полјански Гоце Делчев, Преписка, т.III, 136. [21] Никола Петров Русински, Спомени, предговор, редакција и коментар Даринка Пачемска-Петровска и Војо Кушевски, ИНИ, Скопје, 1997, 92. [22]Никола Петров Русински, Спомени, 189–190. [23] Гане Тодоровски, „Револуционерниот лик на Гоце Делчев“, Трактати за сонцељубивите, 181. [24] Мислење на Христо Матов за четништвото. Поопширно за ова, в:. Димитар Димески, Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает..., 208. [25] Правилникот за четите на ТМОРО го изработиле Гоце Делчев и Ѓорче Петров во 1900 г., во согласност со чл. 11 од Уставот на ТМОРО (1896). [26] Писмо на Д.Груев (1901)  до членовите на охридскиот револуционерен комитет, во кое се вели: „во иднина, што се однесува на четите, да се сообразите со Делчев...“. – З. Нонева, Неизвесни писма на Дамян Груев, Известия на НБ „Кирил и Методий“, т.XVIII (24), София, 1983, док. 16, 490. [27] Уште во февруари 1896 г., пишувајќи му писмо на Никола Зографов, пунктов началник на МРО во Ќустендил, Г.Делчев, вака го оценил Врховниот македонски комитет (ВМК): „Тој комитет таков впечаток ми направи, такво силно оладување предизвика кај мене, што јас не гледам дали ќе помогнат, туку се плашам да не му нанесат и голема штета на делото“. – Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев, Преписка, т.III, 183. [28]Ibid., 170. [29] Гоце Делчев, Писма и други материали, 215. [30] Христо Анодонов–Полјански, Гоце Делчев, Преписка, т. II, 164. [31] Гане Тодоровски, „Револуционерниот лик на Гоце Делчев“, Трактати за сонцељубивите, 188. [32] Гоце Делчев прв се спротивставил на решението за востание (донесено во Солун, во јануари 1903 г.) и на негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери. Со свои излагања настапиле тој, Ѓ. Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација во Македонија не била поволна за кревање на востание. Собирот се искажал против решението за востание. [33] Гане Тодоровски,  Гоцевата мисла во македонското револуционерно и културно наследство“, Трактати за сонцељубивите, 1974,189. [34] Писмо до Ефрем Каранов, Гоце Делчев. Писма и други материали, 273–277 . [35] Коста Веселинов за Г.Делчев. – Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев, 175. Коста Веселинов (1908–1942) е македонски културно-национален деец, правник, историчар и публицист, роден во с. Бобшево во пиринскиот дел на Македонија. [36] Гане Тодоровски, „Револуционерниот лик на Гоце Делчев“, Трактати за сонцељубивите, 184. [37] Кочо Солев Рацин, „Значението на Илинден“, Избрани дела, Проза и публицистика, избор, редакција и предговор В.Тоциновски, Скопје, 1987, 170-172.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-vo-makedonskoto-revolucionerno-nasledstvo/feed/ 0
Гоце Делчев, апостолот на револуционерна Македонија, живот и дело (1) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-apostolot-na-revolucionerna-makedonija-zivot-i-delo-1/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-apostolot-na-revolucionerna-makedonija-zivot-i-delo-1/#respond Thu, 07 May 2020 09:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=342808

Проф. д-р МИХАЈЛО МИНОВСКИ
„Делчев беше божественото олицетворение за учесниците во ВМРО. Него природата го беше создала само за водач на едно движење како што беше македонското во неговото време.“ Русински
Оваа наша научна трибина ја одржуваме во вистинско време да покажеме дека македонистичката македонска историска наука продолжува со својата деј-ност на проучување, вреднување на настаните и личностите од историјата на македонскиот народ, да дадеме научен одговор дека нашето историско минато, биле и ѐ само македонско во целиот период, и до крајот на Втората светска војна. Владата ги прогласи за ништожни сите вредносни постигнувања на македонска современа историска наука, на генерациите наши науни работници, професоти и академици (Љубен Лапе, Блаже Конески, Александар Христов, Манол Пандевски, Данчо Зографски, Апостолски  и др.). Објави и документирано потврди дека за сето време во изминатите седум и пол децении нашата историска наука крадела туѓа и создавала лажна, македонска историја. Со договорот со Република Бугарија (потпишан на 1 август 2017 година) и со договорот со Република Грција (потпишан на 17 јуни 2018 година) нашата држава се обврза да ги исправи „нанесените историски неправди“, да го врати „присвоеното“, „бугарското“ на Бугарија, „елинското“ на Грција. За тоа спроведе уставно деноминирање на Република Македонија и продолжува  одмакедончувањето на нашето милениумско историско политичко културно минато. Под формулацијата за заедничко минато со бугарскиот народ (до крајот на 1944 година), истото се бугаризира. Следствено дека светите браќа Кирил и Методиј, Климент и Наум биле Бугари, средновековната македонска држава-Самоиловото царство било бугарско, сите наши преродбеници и револуционери биле Бугари, окупирањето на Македонија за време на балканските и двете светски војни, не било окупација, туку ослободување; Дека во Република Бугарија нема пирински дел од Македонија, нема  Македонци, нема македонско национално малцинство. Со вториот договор Владата прифати дека приморскиот дел од Македонија секогаш бил и е грчки, дека немало и нема Македонци, дека нема македонско национално малцинство во грчката држава. Во двете владини комисии за спроведување на преземените обврски, по урнек на „Охридскиот рамковен договор“, има ангажирани историчари за да посведочат за историската релевантност на веќе прифатеното во потпишаните политички антимакедонски договори. Во случајот во договорот со Бугарија тие треба да потврдат дека нашата наука ја „крадела“ историјата на бугарскиот народ. Во моментов се во застој нивните усогласувања за Гоце Делчев, дали бил и е Бугарин  или е споделена историска личност, но не Македонец. Ние и денеска, спроти 148-та гдишнина од неговото раѓање, сме овде, на оваа научна трибина да го откриваме Гоце Делчев како личност кој одбележа епоха во поновата историја на Македонија, на македонскиот народ и на македонската нација, и да го определуваме неговото дело во перспектива на времето што претстои. * Георги-Гоце Делчев се родил на 4 февруари 1872 година во традиционално повеќедетно поимотно семејство[1] во Кукуш, во приморскиот дел на Македонија, на 35 км од Солун,[2] административен, политички, економски и културен центар на Македонија. Градче со компактно македонско население на крајот од XIX век,[3] значајно средиште на македонско преродбенско и црковно движење за автокефална црква.[4] Градче во кое имале одглас ослободителните борби од времето на македонските востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 - 1879 год.) и повостаничките револуционерни пројави до последната деценија на XIX век.[5] Гоце Делчев основно образовно и прогимназија завршил во Кукуш. Во 1888 година образованието го продолжил во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ на Бугарската егзархија во Солун, во која се школувале ученици од сите краеви на Македонија. Меѓу првите ученици во гимназијата биле подоцна водечките македонски револуционери Пере Тошев[6] и Ѓорче Петров,[7] Даме Груев, Петар Поп Арсов и др. Во гимназијата меѓу учениците се ширеле револуционерни идеи и се кревале ученички бунтови. Делчев дошол во Солунската гимназија да го продолжи образованието во почетокот на 1888 година, непосредно по големиот ученички бунт против спроведуваната бугаризација. Побунетите ученици барале настава на македонски народен јазик.[8] Поради тоа тие биле отстранети од гимназијата.[9] Во таа средина Делчев се посветил на читање револуционерна литература и книги за историјата на Македонија (за македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј,[10] за Климент Охридски, за Александар Македонски, за македонските востанија 1876, 1878-1879 година). Активно учествувал во конспиративното револуционерно организирање, бил член на тајниот револуционерен кружок во гимназијата во 1889 година, а од есента 1890 година го презел раководењето со кружокот.[11] Во 1891 година (со група сооченици од кружокот) образованието го продолжил во Бугарија, во Военото училиште во Софија. Во време кога во Софија се пројавила Младата македонска дружина (со Коста Шахов,[12] Петар Поп Арсов,[13] Иван Хаџи Николов,[14] Христо Поп Коцев,[15] Димитар Мирчев[16] и др.),[17] со свое гласило „Лоза“, започнала со културнонационална дејност.[18]  За јавно да се посведочи таквата дејност во името бил  додаден зборот „книжовна“. Започнала и конспиративна револуционерна дејност за реали зирање на идејата за „револуционерен отпор“.[19] Во почетокот на 1892 година во своето гласило „Лоза“ ги објавила програмските принципи, дека ќе се ангажира за обединување на силите за дејствување за спротивставување на дејствувањето на пропагандите од соседните држави во Македонија за одбрана на татковината од поделба.[20] Дружината брзо била растурена од бугарските власти,[21] по што дел од нив (Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, а претходно Дамјан Груев, организаторот на Македонско студентско друштво) се вратиле во Македонија, за да организираат конспиративна револуционерна дејност. Тие во Солун се организирале како интелектуална конспиративна група и договориле создавање револуционерна организација која ќе го организира, подготви и поведе македонскиот народ во оружена борба за автономија на Македонија. Во средината на 1902 година ги договориле основните начела врз кои ќе се создава конспиративна револуционерна организација. Кога требало да се започне со релаизирање на договореното, се поставило прашањето за личноста која ќе предводи. Иван Хаџи Николов бил задолжен за тоа и отпатувал во Софија за да се советува со Коста Шахов, докажан македонски деец. [22] Во јули 1902 година Хаџи Николов се состанал со Шахов кој се изјаснил категорично дека единствената личност за тоа бил Гоце Делчев. На Делчев му биле претставени целта и договорените начела за планираната македонска тајна револуционерна организација:
  1. Организацијата да се основа во Македонија,
  2. Основачите да се (само) Македонци, да живеат во Македонија, со народот да ги споделуваат тешкотиите и опасностите, да се чесни и авторитетни, да му влеваат доверба.
  3. Организацијата да биде тајна, самостојна и независна.
  4. Да се прифати од македонската емиграција во Бугарија и од Бугари материјална помош и морална поддршка без мешање во работита на организацијата.
