фени индустри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 May 2018 16:53:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фени индустри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Палитов: Ова е оркестрирана хајка- извештаите покажуваат каде се трошени парите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/palitov-ova-e-orkestrirana-hajka-izveshtaite-pokazuvaat-kade-se-trosheni-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/palitov-ova-e-orkestrirana-hajka-izveshtaite-pokazuvaat-kade-se-trosheni-parite/#respond Sat, 05 May 2018 16:53:31 +0000 https://kurir.mk/?p=50410

Ова е оркестрирана хајка против мене. Во сето ова главна улога играат технички директор, Ванчо Филков и менаџерот на администрацијата, Борка Петровска, вели за Курир разрешениот претседател на Синдикалната организација на „Фени Индустри“, Ѓорѓи Палитов. Посочува дека лично би се заложил еден од нив да биде претседател на Синдикатот, бидејќи како што вели, двајцата подобро знаат како треба да функционира синдикалната организација, отколку самата фирма во која двајцата се главни менаџери. Палитков вели дека Филков и Петровска веќе подолго време вршеле притисок и им се заканувале на вработените. -Тие двајца веќе подолго време со закани, притисок, мобинг и отказ од работа се закануваат по вработените. Успеале последниот месец по најмалку 5 пати на секој член од Собранието на синдикалната организација што претпоставувале дека се блиски со мене да им се заканат и да им кажат дека ако гласаат за мене ќе им биде даден отказ од работа, појаснува Палитков. -Ванчо Филков и без покана за учество на Собранието на синдикалната организација и по моја напомена дека не треба да биде присутен на синдикалното Собрание, без свест и човечко разбирање сепак остана до крај и пратеше кој како ќе се однесува во целиот тек на моето излагање према вработените во Собранието. По самите извештаи се гледа на што се трошени парите, дека никогаш во минатото не се носело посебни одлуки за трошење за овие средства туку една генерална на почетокот. Дека во однос на правење договор за дрва секогаш се одело со најефтината понуда, а за тоа што не е исполнет договорот од таа компанија имам поведено кривична пријава против тие лица. За позајмицата беа известени сите членови на одборот затоа што мораше да се снајдеме со пари додека се чека разрешница од судскиот спор со Прилепската компанија и тоа го направив за да ги спасам луѓето да имаат дрва за зимскиот период. Но и покрај тоа се злоупотребува само за да си ги исполнат своите цели луѓето од ГСОЛ (старо Кунико) и да се обогатат на туѓите маки. За жал вработените не го препознаа овој криминал и се уште молчат и работат за минимални услови во тешка металургија, каква што е Фени, објаснува Палитков. Тој обвинува дека стечајниот работник работи по директива на менаџерите на Еуроникел, додавајќи дека тој им се спротивставувал во стечајната постапка бидејќи, како што вели, се обидуваат да го земат Фени без да ги платат сите долгови и да продолжат да го крадат како што тоа го правеле од 2005. до 2016. година. -Пред 2 месеци дури бев и физички нападнат од нивни поддржувачи, а случајот го пријавив во полиција. Исто така, доказ за тоа е и присуството на техничкиот директор на Фени, Ванчо Филков на синдикалното собрание кој воедно е во сватовска врска со директорот на Еуроникел Герасим Кујунџиев . Тие се обидоа пред само 30 дена да ме сменат од позицијата претседател но неуспеаа, па сега со помош на СИЕР измислуваат некакви измами, вели Палитов. Потенцира дека целото сценарио е лошо направено, бидејќи според него, јасно се гледа од извештајот каде се трошени парите од синдикатот. Вели дека парите се трошени за набавка на дрва и аванси на работниците. - Мене ме обвинуваат дека немало одлуки, меѓутоа давањето на аванси отсекогаш одело без одлуки и со предходните раководства, а за дадение средства Одборот секогаш бил запознаен и точно се знае на кои вработени се дадени аванси. Уредно стои во извештајот дека парите секогаш се давани преку сметка, што значи дека не може да стане збор за никаков криминал и се знае на кого се платени. Случајот ќе се разреши на суд, а за сите игри кои се играат во Фени со влегувањето на старо-новиот менаџерски тим јавноста ќе биде во целост запозната во наредните денови, посочува Палитов. Тврди дека нема ниту направено ниту една проневера и сите обвинувања имаат за цел тој да биде сменет од позицијата претседател на Синдикатот, бидејќи не се согласува со начинот на издавање на Фени под закуп, водењето на стечајната постапка. Вели дека платите на вработените се ниски, а производството тече. -Едноставно кажано не сум нивен послушник. Кај работниците во Фени незадоволството е огромно, но поради притисоците од закупувачот Еуроникел се плашат отворено да зборуваат поради страв за нивните работни места. Една анонимна анкета кај вработените би го потврдила цело ова мое тврдење, вели Палитов. Синдикатот на Фени Индустри го разреши од функцијата. На негово место е назначен Душко Николовски кој добил обврска во рок од еден месец да организира нови синдикални избори на кои низ транспарентна постапка вработените треба да одберат лидер кој ќе ги застапува нивните вистински интереси. Како што пишуваат дел од медиумите, Палитов е разрешен на барање на вработените по бројните забелешки дека делува како продолжена рака на раководството кое ја доведе фабриката до стечај и се залагаше Фени да го добие бугарската компанија Енекод.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/palitov-ova-e-orkestrirana-hajka-izveshtaite-pokazuvaat-kade-se-trosheni-parite/feed/ 0
Анастасиевски: Стечајната постапка на Фени Индустри АД согласно законските прописи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anastasievski-stechajnata-postapka-na-feni-industri-ad-soglasno-zakonskite-propisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anastasievski-stechajnata-postapka-na-feni-industri-ad-soglasno-zakonskite-propisi/#respond Wed, 25 Apr 2018 16:28:58 +0000 https://kurir.mk/?p=46104

