фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 11:52:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Моменти пред нападот на фестивалот: Младите танцуваат, а параглајдеристите пристигнуваат во позадина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-momenti-pred-napadot-na-festivalot-mladite-tantsuvaat-a-paraglajderistite-pristignuvaat-vo-pozadina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-momenti-pred-napadot-na-festivalot-mladite-tantsuvaat-a-paraglajderistite-pristignuvaat-vo-pozadina/#respond Mon, 09 Oct 2023 11:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=886957

Се појавија нови снимки на кои се гледа моментот кога милитантите на Хамас со параглајдер пристигнаа на фестивалот во јужен Израел. Спасувачите рекоа дека на местото каде што се одржувал фестивалот пронашле 260 тела. Првиот напад започнал токму за време на фестивалот, каде пристигнале многу млади луѓе, а околу 30 лица се сметаат за исчезнати. На снимката се гледаат млади луѓе како танцуваат, додека во позадина се гледаат параглајдеристи кои го напаѓаат просторот на фестивалот. Масакрот набрзо започнува, а младите панично бегаат додека припадниците на Хамас пукаат во нив. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-momenti-pred-napadot-na-festivalot-mladite-tantsuvaat-a-paraglajderistite-pristignuvaat-vo-pozadina/feed/ 0
Ученици од општина Жабаљ во Србија ќе ја претставуваат Македонија на фестивалот „Ритам на Европа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-opshtina-zhabal-vo-srbija-ke-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-festivalot-ritam-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-opshtina-zhabal-vo-srbija-ke-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-festivalot-ritam-na-evropa/#respond Thu, 21 Sep 2023 15:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=880370

На 16-тиот фестивал „Ритам на Европа“ во Зрењанин, првпат ќе биде претставена и Северна Македонија, од ученици на општина Жабаљ во Србија. Тие денеска, при посетата на Македонската амбасада во Белград, со организаторите на фестивалот и општинското раководство, добија поддршка од в.д. амбасадорот Михаела Веселинов за нивниот настап, јави дописникот на МИА од Белград. Овој фестивал дава поддршка на децата од Србија кон земјите на Европа, а конципиран е така што ученици од цела Србија бираат одредена земја во Европа, по што на фестивалот „Ритам на Европа“ ја претставуваат таа земја. -Кога претставувате една земја, кога пеете за таа земја, тогаш не можете ништо друго да дадете освен љубов кон таа земја, а и таа земја поинаку ќе гледа на нас. Ова е подавање рака на пријателство, комуникација, култура, дипломатија и се она што е позитивно и добро, како нашите деца би растеле во нормално опкружување, изјави Игор Карадаревиќ, директор на програмата на фестивалот „Ритам на Европа“. Овој фестивал е најголем од ваковн тип во Европа и е поддржан од амбасадите на земјите од Европа, ЕУ, Израел и Австралија во Белград, а годинава, на 23 октомври во Зрењанин, покрај другите земји, првпат ќе се претстави и Севрна Македонија од ученици од општината Жабаљ во Војводина. Карадаревиќ најави и дека во декември годинава во Струмица ќе се одржи и прво меѓународно натпреварување на децата од „Ритамот на Европа“. -Годинава општина Жабаљ доби можност да ја презентира Северна Македонија и сигурен сум дека младите од нашата општина на вистински начин и во вистинско светло преку песна ќе ја презентираат Северна Македонија. Потајно се надеваме и на победа на фестивалот за да можеме идната година со децата да го посетиме Скопје и да им покажеме се она што Северна Македонија има да понуди, изјави претседтелот на општината Жабаљ, Урош Радановиќ. „Ние сами се пријавивме“, изјавија учениците од средното училиште во Жабаљ, преку фолклорната секција, и избравме на фестивалот да ја изведема нумерата „Proud“ на Тамара Тодевска. Тие изразија голема надеж дека ќе патуваат во Северна Македонија, доколку освојат некоја награда на фестивалот, или во организација на општина Жабаљ, која на приемот во Македонската амбасада изрази желба за збратимување со некоја македонска општина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-opshtina-zhabal-vo-srbija-ke-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-festivalot-ritam-na-evropa/feed/ 0
Овој викенд во Бра, Италија, ќе се одржи „Cheese 2023“ – Меѓународниот фестивал посветен на сирењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-vo-bra-italija-ke-se-odrzhi-cheese-2023-megunarodniot-festival-posveten-na-sireneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-vo-bra-italija-ke-se-odrzhi-cheese-2023-megunarodniot-festival-posveten-na-sireneto/#respond Fri, 15 Sep 2023 06:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=878264