  5. Цел на дејствувањето - автономија на Македонија, согласно чл.23 од Берлинскиот договор на европските Големи сили и Османлиската држава на што таа се обврзала со потпишувањето на договорот. Основа за легитимност на оружената ослободителна борба.[23] Делчев ги прифатил претставените начела и се обврзал по завршувањето на Военото училиште да се врати во Македонија.[24]
Во Военото училиште Делчев се присоединил на сооучениците во конспиративниот кружок, читал актуелни изданија и социјалистичка литература, ги следел случувањата преку печатот, активноста на организирани интелектуални групи, меѓу кои и со македонските социјалисти (МСРГ) и поединци, посебно со Коста Шахов. Но, останал посветен на завршување на училиштето, решен потоа да се откаже од воената служба, да се врати во Македонија за да се посвети на револуционерното ослободително дело. Во јуни 1894 година Делчев го завршил последниот клас во Военото училиште, но не бил произведен во офицер,[25] обвинет за ширење социјалистичка пропаганда во училиштето. Со наредба од Военото училиште од 6 октомври (24 септември ст.с.)[26] Гоце Делчев  бил исклучен од училиштето. Со тоа само било забрзано неговото враќање во Македонија за да се посвети на револуционерна дејност. Со стекнатото воено образование и револуционерно искуство да работи за ослободување на татковината, да го исполни и ветувањето дадено на Иван Хаџи Николов (во 1892 година). На почетокот од октомври, на неговото барање да биде назначен за учител, од Училишна управа во Штип бил известен дека бил примен за учител во училиштето во Ново Село. Организацијата веќе била создадена од основоположниците: Дамјан Груев, др. Христо Татарчев,[27] Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев,[28] и Андон Димитров,[29] на основачкиот состанок во Солун, на 4 ноември (23 октомври) претходната година. Во јануари 1904 година бил усвоен Уставот[30] со којшто било утврдено името: Македонска револуционерна организација (МРО)[31] и определена целта на Организацијата: борба за извојување автономија на Македонија. По усвојувањето на Уставот се конституирал Централниот комитет.[32] До летото Организацијата имала комитети во поголемите градови во внатрешноста. Во август се одржало советување во Ресен.[33] Организационата територија оперативно биле поделена на револуционерни окрузи: Солунски, Битолски и Скопски, со окружни комитети[34] освен за првиот, раководени од Централниот комитет.[35] Пред крајот на октомври Делчев дошол во Штип да го заземе посакуваното учителско место. Тогаш за првпат се сретнал со Даме Груев, учител во истото училиште кој го запознал со состојбата во Македонија и во Организацијата. При тоа самиот Делчев изјавил дека се вратил во татковината за да му служи на својот народ, да се посвети на револуционерна дејност.[36] Организацијата била ограничена во градовите. Делчев се посветил на нејзино масовизирање, на ширење на Организацијата во внатрешноста. За организирање на селското население со систематска усна конспиративна револуционерна пропаганда во Штипско, а потоа и во другите реони. Со само нему својствена моќ да придобива за револуционерната ослободителна идеја, во Организацијата влегувале колективно цели села и формирал месни организации. Во почетокот на 1895 година во Виница веќе уредил таен прекуграничен канал. Во пролетта 1895 година отишол во Велес за лично да се запознае со состојбите во другите реони на Скопскиот револуционерен округ. Од Петар Поп Арсов бил информиран за општата состојба во Организацијата. Во Солун се состанал со претседателот Христо Татарчев. Застојот во органнизационата дејнот бил евидентен. Од Солун отишол во Кукуш. Во Кукушко лично се ангажирал за ширење на организацијата, била собрана значителна парична помош со доброволни прилози.[37] При враќањето за Штип престојувал во Дојран, Гевгелија, Струмица и Радовиш кадешто тој ја продолжил агитацијата и формирал месни организации.[38] Многу подобра била состојбата во Битолскиот револуционерен округ каде организацијата бележела подем, со дејноста на Пере Тошев[39] и Ѓорче Петров.[40] Се започнало со издавање на првите револуционерни хектографирани весници: „На Оружје!“[41], „Востаник“,[42] подоцна и „Бунтовник“[43] и др. Создавањето на самостојно македонско револуционерно движење од владата на Бугарија и Бугарската егзархија било примено како закана за бугарското црковно училишно дело, следствено за бугарските претензии во Македонија. За да се спречи самостојниот развиток на Организацијата, во почетокот на 1895 година македонските емигрантски друштва во Бугарија биле поттикнати од владата[44] да се обединат. Во март било извршено обединувањето, избран раководен орган–Македонски комитет, со претседател Трајко Китанчев.[45] Организацијата била регистрирана кај властите како легална политичка организација во Бугарија.[46] Комитетот објавил дека ќе содејствува на ослободителното дело во Македонија, а со вистинска цел да дејствува во спроведувањето на бугарската државна политика. Во организација навлегоа масовно офицери на бугарската армија,[47] интелектуалци и политичари по род Македонци[48] и Бугари.[49] Агитатори од Егзархијата во Македонија и групи оганизирани од Комитетот влезени од Бугарија за да го спречуваат самостојниот развитокот на македонското ослободителното дело. Пропагирале дека Македонија ќе биде ослободена од Бугарија со нејзината 200 илјадна армија.[50] Софискиот комитет уште во март 1895 година, веднаш по неговото формирање, започнал со уфрлување во Македонија и вооружени чети за изведување провокативни акции.[51] Објавил дека ќе дејствува за „автономија на Македонија“.[52] Во почетокот на јули Дамјан Груев отпатувал во Бугарија за да се регулираат односите. Го известил Софискиот комитет дека Организацијата нема да толерира во Македонија дејност на други организации,  да престане со обидите на мешање во внатрешните работи. Летото починал Трајко Китанчев, а Комитет под раководство на потпретседателот Наум Туфекчиев[53] продолжил со уфрлувањето вооружени чети во граничниот (со Бугарија) североисточниот дел на Македонија. Османлиските власти ја зголемиле мобилноста на безбедносните сили. Во август во Солун се состанале водечките личности Дамјан Груев, Гоце Делчев Пере Тошев и Иван Хаџи Николов на советување што требало да се преземе за да се запрат провокативните акциии и мешање на Софискиот комитет во внатрешните работи на Организацијата.[54] Есента вооружени чети на Комитетот предводени од офицери на бугарската армија извеле поголема оружена акција, при што бил нападнат и градот Мелник. Во Бугарија било објавено пропагандно дека Македонскиот комитет кренал „востание“, наречено „Мелничко востание“. Оружената акција била изведена со двојна цел: да се запре за подолго време зацврстување на Организацијата во тие реони и за заплашување на Централниот комитет дека ќе бидат преземани такви акции за провоцирање востанија во Македонија. Но, многу побитно било, „востанието“ да послужи на владата за решавањето на акутното внатрешно државно прашање на Бугарија - меѓународното признавање на кнезот Фердинанд. Навлезените чети не биле прифатени (како што се очекувало) и немале поддршка од македонското население, освен во малкуте села под присила. Разбиени и прогонувани од османлиската војска четите се вратиле на територијата на Бугарија. Настрадало македонското население, тероризирано од војската и од властите. Во октомври пропаднал и обидот на поручникот Александар Чакаров[55], кој влегол во Македонија и во Виница агитирал за кревање „востание“. Делчев предупредил на опасноста, барал да се спречуваат такви авантуристи на организационата територија.[56] Македонската револуционерна организација се наоѓала во раната фаза на градење на организационата мрежа. Провокациите од Софискиот комитет биле примени како серозна закана. Затоа Гоце Делчев на враќање од Солун во Штип одново извршил инспекциска обиколка на Солунско, Кукушко, Гевгелиско и Дојранско.[57] До пред крајот на октомври 1895 година, за само една година, негова активна организациона дејност (за време на учителствувањето во Штип) била целосно изградена организациона мрежа насекаде во внатрешноста, по што веќе немало „ниту едно катче во Македонија“ што не било опфатено.[58] Во ноември Делчев веќе бил во инспекција на пограничното подрчје Берово-Пехчево за да ја провери сигурноста на прекугранична врска со Дупница и Ќустендил.[59] Во декември 1895 година во Софија се одржал Вториот вонреден конгрес на организацијата на емигрантските друштва во Бугарија на кој бил избран нов состав на Софискиот комитет со претседател Данаил Николаев, генерал на бугарската војска.[60]. Конгресот го задолжил генералот Николаев да формира  оперативен воен органгенералштаб од офицери на бугарската војска[61] за планирање и изведување оружени акции во Македонија[62] со средства од владата,[63] следствено од бугарската држава. Комитетот веднаш се преименува во Врховен македонски комитет.[64] Со преименувањето, Врховниот македонски комитет објавил за јавноста, посебно за дипломатиите на европските Големи сили, дека во Македонија дејствува таен револуционерн комитет со комитети во внатрешноста на кои бил врховно легално раководство што  (ќе) ги изразувало и застапувало интересите на „бугарското“ население. А на Централниот комитет во Солун дека (ќе) го презема раководењето со Организација во Македонија. Борбата била објавена. Пред крајот на декември 1895 година Централниот комитет одлучил Организацијата да се спротивстави. Го ополномоштил Гоце Делчев, како свој претставник, да оди во Бугарија, во Софија, таму да дејствува за спречување Врховниот комитет да се меша во внатрешните работи на Организацијата.[65] Во почетокот на јануари 1896 година Делчев веќе бил во Бугарија. Во Ќустендил и во Дупница извршил проверка на функционалноста и безбедноста на пунктовите, при тоа им назначил раководители.[66] Во втората половина на јануари Централниот комитет се обратил со возвратно писмо до Врховниот комитет за да ја соопшти позицијата на Организацијата. Во писмото по, искажаното жалење за судирот со офицерите и за расцепот што настанал на послениот нивни конгрес, Централниот комитет нагласувал дека од Софискиот комитет како и од целата македонска емиграција во Бугарија очекувал само материјална помош и оружје за Организацијата, дека Организацијата продолжувала со дејноста согласно својата програма за организирање и „подготвување на народот“ за самостојна оружена борба за ослободување и автономна држава Македонија.[67] Во втората половина на февруари 1896 година Делчев престојувал во Софија за да го реши прашањето за набавка на оружје и муниција од и преку Бугарија, и нивно префрлување по каналите во Македонија,[68] потребно за создавање на подготвуваната воена организација на МРО. Имал средба со претседателот на Комитетот генералот Николаев. Му ја претставил Организацијата, нејзините цели и позиции, самостојноста и независноста на македонското ослободително дело, по што предупредил дека нема да дозволи мешање во внатрешните работи, посебно не Комитетот „да прави политика со Македонија“.[69] При тоа Делчев и лично се уверил колку сериозна опасност се заканувала од Врховниот комитет за македонското ослободително дело, за потребата да се засили дејноста и брзо надминување на идејните и институционалните слабостите, за зајакнување на отпорноста на Организацијата.  Се вратил во Македонија. Врховниот комитет со арогантно срочено писмо од 2 април (20 март) 1896 година до претседателот на ЦК Христо Татарчев соопштувал дека Комитетот заседавал на 20 (7) март и донесол решение дека го превземал врховното раководство со Револуционерната организација во Македонија, дека само со негова одлука Организацијата можела да изведува акции, дека Комитетот бил единствено надлежен да одреди ден за кревање на востание, а ЦК безпоговорно да ги спроведува одлуките, како негов извршен орган. Наложувал брзо постапување затоа што подготвувал, во „поблиска иднина,“ да превзема „сериозни акции“.[70] Според тоа Врховниот комитет барал ултимативно од ЦК да му го предаде раководењето со Македонската револуционерна организација или „војна“, борба до уништување. Набргу потоа, во април, во Битола бил уапсен курирот на Организацијата Андон (Доне) Тошев Стојанов,[71] соработник и доверливо лице на Гоце Делчев, на влезот во градот, по откривањето бомби во товарот. Се активирале безбедносните служби, полицијата превзела опсежна истрага. За апсењето во Битола Делчев разбрал во с. Виница, тргнат за Ќустендил, се вратил во Штип.  Властите го уапсиле, па во недостиг на докази за замешаност бил ослободен. На Организацијата ѝ преостанувало да се реорганизира и да се подготви за најавените акции на Софискиот Комитет. Се наложило брзо одржување конгрес на Организацијата за да се донесат потребните одлуки за да се преземат потребните долгорочни мерки за одбрана на самостојноста и независноста. Летото 1896 година заседавал (во Солун) Конгресот, со учество на членовите на ЦК[72] и делегати.