фиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 12:55:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФИА ги зголеми казните во Формула 1 до еден милион евра https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-gi-zgolemi-kaznite-vo-formula-1-do-eden-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-gi-zgolemi-kaznite-vo-formula-1-do-eden-milion-evra/#respond Fri, 20 Oct 2023 12:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=891267

Водечките возачи во Формула 1 останаа шокирани од најновата одлука на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) да ја зголеми до еден милион евра евентуалната казна која можат да ја добијат во случај на кршење на правилата. ФИА соопшти дека четирикратно ќе ја зголеми казната која стјуардите можат да им ја изречат на возачите и нивните екипи. „Не мие јасно што заслужува казна од милион евра“, наведе во својата реакција возачот на Ферари, Шарл Леклер. Тој наведе дека станува збор за „многу пари“, додавајќи дека „некои возачи заработуваат помалку од тој износ“. Возачот на Хас, Кевин Магнусен ја нарече одлуката на ФИА „смешна“, а Даниел Рикардо од тимот Алфа Таури рече дека одлуката на ФИА е „застрашувачка“. Новата казна има за цел да ги одврати екипите и возачите од најневеројатни и најопасни кршења на прописите, а ФИА соопшти дека сите пари кои ќе бидат собрани од изречените казни ќе се искористат за финансирање програми за развој на мото спорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-gi-zgolemi-kaznite-vo-formula-1-do-eden-milion-evra/feed/ 0
ФИА вети дека ќе развие препораки во случај на екстремни временски услови https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-veti-deka-ke-razvie-preporaki-vo-sluchaj-na-ekstremni-vremenski-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-veti-deka-ke-razvie-preporaki-vo-sluchaj-na-ekstremni-vremenski-uslovi/#respond Tue, 10 Oct 2023 10:09:39 +0000 https://kurir.mk/?p=887384

По трката во Формула 1 за Големата награда на Катар одржана минатиот викенд, Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) излезе со соопштение во врска со неповолните временски услови. Организацијата истакна дека треба да се преземат дополнителни мерки за да се развијат препораки за такви ситуации. - ФИА со загриженост забележува дека екстремната температура и влажност за време на трката за Големата награда на Катар во Формула 1 во 2023 година имаа влијание врз благосостојбата на возачите. Тие се елитни спортисти и не треба да се очекува да се натпреваруваат во услови кои би можеле да го загрозат нивното здравје или безбедност. ФИА започна со анализа на ситуацијата во Катар за да даде препораки за идни екстремни временски ситуации. Треба да се напомене дека следната година ГН на Катар е планирано да се одржи подоцна во годината кога се очекува температурите да бидат пониски. ФИА претпочита да преземе значителна акција сега за да избегне повторување на ова сценарио“, стои во соопштението на организацијата. На трката за Големата награда на Катар, некои возачи се пожалија дека се чувствуваат лошо. Конкретно, возачот на Астон Мартин, Ленс Строл, призна дека ја изгубил свеста за време на трката, а Естебан Окон од Алпин рече дека му се слошило за време на трката поради високата температура. Победник на трката, која се одржа на 8 октомври беше возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. На трката за Големата награда на Катар, времетраењето на сегментите на еден комплет гуми беше намалено на 18 круга. Секој возач мораше да влезе најмалку три пати во пит-стоп за време на трката. Вкупната должина на трката беше 57 круга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-veti-deka-ke-razvie-preporaki-vo-sluchaj-na-ekstremni-vremenski-uslovi/feed/ 0
Три тимови од Формула 1 се соочуваат со санкции https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-timovi-od-formula-1-se-soochuvaat-so-sanktsii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-timovi-od-formula-1-se-soochuvaat-so-sanktsii/#respond Wed, 19 Jul 2023 06:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=857902

Во наредните недели, ФИА треба да ја заврши својата анализа на финансиските извештаи на тимовите во Формула 1 за 2022 година. Според италијанското издание на „Motorsport“, Федерацијата ќе ја заврши анализата на документите до крајот на јули. Се тврди дека постојат „основани сомнежи“ дека сите тимови постапиле во рамките на финансиските прописи. Се претпоставува дека во 2022 година три тима од десет ја надминале границата на трошење. Во 2021 година, плафонот за трошење беше надминат од Ред Бул, кој беше казнет со парична казна од 7 милиони долари и 10 проценти намалување на часовите за аеродинамичко тестирање за развој на автомобил. Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, повика да се продолжи со изрекување спортски казни за прекршителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-timovi-od-formula-1-se-soochuvaat-so-sanktsii/feed/ 0
ФИА ќе даде дозвола за два нови тима? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ke-dade-dozvola-za-dva-novi-tima/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ke-dade-dozvola-za-dva-novi-tima/#respond Tue, 18 Jul 2023 03:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=857485