„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава. Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници или вкупно 122 настани. Ова е „Cheese“ надвор од границите. Фестивал во Бра, сирење на почесна позиција Мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет се среќаваат во Бра, Италија, на фестивалот „Cheese“, за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои сите се соочуваме, почнувајќи од климатската криза. Традицијата е воспоставена: по 23 години и 11 изданија, „Cheese“ секоја втора година, се фокусира на сирењата, а овој четиридневен настан е суштински важен за целата планета. Организаторот е Slow Food International , градот Бра со подршка на регионот Пиемонте. На меѓународниот пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји. Нашата земја на Фестивалот за сирење во Бра ќе биде претставена како ризница на гастрономски и културни традиции, како и крстопат на народи, религии и култури. Република Македонија, чие присуство е финансирано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности. Елена Каровска Гошевска, програмски координатор во Слоу Фуд Македонија ќе учествува на конференцијата, Септември: време на сезонско селење на стоката. Македонија исто така ќе биде во центарот на работилницата за вкус Сезонско селење на стоката во Македонија на 17 септември а преку оваа работилница, низ кулинарското наследство на Македонија ќе се откријат боите на соживотот меѓу планините и езерата, преку производите на Президиуми, од соленото „парче млеко“ (со планинските сирења од Маврово Река) до слаткото од диви смокви и буковска пиперка, не заборавајќи ги, се разбира, типичните пијалоци во земјата. Вкус на уникатното кулинарско наследство на Македонија и осознавање преку храна, ќе биде преку работилницата за вкус „Сезонското селење на стоката во Македонија“. Станува збор за вековна традиција и нејзиното богато наследство на сирење, проткаено со историја и култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-vikend-vo-bra-italija-ke-se-odrzhi-cheese-2023-megunarodniot-festival-posveten-na-sireneto/feed/ 0
Фестивал се претвори во хаос: 70.000 луѓе се заглавени во кал, едно лице почина во Невада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/festival-se-pretvori-vo-haos-70-000-luge-se-zaglaveni-vo-kal-edno-litse-pochina-vo-nevada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/festival-se-pretvori-vo-haos-70-000-luge-se-zaglaveni-vo-kal-edno-litse-pochina-vo-nevada/#respond Sun, 03 Sep 2023 09:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=873980

Покрената е истрага за смртта на едно лице за време на силен дожд на фестивалот „Burning Man“, кој се одржува во американската сојузна држава Невада. Околностите на смртта се уште не се познати. Околу 70 илјади луѓе остануваат блокирани на местото на фестивалот, бидејќи дождот го претвори пустинскиот песок во длабока, лизгава кал. Влезните и излезните патишта се затворени затоа што возилата едвај возат по нив. Познатиот фестивал „Burning Man“ се одржува во пустината Блек Рок, која обично е сува и правлива. -Канцеларијата на шерифот на округот Першинг во моментов истражува смрт што се случи за време на овој дожд, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на округот Першинг, додавајќи дека семејството на лицето е известено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/festival-se-pretvori-vo-haos-70-000-luge-se-zaglaveni-vo-kal-edno-litse-pochina-vo-nevada/feed/ 0
Фестивал на „Џез, world и современа музика“ почнува во Велес: Погледнете ја богатата програма – ова издание е интернационално https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-dhez-world-i-sovremena-muzika-pochnuva-vo-veles-poglednete-ja-bogatata-programa-ova-izdanie-e-internatsionalno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-dhez-world-i-sovremena-muzika-pochnuva-vo-veles-poglednete-ja-bogatata-programa-ova-izdanie-e-internatsionalno/#respond Wed, 30 Aug 2023 08:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=872377