[73] Учествувал и Гоце Делчев (во својство на делегат од Штип) и имал видна улога. Конгресот ги усвоил решенијата по прашањата од  организационен карактер,[74] но и за одосот спрема софискиот Врховен комитет како посебно сложено прашање. Комитетот бил поддржуван од владата, од сите други државни и политички фактори во Бугарија. Организацијата сметаше на помошта од македонската емиграција. И не само тоа. За отворен судир во тој момент не располагала со потребните сили и средства. Освен тоа, во таков случај Организацијата само би се исцрпувала, ќе се забавувал развитокот на ослободителното дело. И при сето тоа на Конгресот бил заземен единствен став за решително спротивставување на секоја акција преземана од територијата на Бугарија. Тоа можело да се постигне само со отворање на постојано претставништво на Организацијата во Софија, кадешто биле планирани такви акции.[75] На Конгресот Делчев и Ѓорче Петров биле избрани во новиот состав на Централниот комитет[76] и биле задолжени да изработат нов Устав и Правилник, што ќе одговарат на потребите на веќе достигнатиот степен од развитокот на Организацијата.[77] До крајот на годината Уставот бил изработен. [78] Со Уставот биле  утврдени целта на дејствувањето („со револуција да се извојува пот­полна политичка автономија“ на Македонија и Одринско[79], внатрешното уредување и раководењето со органите, телата и институциите, како и симболите на Организацијата. Со Правилникот биле доразработини уставните одредби за надлежностите, правата и обврските на органите (окружните, околиските, градските и селските месни комитети, тајната полиција, вооружени чети) и институциите (тајната пошта), вооружувањето, финансиите, судството и казнената материја на веќе воспоставена организациона структура на целата територија на Македонија. Во почетокот на јули  1896 година бугарската влада знаела дека Револуционерната организација подготвувала револуција во Македонија.[80] Токму тогаш, летото 1896, биле произведени и првите бомби во леарницата с.Дедино, Радовишко, отворена од Димитар Зографов (од Прилеп, телеграфист во Софија), кој бил обучен за тоа.[81] Од септември 1896 година Гоце Делчев бил главен учител во Банско. Во Разлошко и во поширокиот регион продолжувала засилено врховистичката пропаганда, па било потребно функционално зајакнување на организацијата. Пред крајот на ноември Делчев се откажа од учителската служба за целосно да се посвети на оперативно раководење со Организацијата. Организацијата се нашла во положба да превземе системски мерки за да одговори на акциите на Софискиот комитет, да спречи мешање во внатрешните работи. Централниот комитет одлучил Организацијата да ја спроведе одлуката на Конгресот да се отвори Задгранично претставништво на Организајата во Бугарија за да ја следи активноста на Комитетот во Софија и да превзема потребни мерки. Во декември Делчев бил ополномоштен за задграничен претставник. Тој таквата дожност неофицијализирано ја извршувал во почетокот на годината, ополномоштен од ЦК. Со отворење претставништво во Бугарија, Оганизацијата ја демонстрира својата самостојност и независност. Во јануари 1897 година Делчев веќе бил во Бугарија. Како задграничен претставник тој раководел со пограничните пунктови, извршил инспекција на пунктот во Ќустендил, одржувал врски со македонските емигрантски друштва за добивање материјални средства и поединци - кадри за македонското ослободително дело, организирал набавување на оружје, муниција и експлозиви, и нивно пренесување, односно преминување во Македонија преку тајните канали. На барање од Делчев Централниот комитет го ополномоштил Ѓорче Петров за втор задграничен претставик во претставништвото во Бугарија.[82] Пред крајот на март и тој пристигнал во Софија, му се придружил на Делчев да ги заштитуваат интересите на Организацијата и истата „да ја претставуваат пред надворешниот свет“.[83] Тогаш Уставот на Организацијата бил отпечатен, а потоа испратен во Македонија.[84] Со браќата Иванови,[85] трговци со оружје, Делчев договорил Организацијата да добие поголемо количество од пушките „кримки“  исфрлени од употреба во бугарската армија. Претседателот на владата Константин Стоилов тоа лично го одобрил, со ветување дека ќе бидат дадени уште 3000 пушки  и други 3000 од владата. Подоцна на Организацијата ѝ биле подарени од Иванови 4043 пушки „кримки“,[86] но без муниција, за бугарската влада „да ги држи конците“.[87] Истите биле пренесени преку тајните канали во Македонија. Предавањето на другите ветени пушки владата го условила, таа да определува каде ќе се распределувале.[88] Предавањето го запрела, и подготвувала апсење на Делчев и на Ѓорче Петров.[89] По предупредувањето од Централниот комитет, со писмо лично до претседателот Константин Стоилов, апсењето било откажано.[90] Организацијата го зголемувала влијанието во црковно-училишните општини како единствени легални народни институции. Бугарската егзархија известувала во Софија дека Револуционерната организација станала нејзин „опасен враг“, дека се заканувала „да го разурне егзархиското дело“, барала да се отворат во Македонија бугарски претставништва.[91] Владата на Константин Стоилов и без тоа веќе одлучила да го преземе раководењето со бугарската пропаганда во Македонија за влијание врз Организацијата. Со таква намена во Македонија беа отворени (во Солун, Битола, Скопје, Сер) бугарски дипломатски агенции, официјално трговски агенции,[92] раководени (главно) од Македонци по род, докажани поддржувачи на големобугарската државна политика, членови и функционери на Врховниот комитет,[93] познати со раководителите на Организација за следење на нивната активност, за влијание и контрола за промена на карактерот ослободителното  движење.[94] Бугарската влада со комплетирањето на својата агентура во Македонија ја започна специјалната војна против Македонската револуционерна организација. По неуспехот на Врховниот комитет од Софија да го преземе раководењето со Организацијата било одлучено тоа да се изведе во Македонија. Во март 1897 година од егзархисти во Солун било формирано тајно Бугарско револуционерно братство под раководство на Иван Гарванов.[95] За да биде прифатливо истото подоцна било преименувано во Револуционерно братство[96] со задача во Македонија да формира филијали[97] да предизвикува судири, да подготви состојба да бидат прифатени во Организацијата, одвнатре да го преземат раководењето. Дејствувало кординирано со владата и со Врховниот комитет.[98] Во почетокот на мај 1897 година воениот министер генералот Рачо Петров му кажал на Ѓорче Петров дека Бугарија договарала со Србија[99] поделба на сферите на влијанија,[100] со што предупредил дека Организацијата ако не постапува според „советите“ од владата, Бугарија ќе договорела поделба на  Македонија. Предупредувањето било примено.[101] Потпишувањето на тајната бугарско-српска Спогодба,[102] не беше тајна, за тоа веќе пишувл весникот „Малешевски Балкан“ со остра осуда.[103] Организацијата продолжила да се снабдува со оружје со сопствени средства.[104] Потребата за оружје и други борбени средства станувала сѐ поголема. Под непосредно раководство на Делчев во Осоговската Планина, во шумата до границата, кај с.Сабљар, Ќустендилско, во мај 1897 година била отворена тајна леарница за производство на бомби, наречена „фабрика“ за бомби.[105] За оперативното раководење со Организацијата било потребно негово целосно ангажирање на таа должност на организационата територија, постојано престојување во внатрешноста. Затоа со Ѓорче Петров извршиле поделба на нивните задолженија како задгранични претставници. Ѓорче презел обврска за надворешните односи, да ја заштитува Организацијата, а со тоа и македонското ослободително дело од нападите од Бугарија[106] Гоце Делчев се посветил на „внатрешноста“; на непосредно раководење со Организацијата, нејзиното јакнење со револуционерни кадри, за раководни кадри во револуционерните окрузи и околии, кадри за четите, функционирањето на пограничните пунктови и безбедноста на тајните канали во внатрешноста на Македонија за пренесување на оружјето и другите борбени средства и револуционерна литература, тајната пошта и др. Есента 1897 година со Виничка провала[107] било откриено постоењето на тајната Македонска револуционерна организација во Скопскиот револуционерен округ, што ги изненадило властите на Османлиската држава. При спроведената истрага за откривање оружје, со масовните измачувања била разоткриена организационата мрежа. Раководните лица биле уапсени и осудени на тешки казни.[108] Делчев дошол во округот, се движел меѓу населението да го охрабри и да ги воспостави раскинатите врски на организацијата. Во 1898 година се зголемил бројот на вооружени чети, Организацијата се подготвувала за изведување „возвратни напади“ на акциите на Софискиот комитет. Во мај за тоа известува секретарот на Бугарската трговска агенција во Битола Тома Карајовов и предлагал да се преземаат мерки за спречување на нивно формирање, за да се спречи јакнење на Организацијата. Владата тоа го одобрила и го задолжила Карајовов Агенцијата со двојни напори да го спречува формирањето на „бугарски востанички чети“.[109] Појавувањето на вооружените чети во реоните силно повлијае на моралот, особено кај селското население, кое најмногу страдаше од самоволието на властите и тероризирањето и ограбувањето од албански банди. Охрабрено населението и самото се вооружуваше решено да се бори. Бугарското револуционерно братство изолирано се покажало немоќно да ја изврши поставената задача. Затоа било одлучено да се примени резервниот план Б, за етапно преземање на Организацијата. Врховниот комитет под претседателство на Борис Сарафов,[110] испратил свој претставник во Солун кај Централниот комитет да посредува за „помирување“ меѓу  Братството и Организацијата (договорено со владата[111]) со ветување дека Братството ќе го запрело натамошното дејствување, по постигнувањето договор за обединување на „двете организации“. Во Солун отпатувал поручникот Иван Камбуров, посредникот на ВК. Централниот комитет за да се запрело натамошното дејствување на Братството на организационата територија,  без да ја согледа вистинската цел и без да побара мислење и согласност од Делчев и Ѓорче Петров (членови на ЦК), прифатил спогодување. Братството се самораспуштило, неговите биле примени во Организацијата со формално полагање заклетва. На 16 септември 1899 година Христо Татарчев, Иван Гарванов и посредникот Камбуров потпишале Протокол, по што во ЦК бил кооптиран Јосиф Кондов, а Иван Гарванов во Окружниот комитет во Солун.[112] Превид на ЦК што се покажа фатален за Организацијата[113] и за македонското ослободително дело.[114] Во октомври 1899 година окрузите добиле од Централниот комитет директива и Упатство  со 14 одредби за формирање на постојани вооружени чети, согласно уставна обврска секој од окружните и од околиските комитети да имаат на располагање мобилна, односно мобилни чети, со задачи пропишани со посебен Правилник.[115] Со тоа започна создавање на оружените сили на Организацијата под раководство на Гоце Делчев.[116] До крајот на годината и во 1900 година на организационата територија биле основани, под непосредно раководство на Делчев, првите воени школи[117] за командни кадри за четите на Организацијата. Летото во Организацијата биле примени како организирана група македонските револуционери социјалисти.[118] Со двата претходно споменати акти останале не регулирани многу прашања за воената организација, посебно прашањето за унифицирање на организирањето и дејствувањето на четите, па Гоце Делчев (со учество на Ѓорче Петров) изработи посебен Правилник за четите.[119] Со Правилникот[120] била утврдена организацијата, раководењето и намената на  четите, се создавала единствена мобилна  оружена сила - армија на Организацијата  раководена од Гоце Делчев, со должност врховен инспектор.[121] Со тоа Организацијата прераснала во масовна револуционерна организација (народно ослободително двжење на Македонија, со раководен центар во Солун), способна да го заштитува својот суверенитет на организационата територија.[122] Така била докомплетирана проектираната од Делчев национална македонската државотворна програма. Следуваше операционализацијата на стратегија за долгорочна оружена борба за ослободување[123] и создавање автономна (самостојна) држава Македонија. Стратегија со којашто се постигна Организацијата, со своите органи, со моќ на тајна држава во државата, да ги исцрпува силите на Османлиската држава западната во длабока економска и политичка криза, систематски да ја презема власта од нејзините органи, народот да го заштитува и да го подготви за слободен живот. Со така подготвен и вооружен народ со револуција да се извојува, при поволна меѓународна констелација, слобода и самостојна државност. Делчев ја создал воената организација, го организираше воружувањето[124] и опремувањето на четите, а потоа и на народот. Летото 1900 година изврши инспекција во Струмичкиот револуционерен округ, а есента на организационата територија, во источниот, централниот и во западниот дел на Македонија.[125] Во почетокот на 1901 година бил во Горноџумајскиот револуционерен реон.[126] Организацијата со постигнатиот степен на организираност и подготвеност, со решеноста да се бори со сопствени сили на организираниот народ со веќе развиена свест за своите интереси и кој посакувал своја самостојна држава,  станала реален независен фактор во Македонија, што силно ги вознемирило бугарската влада и кнезот. Натамошното нејзино јакнење требало да се спречува и спречи со сите средства. Врховниот комитет во почетокот на 1901 година ги вршел завршните подготовки за акција со офицерите за преземање на раководењето со Организацијата. По добро подготвената и суптилно изведена провала на Централниот комитет.