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ќе даде дозвола за барем два нови тима од 2025 година, со што ќе влезе во конфликт со носителите на комерцијалните права на Ф1, „Либерти медија“, како и со постоечките тимови, тврди угледниот германски магазин „Ауто мотор унд спорт“. Според нивните информции, Андрети и Хајтек ќе добијат одобрување од ФИА, бидејќи ги исполнуваат финансиските и техничките побарувања на ФИА. Андрети ја имаат поддршката од Кадилак, додека Формула 2 тимот, Хајтек веќе обезбеди финансиска поддршка од казахстанскиот милијардер Владимир Ким.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ke-dade-dozvola-za-dva-novi-tima/feed/ 0
ВИДЕО: Малата Фиа го расплака жирито, пееше користејќи знаковен јазик за да ја разбере сестра и’ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-malata-fia-go-rasplaka-zhirito-peeshe-koristejki-znakoven-jazik-za-da-ja-razbere-sestra-i/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-malata-fia-go-rasplaka-zhirito-peeshe-koristejki-znakoven-jazik-za-da-ja-razbere-sestra-i/#respond Thu, 23 Mar 2023 12:15:17 +0000 https://kurir.mk/?p=815452

Девојчето Фиа неодамна се појави на популарното натпреварување „The Voice Kids“ во Германија, каде покрај пеењето, реши да користи знаковен јазик за да може нејзината сестра да ја разбере. Единаесетгодишната натпреварувачка ги расплака членовите на жирито „The Voice Kids“ со своето појавување, додека песната „Flashlight“ оригинално изведена од пејачката Џеси Џеј ја преведе на англиски знаковен јазик. -Ова го правам за мојата помлада сестра Емилија, која не знае да зборува. Почнав да учам знаковен јазик за неа. Оттогаш пеам на два јазика, така да се каже, објаснилo девојчето пред жирито. Со својот настап особено ја изненади, пејачката Лена Мајер-Ландрут, која на публиката ширум Европа и е позната како победничка на Евровизија во 2010 година. -Не знам ни зошто не можам да престанам да плачам, но тоа навистина ме трогна. Фиа е навистина одлична личност, рекла Лена. Наведено е дека ова е исклучително тежок настап, бидејќи девојчето морало двапати да го запамети текстот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-malata-fia-go-rasplaka-zhirito-peeshe-koristejki-znakoven-jazik-za-da-ja-razbere-sestra-i/feed/ 0
ФИА ќе ги разјасни правилата по подиумот на Алонсо на ГН на Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ke-gi-razjasni-pravilata-po-podiumot-na-alonso-na-gn-na-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ke-gi-razjasni-pravilata-po-podiumot-na-alonso-na-gn-na-saudiska-arabija/#respond Mon, 20 Mar 2023 10:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=814063

Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) призна дека точките од прописите во врска со издржувањето на казните бараат појаснување. На Фернандо Алонсо му беше одземено третото место на вчерашната трка за Големата награда на Саудиска Арабија поради наводно неправилно отслужување на казна. Алонсо застана во боксот на Астон Мартин за да одбрани пет секунди, кои беа издадени за погрешна позиција на болидот на стартот. За време на издржување на казната, дојде до нова казна поради технички пропуст на механичар од боксот, па Алонсо доби уште десет секунди. Од стјуардите беше побарано да го проучат инцидентот во последниот круг од трката, па казната беше изречена по финишот. Астон Мартин поднесе жалба на одлуката. Тимот истакна дека во минатото не се издавале казни за слични настани. Како резултат на тоа, казната беше откажана, Алонсо се врати на третата линија на подиумот. ФИА вети дека ќе ја разгледа и разјасни формулацијата пред Австралиското ГП. Прописите ќе бидат разгледани на следниот состанок на Советодавниот комитет за спорт, кој ќе се одржи на 23 март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ke-gi-razjasni-pravilata-po-podiumot-na-alonso-na-gn-na-saudiska-arabija/feed/ 0
Во сообраќајна несреќа загина синот на претседателот на ФИА https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-soobrakajna-nesreka-zagina-sinot-na-pretsedatelot-na-fia/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-soobrakajna-nesreka-zagina-sinot-na-pretsedatelot-na-fia/#respond Thu, 09 Mar 2023 17:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=810132