Оваа година, “АРТ ГЕНЕРАТОР” со делегирана надлежност од Општина Велес е организатор на фестивалот за “Џез, World и Современа музика” по втор пат. Фестивалот е основан и финансиран од Општината. Фестивалот ќе трае 5 дена, а настаните се поделени од 1-ви до 13-ти септември. -На наша голема среќа уште второто издание станува интернационално. Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со гости од Германија, Австралија и се разбира Македонија, велат организаторите. Првата вечер на (01.09. 2023 год.) е предвидена за Jazz музика, настапуваат “ReelProblems” од Хрватска на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот - Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов. Втората вечер (02.09. 2023 год) е посветена на современата музика, настапуваат “КЕМ” и “Пијан Славеј” на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот - Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов. Третата вечер (03.09. 2023 год) е посветена на 80 годишнина од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин. Ќе има концерт на Dine Doneff: “Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи. Првиот дел ќе се одржи во спомен Костурницата во Велес, со почеток 18:00 часот. Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот - Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапат: “AspirinMoon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на театар “Сенки и Облаци”. Четвртата вечер (06.09.2023 год) е резервирана за отворање на изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков - Шамба во Europe House Велес. Последната вечер (13.09.2023 год.) Затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов во Europe House Велес. За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски. -Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес, велат организаторите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-dhez-world-i-sovremena-muzika-pochnuva-vo-veles-poglednete-ja-bogatata-programa-ova-izdanie-e-internatsionalno/feed/ 0
Почнува фестивалот „Прилеп џез викенд“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-festivalot-prilep-dhez-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-festivalot-prilep-dhez-vikend/#respond Mon, 28 Aug 2023 09:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=871682

Почнувајќи од денеска, па до 2 септември Прилеп по 12-ти пат е домаќин на фестивалот „Прилеп џез викенд“ (Prilep Jazz Weekend). Фестивалот го задржува досегашниот концепт и ќе понуди ОФ-програма и три џез-вечери во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Отворањето на Фестивалот ќе биде означено со вечерашниот концерт на археолошкиот локалитет „Врбјанска ќука“. Незаборавна вечер ќе понуди Џенгис Ибрахим, еден од врвните музичари на Балканот, препознатлив по ориенталната музика што ја изведува. Ибрахим ќе изведе композиции кои комуницираат со архаичниот амбиент и ги рефлектираат неговите импресии од интеракцијата со древниот свет. Утре, во клубот „Калинка“ ќе настапат „Next to Silence“, бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но продолжи да создава своја музика. Во составот се: Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас, Гоце Наумов – барабани. На првата вечер на 31 август на малата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе настапат Добрила Грашеска и Доријан Јовановиќ со нивниот последен проект „Пиле Шарено“. Вториот дел од вечерта е резервиран за најновото сновидение на Јордан Костов, „Jingarabushi“: разнобојни лица и инструменти, познати и непознати, кои на јаве ќе се сретнат на сцената на годинашниот Прилепски џез фестивал. Составот, кој е резултат на многубројните авантури на композиторот-скитник, е сочинет од вокалите и флејтите на Нао Иизука, гитарата на Хисао Фукушима, пијаното на Гензох Такехиса, гајдата на Шин-ја Охно, баритон саксофонот на Андреас Гунтер и перкусиите на Дамјан Грујо. Костов повторно ги спојува истокот и западот диригирајќи го овој ексцентричен Јапонско-германско-македонски оркестар, во кој се придружува со хармониката, неговиот примарен инструмент. Втората џез-вечер на 1 септември на малата сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја отворат Soothsayer, бенд кој го сочинуваат тројца млади, но веќе етаблирани музичари кои ја истражуваат класичната сакс-бас-тапани трио музичка форма, и многу се забавуваат додека го прават тоа. Во вториот дел од џез-вечерта ќе настапат познатите и успешни членови на бендот „Фолтин“. Последната вечер на годинашниов Прилеп-џез викенд, на 2 септември е резервирана за име гостите од Србија, „3gonome3“. Тоа е експериментално трио составено од фантастични музичари, мајстори на импровизацијата. Фестивалот ќе го затворат „Intergalactic mutant funk“, колектив од музичари чие основање е поттикнато од желбата за поспонтана егзистенција. Фестивалот „Prilep Jazz Weekend“ е во организација на здружението за супкултура „ПП Џез фестивал“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-festivalot-prilep-dhez-vikend/feed/ 0
Во Вевчани започнува Фестивалот на народна култура ,,Пображење” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-vevchani-zapochnuva-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazhene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-vevchani-zapochnuva-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazhene/#respond Wed, 16 Aug 2023 07:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=867228