 Стечајната постапка на Фени Индустри АД - во стечај, е согласно законските прописи, вели во писмениот допис до медиумите стечаен управник на Фени Индустри АД, Мирослав Анастасиевски.- Во врска со наводите изнесени на прес-конференцијата од страна на Слаѓана Тасева, сакам да ја информирам јавноста, дека тие се неосновани во целост. Стечајната постапка на Фени Индустри АД - во стечај, е согласно законските прописи, вели Анастасиевски. Во однос на транспарентноста, како што додава, целата македонска јавност редовно е информирана и го следи процесот постојано. - Транспарентноста во стечајната постапка се огледува во редовното информирање на доверителите, согласно законските одредби. Сакам да потенцирам дека во целост е заштитен имотот на должникот, а со тоа и правата на доверителите во стечајната постапка, се наведува во соопштението. Во однос на наводите за Огласот и склучениот договор, Анастасиевски, истакнува дека истиот оглас е објавен најтранспарентно во меѓународниот Financial Times и домашни медиуми. Анастасиевски ги повикува ТИМ да користат веродостојни податоци и да посветат внимание на причините за отворање на стечајна постапка на Фени Индустри АД Кавадарци.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anastasievski-stechajnata-postapka-na-feni-industri-ad-soglasno-zakonskite-propisi/feed/ 0
ЕуроНикел: Почна исплатата на доверителите во ФЕНИ Индустри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euronikel-pochna-isplatata-na-doveritelite-vo-feni-industri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euronikel-pochna-isplatata-na-doveritelite-vo-feni-industri/#respond Fri, 16 Mar 2018 14:57:02 +0000 http://kurir.mk/?p=30543

Повеќе од 100 доверители на ФЕНИ Индустри се во процес на исплата, договорите се потпишани и веќе се направени првите исплати, а последните преостанати доверители се во процес на поднесување на нивните барања до ЕуроНикел, велат од компанијата која стопанисува со комбинатот. - Откако ЕуроНикел ги рестартираше производните капацитети и успешно започна со производството во фабриката, сега презема стратешки, долгорочни, инвестициски чекори за стабилноста, растот и развојот на компанијата. Со ова, ЕуроНикел продолжува на патот кон побрз излез на ФЕНИ од стечајот преку организирано реструктуирање, порачуваат од ЕуроНикел. Македонски директор на ЕуроНикел Герасим Кујунџиев е задоволен што го потпишале договорот со банките и другите доверители, со што, како што посочува, се потврдува нивната посветеност и сериозни и долгорочни планови како инвеститор во комбинатот. - Досега подготвивме повеќе од сто договори со доверителите, а со останатите секојдневно сме во комуникација, со цел да ги забрзаме нивните исплати. Нашиот главен приоритет е комплетирање на побарувањата на кредиторите и излезот на ФЕНИ од стечајниот процес, изјави Кујунџиев. Целта на ГСОЛ и ЕуроНикел, порачува Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на ЕуроНикел, е да се искористат сите знаења и експертиза, што ги поседуваат како признаен и искусен инвеститор во металната индустрија, како и со финансиските ресурси и оперативниот капацитет, да го потврдат статусот на ФЕНИ како стратешки производител во земјата и како лидер во индустријата на фероникел во Европа и пошироко. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/euronikel-pochna-isplatata-na-doveritelite-vo-feni-industri/feed/ 0
Доверители на „Фени” и денеска протестираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doveriteli-na-feni-i-deneska-protestiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doveriteli-na-feni-i-deneska-protestiraat/#respond Fri, 09 Mar 2018 14:08:15 +0000 http://kurir.mk/?p=28693

Доверители на „Фени” и денеска протестираат, барајќи да им бидат исплатени побарувањата. До 16 часот ќе биде блокиран патот од Кавадарци кон Дреново. Реџеп Елмаслари од Платиниум АЛБ- Тирана, рече дека дошле од Албанија на протестот. - Нашата фирма го снабдуваше „Фени” со руда. Од јули минатата година ни ги немаат исплатено нашите побарувања. Нашата фирма ги има платено сите побарувања од државата, ги плаќавме работниците, а сега не можеме да си ги наплатиме нашите побарувања, изјави тој информирајќи дека ќе продолжат со протести и на територијата на Албанија. Рече дека за ова го известилеМинистерството за индустрија и за транспорт и премиерот Еди Рама. - Ќе го блокираме граничниот премин Ќафасан, нема да дозволиме ниту еден камин со македонски регистарски ознаки да влезе или излезе, нагласи тој во изјава за медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doveriteli-na-feni-i-deneska-protestiraat/feed/ 0
Блокада на патот Кавадарци-Дреново, доверители на „Фени” на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokada-na-patot-kavadarci-drenovo-doveriteli-na-feni-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokada-na-patot-kavadarci-drenovo-doveriteli-na-feni-na-protest/#respond Mon, 05 Mar 2018 13:41:10 +0000 http://kurir.mk/?p=27588