[127] Извршена со уфрлениот незабележителен Милан Михалов (човек на Сарафов, претходно на служба во Врховниот комитет), кој извршувал административни работи во Централниот комитет.[128] Властите спровеле апсења, биле уасени и затворени членовите на ЦК. Иван Хаџи Николов (кој бил придобиен од капетанот Софрониј Стојанов[129] за време на неговиот престој во Солун) пред и тој да биде уапсен, „во момент на малодушност,“ целата документација на ЦК (архивата, шифрите, адресите за коресподенција и други материјали), како и веќе подготвените бланко полномоштва ги заверил со печат на ЦК и му ги предал на Иван Гарванов за да ги испрати на Врховниот комитет во Софија. Само така  Сарафов со офицерите можеле да влезат на организационата територија, во Солун „да ги заменат уапсените членови на ЦК“.[130] Основано може да се смета дека тоа било.[131] Гарванов пет бланко полномоштва со печат на ЦК испратил во Софија на Врховниот комитет,[132] а архивата со печатите на ЦК ги задржал и со тоа тој го презел раководењето со централизираната Организација. Веднаш после тоа Иван Гарванов со Димитар Мирчев и Спас Мартинов[133] (поранешни раководители на Бугарското револуционерно братство) се самопрогласиле за Централен комитет на Организацијата, додека Делчев се наоѓал во внатрешноста за да спречи растројство во Организацијата. Делчев презел брзи мерки за да продолжи функционирањето на Организацијата без застој. Со шифрирано писмо ги известил окружните комитети за затворањето на членовите на ЦК и ги задолжил привремено да продолжат со дејноста самостојно, согласно програмата, до нова директива.[134] Организацијата била спасена од поголеми потреси.[135] Сарафов во договор со Цончев бил подготвен со офицерите да го преземе раководењето со Организацијата. На нивното собрание биле повикани Делчев и Ѓорче Петров (задграничните претставници и членови на ЦК) за согласност двајца офицери да влезеле во ЦК, а 14-16 офицери во окружните раководства. Изјавиле дека организираното (селско) население било неспособно да се бори[136] со моќната османлиска војска, па тие офицери требало да го преземат раководењето во окрузите, да подготват состојба за „оружените сили што ќе навлезеле од Бугарија[137] под команда на генералмајорот Иван Цончев.[138] Соопштиле дека за тоа имале полномоштва од Солун за Врховниот комитет и предлог за формирање подвижен Централен комитет раководен од Сарафов во кој да влезел и Гоце Делчев. Одговорот на Делчев бил дека не ги признавал „тие работи.“[139] Со Ѓорче остро се спротивставиле, со предупредување дека на секој обид Организацијата ќе одговорела со својата оружена сила.[140] Влегувањето на офицерите било откажано.[141] Делчев и Ѓорче Петров (од позиција на легални членови на ЦК) привремено ја презеле неговата улога. Со циркуларно писмо ги известиле окружните комитети дека ја преземаат надлежностите на Централниот комитет и ги задолжувале сите комитети на Организацијата (окружните, околиските, селските комитети) и војводите на четите за мобилност, да превземат мерки за одбрана: да спречуваат влегување на чета или чети во нивниот реон, а ако влезат да ги разоружаат доколку немале писмено одобрување потпишано од нив двајца;  да немаат доверба и да ги спречуваат лицата испраќани од Врховниот комитет да вршат пропаганда на организационата територија; да ги прекинат сите врски со Врховниот комитет и со „неговите агенти“ крај границата; да осигураат куририте и пограничните работници строго да ја чуваат тајноста на внатрешните работи на Организацијата.[142] И во таква состојба Организацијат била подготвена да спречи поголема провокација со навлегување на вооружени чети на Врховниот комитет. Врховниот комитет, избран на вонредниот IX конгрес летото 1901 година во состав Стојан Михајловски претседател, генералот Иван Цончев (човек на кнезот Фердинанд и на владата на Стојан Данев) и потполковникот Стефан Николов – секретар, раководен од генералот Цончев, ги задолжил друштвата да обезбедат средства за опремување чети за влегување во Македонија. Арогантно изјавувал дека не признавал никаква Внатрешна организација.[143] Иван Гарванов, приврзаник на генералот Цончев, бил повикан во Софија за да договорат кревање востание. Гарванов и самиот сакал да се крене востание, но само додека тој бил претседател на Централниот комитет за „да ја има историската заслуга“ за кревање на востанието,  да се претстави во Бугарија како водач на Организацијата.[144] Во август Делчев се вратил во Македонија во инспекција на органите и телата на Организацијата и состојбата на оружените сили. Гарванов ги разрешил Делчев и Ѓорче Петров од должноста задгранични претставници, а ги назначил Петар (Туше) Делииванов[145] и Димитар Стефанов.[146] Тие поради подготвуваните вооружените акции против Организацијата, во декември 1901 година, со писмо го известиле претседателот на Врховниот комитетот дека Организацијата од 21 (8) декември ги прекинала врските.[147] Во почетокот на 1902 година продолжило навлегување на вооружените чети и пропагандисти на Софискиот комитет во граничните реони, толерирано од Централниот комитет на Иван Гарванов. Во февруари реонските раководства добиле од Делчев (и Ѓорче Петров) и од Централниот комитет во Солун спротивставени инструкции за нивно постапување,  што довело до забуна и привремен застој. Од Делчев било барано да ги посети реоните за средување на работите.[148] За надминување на таа неодредена состојба во системот на раководењето Делчев (со Ѓорче Петров) веќе го преработиле Уставот и изработиле нов Правилник за четите.[149] Тие биле отпечатени и биле дистрибуирани за постапување по истите. Во средината на јануари 1902 година Делчев бил во инспекциска обиколка на Битолскиот револуционерен округ. Тој во својство на врховен воен инспектор раководел со единиците на вооружените сили (четите)[150] преземал инспекциски обиколки на окрузите и реоните придружуван од посебна единица-„ревизорска чета“ или од реонска чета во рените во кои се движел. Одржува советувања со командниот состав, вршел распределувања и прераспределувања на војводите и на четите по реони, примал извештаи, издавал инструкции и др. Османлиските власти немоќни да го откријат неговото движење, објавија парична награда[151] за неговата глава. Во четите се спроведувала редовна воена обука: основна обука за ракување со оружјето и другите борбени средства, и напредна обука - тактички вежби за извршување на нападни и одбрамбени борбени дејства во различни временски и теренски услови со надмоќни непријателски сили. Според  Делчевата стратегија за долготрајна борба за идеалот за слобода и самостојна држава Македонија, идеал којшто ќе го следеле генерациите што доаѓале борците (комитите), биле решени да го следат својот веќе легендарен водач во борба под востаничко македонско знаме,[152] до последниот куршум, последната бомба,[153] да го исполнат заветот за татковината,[154] да се жртвуваат за светото дело.[155] Завет даван и при чинот на осветувањето на четите кои го симболизирале „воскреснатата Самоилова војска“.[156] За нивното дело „да се зачува за потомството“,[157] за генерациите македонски револуционери, борци за слободата на татковината. Со повремени мобилизациски вежби се проверувала борбената подготвеност на четите и на селските милиции во поширокиот реон. По  откривањето на врховистичките чети и во внатрешноста на организационата територија, во март со наредбодавно писмо од Делчев четите на Организацијата биле ставени во мобилна состојба за одбрана на организационата територија.[158] Во мај вооружени чети на Врховниот комитет навлегле во граничните рони: Џумајско, Петричко и во Малешевско да вршат пропаганда против Организацијата и да агитираат започнување вооружена борба, за започнување востание,[159] со ветување за подготвеност на бугарската војска со поддршка од Русија да ја ослободи Македонија.[160] Во јуни 1902 година Делчев со Ѓорче Петров со oкружни писма (едното до сите револуционерни комитети на целата организациона територија, а другото до комитетите во загрозените реони)[161] предупредиле дека Софискиот комитет уфрлувал воружени чети (со луѓе и од внатрешноста) за да предизвикаат кревање предвремено востание во Македонија,[162] за да ја уништат Организацијата.[163] Да не им се верува на нивните ветувања за помош од Бугарија и од Русија,[164] да ги протеруваат. Да се сметаат само „на својата волја и сила“, на силата на организираниот народ, да не се крева реонско востание како Кресненското,[165] туку со обединети сили кога целиот народ ќе биде подготвен, да се води борбата за ослободување и автономија на Македонија.[166] Во почетокот на јули Делчев бил известен[167] за преминување на сѐ поголем број чети, дека бугарската гранична полиција ги пропуштала, што упатувало дека Врховниот комитет подготвувал акција од големи размери.[168] Во Разлошко и во Мелничко врховистички чети го заплашувале и го присилувале населението во селата да им се присоединат[169] за да подготват ситуација да објават кревање на востание. Населението барало заштита. Организацијата била присилена да одговори со сила. Врховистичките чети во  Мелничко во септември биле протерани од Сандански.[170] Организацијата пртставувала внатрешно-политички фактор во Македонија. Европски Големи сили определени за одржување на статус-кво и од нив покровителствуваните за балканските држави: Бугарија, Грција и Србија (неподготвени за војна за освојување и поделба на Македонија), спроведувале координирани активни дејства во подршка на Османлиската држава за уништување на Македонската револуционерна организација, за да се прекинела оружената борба за ослободување и создавање на самостојна држава Македонија. Во таква констелација бугарската влада одлучила работите да ги доведе до посакуваниот исход. Во септември бил повикан во Софија Иван Гарванов, кој тукушто го легализирал својот Централен комитет,[171] и подготвувал кревање востание во Македонија во содејство на Врховниот комитет, а според советите на владата. Во Софија биле договорени постапката за донесување одлука од ЦК за кревање востание во Македонија додека населението било не(доволно) вооружено, како и координирањето на активностите и акциите со Врховниот комитет за предизвикување состојба за тоа да се спроведе. Според договореното подготвените вооружени чети на Врховниот комитет, предводени од офицери на бугарската војска, навлегле во Горноџумајско и во Петричко. Нападнале повеќе села од кои го мобилизирале месното население и на 6 октомври (23 септември) објавиле дека било кренато востание.[172] Организацијата презела мерки за нивно изолирање. Без поддршка, војската бргу ги разбила „востаничките“ чети кои во бегство се вратиле во Бугарија. Страдало недолжното македонско население во подрачја кадешто тие дејствувале. Во внатрешноста на Македонија полковникот Јанков влезен со четата, во Костурско да предизвика „востание“, бил разоружан од четите на Организацијата, а потоа спроведен до границата и вратен во Бугарија.[173] Се покажало дека Гарванов немал авторитет во Организацијата која, под оперативно раководство на Делчев, била одлучна со своите вооружени чети да ја брани организационата територија. Во поддршка на Гарванов се активирале новопоставените задгранични претставници Христо Матов и Татарчев кои уште на заточение биле за кревање востание во Македонија.  Пред крајот на ноември 1902 година Гарванов ги задолжил да ги исклучат Гоце Делчев и Ѓорче Петров да ја претставуваат Организацијата, да се во врска со бугарските државни фактори, да се советуваат со владата, посебно со нејзиниот претседател Стојан Данев, [174] а со врховните комитети  да договорат„помирување“ за да се изведе „големо востание“ во Македонија. Со Врховниот комитет на генералот Цончев се договориле, дале согласнот, за учество на неговите чети во подготвуваното востание за да не бидат спречени од силите на Организацијата да влезат во Македонија. Веднаш потоа Врховниот комитет со писмо (потпишано од сите членови) ги известил офицерите Македонци во армијата да се подготват за учество во ослободувањето, а за своето учество да известеле до 15 јануари 1903 година.[175] Во Софија на „советување“ повикал претставници на македонските друштва кои поддржувале кревање востание. Гоце Делчев (кој тогаш бил во Софија) со Ѓорче Петров ги повикале Дамјан Груев и Пере Тошев во Софија заеднички да дејствуваат за запирање на извесната опасност за македонското ослободително дело. Отишол само Пере Тошев, Груев откажал. Гарванов, кој претходно повикувал во Солун „да се советува“ лица од окрузите  на Организацијата склони да поддржат кревање востание,[176] ангажирал свои „агенти“ да обезбедат истите во определеното време да бидат таму.[177]  Откако тоа било обезбедено со службени писма (со назнака од Солун, двете од 6 јануари/24 декември), со едното ги известил задграничните претставници во Софија за решението на Централниот комитет за свикување општ конгрес, од нив се барало само нивна согласнот,[178] а со другот окружните комитети дека свикал општ конгрес во Солун, во јануари, за донесување одлука за кревање востание, а нив ги задолжил да ги започнат подготовките.