Денеска во Вевчани започнува 13-тиот по ред Фестивал на народна култура ,,Пображење” со програмската содржина ,,Народната култура во Вевчани инспирација за младите ликовни уметници” при што во текот на целиот ден на различни локации низ Вевчани ќе творат децата на детското ликовно студио ,,Св.Кирил и Методиј” од Битола, а вечер во дворот на МКЦ во Вевчани ќе бидат изложени нивните дела за посетители. Веднаш по изложбата започнува Ревијата на народни носии насловена ,,Моштенки” на авторот Филип Јаковлески од Битола на која ќе бидат презентирани носии, песни и ора од етничкиот предел Леринско поле во изведба на КУД ,,Илинден” - Битола. Фестивалот свечено ќе биде отворен утревечер на големата сцена во центарот на Вевчани, каде две вечери на 17 и 18 Август, народната култура ќе ја презентираат ансамбли од нашата земја и од странство. Во рамки на програмата овваа година од Македонија на фестивалот ќе учествуваат КУД-ва и Ансамблите: Бојмија од Гевгелија, Блажевски од Скопје, Ефрем Каранов од Кратово, Копачка од Драмче, Кочо Рацин од Скопје, Здружение на пензионери од Охрид, како и фолклорните ансамбли од Ескишехир - Р.Турција, Морачки морнари од Шериќи - Босна и Херцеговина и Топлица од Прокупље - Србија. Фестивалот завршува на 19 Август на големиот празник Преображение Христово со концерт на Ансамблот ,,Македонија” до Скопје со почеток во 20,30 часот на анфитеатарот ,,Успение на Пресвета Богородица” во центарот на Вевчани. - И оваа година се потрудивме да обезбедиме содржајна програма на нашиот фестивал, впрочем каква што доликува за Вевчани и секако за нашата држава. Се трудиме фестивалот да си ја задржи својата автентичност, разноликост и посебност при што во иднина уште повеќе ќа работиме во таа насока. Не радува што интересот за учество на овој фестивал од година во година е се поголем, но, поради ограничувачки пред се смештајни капацитети во Вевчани програмата ја конципираме на толку учесници колку што можеме домаќински и професионално да ги пречекаме и угостиме - изјави д-р Тошо Чочороски, директор на фестивалот. Фестивалот ,,Пображење” покрај презентација и развој на народната култура има за цел да ги поттикне нашите македонски фолклорни друштва да истражуваат и презентираат што повеќе изворен традиционален фолклор, при што доделува плакета ,,Чувари на изворната традиција” на оној ансамбал кој најдобро ќе презентира на фестивалот ваков тип на фолклор. За плакетата одлучува стручниот совет на фестивалот во состав: проф-др Мирјана Мирчевска, етнолог; проф-др Велика Стојкова Серафимовска,етномузиколог; проф-др Даворин Трпевски, етнолог; Јовица Блажевски, професионален играч и пејач во Танец; Наташа Кукоска, етнолог. Фестивалот на народна култура ,,Пображење” во Вевчани е во организација на КУД,,Дримкол” од Вевчани, а под покровителство на општина Вевчани и на општествено одговорни фирми и организации од Вевчани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-vevchani-zapochnuva-festivalot-na-narodna-kultura-pobrazhene/feed/ 0
На Фестивалот „Пеце Атанасовски“ гран при за „Осоговски извор“, а најдобар гајдаџија е Роберт Митров од Радовишко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-festivalot-petse-atanasovski-gran-pri-za-osogovski-izvor-a-najdobar-gajdadhija-e-robert-mitrov-od-radovishko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-festivalot-petse-atanasovski-gran-pri-za-osogovski-izvor-a-najdobar-gajdadhija-e-robert-mitrov-od-radovishko/#respond Sun, 02 Jul 2023 13:10:03 +0000 https://kurir.mk/?p=851784

Изворниот оркестар „Осоговски извор“ од Оризари ја доби Гранпри наградата на 49. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што се одржа во Прилеп и на Рудина, Долнени. Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени ја доби гајдаџијата Роберт Митров од Фолклорниот ансамбл „Велигденски цветови“ од село Јаргулица, Радовиш. Жири комисијата на фестивалот составена од професор д-р Родна Величковска, професор д-р Горанчо Ангелов и д-р Стојанче Костов доделија и специјални награди за учесниците од Србија и Бугарија и за исполнители од Македонија. Наградите беа доделени на синоќешната втора, завршна вечер што се одржа на Рудина, Долнени. На годинашниов Фестивал учествуваа околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија, како и гости од Србија и од Бугарија. -Целта ја остваруваме - се негува, се зачувува и се пренесува богатиот изворен мелос на новите генерации. Сѐ повеќе млади ни доаѓаат. На прагот сме на петтата деценија од одржувањето на Фестивалот и горди сме што даваме придонес во негувањето на богатиот изворен мелос, рече Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот. Во рамките на Фестивалот, по 13-ти пат се одржа Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, а по четврти пат Симпозиумот за фолклорот во минатото и денес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-festivalot-petse-atanasovski-gran-pri-za-osogovski-izvor-a-najdobar-gajdadhija-e-robert-mitrov-od-radovishko/feed/ 0
Почнува фестивалот „Запознај ја Преспа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-festivalot-zapoznaj-ja-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-festivalot-zapoznaj-ja-prespa/#respond Fri, 23 Jun 2023 06:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=848801