Блокада на патот Кавадарци-Дреново, поставија денеска доверители на „Фени”, кои преку мирен протест го изразија незадоволството поради неисплатени побарувања од страна на комбинатот. Томе Ангелов, директор на компанијата „Ролис ГМ“, појасни дека тие во изминатиот период имале задача да ја снабдуваат фабриката со основниот репроматеријал, руда. Три компании се одлучиле на протест поради неисплатен долг од осум милиони евра. Преговори имало, но резултати не. - Има некое селективно решавање на проблемите. Тоа е добро, но ние сакаме нашиот проблем да биде решен. Слушнавме во јавноста дека има една компанија од Бугарија заинтересирана за 100 отсто откуп на акциите од доверителите и дополнителни 30 милиони евра дополнителна инвестиција. Тоа ни дава надеж за подолг век на фабриката. Со оглед дека во моментот една странска компанија ја работи фабриката под наем, се надеваме дека и тие имаат исти намери, затоа бараме од стечајниот управник што побрзо да ја забрза постапката и да се огласи јавно наддавање за идниот сопственик на фабриката. Во еден транспарентен начин нека се одлучи кој ќе биде, нагласи тој, додавајќи дека нивна цел е да ги добијат средствата кои ги побаруваат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokada-na-patot-kavadarci-drenovo-doveriteli-na-feni-na-protest/feed/ 0
Транспортерите од „Фени” не постигнале договор со претставниците на „Џи Сол” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-od-feni-ne-postignale-dogovor-so-pretstavnicite-na-dzi-sol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-od-feni-ne-postignale-dogovor-so-pretstavnicite-na-dzi-sol/#respond Wed, 21 Feb 2018 16:26:35 +0000 http://kurir.mk/?p=23732

Транспортерите изјавија дека не постигнале договор со претставниците на „Џи Сол“ околу барањата кои ги имаат. Имено, транспортерите од здружението „Кипер“ кои побаруваат околу 4 милиони евра од Фени велат дека претставниците на „Џи Сол“ не го одржале нивното ветување дека долгот ќе им биде вратен целосно туку дека им понудиле дел да им биде исплатен сега а дел потоа на рати. - Претставниците на „Џи Сол” не го одржаа своето ветување дека ќе го вратат долгот на транспортерите кои го имаат пријавено како побарување во стечајната постапка за „Фени”, преку „Нова логистик” Кавадарци. На вчерашниот состанок со вицепремиерот Анѓушев беше договорено да не исплатат во целост, а не како што кажаа денес на состанокот, да платат дел, а другиот дел на некои рати. Ние не се согласуваме на тоа и нема ништо од тој договор. Утре ќе имаме пак состанок и од понеделник ќе продолжиме со блокади. Вицепремиерот им кажа ако немате пари да исплатите на транспортерите да си одите дома, има други фирми кои сакаат да го купат „Фени”, нагласи Трајче Пејовски, претседател на Здружението. Транспортерите велат додека не им се исплати целосно долгот нема да престанат со блокади и протести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-od-feni-ne-postignale-dogovor-so-pretstavnicite-na-dzi-sol/feed/ 0
Вработените на „Фени Индустри“ се против закуп на комбинатот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-na-feni-industri-se-protiv-zakup-na-kombinatot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-na-feni-industri-se-protiv-zakup-na-kombinatot/#respond Mon, 29 Jan 2018 13:29:13 +0000 http://kurir.mk/?p=15970

Синдикатот на вработени на ФЕНИ предводен од Ѓоре Палитов се противи на одлуката за издавање на фабриката под наем затоа што со тоа нема никаква иднина за вработените, а закупецот може во секој момент да си оди затоа што не платил ниту денар за фабриката, ниту има некаква инвестиција во неа. Тој рече дека нема да дозволат некој да прави краткорочни профити без да инвестира и без да се знае судбината на сите вработени и на побарувањата на сите доверители. „Стечајот треба да заврши во најкраток рок, како и што ни беше ветено, независно дали Апелација ќе ја врати фабриката во предстечајна постапка или преку реорганизација“, апелираше Палитов. Првиот синдикалец на ФЕНИ посочува и дека трпи медиумски притисок со закани и уцени, им порача да се појават јавно и да не се кријат, затоа што, како што нагласи, ќе им следи и кривична пријава бидејќи се залагал за ошто добро во најтешкиот период за комбинатот и немал никаква лична корист за некого да фаворизира или критикува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-na-feni-industri-se-protiv-zakup-na-kombinatot/feed/ 0