фикција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Dec 2020 11:02:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фикција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нетфликс одби да ја обележи серијата „Круна“ како фикција https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/netfliks-odbi-da-ja-obelezi-serijata-kruna-kako-fikcija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/netfliks-odbi-da-ja-obelezi-serijata-kruna-kako-fikcija/#respond Mon, 07 Dec 2020 11:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=439902

И покрај бројните барања, меѓу другото – и на дел од британските власти, Нетфликс официјално одби да ја обележи четвртата сезона од серијата „Круна“ како фикција. Критичарите посочуваат дека серијата содржи низа измислени клучни делови и има загриженост дека публиката можеби нема да сфати дека станува збор за фикција. Ова создава посебен проблем за кралското семејство, кое повторно се соочува со бројни критики во јавноста поради тоа како се однесувале кон принцезата Дијана. Moжеби најпознатата принцеза во поновата британска историја, ја глуми Полјачката од Париз, Елизабет Дебицки. Принцот Чарлс и војвотката Камила се под посебен напад, бидејќи во серијата се говори како двајцата тајно се гледале додека принцот (кого го глуми Џош О’Конор), бил оженет со Дијана. Глумицата Хелена Бонам-Картер, која ја толкува принцезата Маргарет во оваа серија, рече дека Нетфликс има „морална одговорност“ да ги означи настаните во серијата како измислени. Сепак, гласноговорникот на Нетфликс во краткото соопштение за јавноста рече дека е доволно јасно дека станува збор за измислена приказна. „Ние сме целосно уверени дека гледачите на серијата разбираат дека станува збор за фикција заснована врз историски настани. Немаме намера и не гледаме потреба во иднина конкретно да укажеме дека станува збор за фикција”, гласи кусото соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/netfliks-odbi-da-ja-obelezi-serijata-kruna-kako-fikcija/feed/ 0
Британските власти бараат Нетфликс да ја обележи „Круна“ како фикција https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/britanskite-vlasti-baraat-netfliks-da-ja-obelezi-kruna-kako-fikcija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/britanskite-vlasti-baraat-netfliks-da-ja-obelezi-kruna-kako-fikcija/#respond Tue, 01 Dec 2020 14:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=436999

Британскиот министер за култура Оливер Доуден побара од Нетфликс да вметне известување за гледачите – на почетокот на секоја епизода од серијата „Круна“ (The Crown), дека станува збор за измислена приказна, затоа што, според него, помладите гледачи можеби ќе помислат дека тоа се факти. Ова уследи по стравувањата дека серијата може да направи долгорочна штета на угледот на британското кралско семејство. А, и братот на покојната принцеза Дијана, Чарлс Спенсер за Ај-ти-ви минатата недела изјави дека смета дека е потребно да се стави таква назнака. Некои историчари го критикуваа нивниот предлог, сметајќи го за непотребен. Нетфликс нема навика да ги предупредува гледачите дека сериите и филмовите што ги прикажува се фикции. Министерот за британското списание „Мејл он Сандеј“ изјави дека тоа е несомнено „многу убаво произведено фиктивно дело, како и сите други продукции на Нетфликс“, но дека стрим-платформата треба јасно да посочи пред емитувањето на секоја епизода дека станува збор за измислени настани. – Се плашам дека без такво известување, генерациите гледачи кои не живееја во времето на спомнатите настани, можат да ја заменат фикцијата со реалноста и да ја согледаат како вистина, додаде Доуден. Новата, четврта сезона на серијата „Круна“, која почна да се прикажува на Нетфликс кон средината на ноември, го прикажува бурниот период од владеењето на кралицата Елизабета Втора, пропаста на бракот меѓу принцот Чарлс и Дијана, и продолжувањето на љубовната врска на принцот со Камила Паркер-Боулс од времето на бракот со Дијана. Се спомнуваат и британската премиерка Маргарет Тачер, проблемите со психичкото здравје на сестрата на кралицата, принцезата Маргарет и односите на кралицата со нејзиниот сопруг, принцот Филип и нивните деца. И неколку кралски биографи и новинари претходно ја критикуваа серијата за отстапување од фактите. Нејзиниот автор Питер Морган пак, никогаш не тврдеше дека содржината е целосно точна и вистинита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/britanskite-vlasti-baraat-netfliks-da-ja-obelezi-kruna-kako-fikcija/feed/ 0