На тромеѓето на Преспанското Езеро почнувајќи од вечер до 25 јуни ќе се одржи автентичен фестивал „Запознај ја Преспа“, кој спојува музика, уметност, традиција, гастрономија и работилници за иден развој на туризмот во овој регион. Како што е најавено, фестивалот почнува во селото Брајчино, сместено на падините на Пелистер, каде уметникот Никола Узуновски подготвува изложба и еко-арт инсталации во природа. Почнува фестивалот „Запознај ја Преспа“ Меѓу другото, програмата на овој фестивал опфаќа гастрономија, еко уметност, работилници, презентации за туризам и презентирање грантова програма на ЕУ за овој регион. Своја презентација ќе има РеактАрт - уметничка резиденција Преспа 2023 во која се вклучени уметниците Доротеј Нешовски, Неда Дамчевска, Грегорис Миргиотис, Ива Станковска, Душан Стефановски, Јана Николовска, Јована Марковска и Ардијан Ајдиниy. На мостот во село Брајчино, Мирко Попов ќе има свој сет со винили. Исто така, планирана е работилница за перспективите на Преспа како туристичка дестинација во Крани, на која туристички работници и производители на локални продукти од трите држави кои ги делат водите на Преспанското Езеро ќе разговараат за потенцијалите и потребите. Шеснаесет диџеи од трите земји кои го делат езерото, утре на локацијата Дупени бич ќе имаат свои сетови. Фестивалот ќе заврши во недела со посета на селото Љубојно каде европскиот фонд за Преспа „EU4Prespa“ ќе го презентираат Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски интеграции, Дејвид Гир, амбасадорот на ЕУ во земјава, и Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен. Организатори на фестивалот се Здружението „Преспа ГРАД, с. Љубојно“, DMO Destination management organization Korcha, Prespa Tourism Association Lemos и Општина Ресен. Содржините на фестивалот се подржани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Секретаријат за европски прашања и фондовите на ЕУ, преку Делагацијата на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-festivalot-zapoznaj-ja-prespa/feed/ 0
Во Штип прв Фестивал за современа музика на Музичката академија при УГД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-shtip-prv-festival-za-sovremena-muzika-na-muzichkata-akademija-pri-ugd/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-shtip-prv-festival-za-sovremena-muzika-na-muzichkata-akademija-pri-ugd/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:02:49 +0000 https://kurir.mk/?p=842046

Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика. Фестивалот ќе има цел да промовира млади и талентирани уметници од земјава и странство, сегашни и идни студенти кои ќе настапуваат во рамките на фестивалот, но воедно и нуди можност на македонската публика да слушне настапи и концерти на веќе афирмирани уметници. -Современа музика е дел од програмата на светските концертни сцени и го буди интересот кај широкиот аудиториум. Сакајќи да ги пренесеме пoзитивните трендови од најпознатите музички центри го формиравме Фестивалот на современа музика на Музичката академија. Публиката во Штип и пошироко ќе има можност да слушне квалитетни концерти и поблиску да се запознае со современата музика, а со тоа да биде дел од светската современа концертна сцена, наведуваат организаторите. На првата фестивалска вечер, во „Безистен“ ќе настапи реномираното камерно „Трио Академико“ во состав Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано. На репертоарот ќе бидат изведени дела од Евазен, Кавалини, Шмит, Сен-Санс и Јанковски. На втората фестивалска вечер, утре вечер од 19 часот, исто во УГ „Безистен“ ќе настапат најдобрите студенти на Музичката академија кои ќе се претстават со дела од различни композитори и епохи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-shtip-prv-festival-za-sovremena-muzika-na-muzichkata-akademija-pri-ugd/feed/ 0