[179] Делчев на советувањето во Софија одржано по приемот на известувањето од Централиот комитет, со учество на „20-тина дејци“,[180] остро се спротивставил на одржувањето конгрес. По категоричното противставување и на Ѓорче, Пере Тошев и други, а Христо Матов, Христо Татарчев и Иван Хаџи Николов со поддржувачите се искажале за, мнозинството се изјаснило против кревање востание,[181] а со тоа и против одржување на закажаниот конгрес во Солун. Делчев ја согледал опасноста. Не очекувал дека Централниот комитет ќе постапи според решението на мнозинството за откажување на конгресот, се вратил во Македонија да спроведе акција за спречување кревање на масовно востание. На Конгресот во Солун, на последното заседание на 17 (4) јануари без негово учество и на другите легални членови на ЦК Ѓорче Петров и Пере Тошев, со делегати по повикување, само под притисок,[182]  било изгласано решение за востание веќе во пролетта. Во органите на организацијата не се знаело за случувањата во раководството, за акциите и вистинските цели на ЦК на Иван Гарванов. По добиеното писмо за востание, целиот механизам на строго централизираната Организација бил покренат. Веќе била создадена состојба пред револуција. Грчкиот битолски владика на 20 јануари известил дека населението се надевало на скорешно ослободување и формирање автономно кнежевство.[183] Делчев се вратил во Македонија. Отишол во во Серскиот револуционерен округ. Тука разбрал за одлуката на Солунскиот конгрес за востание. Со Сандански се договориле да се преземат акции за отповикување. Пред заминувањето за Солун за последен пат да разговара со членовите на Централниот комитет, во с. Каракој (Неврокопско) под негово раководство било одржано советување окружното раководство и со војводите од Округот при што било договорено и одржувањето окружен конгрес. Во Софија стравувале дека Делчев, со својот голем углед во Организацијата и авторитет кај војводите можел и по донесувањето на решението, да го спречи востанието. По толку години подготовки, ангажирани сили и потрошени средства без резултат, преостанувало само негово физичко отстранување. Но, не со ангажирање на лица,[184] применето неуспешно во 1901 година, туку во судир со војската, по предавство.[185] За тоа било преземено организирано негово следење за сето време на патувањето од Софија до Солун и потоа. Во Солун имал средба со Дамјан Груев, туку што вратен од заточение, убеден дека заеднички можеле да спречат кревање масовно востание. Груев, веќе определен за востание, не се согласил со укажувањата на Делчев за извесните трагични последици за народот и за ослободителното дело. Се разделиле со зборовите што, наводно, ги кажал Груев: „поарно ужасен крај, отколку ужас без крај“.[186] По заминувањето од Солун на пат за Серско, на закажаниот окружниот конгрес, Делчев со придружбата влегол во с. Баница Серско. Предаден, по повеќечасовна борба со војската во опколено село, загинал на 4 мај 1903 година.[187] Веста за загинувањето на Делчев насекаде во Македонија била примена како најголема национална трагедија. Уште жив народот за него кажувале легенди и се пееја песни.[188] * Гоце Делчев беше организаторот, идеологот и предводник на македонското национално револуционерно ослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Личност која целиот свој живот го посвети на Македонија и на својот македонски народ. Тој со апотолска мисионерска посветеност го просветли, го помири[189] и го обедини македонскиот народ, го поттикна неговиот слободарски дух, го охрабри јавно да ја декларира својата македонска националност, поединецот да извикува: „јас сум Македонец“,[190] му всади свест и верба дека може самостојно, со оружена борба со сопствените сили, да се избори за своето ослободување,  идеал за слободен живот во своја самостојна држава Македонија. Во колективната меморија на македонскиот народ Гоце Делчев е трајно запаметен, опеан како легендарен револуционер и народен предводник, син на мајка Македонија. Величан од сите генерации, вклучувајќи ја и сегашната наша млада генарација (најексплицитно од најмладите, со нивната „химна“-„Излези момче право на тераса, поздравија Гоцевата раса“). Така нашиот благодарен народ, кој знае и умее да се оддолжи на своите заслужни синови, го одреди заслуженото место во историјата на Македонија, така како и нашата историска наука. Денес, кога Република Македонија повторно е деноминирана, македонскиот народ и македонската нација се понижени, нашата земја се одмакедончува, Гоцевата личност и дело се бугаризираат, Гоцевиот идеал за „Македонија на Македонците“ – македонизмот, во перспектива на време,  останува безвременски. [1] Од татко Никола  Делчев (од Кукуш)  и мајка Султана Нурџиева (од селото  Мурарци, Кукушко). [2] Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев, I, Скопје, 1972, 53. [3] Со 12 000 жители, од кои само 2оо турски семејства. [4] Познатат  по Кукушка унија од 1874 година. [5] Повод да потсетиме за да не се заборава дека Кукуш, родно место на Делчев, градче без ниту едно евидентирано грчко семејство, во 1913 година, грчката  армија при окупацијата на приморскиот дел на Македонија го разруши до темел, по што од градот останаа само урнатини. Петар Стојановски, Македонија во времето  на Балканските и Првата светска војна (1912-1918),Скопје, 1969,209-210. [6] Од Прилеп. [7] Од Прилеп. Во 1885 година  заедно со Пере Тошев учествувале  во ученичкиот бунт, затоа и двај-цата биле исклучени од гимназијата. [8] Барале „отфрлање на бугарскиот  јазик и воведување на македонскиот “дијалект“ во наставата“. (Димитар Димески,Гоце Делчев, Битола,1988, 17). [9][9] Меѓу нив Груев, Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев и др. [10] Во момент кога некој ученик во гимназијата се искажал со потсмев, Делчев жестоко  реагирал, го предупредил со сборовите: „Овчја главо, запомни, пред оние на кои им  ја должиш можноста да напишеш до своето име човек, треба да ја симнеш капата и кога псуеш!“ (П. К. Јаворов, Гоце Делчев, София, 1972, 20). [11] К(онстантин)  Кондовъ (од Прилеп), Гоце Делчевъ и другарите му, сб. Илинденъ, София, 1926, 139-140. [12] Од Охрид. [13] Од. с. Богомила, Велешко. [14] Од Кукуш, приморски дел на Македонија. [15] Од  Ново Село, Штипско. [16] Од Прилеп. [17] Од  1890/1891 година . [18] Уставот и Правилникт на Младата македонска дружина од 1894 година, Историја, Скопј, 1995/1996, бр. 1-4,75-81 [19] П. П. Арсовъ, Произходотъ на революционното  движение в Македония, Бюлетинъ, София, 19 VII 1919, 3. [20] „Само еден силен  отпор од наша страна може да нѐ зачува од грабливите посегања. ... За тоа нам ни се потребни сили, а нашите сили се разнишани, раздробени. Треба да се обединиме, да ги собереме во една општа, моќна сила-народна сила, ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина. Тое треба да биде стремеж на секој чувствителен Македонец, каде и да се наоѓа тој“. (Програмски принципи на Младата македонска книжевна дружина, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, 1, Скопје, 1981,299). [21] Во 1894 година Младата македонска дружина ја обновила културнонационалната дејност.  Дејноста била регулиирана со Устав и Правилник. (Михајло Миноски , Уставот  и Правилникот на Младата македонска дружина.., 75-81). [22] Публицист и новинар, уредник на познатите македонски весници: „Македонија“, „Глас Маке-донски, „Борба“ и др. [23] Михајло Миноски, Внатрешната Македонска револуционерна организација од основањето до Илинденското востание, Сто години  ВМРО, Скопје, 1993,32. [24] Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за независна држава ,1, Скопје, 1981, 321-322. [25] По завршните испити била донесена одлука да се одложи  произведувањето во офицери за следната година за целата класа завршени питомци. Одлуката предизвикала остра реакција од питомците со анонимни писма со осуда упатени до воениот министер. За таквата постапка биле осумничени членови на кружокот, меѓу кои и Гоце Делчев. [26] Заповед на Военото учили е,Nо 167/ 24 септември 1894, София. ЦВА  В.Трново, ф. 1521, оп. 1, а.е.47. [27] Од Ресен. [28] Од Гуменџе Ениџевардарско. [29] Од с. Ај ватово, Солунско. [30] Петар Поп Арсов го изработил нацртот на Уставот , по расправата, истиот бил усвоен. Ори-гинален  текст сеуште не е откриен. Груев  во своите спомени пишува дека  шестемина заеднички изработиле „Правилник-Устав“. Даме Груев (Истражувања и материјал), Битола, 1981, 18. [31] Прилог кон прашањето за името на Македонската револуционерна организација во почетниот период од нејзиното дејствување (1893-1896), Прилози на МАНУ, Скопје, 1996/XXVI , 2. 71-82. [32] Претседател Христо Татарчев, секретар-благајник Дамјан Груев. [33] Од 28-31 (15-18) август 1894година. [34] На Скопскиот револуционерен округ со седиште во Штип, кадешто организацијата била нај-силна. [35] М. Миноски, Внатрешната револуционерна организацијата од основањето до Илинденското востание..,34-35. Оттогаш со така создадената легална политичковоена организација  (со маке-донско име) раководеаа бугарски генерали и интелектуалци, со исклучок на еден краток период кога претседател на Врховниот комитет беше Борис Сарафов. [36] Делчев: „Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот ? Дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Маке-донија?“ (Крум Христов, Гоце Делчев, Софи, 1955, 85; Д. Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1992,61). [37] Туше Делииванов, Спомени за Гоце Делчев.., София, 1981, 130-131. [38] Д. Димески, Гоце Делчев.., 64. [39] Михајло Миноски, Петар-Пере Тошев,Совеста на револуционерна Македонија, Скопје, 2013, 22-39. [40]  Михајло  Миноски, Ѓорче Петров, Разумот на револуционерна Македонија, Скопје, 2014, 19-24. [41] Во Битола, уредуван од Ѓорче Петров. [42] Во Солун, издаван од  Даме Груев. [43] Издаван од Ѓорче Петров во Софија во 1898 година. [44] На д-р Константин Стоилов (1894-1899 год.). . Карајовов: „Сегашната бугарска влада е моралниот соучесник и поттикнувач на движењето“ (ВМОРО /1893-1919 г./, 109. Тајно писмо од ВМК до Централниот македонски револуционерен комитет во Солун од 10 јануари 1896 /28 декември 1895/ година). [45] Макеонец по род, од с. Подмочани  Ресенско. [46] „Со двоен карактер: таа е тајна и јавна, со главен центар Софија. Оттука  произлегува дека за успх на де-лото е потребно поголемиот дел од нашите акции да се покриени со мракот на тајноста“. (ВМОРО (1893-1919 Г.), 1, 1, 107. Тајно писмо од Врховниот македонски комитет до Централниот македонски револуционерен комитет во Солун, Софија, 10 јануари 1896 /28 декември 1895/ го-дина, потпишано од секретарот на Комитетот Т. Карајовов ). [47] Офицери: Борис Сарафов (од с. Либјахово, Неврокопско) претседател на ВК, потполк. Анастас  Јанков (од с. Загоричани, Костурско), потполков. Стефан Николов (од Прилеп), Тодор Александров (од. Ново Село, Штипско). Јордан Венедиктов (д с. Бања, Разлошко), капет. Александар Протогеров (од Охрид), капет.  Христо Саракинов (од Воден), капет. --(од Разлог) секретар на ВК, поруч. Владислав (Славчо) Ковачев (од Штип);  поруч. Петар Дарвингов (од Кукуш),пор. Софрони Стојанов (од с. Цер, Кичевско).; морн. офицер Тодор Саев (од с. Белица, Разлошко) и др. [48]  Интелектуалци и политичари: Инж. Христо Станишев (од Кукуш) претседател на ВК, Андреј Лјапчев (од Ресен) економист, публицист, редактор на в-кот „Реформи“, политичар од Де-мократската партија, министер  за трговија и земјоделие (1908-1910), за финансии (1910-1911), подоцна воен министер 1918-1919, преседател на  влада (1926-1931); Павел Генадиев (од Битола) ,член на ВК и на Народнолибералната (стаболистичка) партија (претседател неговиот брат д-р, Никола Генадиев  кој бил министер за правосудство, за трговија и земјодели и за надворешни работи). Јосиф Ковачев (од Штип), професор на Софискиот универзитет, главен секретар на Министерството за внатрешни работи, член на Државниот совет; д-рАлександар Радев (од Битола) правник, член  на Врховниот комитет, бугарски  политичар,  министер за правосудство (1901-1902) и за просвета (1902-1903); Димитар Ризов (од Битола), публицист, новинар и дипломат: трговски агент во Скопје (1897-1899), претставник во Цетиње (1903-1905), во Белград (1903), Атина (1908), Рим (1908, 1910) и др. Симеон Радев  (од Ресен)  публицист, дипломат, член на ВК, подржувач и на ВМОРО (1901-1903).Тома Карајовев (од Скопје) редактор на весниците „Право“ и „Автономија“, потпретседател на ВК, претсерател на Бугарските конституциони клубови. Димитар Матов (од Велес) претседател на ВК. д-р Георги Паунчев (од Охрид) член и секретар на ВК. Илија Георгов (од Велес), правник, член на ВК и на Радикална партија; Наум Туфекчиев (од  Ресен) подпретседател на ВК, трговец  со оружје), Коне Самарџиев (од Прилеп), книжар,и печатар, член на Бугарското револуционерно братство во Солуни др. [49] Генерал Данаил Николаев, генер. Иван Цончев,  капет.  