фени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Sep 2022 06:56:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФЕНИ денес ги гаси печките, вработените на принуден одмор поради скапата струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/feni-denes-gi-gasi-pechkite-vrabotenite-na-prinuden-odmor-poradi-skapata-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/feni-denes-gi-gasi-pechkite-vrabotenite-na-prinuden-odmor-poradi-skapata-struja/#respond Fri, 30 Sep 2022 06:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=739332

ЕУРОНИКЕЛ (поранешно ФЕНИ) од денеска ги гасне печките и ќе го прекине производството. Вчера се одржал состанок на менаџерскиот тим, на кој се донела одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до денес до 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски вчера соопшти дека ФЕНИ, односно „Еуроникел индустри“ ја гаси печката која три месеци се одржувала на енергетски минимум поради скапата струја. Од компанијата за „Фокус” потврдија дека е точно, но и дека од средината на септември и работниците им се испратени на принуден платен одмор. -Бидејќи долгорочно одржување на електро-печката во топла состојба не е препорачливо од техничка гледна точка и носи техничко-технолошки ризици, а во исто време се трошат огромни средства, а притоа не се генерираат никакви приходи, одлучивме плански да го стопираме напојувањето и сите ресурси да ги насочиме кон енергетски проекти кои имаат за цел да обезбедат електрична енергија за продолжување на производниот процес. Во меѓувреме, превземени се сите соодветни мерки, доколку дојде до поволна промена на пазарот на електрична енергија, или пак се обезбеди електрична енергија од страна на државата, по субвенционирана цена, подготвени сме во најкраток рок да го рестартираме процесот, одговорија од компанијата Еуроникел. Инаку Еуроникели Индустри е најголем поединечен потрошувач на електрична енергија во државата, а струјата има најголем удел во производниот трошок. Еуроникел односно комбинатот во Кавадарци е втор најголем извозник и има еден од најголемите удели во Бруто домашниот производ на државата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/feni-denes-gi-gasi-pechkite-vrabotenite-na-prinuden-odmor-poradi-skapata-struja/feed/ 0
Вработените во Фени: Да се стави крај на стечајот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-vo-feni-da-se-stavi-kraj-na-stechajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-vo-feni-da-se-stavi-kraj-na-stechajot/#respond Thu, 29 Nov 2018 11:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=133567

Да се стави крај на стечајот на ФЕНИ. Доста ни е неизвесност и несигурност. Не можеме да тргнеме напред се додека не излеземе од стечајот. Зошто непотребно се пролонгира стечајната постапка, се дел од пораките и барањата што вработени на ФЕНИ ги испраќаат до судот и надлежните органи. Неодамнешната одлука на судот за враќање на планот за реорганизација поднесен од ГСОЛ/ Еуроникел, а изгласан и потврден од 98 отсто од доверителите, предизвика големо разочарување кај вработени кои постојано се во исчекување на конечно решавање на нивната состојба и иднина. Затоа, непосредно пред новото рочиште во велешкиот суд, тие бараат да се стави крај на стечајот, да може ФЕНИ да работи во полн капацитет и со тоа да се подобри и нивниот статус. „И покрај тоа што редовно земаме плата, сепак не се чувствуваме ослободени од неизвесноста а како резултат на стечајната постапка којашто непотребно се пролонгира и покрај кристално чистата ситуација. Посебно кога знаеме дека секакво пролонгирање е на штета по нас вработените, а и за самата компанија. Затоа, бараме од Судот и од надлежните органи што поскоро да се заврши стечајната постапка и оваа неизвесност за нашата иднина. Бараме сигурност и трајно вработување и нема да дозволиме ова измачување да продолжи и некој да си поигрува со нашите животи“, вели Трипче Силев вработен во ФЕНИ индустри. Работниците велат дека состојбата е далеку подобра од пред стечајот, но сепак стечајната постапка спречува за повисока плата и трајно вработување. „Работиме нормално и со нормално производство, плата се зема редовно а се исплаќа и К15. Единствен проблем ни претставува стечајот, имаме договори месец за месец, неизвесноста се одразува и на нас, никој не знае што ќе биде. Не е јасно зошто се одолговлекува толку долго кога новиот инвеститор ги има подмирено сите долгови кон вработените и доверителите. После излегување од стечајот за нас ќе следи трајно вработување и зголемување на платите, иако сега се далеку подобри од порано. Заради статусот ‘во стечај’ не може да се склучат долгорочни договори со соработниците и со тоа да се добие подобра цена. Се на се, стечајот лошо и негативно се одразува на се и сите поврзани со фабриката“, вели Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација на ФЕНИ индустри. „Работата и платите се нормализирани, но заради продолжувањето на стечајната постапка не можеме да тргнеме напред. Се сè одвива нормално, а нас не ни е јасно зошто стечајот толку се пролонгира. Се надеваме дека оваа неизвесност конечно ќе заврши и судот ќе го прифати планот за реорганизација, за да може да работиме со полна пареа“, вели Душко Јорданов, вработен во ФЕНИ. За синдикалната организација на ФЕНИ, одлуката на Апелацискиот суд да го врати планот назад во судот во Велес претставува играње со судбината на 800 вработени и со нивните семејства и загрозување на нивната егзистенција. „Во изминативе месеци, откако се појави новиот инвеститор, ГСОЛ, сите наши барања поврзани со вработените во Фени се исполнети, сите вработени се задржани на работа и редовно земаат плата. Тоа значеше дека стечајната постапка е успешна, фабриката рестартирана и немаше потреба целата постапка да почне одново. Најголемиот доверител во ФЕНИ, ГСОЛ, односно нивната компанија во Македонија, Еуроникел овозможи комбинатот да продолжи со работа. Редовно комуницираме и договараме конкретни чекори како да се постигне колективен договор и понатаму да се подобруваат работните услови и бенефиции. Единствена пречка во исполнување на овие барања, што се реткост некоја компанија во Македонија да ги има имплементирано, е се уште активниот стечај. Со излегувањето и официјално од стечајот, за нас се отвара можност заеднички да ги решаваме барањата со инвеститорот“, велат од синдикатот на ФЕНИ. Случајот на ФЕНИ индустри според многумина е издвоен како позитивна стечајна приказна затоа што штетата по работниците беше минимална, а истовремено се одвива производниот процес. Такво е мислењето и на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството– СИЕР. „Без оглед на сите проблеми, случајот на ФЕНИ мора да се издвои како најпозитивен споредено со сите други, бидејќи постапката се спроведе релативно брзо, без големи последици, а работниците останаа цело време на работа, редовно остваруваа приходи, ги наплатија сите неисплатени побарувања, така што штетата по нив беше навистина минимална. Работниците со нетрпение очекуваат да го заменат статусот на стечаен работник со редовен работен однос, тие не се чувствуваат ослободени од неизвесноста заради стечајната постапка којашто непотребно се пролонгира и покрај толку чиста ситуација. Нејасно е зошто е пролонгирањето кога знаеме дека секакво пролонгирање е на штета на работниците и на фабриката“, вели Маре Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrabotenite-vo-feni-da-se-stavi-kraj-na-stechajot/feed/ 0
Доверители на „Фени” и денеска протестираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doveriteli-na-feni-i-deneska-protestiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doveriteli-na-feni-i-deneska-protestiraat/#respond Fri, 09 Mar 2018 14:08:15 +0000 http://kurir.mk/?p=28693

