Фергусон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jul 2020 16:47:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фергусон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Солскјер: На вистински пат сме да играме како порано под Фергусон https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-na-vistinski-pat-sme-da-igrame-kako-porano-pod-ferguson/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-na-vistinski-pat-sme-da-igrame-kako-porano-pod-ferguson/#respond Wed, 15 Jul 2020 16:47:45 +0000 https://kurir.mk/?p=376546

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека тимот што тој го води е на пат на некогашниот кој играше под Сер Алекс Фергусон и кој се одликуваше со напаѓачка и ефикасна игра. Јунајтед се бори за место во ЛШ и е непоразен на 18 натпревари во низа во сите натпреварувања, а во таа серија постигна вкупно 48 гола. Исто така, напаѓачкото трио составено од Антони Марсиал, Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд, постигна 58 голови оваа сезона. Првите двајца постигнаа 21 погодок секој, Гринвуд 16 и доколку 18-годишниот напаѓач постигне најмалку уште четири гола, клубот ќе има дури тројца играчи со 20 или повеќе голови во една сезона за прв пат по 55 години. Јунајтед ќе биде домаќин на Кристал Палас во 36-тата рунда од Премиер лигата во четврток во 21.15 часот, а на прашањето дали неговиот тим е близу да биде како претходните предводени од Алекс Фергусон, Солскјер рече дека се на вистинскиот пат. – Не е на мене да го кажам тоа, но игравме добар фудбал оваа сезона, во кој можеше да се ужива. Имаме привилегија да го претставуваме овој одличен клуб. Постојат одредени очекувања за тоа како треба да играме и мислам дека се приближуваме до тој тип на тим, вели Норвежанецот. Екипата на Солскјер загуби од Кристал Палас во август на „Олд Трафорд“ со гол на Ван Анхолт во 90-тата минута. Сега тие имаат натпревар во Лондон. – Беше чуден резултат. Не верувам дека такво нешто ќе се случи повторно ако бевме во можност да го повториме натпреварот. Наидовме на долг пат оваа сезона, се разбира дека е разочарување кога примате гол во последниот напад како што беше против Саутемптон во понеделникот, но јас сум многу задоволен од развојот на тимот. Овие мали чекори назад се всушност тест за нашиот менталитет. Мораме да веруваме во себе. Имаме одлични резултати од враќањето на првенството и добра серија. Ние сме во клуб каде сè е клучно до последните натпревари во сезоната, додаде Солскер. Норвежанецот има проблем со позицијата лев бек, затоа што Лук Шо и заменикот Брендон Вилијамс беа повредени против Саутемптон. – Лук има отечен глужд, ќе му дадеме онолку време колку што треба за да се опорави. Брендан има исеченица над окото, па не знам. Тие не тренираа утрово, ниту вчера, ќе им дадеме време да се опорават, вели стручњаот и најави можни измени во стартните 11. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-na-vistinski-pat-sme-da-igrame-kako-porano-pod-ferguson/feed/ 0
Фергусон против идејата за европска Суперлига https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ferguson-protiv-idejata-za-evropska-superliga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ferguson-protiv-idejata-za-evropska-superliga/#respond Fri, 13 Dec 2019 19:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=277323

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон остро се спротивстави на создавање на европска Суперлига. Како што е познато, пред неколку дена се појавија вести дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планирал да создаде ваков турнир. Во него би учествувале најбогатите клубови од топ 5 од првенствата на Стариот континент, но тие ќе треба да ги напуштат своите локални првенства. – Ги прочитав информациите за создавање Суперлига за елитните европски клубови и како тоа ќе им донесе поголеми приходи. Несомнено идејата е ориентирана кон пари, но дефинитивно нема да биде примамлива за екипите во Премиер лигата, која во моментов е најдобрата во светот. Финансиски е поддржан од Sky, BT Sport и веќе од Amazon. За мене е тешко да видам како еден англиски клуб би се согласил да го напушти шампионатот. Покрај тоа, да се биде во можност да играш во Лигата на шампионите е многу попривлечно за играчите, тренерите и навивачите, бидејќи останува најголемиот тест во клупскиот фудбал. Доста клубови со голема историја може да бидат уништени доколку нивните партнери од Премиер лигата се преселат. Силно верувам дека ова е реална проценка за вредноста на домашниот фудбал“, прокоментира Фергусон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ferguson-protiv-idejata-za-evropska-superliga/feed/ 0