Љубомир Стојанчев; капетан Јурдан Стојанов, поручник Стојчо Гаруфалов, поруч. Иван Камбуров, поруч. Антон Бозуков и др. Интелектуалци: Стојан Михајловски претседател на ВК, професор, поет, публицист, пратеник во бугарското собрание. Иван Гарванов член на Бугарското револуционерно братство (филијала на ВК) во Солун, претседател на ЦК на ВМОРО и др.. [50] Со таква мисија имал Коне Самарџиев (од Прилеп) во пролетта 1895 година (Ѓорче Петров, Спомени коресподенција, Скопје, 1984, 63). [51] Со таква задача во Прилепско пристигнала вооружена чета предводена од некогашнииот (од 1883 год.) прилепски војвода Димо, викан Дедото  (Михајло Миноски, Петар-Пере Тошев, совеста на револуционерна Македонија, Скопје, 2013, 33). [52] На истото место, 33. [53] Од Ресен, познат трговец со оружје. [54] М. Миноски, Пере Тошев..,37. [55] Македонец по род, од Штип. [56] Делчев: Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска униформа (поручник на бугарската војска) во Виница со намера да прогласи внатрешно востание! ...Ослободувањето на Македонија  лежи во внатрешното востание. Оној кој мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. .. Ако востание можеше да се крвене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка“. ... Во Македонија се развива систематска агитација за едно општо внатрешно востание, којашто има земено големи размери и нема катче во Македонија што не е опфатено“. ( Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност.., 1, 325. Писмо од ѐделчев до Ефрем Каранов (од Кратово). [57] Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев, 1, Скопје, 1972,134; Д. Димески, Гоце Делчев, 72. [58] Делчев: „Во Македонија се развива систематска агитација агитација што има земено гоеми размери. Нема ниту едно катче во Македонија што не е опфатено“. Во врска со непримерната пропаганда на поручникот Чакаров Делчев пишувал: „ослободувањето на Македонија се крие во внатрешно то востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже себеси и другите ги лаже“. (Гоце Делчев, Преписка. (Редакција Христо Андонов-Полјански,Скопје, 1972,, 9-14; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност.., 1, 324-328.  Писмо на Гоце Делчев од Штип до Ефрем Каранов, претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил). [59] Хр. Андонов-Полјански, Гоце Делчев, 1, 136. [60] Воен министер на Бугарија (1886-1887 и 1907-1911 година. [61] Од резервниот состав и од офицерите учесници во оружената акција во Малничко претходната година. [62] ВМОРО (1893-1919 г./, 112. [63] На истото место, 111-112. [64] ВМОРО (1893-1919 г./,110. [65] М. Миноски, ВМРО од основањето до Илинденското востание..,36. [66] Никола Зографов ( од с. Ореовец, Велешко) на првиот, а Никола Малешевски  (од Берово)на вториот пункт. [67] Татарчев-Груев: „Ние продолжуваме да го подготвуваме народот во духот на нашата програма иостануваме согласни со сите кои ја споделуваат нашата девиза“. (М. Миноски, Прилог кон прашањето за имеро на Македонската револуционерна организација во почетниот период од нејзиното дејствување (1893-1896), Прилози на МАНУXXVI, 2, Скоопје, 1996, 76-78. Писмо од ЦК од 20 јануари 1896 год., до генералот Николаев претседател на Врх. М. комитет во Софија). [68] Хр. Андонов-Полјански, Гоце Делчев,1982, 70. [69] Делчев: „Ние, знаете кои сме  ние; селаните, македонското население, народот. Ние не правиме и не можеме да правиме полигтика, ниту да дозволиме други да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас е живот или смрт. Ние не можеме да правиме политика, ниту пак ќе дозволиме на други да  прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат  дали да живеееме или да умреме и кога.решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога ќе се подигне востание , ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овдека. ... Знајте ние не бараме по-кровители, уште помалку господари!“  (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност.., 1,329). [70] ВМОРО (1893-1919 г.), I,1, Софи, 2007, 121-122., Писмото објавено без потпис. На 22 март следувало ново  писмо  до претседателот на ЦК ,потпишано од секретарот на ВК Тома  Карајовоев, со кое ВК настапил како наредбодавен.   Го известувал дека Комитетот изработил „Белешки за реформи во Македонија“, истите ги испраќал во прилог, дека истите биле претставени на „некои видни политички личности “ во Бугарија за да превземеле дипломатска акција, а доколку не се добиел посакуван  резултат, Комитетот се заканувал да „други средства“. Го задолжувал ЦК  истите да ги испрати на „потчинетите комитети“. (На истото место, 122-123). [71] Од Штип. [72] Христо Татарчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, и Ѓорче Петров [73] Делчев, Пере Тошев (делегат од Битола), Петар Поп Арсов(делегат од Прилеп), Христо Матов (делегат од Скопје), Васил Думев (делегат од Велес), Кирил Прличев (делегат од Воден), Васил Калајчев (делегат ос Сер)и Христо Поп Коцев (делегат од Одрин). [74] Во ситуација кога Организацијата ѝ претстоеше долгорочна оружена ослободителн борба против Османлиската држава, а во исто време и со пропагандите  од  Бугарија (Врговниот комитет, Бу-гарското револуционерно братство и Егзархијата, Грција и Србија кои иподготвуваа терен за-владување и поделба на Македонија,  Конгресот одлучи да се вклучи и Одринско,чиешто словенско православно население се најдуваше во иста положба. После тоа го промен името на Орга-низацијата во Тајна македонско-одринска револуционернаорганизација (ТМОРО) и нова управна поделба. Место постоечките три се формирале  седум револуционерни окрузи (Солунски, Би- толски, Скопски, Штипски, Струмички, Серски и Одрински. Подоцна Штипскиот округ бил укинат. [75] М. Миноски, Ѓорче Петров., 41. [76] Во ЦК биле повторно  избрани Христо Татарчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров. [77] М. Миноски, Ѓорче Петров..,32. [78] Устав на Тайюяната Македоно-Одринска Революционна Организация, (ИНИ, Одделение за до-кументација,Ин.бр. 10928/59). [79] Устав, чл.1, [80] Претседателот на владата Стоилов во својот дневник: „Им апочва за револуција во Македонија. Владата треба да ги држи конците“. (Д-р Константин Стоилов, Дневник,II, София, 1896, 307). [81] Спомени на Ѓорче Петров..,51 М. Миноски, Ѓорче Петров.., 36. [82] Александар Христов, Создавањето на Задграничното претставништво на ВМРО, Прилози за историјата на македонската политичка мисла (1878-1919), Скопје, 1982, 235. [83] М. Миноски, Ѓорче Петров..,41.. [84] Спомени на Ѓорче Петров.., 48. Ѓорче кажува дека откко тој пристигнал во Софија со Делчев  Уставот  го из-работиле, а тој го отпечатил [85] Од Банско. [86] М. Миноски, Ѓорче Петров.., 47. [87] Стоилов во својот дневник: „Им апочва за револуција во Македонија. Владата треба да ги држи конците“. (Д-р Константин Стоилов, Дневник,II, 307). [88] Спомени на Ѓорче.., 5. [89] М. Миноски, Ѓорче Петров.., 48. [90] М. Миноски, Ѓорче Петров.., 47-48. [91] Спомени на  Ѓорче Петров, Скопје, 1950, 54 [92] Бугарија не беше вазално кнежевство и во Македонија можеше да отвора само трговски агенции. [93] Како Димитар Ризов, Томо Карајовев, Никола Наумов  и др. [94] (М. Миноски, Ѓорче Петров..,36). [95] Во раководството биле уште: Димитар Мирчев, Неделко (Делчо) Колушев, Јосиф Кондов, Христо Танчев, Анастас Наумов и Христо Ганов (М. Миноски, Пере Тошев..,47). [96] Бугарин од Стара Загора. [97] Создадени во Прилеп, во Кавадарци, во Велес и во Сер. [98] Д. Димески, Гоце  Делчев,..,99-100. [99] Бугарија не договарала, туку  потпишала  со Србија во Софија, уште во февруари, тајна Спогодба за поделба на сферите на влијание во Македонија. (Македонија во билатералните и мулти-лаатерални договори на балканските држави, 1861-1913, Скопје,2000, 117-118). [100] Ѓорче  Петров  останал  вџашен  од тоа што бугарскиот министер му открил  таква државна тајна. Разумно објаснување нашол  во тоа дека генералот тоа го кажал од невнимание.  Ѓорче: „Рачо (Петров) се опушти да ми каже дека се воделе преговори за поделба на сфери на влијанија.  Се гледа  дека нѐ сметаа  за деца, осмелувајќи  се да ни зборуваат за такво нешто. Јас молчев, тоа беше систем,  но овој и слични призраци ни вдахнаа увереност дека има опасност да се прават политички комбинации на наш грб и без наше знаење“.Спомени на Ѓорче Перов.., 58). [101] Ѓорче: „Тоа не натера да бидеме уште  попретпазливи и посамостојни во своите  дејствија, да не даваме можност да се прават слични комбинации на сметка на Македонија“. (Спомени на Ѓорче Петров.., 58). [102] Во Софија, во февруари 1897 година. (Македонија во билатералните и мултилатерални договори на балканските држави, Скопје, 2000,, 117-118. [103] „Бугарите и Србите требаше да го напуштат своето досегашно поведение, коешто е за осуда. ... Пред соблазната перспектива за нашето идно поробување од едната од нив, тие направија сојуз со цел да нѐ разделат како една несвесна маса, за да можат понатаму слободно да не експлоатираат. Нешто повеќе, тие направија и продолжуваат да прават на наша сметка престапи коишто, убаво нека запомнат, со најцрни бои ќе бидат предадени на идните поколенија од современиот историчар ... Тие го фрлија во нашита средина јабокото на расправии и без тоа нашите слаби сили и уште ја имаат дрскоста да нѝ се претставуваат за такви што ни го сакаат доброто! Тие го посејаа сред нас семето на расправии, признаа еди од нас за Срби, други за Бугари, инспирираа некои од нас да ги поддржуваат со своите агитации и нашите непријателски односи, и етети го нашиот најголем пораз. .. Една молба кон сите Македонци: не давајте пат на вештачки поддржуваните кај нас непристојни страсти, пред мислата за силата на нашиот непријател против кои има да се бориме. Да не правиме разлика меѓу нас со некакви Срби или Бугари, зошто сите пред сѐ друго сме Македонци“. („Малешевски Балкан“ , орган на македонските борци,  I, 16, 1897, 1; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност..,335-336). [104] Безбедувано од членски вложувања, добровлни прилози,. Во втората фаза  кога се зголемиле потребите и со воведување револуционерен данок. (Еден оригинален документ за дејноста на ВМРО. Соопштува Павле Митревски, Гласник на ИНИ, I, 2, Скопје, 1961, 279-280). [105] М. Миноски, Ѓорче Петров..,43. [106] Да следи политиката на владата и другите државни фактори спрема Македонија и македонското прашање, однесувањето на релеватните политичките партии, јавното мислење, пишувањето на печатот, активноста и акциите на Врховниот комитет и сл. [107] За Виничката провала повеќе: М ихајло  Миноски- Ѓорги, Стојчевски, Австриски документи за Виничката афера, Гласник на ИНИ, 2-3, Скопје, 1981; Александар Апостолов, Виничката афера, Виница, 1997 година; Македони я и Одринско 1893-1903. Мемоар на Вътрешната организация, София, 1904. [108] М. Миноски, Прилог кон прашањето за положбата на македонските револуционери Петар Поп Арсов, Мише Развигоров и Ал. Коцев во злогласниот турски затвор Подрум-Кале, Гласник на ИНИ, 2, Скопје, 1976. [109] Теодоров (вршителот на работите министер за надворешни работи): „За попречување на секој стремеж за формирање на бугарски востанички чети.., Ви препорачувам не само да продолжите, туку и двојно да ги зголемите , ако е тоа можно, вашите усилби за постигнување на целта“. (Писмо од 4 јуни (22 мај) 1898 година, Величко Георгиев-Стойко Трифонов, Македония и Тракия во боба за свобода.., нови документи, София, 1995, 23). [110] Избран на Шестиот вонреден  конгрес одржан од 1-5 мај 1899 година. Според сведоштвото на Ѓорче Петров  тој со Делчев битно повлијаеле за неговиот избор како Македонец по род. Секако по претходно дадени ветувања од Сарафов за односите со Ор-ганизацијата. Ѓорче: „Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт“. (Спомени на Ѓорче..,78). [111] На барање од воениот министер-генералот Раачо Петров и  и министерот за внатрешни работи Васил Радославов, во Софија бил повикан Иван Гарванов за во Врховниот комитет да го договорат посредување на Комитетот за „помирување“. (Р. Псков, Борис Сарафов 1872-1907, София, 1983, 77). [112] М. Миноски, Ѓорче Петров..,71-73. [113] Иван Гарванов, незадоволен што тој не бил примен во Централниот комитет, а и по директиви од Софија, во содејство со Егзархијата,продолжил со членовите од неговото Братство тајно да дејствува против Организација одвнатре. Од поранешните приврзаници во внатрешноста биле формирани фракционерски комитети, од внатрешни врховисти. (М. Миноски, Ѓорче Петров..,74). [114] За Ѓорче Петров нивното влегување во Организацијата, претставувало „втерување на волкот в тр-ло“.(Спомени на Ѓорче, 107). [115] Устав, чл.11: „Секој околиски револуционерен реон си има  своја чета, со задачи на кои се определува со посебен Правилник“. [116] Ванчо Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје,2000, 408. [117] В. Стојчев, Воена историја..,408. [118] За тоа повеќе кај Крсте Битоски,Околу прашањето за вклучување  на на македонските социјалисти воМакедонската револуционерна организација, Прилози за Илинден  1876/1877, Крушево, 1978, 199-208. [119] Т.Петров – Б. Николов, Новооткрити правилници за четите на ВМОРО, изработени преди 1901 година, Исторически преглед, 3, Софи, 1988-71-84: М. Миноски, Ѓорче Петров, 76. [120] Правилник за четите на Таната  Македоно-Одринска Рев. Организаци (ДАРМ, М.320; Пра-вилник за формирање тајни чети во трите вилаети (Документи од Виенската архива за Македонија (Ред. Томо Томоски), Скопје, 1955, 90-111). Со правилнокот беа утврдени задачите на четите:
  1. Револуционернопропагандни и организациски: да ја шири револусонерната идеја и да ја обаснува целта на револуционерната борба, да формира месни организации во населените места кадешто немало такви, да организира избори за управниите тела.