Саиф Бен Сулајем, синот на претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем загинал во сообраќајна несреќа во Дубаи во вторникот, потврдија од ФИА, додека од семејството побараа да се почитува нивната приватност. Саиф ја следеше страста на неговиот татко за моторспортот – тој се натпреваруваше во Формула 4 шампионатот на Обединетите Арапски Емирати во 2016/17, покрај сегашниот возач на Мерцедес, Оскар Пјастри, но не ја продолжи кариерата во интернационалните шампионати. Покрај, тоа, тука беше страста за брзите автомобили – на својот Инстаграм профил има фотографии со Бугати Веејрон, Мекларен и стари рели-автомобили. Мохамед Бен Сулајем го замени Жан Тод на позицијата претседател на ФИА во 2020 година, откако претходно беше успешен рели-возач. Тој направи серија промени во ФИА и во Формула 1, пред на стартот на оваа сезона да објави дека се повлекува од „тековните“ активности во Формула 1, оставајќи им ги на Николас Томбазис, поранешниот инженер на Ферари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-soobrakajna-nesreka-zagina-sinot-na-pretsedatelot-na-fia/feed/ 0
ФИА: Возачите ќе можат да даваат политички изјави во „нивниот личен простор“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-vozachite-ke-mozhat-da-davaat-politichki-izjavi-vo-nivniot-lichen-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-vozachite-ke-mozhat-da-davaat-politichki-izjavi-vo-nivniot-lichen-prostor/#respond Sun, 19 Feb 2023 08:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=802217

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), објави дека возачите на Формула 1 ќе можат да даваат политички, религиозни и лични изјави во „својот личен простор“. Во соопштението, ФИА посочува дека ќе бидат казнети доколку го кажат својот став за време на натпреварувањето, пренесува „Скај Спорт“. На возачите ќе им биде забрането да даваат такви изјави за време кога се прогласува победникот на трката и во други официјални прилики, освен во „исклучителни случаи“. ФИА се огласи по реакцијата на возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Ландо Норис, кои претходно оваа недела ги обвинија директорите на Формула 1 дека се однесуваат кон возачите како да се „ученици од основно училиште“. Новата сезона во Формула 1 започнува на 5. март со Големата награда на Бахреин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-vozachite-ke-mozhat-da-davaat-politichki-izjavi-vo-nivniot-lichen-prostor/feed/ 0
ФИА го „смени“ претседателот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-go-smeni-pretsedatelot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-go-smeni-pretsedatelot/#respond Thu, 09 Feb 2023 06:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=798154

Претседателот на Светската автомобилска федерација (ФИА), Мохамед Бин Сулејем, најави дека од почетокот на новата сезона нема да има директно влијание на Формула 1, објави денеска Би-Би-Си. Потегот на Бин Сулејем следи по низата контроверзии откако стана претседател на управното тело на ФИА во декември 2021 година. Во писмото испратено до тимовите, Бин Сулејем изјавил дека „целта е да се биде неизвршен претседател кој ќе управува со регрутирањето на група професионални менаџери“. И покрај тоа што Бин Сулејем се кандидираше за избори со ветување дека ќе биде неизвршен претседател, тој презеде директна улога во Формула 1 во текот на изминатата година. Помеѓу контроверзните одлуки донесени од Бин Сулејем се издвојуваат: најавата дека на возачите на Ф1 ќе им биде забрането да изразуваат лични мислења без дозвола на ФИА, како и неодамнешната изјава дека Формула 1 се преценила себеси со објавувањето дека вреди 20 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-go-smeni-pretsedatelot/feed/ 0
ФИА им забрани на возачите во Ф1 да даваат политички изјави https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-im-zabrani-na-vozachite-vo-f1-da-davaat-politichki-izjavi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-im-zabrani-na-vozachite-vo-f1-da-davaat-politichki-izjavi/#respond Sat, 14 Jan 2023 09:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=787199

Возачите во Формула 1 од следната сезона не смеат да даваат политички и верски изјави без претходна согласност од Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА). Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем кажа дека ќе бидат санкционирани возачите кои нема да ги почитуваат правилата. „Загрижени сме. Не сакаме ФИА да служи како платформа за приватна агенда. Што прават најдобро возачите? Возат. Тие се добри во тоа, тие прават спектакл“, кажа Бен Сулајем.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-im-zabrani-na-vozachite-vo-f1-da-davaat-politichki-izjavi/feed/ 0