Доверители на „Фени” и денеска протестираат, барајќи да им бидат исплатени побарувањата. До 16 часот ќе биде блокиран патот од Кавадарци кон Дреново. Реџеп Елмаслари од Платиниум АЛБ- Тирана, рече дека дошле од Албанија на протестот. - Нашата фирма го снабдуваше „Фени” со руда. Од јули минатата година ни ги немаат исплатено нашите побарувања. Нашата фирма ги има платено сите побарувања од државата, ги плаќавме работниците, а сега не можеме да си ги наплатиме нашите побарувања, изјави тој информирајќи дека ќе продолжат со протести и на територијата на Албанија. Рече дека за ова го известилеМинистерството за индустрија и за транспорт и премиерот Еди Рама. - Ќе го блокираме граничниот премин Ќафасан, нема да дозволиме ниту еден камин со македонски регистарски ознаки да влезе или излезе, нагласи тој во изјава за медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doveriteli-na-feni-i-deneska-protestiraat/feed/ 0
Транспортерите на „Фени” го блокираа патот Кавадарци-Дреново https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-feni-go-blokiraa-patot-kavadarci-drenovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-feni-go-blokiraa-patot-kavadarci-drenovo/#respond Thu, 01 Mar 2018 12:45:21 +0000 http://kurir.mk/?p=26243

Транспортери на руда за „Фени” денеска повторно излегоа на протест поради неисплатени побарувања од страна на комбинатот, во висина од околу четири милиони евра. Целосно е блокиран патот од Кавадарци кон Дреново. Трајче Пејовски, претседател на Здружението „Кипер”, појасни дека не го прифаќаат минатонеделниот предлог од „Џи Сол” сега да им биде исплатена половина од сумата, а остатокот на рати. - Ќе бидеме тука се додека не се исполнат нашите барања, исплата во целост на долгот. „Фени” ќе биде блокиран 24 часа и нема да биде пропуштено ниедно возило, работниците ќе бидат пропуштени без проблем, фабриката мора да работи и ние не сме против неа, туку си ги бараме нашите  права, нагласи Пејовски. Тој појасни дека викендов имале и понуда половина од парите да ја добијат сега, а остатокот после една година. Но и тоа не било прифатливо за нив. Целосната блокада ќе трае до 15 часот. Во меѓувреме, се пропуштаат итните случаеви. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-feni-go-blokiraa-patot-kavadarci-drenovo/feed/ 0
Вработените во Фени: Нема да дозволиме да влезе закупец кој нема да инвестира! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-feni-nema-da-dozvolime-da-vleze-zakupec-koj-nema-da-investira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-feni-nema-da-dozvolime-da-vleze-zakupec-koj-nema-da-investira/#respond Mon, 29 Jan 2018 11:59:09 +0000 http://kurir.mk/?p=15909

Против закуп на „Фени“ се вработени во комбинатот, Синдикалната организација, доверители и транспортери. Нивниот став денеска го изнесе Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот. Тие, како што кажа, рекле дека ќе се противат со сите можни мерки зашто сметале дека има заинтересирани инвеститори со план за реорганизација и плаќање на долгот кон доверителите. – Нема да дозволиме да влезе закупец кој нема да инвестира во фабриката, кој ќе плаќа само закупнина и во секој момент ќе може да ја напушти фабриката. Со тоа ќе се изгубат заинтересираните инвеститори, а не е позната и иднината на вработените. Со закупот постои страв дека ќе се избркаат заинтересираните инвеститори, а може да се земе фабриката без пари, децидни биле револтираните. Нема да дозволиме, додале, за 100 илјади евра месечно да се заработуваат 1,5 милиони евра месечно со моменталната цена на никелот. Со закупот, според нив, ќе се одложело плаќањето на долговите кон доверителите, а за кое време, не се знаело. Консултирале правни експерти и тие им рекле дека давањето под закуп било незаконско, особено заради одлука на одбор на доверители во кој членови биле банките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-feni-nema-da-dozvolime-da-vleze-zakupec-koj-nema-da-investira/feed/ 0