  2. Егзекутивни задачи: да го заштитува суверенитетот на организационата територија од вооружени групи и чети. Да ги разоружува и протерува од организационата територија.
  3. Воени задачи: да го организира и да го помага месното население за самовооружување; да го обезбедува пренесувањето на оружето и другите борбени средства, да врши нивна рас-пределба и да го контролира нивното одржување, да спроведува редовна воена обука за членовите на Организацијата и обуга на борбеноспособното население за ракување со оружје, одржување воена дисциплина. Во воени услови, при востание , први да го кренат востаничкото знаме и да бидат ударната сила на востаничките единици, да го јакнат борбениот морал на востаничките борци во најтешките моменти за времен на борбите. Секој припадника на чета беше должен да биде пример, „образец за вистински народрн борец за слободата на таковината“.
[121] М. Миноски; Ѓорче Петров, 76. [122] М. Миноски, ВМРО од основање..,42-45. [123] Заснована на реалноста за внагрешната ситуација и меѓународната констелација, кога сите големи сили беа единствени за  зачувување на статус-квото на Балканот, следствено одржување на територијалниот интегритет на Османлиската држава, а соседните балкански држави Бугарија, Грција и Србија  настапуваа сѐ поагресивно за создавање  во Македонија на свери на свои интереси и подготвуваа нејзина поделба, само со една таква стратегија можеше  да се смета на успех на ослободително дело. [124] Оружјето, експлозивите и другите борбени средства  беа набавувани (купувани) од европските држави и пренесувани во Македонија преку тајните канали.на Организацијата. Во земјата беа организирани тајни работилници во с. Дедино (Радовишко), во с. Смрдеш (Костурско), како и во крајграничното с. Сабљар (Кустендилско) во Бугарија, за производство на куршуми, бомби и други експозивни направи. Во повеќе градови во Македонија имаш работилници за поправка на оручје, за изработа на опрема и облека. [125] Хр. Андонов-Полјански, Гоце Делчев, Скопје, 1982, 71. [126] На истото место, 72. [127] М. Пандевски: „Извршена од емисари на Б. Сарафов“. (Манол Пандевски, Илинденското востание во Македонија 1903 година, Скопје, 1978, 112. Според Магдермот: „Виновник за тоа бил еден човек (Милан Михајлов-б.н) кој пред тоа бил службеник на Врховниот комитет во Софија. ... Тој бил уапсен ина Турците им  дал целосни сведенија за членовите на ЦК (М. Магдермот, За свобода.., 57-58, бел. 21). [128] М. Миноски Ѓорче Петров..,90. [129] За тоа повеќе М. Миноски, Ѓорче Петров..,88-89. [130] Спомени на Ѓорче.., 107. [131] Според Манол пандевски тоа било договорено од Иван Хаџи Николов со Матов и Татарчев „по првите апсења“. (М. Пандевски, Илинденското востание..,114). [132] Гарванов: „На втората средба, кај воденицата на Латини, решивме да испратим на ВК во Софија пет бланка со печат за да им послужат како полномоштва на офицерите кои требаше да влезат во земјата за инструктори“. (Изъ македонското революционно движение.., 2; М. Миноски, Ѓорче Петров.., 93, бел.539). [133] Од Битола. [134] Ахил (Делчев , до окружните комитети): „Централниот комитет  е речиси целиот окован во вериги. Го-лемо растројство има таму (во Солун). Привремено секн реонда дејствува на своја одговорност, без да се оддалечува од основната програма, подоцна ќе добиете окружно со коешто ќе ви се даде поцелосно осветлување на сегашната положба на работите“. (Гоце Делчев.., преписка. 110). [135] Останува отворено прашањето зошто Делчев со Ѓорче Петров не спроведоа избор  на Централен комитет, туку го толерирале самопрогласениот Централен комитет на Иван Гарванов.  Спорд Ѓорче Петров за тоа се застапиле Матов, Татарчев и Хаџи Николов кои „го наговориле Дамета (во затвор) да му се предаде ЦК на Гарвнов и го задолжиле да ми пиши да ме убеди да го признаам  Гарванов. „Јас добив (во офија-ММ) такво писмо од Дамета во кое ми препорачуваше да бидам малку поотстаплив спрема Цончевистите, зошто после овие затворања, после оваа афера не ќе можеме да се бориме со нив, дека овие можат да аја разрушат Организацијата ако ја нападнат сега, кога ќе го признаеме Гарванов ќе омекне, ќе го обезоружиме да престане да се бори со нас.Затоа да сум го признаел Гарванов. ... Јас го разбрав само тос оти Груев паднал со духот.., дека се плашат од ВК тука и од Гарванов внатре, и уште, дека тој свикнал веќе со мислата дека брзо ќе се дигне  востание. Имаше веќе умствен и морален упадок кај Дамета. Причина за оваа појава се закоренетиот во него и во неговите другари поим дека во ЦК лежи сета сила на Организацијата,а не во нејзините единиц; ооколиските комитети и разните војводи и дејци во местата. Мтов и др. Тие си ја претставуваа организацијата како мрежа која., штом ќе се раскине по среде, ќе се растури – државнички пои. ...Јас гледав инаку, не ѝ го давав то значење на централизацијата.“ (Спомени на Ѓорче..., 107-108). [136] Ѓорче Петров: „Населението внатре го сметаа за невредно, неспособно да се бори, како што мислеше и стариот ВК“. (Спомени на Ѓорче..,93). [137] М. Магдермот: „Во Врховниот комитет тоа прашање било разгледано од дваесетина офицери меѓу нив Сарафов и Цончев, тајно, без знаење на претставниците бна Внатрешната организација. Договориле Македонија да биде поделена на 14 реони, секој под команда на офицер, а Цончев да мобилизира  доброволци од составот на резервните офицери“. (М. Магдемот, За свобода и съвр-шенство.., София , 1987, 53). [138] Р. Пасков, Борис Сарафов,.. 96. [139] Сарафов: „Тој (Делчев) велеше дека не ги признава тие работи, тоа решение на Солунскиот комитет, што било донесено во момент на  на неговото апсење. И навистина оние во Солун си помислиле дека пропаѓа сѐ кога ќе ги уапсат. Тие нѝ предлагаа да формираме еден подвижен ЦК, во чиј состав да бидам јас, Делчев и Ефрем Чучков“ (Спомени на И.Х. Николов ... Б. Сарафов..,150). [140] Ѓорче; „Ние отворено им кажавме дека оти сме ја разбрале тенденцијата, не го примаме тоа, ќе се бориме“. (Спомени наЃорче..,93). Делчев: Нема да допуштам офицер во Организацијата и во Комитетот (ЦК). Ако на чело застане Цончев и вие заминете во Македонија, ќе ве пречекаат бајонетите на Ор-ганизацијата“. (Спомени  наИ. Х. Николов .., Борис Сарафов.., Скопје, 1995, 150). Делчев (споре Димо Хаџи Димов): „Додека моето рамо крепи пушка, Македонија е не-достапна за бугарски офицер“. (Димо Хаџи Димов, Одбрани дела, Скопје, 1984, 206). [141] Сарафов: „Бидејќи Делчвв се спротивставуваше на тоа и постоеше такво расположение (тогаш под негово раковоство беа четите, тој беше назначен за инспектор на четите), од тоа не беше ништо“. (Спомени на И. Х. Николов.., Б. Сарафов.., 150). [142]Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност..,1,352-353. [143] М. Миноски, Ѓорче Петров.., 109, [144] Ѓорче: „Гарванов беше славољубив, да има востание во Македонија додека тој е на чело на ЦК“. (Спомени на Ѓорче, 122). [145] Од Кукуш. [146] Од Караагач, Болградско. [147] Из архивата баГоце Делчев .., Софи, 2003.532,534-535. [148] Раководителот на Стрмичкиот револуционерен округ Георги Варналиев-Македонски до Делчев  (во Костурско): „Од моево писмо кога ќе го добиете ќе видите дека има потреба да нѐ посетите  за да го потсредите нашиов реон“. (Из архивата на Гоце Делчев..,69). [149] Во Серескиот револуционерен округ бидејќи Правилникот за четите не бил добиен,а потребите налагале  измени во постоечкиот Правилник за четите од 1900 година, Сандански изработил проект Устав за четите во округот. (Т. Петров, Нелегалната армия на ТМОРО в Македония и Одринско 1899-1908, Софи, 1993, 11; В. Стојчев, Воена историја..,409). [150]  Нормативно беше уреден нивниот состав : постојани  чети (реонски, градски, селски, нивната улога, намена и задачи), чети за посебна намена „ревизорски“ односно инспекциски чети и селска милиција, активирана по потреба (од месниот комитет). [151] Од  500, а според други податоци од 1000  турски лири. [152] Во народната револуционерна песна за Делчев :„Малино  моме“ : ...да  идиш в гора зелена да посрешниш Дело војвода, да го видиш как ' си носи, как'  си носи знаме македонско и на знаме пиши: Смрт или слобода“. (Бл. Ристовски Македонскиот фолклор..,197) [153] Како во народната револуционерн песна  „Македонец тешко ранет“: „Море моме, Македонко, додај ми ја куса пушка, куса пушка малихера, додај ми го револверот. Револверот нагантови, ем додај ми две три бомби четврасти, па си оди понагоре, понагоре черни карпи, черни карпи, черни врвје, таму бајрак да развиеш: смрт ели слобода, смрт ели слобода за Македонија“. (На истот место, 191.) [154] Во народните реолуционерни песни  се гвори дека заветот се давал колективно и в црква. Во песната „Султано, ќерко Султано“ „Арсо војвода с' неговата верна дружина воф црква тија ќе јодат голема клетва да земат: гордо тие да се бијат за славна Македонија, знамето да го развијат“. (Бл. Ристовски, Македонскиот фолкло и Националната светст, 1987,189). [155] Заветот на на комитите да  не се жртвуваат, да не се предават е опеано во народните песни. Во народната песна „Предај, се бре, Василе“ (во с. Мирковци, Скопско), опколениот одговорил: „Дека се чуло, разбрало, Македонијо, комити да се предадат, комити да се предадат, Македонијо, на тија клети крв-ници!?.( Бл. Ристовски, Македонакиот  фолклор и националната свест, Скопје 1987, 181). Примерот  со опколената  четата на војводата Методи Патчев во Кадино Село.  На повикот за предавае: Ајде ми извика тој Методиј Патчев на своја верна дружина: -Дрште се , момчиња, клетва сме си дале живи да не се даваме! Дур се пушки здрави и куршуми има клети Турци истребујте.  ... Турски аскер паѓа-друг ми дофстасува, куршуми не втасаја; само еден куршун секој си оставиза своето машко срце. .. Осмина веќе мртви в кула легнаа, живи не се дадоја- клетва испонија, клетва за слобода за мачна Македонија. (На истото место,182-183). [156] При осветувањето на реонската чета во с. Велгоште, Охридско, игуменот на манастирот Св. Петка Анаста Темјанов кажал дека „ја осветувами ја благословува воскреснатат а Самоилова војска во лицето  на четниците“. (ЉубенЛапе, Снабдувањето на охриските револуционери со оружје, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 4, Скопје, 1951, 15). [157] Австроунгарскиот конзул во Битола Крал: „Како што имав чест да споменам во мојот извештај, востаничките чети се прилично горди и секогаш држат до тоа гласот за нивните дела да биде запазен за потомството. Многу настани се возвеличуваат во песни, народот ги воспева“. (Извештаи од 1903-1904 година на австриските претставници во Македонија, Скоје, 1955, 136. Извештај од 28 септември 1903 година). [158] М. Миноски, Ѓорче Петров, 117. [159] Малешевскиот војвода Трајчео Христов  на 21 (8) мај 1902 година известил: „Во Малеш има сто и триесет души врховисти. Тука се Дончо, Стефо, Пашалијата и малешевци. Значи тука е собрано сето генералско“. (Из архивата на Гоце Делчев.., 79). [160] М. Миноски, Ѓорче Петров, 121. [161] Иван Гарванов знаел, дури и ги замолил, со појаснување дека тој со членовите на ЦК биле без авторитет во Организацијата.Ѓорче: „Ми се чини оти ЦК-Гарванов и С-ие, знаејќи дека се нови луѓе  и со малку авторитет, нѐ замолија ние да го пратиме ова окружно. Гарванов беше решително птотив Цончево востание, макар да не беше далеку од идејата за востание (Спомени на Ѓорче..,116). Слављубивиот Гарванов во моментот бил против  предизвикување востание  од  Врховниот комитет затоа што подготвувал тој како претседател на ЦК да гене внатрешно востание). [162] Делчев-Петров: „Косата ни се крева од ужас кога си замислуваме, само од сликата нод оние краеви на нашата татковина кои би послужиле за полигон на едно избрано востание. Ако востанеме со празни раце само ќе им дадеме добар повод на Турците да се нафрлат на нас, да нѐ обессилат, да не уништат. ... Затоа што неколкумина лудаци тоа го посакале, затоа што  можеби на Фердинанд му паднало на памет да се пошегува со нас за да биде признат. ... Не браќа ние тоа нема да го дозволиме!“ (М. Миноски, Ѓорче Петров.., документи, 397). [163] Делчев-Петров: „Она што е познато само на многу млкумина од нас е тоа што се појавија наши сонародници во Бугарија и од овдека да се испречат на патот на Организацијата, кои сакаат за-пирање  на нејзиниот правиле од, кои сакаат и подготвуваат нејзино уништување“. (М. Миноски Ѓорче Петров.., документи..,395). [164] Делчев-Петров: „Тие за да го вовлечат простиот народ во својата крвава игра порачувале, а нивните луѓе лажеле, дека Русија и Бугарија ќе станат против Турција и ќе ни помогнат кога кај нас ќе пукне првата востаничка пушка“.  (М. Миноски, Ѓорче Петров.., документи, 396). [165] Делчев-Петров: „Оние смели апостоли на слободата кои се јавија први меѓу нас знаеја дека само во единството е силата, знаеја дека само со заеднички напори ние можеме да извојувам ечовечки права за себе си иза тие кои ќе не наследат. Тие затоа ни укажувааза на Кресненското востание  запример кога нашите браќа се кренаа со оружје враце без да ги прашаат другите дали се подготвени или не, дури и без претходно да ги известат најблиските до себе. ... Затоа тие укажуваа за пример на тоа необмислено, избрзано востание без никаков резултат“. (М. Миноски, Ѓорче Петров.., документи..,394-395.Ѓорче [166] Ѓорче Петров [167] Од Никола Малешевски, раководителот на пунктот во Дупница). [168] Из архивата на Гоце Делчев, 306. [169] Чернопеев (од Разлошко): „Насила влегоа во с. Лешко, ги пофаќаа селаните и ги присилија да фомираат нешто како комитет. Не можевме да ги нападнеме затоа што држеа како заложници секогаш по 20-30 селани“ (Из архивата бна Гоце Делчев.., 88-89. Писмо од 31 (18) јули 1902 година. [170] Лазаров (од Горна Џумаја) до Делчев, на 20(7) септември: „Во нашиот реон се сите врховистички чети: Саев, Мурџев, Ризо, Стојанов, Пашалијата. Во Мелничко речиси нема трага од врховистите. Јане ги изгонил“. (Из архивата на Гоце..,94). [171] Во Солун се одржал  конгрес, од 14 (1) – 18 (5) сепември  (набргу по пристигнувањето во Солун од заточени амнестираните легални членоови на ЦК: Христо Матов, Христо Татарчев, Пере Тошев, Петар Поп Арсов, а подоцна и Дамјан Груев) на којшто се легализирал  саморпогласениот ЦК на Гарванов. (Из архивата на Гоце.., 17). [172] Капетанот Александар Протогеров кој не би учесник  за „востанието“ во писмото  од  19 (6) де-кември  до генералот Иван Цончев, пишува: „Востанието се водеше без претходен план, дејству-вавме сосема непромислено ... непромислено собравме луѓе од улица и деца за востаници, затоа малку можеше да се смета на нив, голем дел избега“. (В.Георгиев-Ст. Трифонов; История на бъл-гарите 1878-1944  в документи, I(1878-1912), София, 1996, 396). [173] В. Георгиев – Ст. Трифонов, Македоја.., нови документи, 121. [174] На окружните конгреси на Организацијата  по Илинденското востание  се водела расправа  и биле осу-дени за нивното поведение пред, за време и непосредно по востанието. На Прилепскиот окружен конгрес на Битолскиот револуционерен округ, во мај 1904 година, бил обвинет од Ѓорче Петров дека тој бил одговорен за последиците од кревањето на масовно востание во Округот. Виновен што не постапил според барањето на Делчев на нивната средба во Солун во април 1903 година да не се крева масовно востание. (М. Миноски, Пере Тошев, 114). [175] ВК: „Дојде време кога татковината ги повикува сите свои синови на помош. Борбата е започната и треба да се доведе до крај“. (В. Георгиев-Ст. Трифонов, Историја на балгарите в документи..,I,2, 399). [176] Ѓорче: „Ги сондирал Лозанчев во Битола и Дамета. ... Лозанчев бил повикан во Солу, како претставник на Битолско, формално да се советуваат за ова прашање. Го раширил својот круг на сондажа во Битолско, особено во Костурско“. (Спомени на Ѓорче.., 123). [177] Спомени на Ѓорче.., 123. [178] Ѓорче: „Ја сакаа нашата согласност, а не мнение. Имаше и приватни писма од Лозанчев до некои од нас во кои што се велеше: кој не е согласен со востание, тој е предавник“. (Спомени на Ѓорче.., 124). [179] М. Миноски Ѓорче Петров..,138-139. [180] Гоце Делчев, документација.., 166; М. Миноски, Ѓорче Петров.., 139. [181] Сарафов: „Имаше две мислења: Еднто на Матов  и компанија дека треба да се крене востание.  Другото: Делчев, јас и Ѓорче и воопшто мнозинството беше  против масовно востание, само поголема активност на четите. Собирот официјално реше да му се соопшти на Гарванов дека не се за востание“. Гоце Делчев, документација.., 166). [182] На делегатите демонстративно им претставил  печатени повици од Врховниот комитет за востание и заплашувал дека ако Организацијата не кренела востание , вооружените чети на Комитетот биле под-готвени да влезат во Македонија за да предизвикаат востание. [183] Писмо од 20 јануари 1903: „Луѓето се занесени од суетни надежи за скорешно ослободување во едно автономно кнежевство. (ДАРМ, М. 233, АМАЕ, ф. Грција. Извештај на францускиот воен аташе од 6 април 1903 год.). [184] „На двајца убијци Хаљо и Иванчо Карасулијата им била дадена задача да го убијат  Гоце Делчев, а на селани да го отрујат“. (Историја на македонскиот народ, кн.втора, Скопје, 1969, 221). [185] ННеуспешни предавства на Делчев имало  организирани од Софија имало и  порно. Бугарскиот агент Шопов во октомври 1897 година за тоа пишува  за шпионства  Од Солун и „од Софија“. (ЦДИА, ф. 176, оп.1, а.е. 1084,л.24). [186] Од Даме го добил „последниот удар на разочарување“. (Спомени на Ѓорче..,133). [187] Запредавството и  загинувањето на Делчев повеќе: М. Миноски, Прилог  кон прашањето за постоење организирано предавство за ликвидирање на Гоце Делчев при неговото загинување на 4 мај 1903 година во С. Баниц, Прилози на МНУ, XXXI,2, Скопје, 2000,71-93. [188] Антонъ Страшимировъ, Апостолъ  на свободата (Гоце Делчевъ), Солунъ, 1909, според Блаже Ристовски, Македонскиот фолклор и националната свест, Скопје, 1987,223. Истиот по загинувањето на Делчев напишал : „Делчев е легендарен во Македонија. Тој е толку заслужен и толку популарен сред народот што робот го воспева во песни“,  Гоце Делчевъ, сп. „Бунтовникъ“, I,3, София, 1903,11; „Народот од четирите краишта на Македонија веќе одамна му пееше и му пее песни“, А  Страшимиров, Гоце Делчевъ (1870-1903 г.), „Демо-кратические прегледъ“, I, 17, София, 17.V 1903, 330. Сп. „Македонија“: „Славатакако виор му се пренесе по сите катчиња на бла-гословена  Македонија и проникна до најбедната куќарка“, „Македония“, I, 3, София, май, 1903, 8-9. Види и: Блаже Ристовски, Македонски револуционерни народни песни за Гоце Делчев, Јордан пиперката и Питу Гули, Ин-ститут за фолклор, кн.1, Скопје, 1974, 136-148; Димче Најчески, Ликот на Гоце Делчев во македонската народна песна, сп. „Македонски фолклор,“ I, 1, 115; Танас Вражиновски, Гоце Делчев во споменот на народот, Институт за фолклор, Библиотека на списанието, 2, Скопје, 1973. [189] Егзархисти и патријаршисти. [190] Како во песната за Делчев „Абре, ќумурџиче, ти, младо момче“ посветена на Делчев:  „Дали си го видел јунакот Делчев?- Абре  вие Турци, клети  јаничари, и да сум го видел - нема да го кажам: јас сум Македонец, Македонец ќе си умрам! (Бл. Ристовски, Македонскиот фолклор.., 197).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-apostolot-na-revolucionerna-makedonija-zivot-i-delo-1/feed/ 0